А дали може да кажеш која била причината за развод? Мора да има нешто пто предизвикало вакво однесување кај мајката на детето.
http://kurir.mk/svet/vesti/181038-Mrtva-si-kuvo-–-Ja-ubil-soprugata-a-koga-objavil-na-Fejsbuk-sobral-300-lajkovi-FOTO Пример за тоа дека речиси идентични случаи на убиства под 100% идентични околности при развод и доделување старателство на мајката почнаа да се појавуваат во различни земји низ светот како да се поврзани едни со други. Останува психилозите и социјалните служби во Италија а и воопшто во светот да утврдат што навистина го натерало Италијанецот опишан во веста на посочениот линк да го „киднапира“ неговото сопствено дете, а после тоа, откако му го одзеле детето со полиција, да ја убие бившата сопруга? Истото би требало да се запрашаат и нашите во МВР, правда, и труд и социјала во врска со убиецот од Кавадарци, како и за оној од Злетово, и за тој од Аеродром, и за тој Куманово каде секаде имаше речиси иста приказна на развод, старателство над децата доделено на мајката и противзаконско користење на децата за уценување и пресметка со поранешниот сопруг преку нивно спречување да поминуваат подеднакво време со нивниот татко. Според законот за семејство на РМ и двајцата родители имаат исти права и обврски во однос на одгледувањето и воспитувањето на децата. Се надевам дека на некој ќе му текне дека ако сите чаши се преполнуваат, не треба да ги забранат чашите и да воведат тегли или шишиња, туку да ја сопрат чешмата која непрекинато си тече со силен млаз.
Тука веке ми бодеш очи со ова што си запнал значи ти овие потсвесно убијци ги оправдуваш или ако не ги оправдуваш ама пак на некој начин навиваш за овие случаеви и упорно ги потенцираш При развод детето ке биде доделено кај еден родител не може кај двајцата или кај тебе или кај неа е што правиме ако тебе ти го додели судот детето и она те убие тебе и твоите мислам крајно глупо е тоа да оправдуваш постапка некоја Друга работа е што мене ми боде очи зошто има толку голем револт кај жена ти ,зошто толку голем инат пошто јасно се гледа дека она на инат работи сигрно добро ја имаш повредено па и затоа се случил разводот мене баш ме инерсира причината за вашиот развод тука лежи решенето за твојот проблем не го одбегнувај прашањето
Drugarce, ova da bese Canada, sega bi te prijavila vo milicija za tie da te nadgleduvaat kaj se dvizis i sto pravis. Normalen covek nemoze da odobruva ubistva ni pod niedna cena. Prikaskava ti nevin, nie e*ni vo usi da bevme pa nema da ti poveruvame. Skroti se oti mozno e nekoj da te prijavi.
Oвa дa беше Кaнaдa чoвекoт немaше тукa дa се жaли и ќе си беше сo дететo, oсвен aкo пoстoи реaлнa причинa зaрaди кoјa му е тoлку oгрaничен пристaпoт a тoј не кaжувa. Јaс не знaм, некa кaжaт рaзведените сo децa дaли и зoштo едниoт рoдител е тoлку oтфрлен oд судoт пo oвa прaшaње, дaли oнoј кoј ќе гo дoбие дететo мoже сaм дa oдлучувa кoлку ќе дoзвoли другиoт дa гo гледa, дaли вистинa тoлку немa прaвдa?
@Bridget Во мојата пресуда пишува „Редовни и континуирани контакти“ исто и во неговата. Јас никогаш не сум забранила да ја гледа ќерката. Кај господинот прашањето е зошто се развел никаде не нагласил. Можеби неговата сопруга има причина што така се однесува треба да се слушне и нејзината страна. Што е до мене јас никогаш не би му дала на мојот бивши да ја види ќерката познавајќи го каков е, ама сепак тој и е татко тоа не може да се промени.Кај господинот иритира тоа што како да ги оправдува убиствата (постојано потенцира) и сето тоа поради развод.
Која и да е причината за развод (освен насилство врз жената и детето) не треба да биде оправдување за ваквото однесување од страна на сопругата. Мислам... едно е они двајца да си тераат инает, ама користење на детето ми е крајно бедно. На детето му требаат и двајцата родители кои (по можност, нели) цивилизирано ќе се договорат околу одгледувањето. Меѓутоа, ова кај нас е научна фантастика, за жал.
Воопшто не е научна фантастика. Од сите оние разведени што ги познавам никој не се препукува преку децата или случаите се ретки, така да не треба да генерализираме. Ете и во судската одлука да пишува колку има право да го гледа, мислиш дека тоа ќе се спроведе кај некои букови глави! Не. Ајдееее социјални служби, судови, казни, истрауматизирано дете од полнење на главата за едниот родител Се е до карактерот, личноста било татко било мајка. Едот: Не дај боже да доживеете па ќе ве видам како ќе размислувате. Едно е кога гледаш од страна, а друго кога си го доживеал тоа.
Скоро сите разведени парови кои јас ги познавам крајно нецивилизирано се однесуваат по разводот. Го третираат детето како пинг понг топка, го користат како средство да го надмудрат оној другиот итн... Абе, бедотии. Мајката тера инает на таткото и не му го дава детето: "Ќе види тој, вака ми правеше, онака", а таткото пак не плаќа алиментација со изговор: "Неа ли ќе ја полнам со пари" Срамота е ова. Колку и да им биле лоши односите, за дете се работи.
