Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и породување во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Филотеа, 21 март 2020.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Рекоа дека е сменето не треба ни да се пријавиш на 192 ако е итно туку само да одиш. Веројатно ќе те запрат по пат рутински. Пишуваше на тајм некаде ако го најдам ќе споделам
     
  2. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Еве најдов :)

    “Доколку се појави итна здравствена потреба, луѓето ќе може да се јават на полицискиот број 192, но може и веднаш да се упатат кон лекарот, а полицајците ќе ги пропуштат и ќе ги регистрираат“
    https://telma.com.mk/za-vikend-poli...ernet-a-za-izleguvane-ke-se-prijavuva-na-192/

    Ова моето искуство беше од пред една недела. Но сепак битно е да не заборавите извештајот да го земете. Мене ми се јавија за да го приложам.
     
    Последна измена: 9 април 2020
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Еве го најдов од прес конференцијата и они само менуваат од ден за ден де треб де не треба :Dhttps://www.libertas.mk/liczata-na-koi-im-e-losho-mozhat-bez-nikakva-dozvola-da-se-upatat-vo-bolnicza/?__cf_chl_jschl_tk__=ac4493a090635713c5495107ab0abfecad1f686f-1586425958-0-ASbhgbr9rQ2UeZyN1UTHYYlr6sDes_kqAl3SkV_dRI8il1wH2jVNeWX5ZvKIvnWjE6SVD6t8i2oRM9UpxZpLKSwBr-QXa0hhqlAkfGM5-xsrSAbTj8upeWgNMDkp8fqdxej9-5L0ve9914oIerSS8a4s7A5qVHZN6puISaM4K7uPlMEoAvAI6Blwj-Qcdge931Yk2extuf3rZ9zXHbhrQYslvjxxrlrT_z2AO06zHfCOlvW4g7c5PEW1PRt9k1fiTzP8zeuYh1UU1f9eI8BGd6w9tre4QvUQ2iLEyeU8itx7nLkuK2byXMFFrIso_quqgGmhh8jtGBMVFMBNcVma2MMhyBV4oAeBXzcMLU4maWcUZl2kbw79P7ehN6fgs9Nh0A
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе се смири ситуацијата веќе. Во 9ти месец влегувам на 13ти мај па се плашам како ќе биде до тогаш
     
    На eta и Bebac им се допаѓа ова.
  5. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите пак. Сакам да прашам, споделете искуства ве молам во врска со прегледиве ... 13та недела сум треба да одам на испитувањата што следат во 13та. Паника ме фаќа бидејќи расте бројката на заразени... се мислам дали да одам да ги правам или не.. докторката ми рече дека треба да се потпишам на моја одговорност акп не ги правам. А и слушнав дека со закон мора. Споделете мислења и искуства ве молам, секој совет е добредојден.
     
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е законски или не, но треба да го направиш скринингот, битен преглед е, а и брисеви за тебе. Не се плаши, стави си маска и ракавици, ќе се дезинфицираш и пред и после преглед.
     
    На Tatijana1993, Thallia, Среќичка и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Мешиња како сте? Јас денес 32 г.н. :inlove: Се ситнат неделите. Одвај чекам бебето да го земам во раце и да го гушнам. :hug:
    После Велигден ќе ја средуваме собата за бебето. Ќе се купи креветче, количка и облека. Вие што ви се термините во мај и јуни до каде сте со подготовките?
    Убав ден на сите!
     
    На dromka, bibiiii, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Креветче имаме, кадича со постое исто, комода за бебе купивме,со облека сме при крај за почеток што треба, од аптека треба да купиме се што ни треба и плус бајнарки, ќебенце, тетра пелени ни остануваат уште работи а за количка здравје да помине ова со корона та и ќе купиме.Едвај и јас чекам се ситнат неделите :hug::hug:
     
    На Филотеа, eta, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.823
    Пол:
    Женски
    Ние сме спремни со се, термин 06 мај, се надевам се ќе биде добро, само позитивна мисла и верба во бога! Нека не чува сите, верувам дека ќе заврши ова во скоро време.
     
    На dromka, lavica82, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Одамна сум спремна со сè, одамна ми е купено тоа што е потребно за почеток.
    Од завчера почнав полека да перам, почнав со транспортерот и со навлаките за душечето. Од вчера почнав и друго да перам, да пеглам, уживам :inlove:
     
    На kukla21, Филотеа, Bebac и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас исправ и испеглав пред 2 недели, леле кои мераци беа тоа, се топев од среќа :inlove: Уживајте
     
    На Butterfly1107, Филотеа, Talesia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Значи тамам сум почнала со спремања :D
     
    На Филотеа, Bebac, Chuchanov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Од работа ве ослободија само со потврда од матичен?
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ние со термини април/мај кога е густото со короната, да ве прашам: Како го испланиравте искачањето од болница? Посети во болница секако нема ама еве дома дали ќе прават мекици, кој ќе дојде по вас во болница, дали ќе примате било кого дома додека трае сето ова итн?

    Ние конкретно со мм живееме сами и од почеток на март никој ни нема дојдено. Одлучивме дека мм сам ќе дојде по мене во болница и дома ќе бидеме сами колку што е потребно. Заради тоа овој месец бевме и до кај моите и кај неговите во смисла ајде да се видиме сега зашто после којзнае кога и толку беше. На мм му кажав дека немам ништо против неговите да спремаат мекици, да си канат гости, да си частат нормално исто и за моите, значи на нив оставам како сакаат да си организираат кај нив дома. Кај нас дома планирам да оставам чисто, пред да се вратам од болница уште еднаш да се направи дезинфекција и да си дојдеме на чисто.

