Ми текна на една брзозборка, и се изнасмеав до солзи со моите.. Еве неколку. Седеше турче, на криво крувче. ( ова кога го кажав првиот пат.. ) Црна чипка, бела чипка. ( кога се кажуваат брзо, се менуваат некои букви.. ) Че ом, че ам, че дом. Прочитав уште неколку, ама кажете и вие некоја.
Кралот Карло на Кралицата Карла и го украл кларинетот! Едит-уште една: Карикатуристот карикатурира карикатура со карактеристичен карактер!
Кралицата Карла и кралот Карло свиреа на кларинет. Кралот Карло на кралицата Карла и го украл кларинетот. Кралот Карло и кралицата Карла му купиле кларинет на кралчето Карло.
Кога бев мала омилена ми беше: Петко пеш по патот оди, патот право в школо води. -Фатив слон и сом на сон. -На врв брда, врба мрда. -Бел петел в пепел прета. -Ми рекоа да му речам и си реков дај да му речам да не речат дека не сум му рекла.
Учителката вика дека за вика не се вика вика туку за вика се вика вели . Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња. Штркот штрака со штракалката . Шест шарени шишиња швепс шиеа шесто широки шеширчиња. Петко плете плет,Петкоица меси леб,пушти Петре плет, за да јадеш леб.
Петре плети плет, Петрејца меси леб! На врв брда врба мрда! Секој петок урда јадам! ! Ова не е брзозборка Елена. Вака во Прилеп велат за она што литературно би дошло: Ќе одам, ќе јадам, ќе дојдам!
Хаха ме вративте во детството Едни од поомилените брзозборки: Јадев леб под пукнат камен, пиев вода над пукнат камен. (се мењаат букви при кажување ) Капа опаку капа. Шест чаши свеж швепс.
^ Оваа со швепсот ја знам и во друга (слична) верзија. Шест шишиња свеж швепс. Спојлер моментот е Швеж Швепс
Спојлер Не сум од вчера фала Богу, за да незнам што значи Че ом че ам че дом. Јас тука ја пишав затоа што како помала ми беше тешко да ја кажам. Еве уште неколку.. Расол лош расол. Потипис дата вода пијам. (на почеток не ја знаев финтата, ама после сватив дека под пи..... вода пијам) Жабата Жа од барата Ба ја викнала жабата Ба од барата Жа. Боб под поклоп.
Хахаха шест чаши свеж швепс. Може се повторувам со некоја феминка, ама на неа ми текна кога прочитав Брзозборки.
Секој српски селанец на својата слава Свети Сава ја слави со свинска глава!! На врв брда врба мдра Секој петок урда јадам Пукна пушка под пењушка (ваа е најака )
Петел прета во пепел. Кантар катран тегли. Ајде јоле ролај. Пролајало јаре. Ратка рипа преку пруга. Петре Прличко пие прилепско пиво. Бел петел в пепел претел. Пролајало јаре во Јурумлери. Седнало турче на криво крувче! Бел петел, бела пепел прета. Лош кантар, катран мереше. Криво јаре под јавор лежеше. Штрк, штр, балабан, потфати се под ваган. Петко наш голем маж, фатил глувче за опаш. Од Дебарско, запишал Арсо Алексиев Полјански Мало бек, лапај снек, цепи штици, јади трици. Поминаф поле Лазороо, најјдоф зељзка расолоа, овја расол лош расол, нашиот расол арен расол. Роса- роса росица, до појас косица. Саач, шут саач. Три педи три погачи за мајкина пизма. Угоре мома удолу коса. Изедов три-четири-пет погачи за мајчина ми пизма. Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстие Спаско. Помина пиле со сплескан клун. Дојди попе, дојди пак пак, не ти гинит тфојот ак, за земање никој пат. Жими буда недеља герамида кадеља. Не су јаре видела дробот си го изела. Снесла страчка на прачка дванајсет јајца, поминав едно зедов изедов поминав зедоф две изедов, поминав зедов три и тн. до 12