Јас познавам жени што и после не цела година од првиот царски останале бремени, еве едната остана не сакајки бремена дури после 3 месеци од првиот царски(еве овде можам да кажам дека секако постоел ризик) но се помина во ред без никакви компликации и промени. Мој совет да не се плашиш, не си ниту прва ниту последна, сепак година и пола е подолг период. Доколку сепак не си мирна консултирај се и со друг гинеколог.
Јас сум ти жив пример. Останав бремена после 6 месеци откако се породив со првото царски. Сега веќе сум 8ипол месеци. И мојата матична идиотка како твојата ме советуваше да абортирам. Ама јас не сакав. Отидов и на второ и трето мислење и се крстеа како така ми кажала. Ризик секогаш постои. И со царски и со природно. Отиди си на друго мислење. И немој да се нервираш. Со лесно
Во ред е да те предупреди за се маточниот гинеколог, сепак е прв одговорен за твоето здравје и на бебето, ама немој пресериозно да си сфаќаш, ќе си одиш на специјалист. Јас останав пак бремена после година ипол, а ми беше дозволено од хирургот околу година растојание дека е оптимално, а ако се случи и порано да не ме фаќа паника. Од мое искуство а ми потврдиле и во болница во неколку наврати дека матичните знаат да се драматични беспотребно
Ако има некоја лично што се породила природно после царски рез, нека сподели искуство, но само ако е лично искуство не некој што чул или разбрал... Ме интересира како тоа поминало и што ја советувале и сакам да знам каде се породила... Јас сум пред 4 месеци царски рез и нешто почнав многу да размислувам на таа тема. Што би било со втора бременост... Царски рез бев под сомнителни околности имам пишувано во други теми, ми остана желбата за природно породување.
Ако ти рекла дека ти е убаво зарасната раната, не разбирам зашто спомнала абортус. Година ипол не е кратко време. Жени раѓаат здрави деца после многу помала пауза меѓу две бремености. Мој совет е да си отидеш на второ мислење.
Знам братучеда, тука Швајцарија во истата болница кај што се пораѓав јас породена царски прво, исто како мене, е за второто можела природно ама да се потпише дека ако нешто лошо се случи е на нејзина одговорност. Решила да се породи повторно царски. Знам дека вториот пат истото ќе ми го предложат и мене и секако и јас директно ќе одам царски повторно. Не знам каде живееш и не знам дали и Мк е вака исто.
Жени фала ви на одговорите на сите, ми олеснивте малку и вие Бев денес и на второ мислење кај друг гинеколог, тој ми рече дека се е супер, дека бебето се развива убаво дури и срцева реакција слушнавме, и дека нема потреба од паника, после 18 месеци царски рез ми кажа дека си се препорачувало и дека секако секоја бременост си има ризик, дека не е брзо, добро зараснат ми е и царскиот и нема потреба од абортус. Дури може и природно да раѓам ако сакам. Дефинитивно ја менувам матичната што ме советуваше на абортус и ми направи само паника уште повеќе. Фала ви уште еднаш на вас што ми одговоривте
Како го поминавте вториот царски, дали е поболен во однос на првиот? Колку време ви требаше да се опоравите? Дајте ми идеја како да го подготвам првово дете дека ќе ме нема 4 до 5 дена и ќе добие бебе, а ќе има само година ипол. Баш ми треба помош
Јас се породив пред месец и пол со второ. Првото беше итен царски, се искомплицираа нештата, а со второво мораше закажан царски, поради ниска постелка и краток период помеѓу бременостите. Двете деца ми се разлика 2 години без некој ден. Бремена со второ останав кога првото имаше година и 3 месеци. За спремање на првото дете, не знам како би ти помогнала, мене срце ме болеше што ќе го оставам, не бил одделен никогаш претходно, ама се тешев дека ќе му донесам дома сестричка и дека ќе се дружат со татко му повеќе. Кога дојдоа да нè земат од болница, нејќеше ни да се сврти кон мене. 2 дена не ми обрнуваше внимание. Ама му пројде . Е сеа, споредба помеѓу прв и втор царски. За првиот, итен царски, не знаев ништо, не бев спремна, немав читано, бев исплашена и долго ми требаше да се опоравам. Со вториот царски, знаев што точно ме чека, кога, кој доктор, период на опоравување, баш заради фактот дека немаше поминато 2 години од првиот. Да го занемариме психичкиот притисок неколку дена пред закажаниот царски (нема шанси да не мислиш и да не ти идат секакви мисли, само труди се повеќе позитивни да бидат), останатиот дел беше мнпгу полесно. Побрзо се опоравив, знаев дека што побрзо станам и повеќе се движам, побрзо ќе закрепнам. Еве направи бебето 40 дена, јас уште 2 недели по пораѓај можев апсолутно нормално да функционирам, освен нели преголем напор и напрегање. Најтешко ми е што не ножам првово дете да си го кревам ко претходно, дека нели само бебето смееш да го креваш (не дека воопшто не во кревам, сама сум и немам помош, па некогаш морам), ама брзо ќе поминат 3-4 месеци, па ќе биде полесно. Единствено нешто што ми е потешко сега е грижата за мене, домот, готвење . Сама сум, мм е на работа до 4 ипол, 5, работи и саботи и има денови кај што едвај успевам да испливам од ранење деца, доење, пресоблакање, миење, успивање. Сè е расфрлано, алишта куп, садови исто, ништо не е на место. Освен душата. Таа барем ти е полна и на место. Со лесно на сите и позитивна мисла.
