Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост по примена вакцина

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ..barbie.., 6 јули 2021.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.458
    Пол:
    Женски
    Претпазливи се оти се работи за нов тип вакцина кој не е користен досега и нема резултати за долгорочни ефекти на истата врз човекот, пред и во бременост, доење и други состојби. Затоа никој не може да ти даде конкретен одговор дали да се вакцинираш, и со која вакцина.
    Кај млади, уште неостварени како родители, јас не би препорачала од новиве вакцини, само кинески, изработени по веќе проверена технологија.
     
    На Spidy, KidA и Цвет88 им се допаѓа ова.
  2. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Имам пишано пред некое време.
    Во Велика Британија исто се дозволуваше вакцинирање со Фајзер и Модерна во бременост, е сега веќе не практикуваат вакцинирање и оставаат трудницата да одлучи затоа што вакцината предизвикала многу спонтани абортуси.
    Јас сум во рана бременост, ми се јавија за да потврдат да ме избришат од системот за вакцинација токму поради тоа.
    Незнам дали вакви информации ставаат на интернет, но ви кажувам од прва рака зошто сопругот ми е по професија лекар и до нив информациите побрзо стигаат.
    Јас мислам дека треба да се одложи вакцинација во бременост и кај деца зашто вакцината уште се тестира, па зошто тоа да биде на најмалите кога тие се иднината.
     
    На BBS14, KidA и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.827
    Пол:
    Женски
    Дали те сфатив добро? Ти си за кинескава? Мислиш дека е подобра?
    Мене сестрата што ме боцкаше ми искоментира, за мене само Синовак е најдобра.
     
  4. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Ако ова се однесува на мене еве ќе ти објаснам убаво.
    Секој лекар не е стручен во секоја област. Тука матичен лекар има едни овластувања, додека специјалист други. Секако на доктор неможам да му кажам јас што да препише, тоа значи го потценувам неговото знаење, а за да одиш на специјалист во некои држави треба да си во мнпгу тешка состојба и да чекаш најмалку 1 месец за консултација.
    Така подобро да побарам совет од некој кој веќе се соочил со таков проблем наместо да чекам да се влоши работата повеќе.
    Тука немаш приоритет "ако имаш пријатели" туку секој си чека кога ќе му дојде редот.
     
    Последна измена: 22 јули 2021
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Така и ми рекоа, ако веќе се вакцинирам, само кинеска.
    Фала ти.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.458
    Пол:
    Женски
    Ако веќе мора да се вакцинираат млади, трудници и доилки, тоа да биде со нешто веќе проверено и тестирано, а не со вакцини изработени со нови технологии. Тоа ми беше поентата. Инаку, кој сака нека се вакцинира и со што сака, нека има право на избор.
     
    На Cka, Spidy, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.827
    Пол:
    Женски
    Јас сум те разбрала погрешно, извини.
    Да и јас сум за тоа дека е право на избор, така и беше нагласено нели, али за секој излез од државава те условуваат да си примена вакцина или пср тест.
    Еве незз за која држава беше точно, не признавале од кај нас вакцините, барале да е примена вакцината во ЕУ.
    Лудило го тресе светов.
     
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Сé супер, разбирам прос и конс на различните типови вакцини и разни ефекти кај разни луѓе, ама да знам како дошла сестрата до заклучок дека Синовак е најдобра?
    Разбирам дека е класична вакцина и тоа е голема предност само по себе, ама тврдење како најдобра нели е малце претерано?

    За ова има и причина, дел е заради факсификување сертификати, друго е зошто голем дел од земјите надвор од ЕУ имаат проблем и со постоечките вакцини, како обезбедување ладен ланец и услови за чување (важи и за детските вакцини) со што после имаат и проблем со ефикасност. Не викам дека е така кај нас или дека е правилно тоа што го прави ЕУ, ама вакцинацијата треба пред се да е заради здравје, не заради патување. Денес едните правила утре ќе се други. И затоа не треба многу потпирање на услови пат при одлуката за вакцинација, зошто утре услов може ќе е и трета доза.

