1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бришење на едниот родител после развод

Дискусија во 'Брак' започната од fumfudge, 11 ноември 2014.

  1. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
  2. Mudrec

    Mudrec Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    @Only True, pocnuvame so inicijativata sto ja najaviv, krugot se shiri brzo, ne ima mnogu. Pisi mi na ribarosn@gmail.com ako sakas da se priklucis.
     
  3. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Маката од ова зло не била само на децата и татковците, туку и на други лица.

    Наслов од британски MIRROR:

    „Илјадници баби се борат за да се гледаат со внучињата и после развод“
    - Повеќе од 2500 тужби годишно се поднесуваат до судовите со барање да се гледаат со внучињата поради тоа што еден од родителите* не го дозволува тоа** -

    http://www.mirror.co.uk/news/uk-news/thousands-grandmothers-fighting-see-kids-5203965

    Одоздола под написот има анкета со можност за гласање.

    Дали на бабите и дедовците треба да им се дозволи право на контакт со децата после развод?

    Во моментов статистиката покажува 76% ДА / 24% НЕ

    Слободно може да гласа кој сака па да помогнеме да се стопи оваа макар и анкетна предност што ја стекнале бабиштата свекрви, и да им ги помешаме сметките на Англичаниве ;)
    ___________
    *се прашувам кој ли родител е тоа?
    ** се надевам дека судиите во Англија ќе бидат разумни и ќе имаат предвид дека другиот родител морал со нешто многу да го повредил едниот родител кој е принуден во самоодбрана да не дозволува детето да контактира со бабата и дедото, родители на другиот родител.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
  5. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Нешто почнаа сериозно да се подместуваат работите на овој план на глобално ниво. Овој пат Шпанија на потег. Со Господ напред!

    „Родителите протестираат и бараат нов закон за старателство“

    https://www.euroweeklynews.com/news...28-parents-protest-to-demand-new-custody-laws
     
    На Mudrec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Ефектите од бришење на еден од родителите во психијатријата се нарекуваат PAS (Parental Alienation Syndrome) и сериозно се третираат и од науката и од законот.

    Еве добар пример за спречување на родителско отуѓување од Канада, земја која во еден контекст беше спомната во првите страници од оваа тема. И тоа примерот е уште од 2009 година!

    Не ме чуди многу затоа што Канада е лидер за доста позитивни општествени работи во цел свет.

    Кој сака да чита во оригинал нека повели на линкот, за останатите има бесплатен превод :)

    Ова е интересна тема и за студенти на факултетот за социјални работи и социјална политика.

    http://www.thestar.com/news/2009/01/24/mom_loses_custody_for_alienating_dad.html

    Мајката го изгубила старателството поради отуѓување на таткото

    Во изненадувачка и неочекувана одлука на семејниот суд, судија од судот на Торонто и` го одзеде старателството на мајката врз нејзините три деца откако жената поминала десет години обидувајќи се да ги отуѓи децата од нивниот татко.

    Весник: ТОРОНТО СТАР
    Автор: Трејси Тајлер, известувач од областа на правото
    Објавено во недела, 24 Јан. 2009

    Во изненадувачка и неочекувана одлука на семејниот суд, судија од судот на Торонто и` го одзеде старателството на мајката врз нејзините три деца откако жената поминала десет години обидувајќи се да ги отуѓи децата од нивниот татко.

    „Постојаната и засилена кампања“ на мајката насочена кон перење на мозокот на децата и убедување дека нивниот татко е лош човек не било ништо помалку од емоционално злоставување, напиша во нејзината одлука судиката Феј МекВот при Вишиот суд на правдата.

    Трите девојчиња, на возраст од 9 до 14 години, минатиот петок беа донесени во судот во центарот на градот и беа предадени на нивниот татко, васкуларен хирург означен под иницијалите А.Л.

    На нивната мајка, физотерапевт за нозе, идентификувана под иницијалите К.Д., и` беше наредено да стои подалеку од зградата додека се одвиваше предавањето на децата, како и да ги испрати предметите и облеката на нејзините ќерќи во домот на таткото.

