Чисто информативно за жал мислам дека има одлука на влада која дозволува работодавците да ви ги земате деновите одмор. Мислам дека не само стариот туку и прциот дел од новиот одмор од 2020година. Ова пред некој ден мислам излезе баш ќе пробам да го најдам.
Исто е за сите, се донесе одлука за стариот одмор да се искористи до 31.05 или 30.04. и нешто од новиот. Знам и татко ми е во приватна фирма и 2 дена иде на работа, а секој 3ти ден е дома (слободен ден од одмор).
За сите засегнати денес во сл. Весник сепак излегла уредбата со законска сила за користење на годишните одмори во приватниот сектор. И тоа само за приватниот, за јавниот не. @Milkiway
Еден куп денови ќе ни земат..а кај мене што е потрагично не важи за сите..тие што имаат добиено лап топ ќе си работат од дома а тие што немаат ќе им се земат денови...крајно нефер ..
Колку убаво напишано. Уште да се најде новинар да го праша министерот дали стапнал некогаш на Гинекологија и во која установа ги има овие услови во нормална ситуација, а не пак во вонредна. За жал.
А и скринингот ми е во 16:30 закажан...? За врајќање ке имам извештај дека сум била ама како ке одам?
Во ремедика,знаеш каков хаос е со термини кај Котларова не верувам дека ке преправат , што знам... ајде има време уште една недела
Баш пиши како ќе се снајдеш, и мене ме интересира. И што ако имаш итна состојба, да мора да одиш на доктор?
Ако си итно на лекар ќе одиш секако. Или ќе те застане сообраќаец по пат и ќе кажеш каде одиш или пред одење ќе се најавиш на 192..уште кога почнаа со воведување полициаки час за болница и итно одење на лекар или во аптека има исклучок.
Мене од таму ми се јавија да ми презакажат преглед порано, и јас имав попладне закажано. Мислам дека нема втора смена да има со оглед на ситуацијава. Може и во контакт центарот да се јавиш и да прашаш каков им е планот.
Се најавуваш на 192 или 193. Кога ќе те застанат кажуваш дека имаш пријавено дека идеш на лекар. Ќе те евидентираат. После завршениот преглед ќе ти дадат извештај и со тој извештај после се оправдуваш. @Lovebug01