Јас и со првото бев со договорен царски и многу брзо се опоравив кога дојдов дома се можев сама ме плаши дека се сече на исто место па да не е поголема болката. Исто малиот не е одделен од мене ни 2 мин не знам што ќе правам цели 5 дена. Исто и јас ќе бидам сама со две деца ќе биде голем предизвик сево ова.
Многу помалку болен од првиот, неспоредливо. Психа малку зеза додека се чека, барем јас сабајлето пред операција бев за никаде. Со малото дома полека, и со трпение, искористи го периодот додека новороденчето повеќе спие за да поминуваш време со поголемото, среќно, предизвик е секако
Kaj mene bese mnogu pobolno. I imav dosta problemi. Malata VO Sept ke polni 4god.Znaese se, celo vreme i zborev, deka ke me nema, ke doaga sekoj den da me vidi. Denot pred carski i kazav deka utre ke se rodi sestričkata. Posaka da dojde i taa so nas. I zaedno otidovme, si čekase so tatko i celo vreme. Bebeto prva go vide taa. Mnogu mina me kritikuvaa zosto sum i kazala i zosto sme ja zemale so nas. Iako ima 4 god mnogu e razumna, dosta vnimatelna i razbira se. Sega dosta mi pomaga. Mene mi bese pretesko oddeluvanjeto od nea pred da odam vo sala. Koga mi kaza mamo gusni me, i so očinjata me pogledna srce mi se skrsi. Se utepav od plaćenje a taa me guska. Se zavrsi dobro fala mu na Bog
Во Април 2021 се породив со царски рез по 2 пат, предходно имав прв царски рез во 2017 год. Ми рекоа да планирам бременост 3 години после 2риот царски, меѓутоа сега непланирано останав бремена после 8 месеци. Мн сум исплашена, незнам дали ке можам да ја износам оваа бременост или ке морам да абортирам.Лани имав предвремено породување поради компликации и го изгубив бебето.Сега од една страна многу сакам да ставам глава во торба што викаат и ида ризикувам ама од друга страна страв ми е да не ми се случи нешто, зашто имам уште едно детенце дома на кое му требам. Има ли некој слично искуство, следната недела сум на преглед во Гак па ке видам што ке ме советуваат.
Никој не може да ти каже со сигурнот. И за после прв царски доста често слушам дека викаат 2 години најмалце да не се останува бремена. Но се е индивидуално ќе бидеш можеби и како ризична бременост, но се е индивидуално. Зависи од тоа каде е вгнездено, дали би можела самата матка да издржи сепак е орган. Ако не ти се допаѓа првото мислење од ГАК оди и на 2ро и 3то ако треба и ќе ти кажат не мора одма на абортус да помислуваш. Сркоја жена е различна секое тело различно закрепнува. Пред се улога игра и предходните бремености ете едната предвремено била и зошто била предвремено и која била причината за повторно царски да те породат. 1001 фактор е
и јас преживеав нешто слично, прва бременост, бебето почина, итен царски. Мене докторката ме советуваше после 3 месеци да почеме повторно со обиди. Иако и мене ми е страв, и си викам барем минимум 6, но на тоа добив одговор дека треба од еден до друг царски да помине 1 година. Сепак најдобро е најдеш доктор што на некој начин ќе прифати да те води и пред се ќе те смири. Како што ти пишала членката пред мене Елена Петрова, Димитров од Ремедика, Гордана Петровска (многу добар гинеколог-акушер, имам слушнато повеќе успешни приказни од кај нејзи за доста критични пораѓаи), Димчев од Систина
Баш ми е жал и за твојата загуба, можеш да ме разбереш низ што поминувам. Вчера бев кај матичната, ми потврди бременост и ми кажа дека сега е поризичен абортус одколку да се решам да го задржам, ми рече дека киретажа само може да предизвика додатни компликации сега.Ке одам од понеделник на Гак и во Систина па ке видам и таму што ке ме советуваат. Многу се плашам, не смеам ни да се израдувам.