    МекВот истакна дека К.Д. нема да има пристап до децата освен кога тоа е поврзано со советување (се мисли на сесиите во социјално) вклучително и специјална интензивна тераписка програма наменета за децата погодени од „синдромот на родителско отуѓување“. Сметката за тоа ќе мора да ја покрие мајката.

    Харолд Ниман, адвокат на таткото, вели дека оваа одлука служи како пример за да се разбудат од длабокиот сон оние родители кои „поради огорченост, гнев или било каква друга причина“ решаваат да ги користат нивните деца за да им се одмаздат на поранешните сопрузи.

    „Можеби доколку тие сфатат дека судовите ќе преземат сериозни мерки и дека пости опасност не само од губење на старателството туку и нивна целосна изолација од децата, тие двапати би се помислиле пред да сторат вакво нешто“ рече Ниман во интервјуто.

    Одлуката на МакВот беше донесена на 16 Јануари, а беше објавена оваа недела. Уште вчера таа стана жешка тема во фелата на семејно право.

    Судијата рече дека доделување целосно старателство на А.Л е единствената надеж за децата да остварат врска со нивниот татко со оглед на долгото престапничко однесување на мајката.

    Тука спаѓа нејзиното игнорирање на судските одлуки, затворање на вратата пред лицето на А.Л. кога тој доаѓал да ги земе децата и одбивањето да се јави на телефон кога тој се јавувал да им каже на децата „добра ноќ“. (Му било дозволено да се јавува да каже „добра ноќ“ секој понеделник, среда и петок!). Понекогаш таа пријавувала и испраќала полиција кај бившиот сопруг кога нејзините ќерки преноќувале кај татко им.

    Во еден момент К.Д. целосно го прекинала контактот одбивајќи да му дозволи на А.Л. да се види или да зборува со неговите ќерки. Тој бил доведен во ситуација да им вика „добра ноќ“ преку вратата од нивниот дом без да знае дали тие се таму.

    „За поздравување е како А.Л. не потклекнал под тврдоглавоста на бившата сопруга која го изолирала од неговите деца во последните 14 години и не си продолжил понатаму со неговиот живот без децата, бидејќи несомнено повеќето луѓе би го направиле, и го прават тоа“ вели МекВот.

    „Мајката прокоцка неколку прилики да го промени своето однесување и не може да прифати дека во најдобар интерес на нејзините деца е тие да одржуваат врска со нивниот татко“ рече судиката.

    Николас Бала, професор по право на Универзитетот Квинс кој е специјалист по семејно право рече дека „оцрнувањето“ и негативното однесување на едниот родител кон другиот е вообичаена практика кај разделените парови. Но во последно време, судскиот систем почна да ги сфаќа сериозно опасните ефекти од најлошата форма на ова однесување.

    „Во повеќето случаи, проблемот се решава преку советување каде родителите се поттикнати да прифатат дека и двајцата секогаш ќе бидат присутни во животот на нивните деца“ вели Бала. „Јас им велам дека ако ти го надживееш твојот бивш сопруг, ќе му одиш на погреб не оти го сакаш, туку за поткрепа на децата“.

    „Но и покрај ова, постојат луѓе, а за некои од нив сметам дека патат од пореметувања на личноста, кои не реагираат на терапијата ниту на упатствата од судијата.“

    „Одземањето старателство е последната опција бидејќи може да биде прилично драматична и трауматична, но понекогаш е подобра од алтернативата која преостанува“ вели Бала.

    „Многу често зборуваме за најдобриот интерес на детето, но реално честопати тоа е најмалку штетната алтернатива.“

    Бала вели дека судовите не преземаат таков драстичен чекор без претходно да слушнат изјава од вештак во врска со случувањата во семејството. Дете може да го одбегнува својот родител поради објективни причини како физичко или емоционално насилство.

