1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост после царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од kasijana05, 4 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    33.964
    Пол:
    Женски
    И ако распука каква операција се прави? Ја отстрануваат матката?
    Нема ли нешто претходно што може да се направи/ преземе за да не распука матката?
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Баш затоа не знам зошто некоја би ризикувала да раѓа природно после царски. И јас сум царски и здравје понатака кога би раѓала нема шанси да ризикувам. Премногу ми е убав животот за да го ставам на коцка.
     
    На Marijana88, Bebac, Frosty! и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Мислам нема, ете кај мене го гледаат ризикот, и само магнезиум за да не добијам контракции за да може да отидам на закажан царски, но не би закажале многу рано секако ќе чекаат безбедна недела за бебето и да не се оптеретувам физички , кревање тешко истегнување така повеќе да се внимава , не знам ... На следниот царски ми рекоа докторот може да ја среди матката кај мене што е недошиена.
     
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Значи прво и основно - ризикот е нешто што НИКОЈ не може да го предвиди. Докторот може да ти рече нешто во стилот "ќе правиме почести контроли за да ја следиме матката, затоа што постои ризик да дојде до руптура". АМА руптура бре луѓе доаѓа на породување од контракции. Не доаѓа од ширење од бременоста. Ширењето не е преку ноќ. Се шири 40 недели! И постепено. За тоа време уште толку заздравува матката.

    А споредбата ја направив затоа што не смее да пресуди за абортус на база на одреден ризик. Демек оти се само 6 месеци дефинитивно ќе има руптура. Башка ако се породи царски - ризикот од руптура за време на бременост е скоро непостоечки!

    И колку и да звучи можеби за некој страшно - СЕКОЕ породување Е ризик. Било природно, било царски. И прв пат да е. И жената здрава да е. И сѐ да биде без вакви "постоечки" ризици.

    Џокерче не се паничи од муабети рекла-казала. Ако те примија во групата прочитај малце повеќе таму. Има жени кај кои се случила руптура, и не е дека прснала матката во нив. Се покажува сето тоа на ЦТГ, и не, не ги шијат 3 саати, и не, не е дека им го спасуваат животот во последен момент. |(
    Едноставно го прекинуваат обидот за природно породување, и прават обичен царски. И не отстрануваат матка, туку едноставно ја шијат нормално!

    Значи ти барем ја имаш приликата да прочиташ реални искуства од жени а не рекла - казала од некој што демек прочитал, слушнал или нешто во тој стил.

    Дајте бре жени внимавајте како пишувате работи за кои стварно немате баш познавање! Се шират дезинформации и се паничат жени без никаква потреба!
    За живот се работи.

    Никој не вели дека е оптимално, ама дека треба жената да се паничи и да си го стегне срцето, стварно не е фер. Јас не велам дека нема ризик, ама од сѐ има ризик. И наместо да се суди од страна на сигурноста а по цена на душевен стрес на жената, дај да се сведе ризикот на минимум со зачестени контроли и посветено внимание на трудницата.

    А тука доктор не смее да ти каже абортус на база само на одреден процент на ризик.. не смее да се дрзне. На повеќето жени кои останале после 6 месеци од царски ремени растојанието не било воопшто тема на муабет!!!
    Кој тука смее да се меша во планирање на семејство?? Освен ако не е по цена на животот. Ама очигледно не е, затоа што во една вечер кога поставив прашање за оваа тема се јавија 30 жени со лично искуство како ова кое имало позитивен исход.


    Јас сакав да раѓам природно после царски. И со трето би сакала да можам да пробам природно после 2 царски реза! И воопшто не е ставање животот на коцка! Ако е за тоа царскиот е операција при која исто така си го ставаш животот на коцка! Или во МК царскот е толку лајт сфатен ко демек ништо не е?

    А придобивки од природно породување има многу. Ама тоа не е тема на муабетов.
     