    Е сега, барам мислење од вас дали постапувам себично (иначе само сум преплашена, не дека не сакам никој да не ми дојде) и како вие планирате?

    Моите ме сфатија без збор само ми кажаа 'Да, нормално дека нема да примате никој', свекор ми е срце дури сам се јави да каже дека нема шанси да дојде и на вибер ќе се гледаме..Е со свекрва ми ја немав таа среќа. Ништо ми нема кажано ама ми пренесоа дека плаче и се нервира како нема да го види првото внуче. Не знам како да постапам, не знам дали воопшто да се замарам или да оставам на другите да се расправаат со неа. Не е муабетот дека е свекрва па по дифолт е лоша еве како би постапиле и мајка ви да е во прашање (мада со мајка е многу полесно)?
     
    На eta, Fallen.Angel, Tatijana1993 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    А зашо се замараш? Јас во јуни треба да се породам и и кажав ако продолжи вака нема доаѓање и на мојте и на неговите... Сепак треба да разберат а и да не разберат воопшто не се замарај. Гледај си првин бебче и што е најдобро за него, сепак тоа е најбитно
     
    На bibiiii, Jana06, Tatijana1993 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    И пред коронава планот беше сам мажот ми да дојде, што бараат да ме земаат сто души од болница. Тоа си е наш момент и тројцата ќе си дојдеме сами дома.
    Ние не се гледаме ниту со моите ниту со неговите, сосема од сите сум изолирана уште одамна, се чував од настинки и грип, па после дојде коронава. Ќе го видат внучето на слики и на камера, нема шанси да доаѓа никој.
    Со маж мекици секако не планиравме да правиме. Моите и неговите нема шанси да собираат луѓе, се плашат од вирусов, стари луѓе се и многу внимаваат да не се заразат. И да сакаат да викаат луѓе, нема да им дозволиме бидејќи треба да се чуваат. Мајка ми е со триста дијагнози и хронични болести, како од оган бегаат од луѓе сите дома, нема шанси да не и' се мешам ако сега и текне да чести луѓе. И кај родителите од мм ќе реагираме доколку им текне такво нешто.
    Но знам дека ја сфаќаат ситуацијата, разбрани се, за собиранки и прослави има време.
    Не знам во какви односи си со свекрва ти, но нека и' каже мажот ти или ти направи муабет, кажете и' дека ќе и' праќате слики, камера ќе пуштате, дека брзо ќе помине времето и дека ќе си го гушка внучето кога ќе биде подобро време. Сигурно не и' е сеедно што нема да го види веднаш внучето и затоа плаче.
     
    Последна измена: 17 април 2020
    На eta, Jana06, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Фала ви, претпоставував дека вакви одговори ќе добијам. Се мислев дали има начин да угодам на сите.
    Иначе, и пред короната сакав сами тројцата да си бидеме ама немаше начин да го изведам тоа без кавги, еве сега среќа во несреќа :)
     
    На eta, Tatijana1993 и Bebac им се допаѓа ова.
  18. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Оф незнам од кај да почнам. Многу се нервирам. На мм му кажав дека сакам само тој да дојде кога ќе излегуваме од болница со бебето. Тој се љути. Да биле и неговите. А, неговите се многу комплицирани. Мојата свекрва плачеше кога останав бремена. Ќерка и нема деца повеќе од 5 години.
    Дали ќе прави мекици не и се мешам. А, бидејќи ја познавам тоа е за нејзе трошок. Кога бев 5 месец ни вика немој да ставите име што ќе има именден. Трошок било. :@ Еве и сега се изнервирав. Моите воопшто не доаѓаат, бидејќи им е страв за мене и бебе. А, свеки и свекорот се редовни. Да сме се виделе. Е, пукнав да ги видам. Осет да се немало.
    И мене ми е термин крај на мај. Бебче е поголемо. Како ќе испадне со појди ми дојди ми стварно незнам. Само се молам на Бога да биде се во ред со бебето и јас лесно да поминам на пороѓај. А, кој е неразбран таков и ќе остане.
     
    На Fallen.Angel, kukla21, Butterfly1107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Е ти имаш поголем проблем штом маж ти се лути. Не знам стварно што е со луѓето, како никој ништо не разбира. Зашто мора за една наједноставна работа да дојдеш до кавга за да им објасниш? Сите расправии што ги имавме досега беа на сметка на моите хормони, сега здравје да се породам не знам како ќе биде, изгледа јас ќе бидам лудата :D Имам среќа што свекорот најчесто е на моја страна, мм уште повеќе. Тебе со среќа :sweat:
     
    На dromka, kukla21, Tatijana1993 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Ти со мажот треба да се разбереш, разговарај дека не е време сега за такви точкања, најважни сте ти и бебето, а не неговите. Мора тоа да го разбере. Кога ќе го сфати тоа, ќе си им каже на неговите дека сè се одложува во врска со средбите за понатаму. Што има сега да се гледате, страшна работа.
     
    На eta, kukla21 и Bebac им се допаѓа ова.