    Инаку никој нема да може точно да ви каже за жал, останува одлука на секој од нас. Од една страна, лично да сум бремена не знам дали би примила вакцина, премногу непознати има, а ако планирам бременост сигурно прво би се вакцинирала, зошто имав блиска во семејството која беше бремена на сред пандемија и беше под ужасен стрес на секој можен преглед, па мешање со луѓе, породување повторно. Остана бремена во самиот пик, се породи повторно во пик. Среќа сé заврши добро, ама стресот е преголем на сред пандемија, верувам и за другите бремени жени било така. Вака, каква таква ќе има некоја заштита. Пак повторувам, ова е мое лично мислење, не сум некој релевантен доктор да кажувам како треба.

    Едит: Стерилитет од вакцина е еден од аргументите на антивакс лобито за секоја од вакцините и надвор од ковид, буквално за секоја, така што во тоа не верувам. За други врски меѓу бременост и вакцина, не знам искрено.
     
    Последна измена: 22 јули 2021
    На duffi, Lianna Anna, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.453
    Допаѓања:
    16.827
    Пол:
    Женски
    Незнам како дошла до кој заклучот, како од типот на тоа дека е послаба...незнам
    За ова во ЕУ незнам кои им се правилта, еве си прочитала ти повеќе, не сум барала бидејќи немам намера да идам нигде па само од муабети со луќе што ми кажувале.
    Јас сум со планирање бременост и сакам да сум заштитена за кога ќе бидам бремена. За во бременост вакцина јас не би , али секој со својата одлука.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    19.851
    Пол:
    Женски
    Во ЕУ боцкаат Фајзер, ама препораката е за трудници и доилки кои имаат поголем ризик да се заразат и/или претходни болести. А нигде нема општа препорака за трудници, ама ниту за невакцинирање пред бременост, ниту ограничен временски период - одложување бременост. Напротив, препорака за вакцинација пред бременост. Месец дена по истата за бременост, само заради имунитет.

    Иначе нема докази за вкрстена реакција помеѓу вакцините и плодот. Не знам која вакцина е подобра од другите и дали е воопшто, ама знам дека се ова се базира на сопствено убедување, кое го забележувам и кај самата себе. Кинеските, стара платформа, години уназад позната, инактивиран вирус без можност за репликација. Едноставно така ние луѓето реагираме на новитети, со доза скептицизам, што е и оправдано до некаде, освен кога почнуваат фактите да се мешаат со митови, изненадувачки брзо. Многу трудници се вакцинирани со мрна, по пресметан бенефит и ризик и се уште нема нигде официјални податоци за несакани ефекти. Исто така, многу трудници се вакцинирани во рана бременост, без да знаат дека се бремени и нема официјални податоци за несакани ефекти.

    А општа препорака за вакцинација на бремени жени нема, затоа што никогаш не биле дел од студиите. Ама, ако се измери бенефит/ризик за конкретна трудница, по препорака на стручно лице, тогаш е истата како таа погоре. Како и сите други лекови/терапија за време на бременост ако од тоа има потреба. Значи, индивидуално е.

    Во бременост, јас не би се вакцинирала во период на ембриогенеза. Потоа би се вакцинирала исклучиво по препорака и пресметан ризик. Значи контакти, работно место, шанси за зараза, хронични болести итн. Попрво би рекла дека за трудница со помали шанси за зараза, е подобро блиските контакти, оние околу неа да се вакцинирани. (Колективен, односно во случајов, мал имунитет на заедница) Иначе, апсолутно би се вакцинирала пред бременост со било која вакцина, а по вакцинација би чекала месец дена, (еден циклус) само поради имунолошка реакција. Поентата за чекање.