    На thelittle17, kikiritkaTa, Cassiopea и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Сакам да споделам една приказна за еден пар коишто беа пациенти каде што работам. Со години се мачеа за бебе, и откако го добија првото, родено со царски, немаше 3-4 месеци повторно остана трудна. Јас не сум некој верник ама тие беа, иако докторот им сугерира дека не е баш во ред тоа што избрзале толку..ама они си беа водени од верба во Бога и сега си се сите 4ца здрави и живи. Некому е смешно, ама ете со позитивна мисла, и ентузијазам некогаш краевите се добри. Само една добра сум запомнила од верник: Господ не ти дава поголем товар од оној за којшто знае дека можеш да го издржиш
     
    На Saf, Marijana88, thelittle17 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе сум малку можеби непријатна во муабетот, ама ете, јас не сум верник, и не верувам дека е ова чудо Божјо. Ова е реалноста на огромен број жени тука во Германија, на кои не им се створа паника како што е тоа во Македонија.
     
    На ☆P!nselsp!tze☆, thelittle17, Среќичка и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    не сум ни јас, само ја раскажав нивната приказна
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Офф пак идеме со Мк-Де. Ок.
    Мојот царски не беше мој избор, се убив од плачење пред да ме однесат во сала. Го знаев ризикот ама немав избор. Сега имам избор и го бирам според мене помалиот ризик. А кој како сака нека раѓа само мислам дека на други полиња треба да бидеме херои. Јас се плашам и крај.

    Знам дека првото го имаш родено во Мк и ги знаеш условите, чудно ми е вака кога пишуваш као да нема добра болница и добри доктори тука. Колку жени сум прочитала ужасно што поминале на пораѓај во Де.
     
  9. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Упатена си на оваа тема, тоа руптура е нешто како дупка? Бидејќи тоа што јас го имам веќе го викаат ниша или дупка, на резот е останато недошиен дел, и баш на секој преглед матичната ми го споменува тоа прскање на матка, таа е повеќе испаничена кога ме гледа.
    Инаку природно не за џабе се рекло природно, секако дека е подобра опција ако веќе е опција , ако не е според докторите, јас не би им се мешала во нешто кај што не сум стручна.
     
    На Kaetana и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ама зошто воопшто мојот пост го сфати како осуда, мене ич не ми е јасно.
    Муабетов ми е следен:
    Бремена си после царски. Доаѓа време за породување: можеш да се породиш природно, или царски. И двата пораѓаи можат да бидат ризични, и да тргне нешто лошо. Тоа не го дискутирам.

    НО, статистички, како што си сакала со првото да се породиш природно па си завршила -не по твоја желба- на царски, многу жени решаваат да го направат истото тоа ти што си го направила! Затоа што ризикот од руптура е многу мал, а самиот царски е операција. И на крај си велат, ако се случи руптура, секако ќе завршам на царски. Ете тоа.

    А има и доктори во Македонија кои се одлични. И кои ќе ти дозволат такво нешто. Ама повеќето нема да ти дозволат не заради ризик, затоа што немаат намера да се замараат со тебе. Ако се во приватна - царскиот башка повеќе ќе го платиш. Тоа е суровата реалност. А и тука има гнаси од доктори. Тоа отворено го кажувам. Има и доктори што ги одбиваат жените и тука. Ама одат и бараат. И си наоѓаат. И се борат за своите права.

    А за тоа херој или не, ич не дискутирам. Затоа што не сметам дека е проблем да се породиш со царски ако сакаш. Ама не им префрлајте на мајките кои имаат желба да го искусат породувањето на свој начин. И не е за да се херои или слично. Стварно е малку невкусно така да се нарекува таа желба.

    Кај тебе ситуацијата е скроз поинаква. Ти имаш веќе дел кој од претходниот царски не е сошиен како што треба. Не можам да нагаѓам што имаш, не сум медицинско лице. И не сум нешто експерт на темата, ама цела моја втора бременост читав затоа што сакав природно да се породам. Руптура е пукнатина. И не се работи за пукање на матката туку за мала пукнатина. Се случува обично во предел на раната од стариот царски, но се случува и кај жени кај повеќекратна бременост (четврто, петто бебе) од истоштеност. Т.е. може да се случи. Инаку има жени што се трудни после 3 царски резови. После 4… и сѐ е во ред. Во секој случај, руптура се случува заради силни контракции. Затоа и пример кај мајки со царски кои сакаат природно да се породат не се дава провокација, (се избегнува).

