Јас се вакцинирав бремена, во 34та и 37ма недела, никакви несакани дејства ниту јас ниту бебе. Најмногу ме охрабри тоа што во близина имав многу бремени кои тешко го поминаа вирусот. На фејсбук има support group со многу позитивни искуства, насловот на групата беше нешто Covid Vaccine during pregnancy така некако и таму најмногу пишуваа жени од Америка и Канада, каде вакцинирање на бремени беше приоритетно и сите имаа позитивно искуство, без несакани ефекти.
За бремени само мРНА беше дозволена тогаш, мислам дека и уште е така. И во многу случаи и бебињата им се раѓаа со антитела, што е уште еден плус.