Ќе вадите заклучоци од неколку примери, ќе носите предрасуди најверојатно од работи неповрзани една со друга, а демек споделувате искуства. Малку е малициозно ова, особено што има луѓе едвај чекаат на нет да прочитаат причина плус за да не се вакцинираат и такви кои обожаваат теории на заговор.
Ок. Ако сметате дека темава е отворена со лоша намера или нема потреба од неа, слободно избришете ја.
Мислев на тоа колку време по примена втора доза е препорачливо да се започне со обиди, а не кога ќе дојде до зачнување, бидејќи тоа е индивидуално.
Ако Фајзер е дозволена да ја примаат трудници и доилки што би било проблем со бременост? Синофарм и Синовак не знам дали се дозволени. И јас немам родено, примив две дози Фајзер и на крај памет не ми беше ова прашање.
Не верувам дека студентите на пунктовите се стручни и и рекле да чека 6 месеци Јас прашав гинеколог и ми рече вакцинирај се па после. Рокови никој не знае и не кажува
И најбитното прашање. Што ако некоја се вакцинира и упс, грешка останала трудна? Зар ќе абортира? Малце ми е нелогично тоа со чекањето. Ако е вистина така нели е логично да кажат при вакцинирање строго да се пази да не дојде до бременост месец дена после примена ревакцина! Не сум против вакцина, напротив баш сакам и вакцина а и да забременам.
Мене ниту еден доктор не ми кажа нешто вакво поврзано со рокови за бременост, а се консултиравме и си побаравме мислења заради Х дијагнози кај мене и кај маж ми, неповрзани со бременост, плодност и слични работи. Тоа со месец-два веројатно е некоја рамка што ја даваат за да се смири организмот после "шокот". Што знам, не знам дали има логика, само моја претпоставка е. Немам деца и не дека планирам да останам трудна за нешто ептен скоро, ама сепак си планираме во блиска иднина. Но, штом вакцинираат трудници и доилки со Синовак и Фајзер, веројатно се океј и двете и нема што да се стравува и да се преобмислува сè. Битно душата ми ја извадија небитни стринки и тетки со муабети од типот "абе млади сте вие, што ќе трчате да се вакцинирате, почекајте". Врвот на сите "совети" беше дека ковидот бил старечка болест, немало што ние младите да трчаме по вакцина. А тоа што тие вакви особи први трчаат на пунктови да се буцнат иако не се старци, нема врска. Но да не ја носам темата накај кромид вести. Ако сте несигурни, најдобро направете си муабет со повеќе лекари. Особено со некои кои ви ја знаат историјата, па ќе си одлучите дали, што, како, кога.
На нашиот пункт, постарите доктори(оние што вакцинираат од самиот почеток) на нас помладите и поновите ни кажаа само фајзер за трудници и доилки.... Ама приметувам дека од пункт до пункт, од доктор до доктор има различни мислења и насоки
Одлична е темава, сите што не се согласуваат можат да не пишуваат едноставно.Јас на пример се вакцинирав денес, а со партнерот се обидуваме подолго време за дете, и веќе ни истекува рокот кој ни го даде докторот за инвитро. Со смисла да пробаме некое време ако можеме природно, ако не тогаш треба да правиме инвитро, и јас бев и сеуште сум загрижена од аспект на тоа што имаше и во претходните коментари. На пример колку време би чекала за оплодување после примена вакцина, доколку треба да одам на инвитро. Друго што ме загрижува е фактот дека треба за 3 дена да „не добијам“, а во формуларот имаше поле кај што требаше да се одговори дали можеби си бремена, што значи тоа. Како некој кој што долго време е во борба со неплодност секоја состојба е важна. И ако неможете да ги разберете луѓето, не ги осдувајте.