    Како што ти кажал докторот, така ќе правиш. Ме радува што не ти рекле абортус, на веќе постоечка лошо сошиена рана на матката. Ќе си внимаваш, и ќе те породат заради ова со втор царски. Биди си претпазлива. И ти посакувам сѐ да помине во најдобар ред!
     
    На thelittle17, Autumn_, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Може пред една година кога бев бестрашна ќе се нафатев. Сега со секојдневните црни мисли (не знам дали сите жени ги имаат) премногу се плашам од се. Внимавам и по скали како се симнувам зашто си правам филмови. Кризирам маж ми кога ќе излезе од дома. Едноставно не преземам никакви ризици зашто се плашам дека нема да бидам тука за бебето и ќе остане само :|

    Сега сфатив дека мислењево ми е за во друга тема.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ќе нѐ префрлат.
    Инаку многу е нормално тоа чувство. Кога се породував со второто, стравот ми беше за да не се случи нешто, што ќе правам до првото. Ама се плашев од природно, колку што се плашев од царски. Се плашев од лош исход. Во било која варијанта. А до ден денес се паничам од сѐ. Секое летање со авион ги гледам колку се мали и ми се вртат црни сценарија. Секое патување со кола. Ама тоа не е причина за да се ускратиш од убавините на животот. И ако продолжиш така ќе сфатиш дека ти всушност и така се лишуваш од живот.
     
    На Среќичка, mal.ecka, Autumn_ и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Која е темата за овој муабет? Апсолутно исто се чувствувам, иако гледам да не навлегувам во лошите мисли, оставам само да поминат, сепак за секакви ситуации ми се појавуваат
     
    На Среќичка, mal.ecka и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има. Ако не ве мрзи прочепкајте, или отворете и викајте да се испукаме со црни сценарија.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Анксиозност и бременост, ја има подолу во Бременост.
    https://forum.femina.mk/threads/Анксиозност-и-бременост.2676/page-8#post-5128565
     
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не одговара. Ова е момент на црни сценарија после породување. Откако веќе бебето е тука, и се секираш дека нешто може да му се случи. Или дека тебе нешто ќе ти се случи.
    Леле, ја наполнивме темава со офф.
     
    На Autumn_ и Jana06 им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Моја познаничка роди бебе со царски во ноември 2018. И следната година (2019) во октомври роди уште едно. За второто и не знаеше дека е бремена до кај 5-6 месец бидејќи си беше дебелка од првата бременост примети дури кога почна бебето да мрда во стомакот. И двете ги роди со царски рез и сите се живи здрави. Ама сепак тоа не треба да биде пример за останатите. Се слуша доктор како ќе оцени така. Моја пријателка има абортирано веднаш после царски кога остана бремена. На децата им требаме, некогаш колку и да звучи лошо ако мора да се абортира мора..
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Мене во Систина ме пораѓаше Иванов. Пред две недели на прегледот го прашав кога може второ и ми рече кога сакам. Имало многу жени што останувале трудни одма и ми рече дека немало проблем. Посебно ми нагласи дека не ги советува за абортус.
     
    На Kaetana, Keri, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Првично мене матичната ми рече да почекам една година, но сега на преглед кога виде дека раната ми зараснала убаво и од внатре и од надвор, ми рече може да почекам да поминат 5 до 6 месеци од породувањето и да почнеме со обиди.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Пред година и пол се породив со царски рез, сега останав повторно бремена. Матичната ми рече дека царскиот е добар и убаво зараснат но дека е многу голем ризик, ми спомна и абортус.
    Јас сакам да си го родам, но ми е многу страв дека така ми рече, некоја што била во иста ситуација за година и пол повторна бременост? Совет? Дали се било во ред?