Јас ко бев само јас бев хаха дури и морничаво ми беше немаше ни кој да прашам инаку си бев на шалтер контакт немав близок со никој преку стаклено прозорче со сестрите одма завршив работа со маска и ракавици, ако има гужва почекај ги нека си поминат на ред и стој си подалеку , ако ти се доближат викај не му стој да ти диши на врат, пред некој ден си чекам на продавница да завршат со купување јас стигнав на ред се вртам зад мене тројца му се развикав за простор нема лабаво
Фала ти на инфо И јас им викам да ми се тргаат и одам во продавноца рано 8 9 и обично празно е. Се сеќавам филипче кажа на еден прес матичните да имаат курири и они да ги носат овие тестои во микробиологија ама се уќуткаа ни курири ни бутур... ај ќе информирам како ќе поминам
Намалена плодова вода е сигурна причина за царскиот оти да не го извадат можи бебето да почини. Нема доволно докази за пренесување на вирусот на бебето , но самата температура колку што знам е лоша и сепак зависи во кој стадиум на болеста била родилката, сега за сега она е многу кревка пошто и штотуку породена се надевам ќе ја издржи ситуацијава и ќе оздрави .не знам бебето дали го има вирусот и дали се заразил во склоп на породувањето
Јас правев минатата недела, имаш опција и во Пролече да ги однесеш таму барем нема гужва и не тестираат за корона
Кај мене матичниот ги носи и зима резултат си плаќам 200 денари, инаку другарка беше сама и одма заврши работа, ни 2 мин не почека. Мислам дека во ситуацијава ти е многу подобра опција таму да ги однесеш, до 12 примаат брисеви
Збориш за пролече дека била другарка ти? Ако е така би одела бар ќе сум помирна ако ништо Фала ти на инфо.. кај мене нема опцоја матичен да носи штета :/
А за родилката од Охрид ова нејзина комшика го напишала. Значи стварно некои работи излегуваат од контрола, се било оккк тие ја враќале. Ниту заболена тие и земаат брис за корона додека го носела мртвото бебе. Па ова не е нормално. Се со корона да се поврзувало.....СТРАШНО.
А од кога комшиите знаат повеќе од докторите? Јас за моиве комшии не знам детали за нивната здравствена состојба. Иначе брисот е земен тука во Скопје, а не во Охрид. Не велам дека докторите не можат да згрешат, таман работа. Ама па секоја смрт не треба да се припишува на лекарска грешка.
Не само тоа, туку и фамилијата сигурно нема да каже дека е нивна грешка што не посетила гинеколог неколку месеци.
Премногу е жално и за женичката, за децата што ги оставила и за невиното бебенце. Но, да кажува комшиката јавно на фб во коментар што и како било, а притоа ја нема фамилијата никаде? Не е во ред. Не гледам како ја малтретирале во болница и што е проблемот што ја тестирале за корона? Почудно ќе беше да не ја тестираа. Колку што сфатив во Скопје направиле се што можат, а во Охрид ако некој не постапил како што треба ќе си одговара.
Здраво девојки може ли да споделите искуства како е кај вас на работа за време на ковид? Кај мене е одлучено да ми земат денови од одмор за април месец.. Знаете ли за трудници како е точно законот смеат ли денови од одмор да ни зимаат кога сме ослободени поради вонредна состојба?
Ништо не треба да ти земат. Ама не си само ти, сите се вака. Има газди кои не почитуваат закон и ќе треба да правиш што ќе ти каже за да не те отпушти. Нормално си имаш право да го тужиш, но ако планираш да си работиш таму нема да ти биде од корист. Пак ти ќе бидеш оштетена, иако си 100% во право.
Јасно ми е не ми се ни оптеретува во моментов толку, знам дека има и полошо..тоа ме интересираше дали е кај мене само или и на други им прават вака... јаките газди
Кај многумина е исто... за жал.. фирмите кои се затворени не можат ништо, ама овие што работат не толерираат ништо и џабе е се..