Очигледно секој си чита што си сака зошто и ти направи така. Само ти и уште некоја членка претходно успеавте да ја испревртите. Ааа како така смеат луѓето да се информираат повеќе...... За обична фарба за коса се читаат повеќе упатства и мислења, не за вакцина што е толку сериозна работа за сите и општественото здравје. Малку ја претеравте со она дека одвај чекаат најмали изговори ко мислиш за кафе се работи. Тој што не сака да се вакцинира не прашува вакви работи туку едноставно не се вакцинира. Сега околу темата. Многу странски новинарски куќи објавија на оваа тема и стана контроверзно зошто докторите не сакале да го пријават како side effect туку им барале изговори дека им е од нешто друго. Под објавите, на социјалните мрежи имаше многу искуства кои вклучуваа многу чудни исповеди и коментираа дека не знаеле дека ова би било можност. Најдов дел од линковите и споредувајќи ги датите, гледам дека прво пишуваат дека нема никаква врска и после некоја недела откако изгледа се појавиле повеќе случаи и морале да објават, ги менуваат мислењата. Ќе ги оставам неколку од нив што се појавуваат најпрво при пребарување па вие пребарајте си понатаму. Ова што го напишав е пренесено од статиите и искуствата што ги оставале доктори и пациента. Ако може оние 2-3 лика што гледам дека постојано цитираат да го имаат ова во предвид пред да почнат со нивните проповедања и да не ја тераат темата во правец во кој очигледно никој не оди освен тие и нивните глави. https://www.bbc.com/news/health-56901353 https://covid.joinzoe.com/post/covid-vaccines-menstruation https://www.insider.com/does-covid-19-vaccine-cause-menstruation-period-2021-4
Никој од линковите што си ги ставила не се однесува на бременост по вакцина, искуства или некој стручен наод околу истото. Всушност сите објаснуваат за врската меѓу вакцините и промените во менструалниот циклус и носат заклучок дека истите се привремени. Инаку има отворено тема на форумов конкретно за ова. Никогаш не сум кажала некој да не се информира повеќе за нешто, ниту сум испревртела нешто. Ако прочиташ убаво во воведот на темата и причината за отворање е да се ставаат поединечни искуства околу не/забременување после вакцинирање. Најди линк за ова и врати се.
Се препорачува 6 месеци да поминат од примање на двете дози вакцина. Негде велат 3, мене доктор ми рече најдобро 6. Имам комплетна доверба така да не се дораспрашував со 1000 зошто.
@Mikha4 не можам да ги читам за тебе за да ти џвакам. Ако мислиш дека циклусот не е поврзан со темата, не знам зошто коментираш. Ги оставив линковите за сами да си прочитаат, да соберат повеќе искуства и на социјалните мрежи да ги најдат истиве линкови каде напишале оние кои ги имале појавите кои пак вклучуваа појава на циклус после менопауза, непрестаен циклус со месеци и многу други. Кој кажа дека линковите мора да бидат негативни? Никој, ти сакаше да си извлечеш таков заклучок.
Да сум небремена, ќе се вакцинирав, па ќе чекав втора доза, па ќе почекав 2-3 недели да помине имунолошкиот одговор, затоа што бременост и вакцина се два различни процеси и по моја претпоставка може со нешто да си посметаат едниот на другиот. Здраворазумско размислување (не сум доктор) едниот процес го провоцира имуниот систем, другиот го супресира. Јас ја пропуштив можноста затоа што забременив пред да дојдат вакцини кај нас, и многу ми е жал што не ја завршив вакцинацијата пред тоа. Сега зависам исклучиво од степенот на вакцинираност на тие околу мене, а тоа страшно ме иритира. И стравот, за себе и за другиот живот, носење маска на отворено на 40 степепени ќе ги избегнев.. Советот ми е да се заштитите прво, вака воопшто не можеме да се израдуваме на убавите вести ПС. На место си е темата, нема идна мајка која не се грижи за себе и за своето потомство. ПС2. Што повеќе од вас чекам во темите за бременост наскоро
Еве што ми кажаа мене денес. Начелно ако планираш бременост, вакцина НЕ. Или вакцина, само кинеска и пауза 10 недели по вакцинација. Истото важи и за сопругот. Не знам веќе што да мислам.
Што значи начелно? Воопшто не или после некое време? И зошто само кинеска, кога нема валидни студии дека било која од вакцините би биле штетни во иднина околу забременувањето?
Не околу забременување дека ќе прави проблем, туку да се почека 10 недели после вакцина за забременување. Ама за мене ми рече дека планирам бременост скоро не. А ако се решам за вакцина да е кинеската и да чекам 10 недели после. И мене не ми е јасно и сум збунка. Сите различно кажуваат.
Зошто 10 недели да се чека? Ти ја објаснија ли причината? Искрено мене ми рекоа месец дена, дури еден познат епидемиолог наш ми рече слободно после 14 дена од ревакцина можете да си почнете да пробувате