    Знам дека си во прашалници, затоа скроз ова:
     
    На Spidy, KuklickaSk, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот, во вторник ќе се консултирам и со гинекологот. Ќе видам и нејзино мислење.
    Искрено јас сум за вакцинација... Дома сум ама сепак, психичкиот момент дека колку толку си заштитен е многу битен.
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.391
    Штом тврдат така нека образложат зошто?
    Јас прашав двајцата мои гинеколози, ми рекоа прво вакцина па планирај.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Многу валидно прашање. Ете и јас и мм не се пазиме, од кај да знам дека во меѓувреме нема да забременам? Мислам дека стравот го прави ова, инаку вакцина како вакцина :wasntme: Јас сум во план да се вакцинирам зашто повеќе страв имам од ковид, сеуште немаме прележано.
     
  14. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    13.728
    Пол:
    Женски
    Чисто како предлог за сите оние што сакаат да се вакциноираат а и планираат бременост. Можеби веќе и сум пишала, ама јас дента кога добив отидов прва вакцина да примам и пред следен циклус ќе ми биде ревакцина. Е сега овој меѓупериод паузираме, па после тоа со Госппд напред
     
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Пријателка се вакцинираше со Фајзер за после десетина дена дознае дека е бремена, значи била бремена кога се вакцинирала. По тоа што го има читано не било препорачливо, а и не биле испитани вакцините за бремени во првиот триместар. Сега се плаши да не биде нешто со плодот понатака да не има некакви последици. Што мислите вие?
     
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не е единствена, верувам дека многу на број во светот ги има со ваков случај, битно е да не мисли на лоши сценарија, да не чита по нет све и свашгта и да си ужива во бременоста
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Па ќе внимаваш Јана. Кога останав трудна, имаше морбили епидемија. Прво прашање на гинекологот беше дали сум прележала морбили зошто ако закачиш морбили у прво тромесечие, толку од бременоста. Вакцина зс морбили не смееш да примиш.
    Исто е и со ковидов.
    Вакцинирај се, почекај еден/два месеца по втора доза и праи дете. Во меѓувреме пази се да не останеш трудна.

    Јас сум најгласна за вакцинирање, ама мислам дека не постои гинеколог кој би ти кажал дека е ок да примиш вакцина у прво тромесечие дур трае органогенезата. Исто како што максимално треба да пазиш да не фатиш ковид.
     
    На Lady Leona, eli25, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.339
    Пол:
    Женски
    Во органогенеза, и појака настинка може да направи компликации. Едноставно, плодот е нежен и се може да му смета. А може и не. Јас во бременост се вакцинирав за хепатит. Прва доза пред да забременам, ревакцина во 3 месец и после во 8ми со стомак до заби. Никаков проблем не сум имала. Бидејки пред да се вакцинирам за ковид правевме муабет за второ со маж ми, сигурно немаше да се обидуваме веднаш. Сега после неколку месеца би останала трудна, не гледам зашто не. Да бев трудна пред да се вакцинирам, после 3от месец би примила. Ова сум го одлучила дека е најдобро според се што сум прочитала досега.
     
    На eli25, KuklickaSk, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Среќа овој месец не останав бремена, сега за 3 дена ќе ја примам втората доза и после веќе сум во безбедна зона. Ја прашав и докторката ми рече да си ја примам дозата, да не паузираме со обиди. Веќе вика во потврдена бременост не би ти препорачала.
     
    На Tsukinory и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  20. Green Ivy

    Green Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    23
    Zdravo. Dali ste zabremenile ili poznavate nekoja koja zabremenila kratko posle vakciniranje ?
    Ovde, vo Shvajcarija, veke vakciniraat i vo vtoriot trimestar na bremenost, ama dosega ne sum slushnala za nekoja da se vakcinirala pa ostanala bremena kratko odposle..
    I za sebe prashuvam, se vakcinirav, ne chekam da projde vreme, ama ne znam dali vlijae ili ne vakcinata.