Работам блиска проблематика на бременост, па ние се консултиравме со доста стручен гинеколог во таа област, и тој ни кажа дека се потребни околку 6 месеци после вакцина да се планира бременост, дали природна или преку ИВФ сеедно. Значи после 6 месеци
Зошто? Ете после 6 месеци е потребна и 3 та доза? Мене ми беше даден одговор дека треба само првиот период да се избегне кога се создаваат антителата, а тоа е бар еден циклус.
зашто немале доволно информации за на пократок период. А за ИВФ можда интерферира со некои лекови кои ги даваат во постапката. Немам толку расчачкано што, зошто и како
Ок е ивф, тоа има логика, сепак е процес однапред дефиниран. Ама нели, по некоја логика ако вистина е вака дека ќе треба годишно да се примаат вакцини, тоа би значело крај за забременување.
Doktor pedijatar hirurg i rekol na sestra mi ako primi vakcina,vo rok od 3 ili 4 god da ne zabremenuva,zosto deteto mozelo da ima vrodeni maani.Nikoj ne znae nisto so sigurnost
мене матичниот ми рече 6 месеци да поминат од ревакцината(3та доза не планирам да ставам),еве поминаа 2 месеци кај мене од ревакцината Генерација и за вторите
мене матичниот ми рече 6 месеци да поминат од ревакцината(3та доза не планирам да ставам),еве поминаа 2 месеци кај мене од ревакцината Генерација и за вторите
Е, изгледа ќе бидат и вторите генерација. Само јас морам да чекам да помине март 2022. Е, после ќе правиме што ќе правиме.
Јас и сопругот се вакциниравме. Мислењата се поделени. Едни викаат да чекаме најмалку 6 мес за бебе, други немате гајле може одма...стварно не знам што е правилно. Што мислите? Искуства? Дали знаете некоја жена што е вакцинирана, а веќе е трудна? Ептен се плашам, а немаме време за губење.
Моја блиска после 2 месеца од втора доза Фајзер забремени и си тера бременост. Сега за сега се е супер со нејзе и со бебе.
И јас исто. Не знаев дека сум бремена и се ревакцинирав. Од прилика 2 или 3 недела сум била, нема гајле. Докторката ми рече дека ништо не е страшно, ќе си го пратиме плодот и така. Еве 13та недела сум, бебушот машала си се развива супер. Не мисли на тоа и не се секирај
И јас исто ко сите многу се плашев од вакцина. После се размислив колку тешко ја поминав короната, тогаш да бев трудна сигурно ќе го изгубев плодот. Јас и дечко ми се вакциниравме средина на септември. Вакцината ми ја измести малку менструацијата, почна порано да ми иде и непланирано останав бремена крај на окт/ почеток на ноември. Дури се смеам, велам несакани дејства од вакцината ми е што останав изненадно трудна. Тоа ни беше прв секс без заштита. Почнувам 7ма недела, засега се е во ред, се надевам и понатаму ќе биде така. А дека менува вакцината кај жените нешто менува, многу жени што се трудат со месеци за дете после вакцината остануваат трудни. Е некои се жалат, имале спонтан или Даунов синдром на плодот, но тоа мислам дека често се случува и без вакцина.
Колешка која 6 години се труди за бебе, 1 месец после вакцина остана трудна Знам дека звучам ко фејк медиум ама ете да спомнам пошто темата е за тоа
Баш тоа и јас сакав да пишам малку погоре ама ај викам да не звучам ко фејк. И моја познаничка летово остана бремена на 40 години одма после вакцина. Се трудеа порано за второ не биде и си рекоа ќе останеме со едно. А во тек на бременост сега не би се вакцинирала, подобро е пред. Јас сега сливите ги лупам за са не се прскани, а не па вакцина да примам. Но секој одлучува за себе
Јас со син ми на прва забременив, сега пробувавме од септември и еве останав трудна 1 месец после вакцината. На 28 октомври имав втора доза, на 29 ноември позитивен тест. Ама еве после нејзе е одма. Циклусот претходниот ми беше безболен, идеален, добив два дена после втората доза. Бремена и јас немаше да се вакцинирам, затоа за втора доза прво правев тест, па после ставив.
За спонтан, ако е одма, е до имунитетот, сепак се уште се бори и може еве затоа, ама и без се случува. Даунов, ова би требало да се види во проценти нели. Малку ми е шубе, ама маж толку верува во наука и вакцините, што за него еве не сметало за бременост. И не сакаше да одложувавме. Реално не знам што и како ќе биде, ама бидна. Се надевам ќе биде добро бебето. Треба сега преглед да си закажам.