Затоа велам се е индивидуално, јас немам ни денар алиментација ама не можам ништо да сторам од детето. Кога спомнувам за алиментација барем нешто да дава затоа што ќе го тужам тој веднаш и се јавува на малата и таа вика по мене дека немал. Ајде бидете паметни па кажете како во ваква ситуација. Да си молчам или да терам инает и да го нервирам детето! Во денешно време младите ретко се трпеливи, затоа пак децата патат.
Pa za da nema stres deteto podobro da si molcis. Ne e ubavo da trpi stres. Kako i da e deteto ke si dobie od tatko i sto i sleduva preku testamentot.
Aa epa togas nisto. Dobro on ako nisto ne raboti od sto zivee? Ili negovite go izdrzuvaat ili zima nesto od socijalnite budzeti valda.
Се си е во ред со темава ама, кога читам, има премногу контрадикторни работи. Не можам да сфатам, како е возможно, еден човек која пред неколку години си го сакал толку многу, па си стапил во брак, наеднаш да стане самиот Ѓавол во твоите очи. Не живееме во турското кога со самото раѓање се бирал сопруг на женското бебе. Си ги избираме сами партнерите. Дали тоа значи дека, некои, премногу грешат во изборот? За тоа не е ни од далеку виновно детето. Глупаво е да се куди едниот родител. И другиот ако го прави истото, тогаш страда само детето. Се тоа се прави за полнење на егото кај родителите или за да се покаже дека се победила некоја битка. Многу е чудно, колку родителите можат да бидат себични
Citaj gi mojte prethodi postovi. Imase on od mene 100% podrska zosto mnogu ubavo go znam canadskiot zakon. Ama mislive i odobruvanjata na ubistva so sigurnost bi mu go odzele pravoto na slobodno dvizenje.
E toa ti e vistinska Makedonija. Treba silni zakoni da gi sozreat dvajcata roditeli. Stalno makedoncite se otpovikuvaat na zapadnite zakoni, a po civiliziranost ni 20% ne se bliski do zapad. Letoska koga bev doma, objasnuvam jas pr. na moja komeska koja otide vo Cuba i se omazi za 15god. pomlad.Zelba i bese vo belo da se vidi sebesi i dete da ima (inaku tipkava ima se, ne i treba sponzor da ja rani, tip top se kupila i postignala). Zenive na koj im kazuvav, vo smisol kolku e samostojna i ostvarena, ne ja razbraa poentata. Spored niv dobi direkna osuda, nemozelo toa taka. Bogami nemozam da svatam , uste ima takvi koj nemozat da svatat licnost koja e spremna na eden siromav covek da mu otvori vrata kon svetot, a za toa ne bara vozvrat nisto. Nema kaj nas golemi dusi. Se e svedeno nedavam, zosto jas, recimu, sto mu kutis. Epa taka do ova deredje se stigna.
Јас сум една од ретките очигледно, којашто нема доволно информации за да биде убедена. Со овие информации, јас вака гледам на ситуацијава. Се согласувам со @toogood , премногу се спомнуваат и се бараат оправдувања и други кривци за убиства на темава. Нема простор, нема оправдување... Втора работа, игнорирано беше прашањето на нена. И те како е важна причината за развод, барем одоколу опишана. Сета оваа недоверба, страв, гнев, од двете страни, за што од нив има оправдана причина, за што не...толку генералии откри, а ова вешто го криеш, хмм... Ти се чудиш како може таква дискриминација да се прави, да оди детето кај мајката наместо да има 50/50 старателство, а ти што си направил на самиот почеток? Си се борел за старателството да го добиеш ти па контактот на мајката со детето да остане на твоја добра волја, а се лутиш кога станало обратно. А истата правда само да беше на твоја страна ќе беше добра правда... хмм... ништо чудно токму ова да предизвикало ваков страв и инает кај жената што го покажува со овозможување се` поредок контакт со детето. Мајка е, ја боли. Ок е тоа што сте поблиски со детето отколку тоа што е со неговата мајка. Но, ти, како вистински родител, треба да го поттикнеш да развие блискост и со неговата мајка. Кажи и` чао на мама не е доволно. Треба во целиот твој пристап да се состои тој поттик. Не треба да те радува тоа што не е блиско со двајцата родители, напротив, треба да те загрижува и со твоето воспитување, треба да се бориш против тоа. Тоа дете утре треба да се потпре подеднакво и на двајцата. Е, тоа е 50/50 старателство, а не колку денови каде спие. Ако тоа не е доволно зрело, вие и двајцата сте доволно зрели за да сте свесни дека подеднакво сте му потребни и двајцата. Особено е ова важно затоа што сте разведени. Друго е во иста куќа, ако не е тука мама, тука е тато, една куќа, една фамилија. Но што кога ќе оформите нови семејства? Новите луѓе во вашите животи ќе се чувствуваат запоставени, инфериорни, ради таквиот дисбаланс. А секој којшто сме го примиле во нашиот живот заслужува шанса, време и вреднување од кое не изискува дискриминирање. Од борба со инаети и допишување со тужби и против-тужби, ништо не правите. Потрудете се и двајцата да развиете еден цивилизиран и пријателски однос како родители на тоа дете и да дојдете до ниво во кое вие, без потреба од посредници, ќе се договарате што е најдобро за вашето дете. Затоа што тоа дете е ваше, а за неговото добро, најголема обврска имате вие да мислите.
Теси а како да одговори на прашањето кога очигледно си ја има мувата на капата. Овде можи се прави ангел а всушност е се освен.. Не верувам јас во бајки на сироти татковци и мајки вештици. Нешто овој има гадно зезнато штом вака се оденсува мајката. Ама како да каже и да престанеме со сожалување??