    МекВот го ислуша излагањето на вештакот Барбара Фидлер, медијатор и клинички психолог од Торонто која уште пред осум години предвидела дека трите девојчиња биле во опасност да се отуѓат од нивниот татко.

    Канцеларијата за правна заштита на децата потврди дека семејната динамика не може да се одржи.

    Фидлер рече дека истражувањата укажуваат на непоправливо оштетување кај луѓето кои во детството биле отуѓени од еден од нивните родители.

    Децата се најосетливи на возраст од 10 или 11 години откако нивниот мозок се има развиено до тој степен кога тие можат да задржат позитивна и негативна информација за родителите.

    Ако она што едниот родител го кажува за другиот не соодветствува со нивните перцепции, децата остануваат во забуна.

    Во некои случаи, единствен начин да се избегне емоционален конфликт е да се застане на страната на еден од родителите. Детето дури може да започне да си измислува негови причини за да го мрази едниот родител, беше изјавено пред судот.

    „Раната интеревенција е најдобра“ вели Ниман. „Навистина, родителското отуѓување е процес, ако можете да го искорените уште кога е во зачеток, тоа е најдобриот совет кој би можел да им го дадам на клиентите.“

    „Бидејќи колку подолго се случува, толку е потешко да се отстрани“.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Иако темата е избришан ќе ја копирам овде, за вие татковци да видите што им прават на мајките.

    Од
    alina1000



    Пошто читам што знам...Па да им Објаснам на Феминкте нешто.

    Кога даде она Развод брак, ми рече дека више детето нема да го видам и што да правам, решив она да не го виде детето никогаш.

    Како прво бев на суд. Добив право да го гледам детето кај мене секој месец. Колко не е важно.
    Како второ, отидов во странство. Работев што работев, заработив што и колко е потребно.

    Запознав таму жена, и кажав што е и како е. Работевме што е потребно. Еден ден си го земав детето и си заминав. Сега сум повеќе од 4 години во странство, и никој не може ништо повеќе. Благодарам Македонијо.

    Работата е свршена.
    Додека мислите повеќе лошо за Татковци, се смеам со вас. Го проширувам ова низ целиот свет. Да знаете дека се е можно денеска. Помагам на сите Татковци кој ги запознавам, се здружувам во организации кој се важни.

    Можете не можете. Тоа е тоа
     
    Последна измена: 22 април 2015
    На Hipster и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Денеска е 25 Април - Меѓународен ден за спречување на родителското отуѓување на децата.

    Истиот се одбележува низ целиот свет на начин што во центрите на градовите, во парковите, во училиштата и градинките возрасните и децата испуштаат меурчиња во воздухот како порака дека љубовта која им се ускратува на децата после развод од страна на еден од нивните родители и временското и физичкото ограничување на децата да ја примат таа љубов од другиот родител од кој се одделени не може ништо да ја попречи. И како што меурчињата патуваат и се шират низ воздухот, така и љубовта од родителот од кој децата после развод присилно се одделени, ќе стигне до нив.

    За поздравување е што за прв пат оваа година и Македонија стана дел од оваа светска меѓународна манифестација за заштита на децата и нивното загаранитрано право на ЕДНАКОВ ПРИСТАП до обата родители после развод.

    Детали од прес конференцијата може да се најдат на повеќе медиуми:

    И по развод, родителите треба подеднакво да ги гледаат децата


    -------

    Во Македонија сеуште разводот носи и „развод“ со децата

    ------

    Граѓанска иницијатива за промена на Законот за семејство

    -----

    Браво за иницијативата и честитки за Кристина Арнаудова што како јавно лице во Македонија, современа мајка и жена, но и како дете израсното само се едниот родител после развод на родителите изразила отворена поддршка и од сопствено искуство проговорила најискрено, најчисто и во полза пред се` на децата кои страдаат од оваа појава, но и на сите виртуелни родители и семејства.

    Оваа иницијатива вреди да се поддржи. Таа има најхумана цел заштита на децата после развод и обезбедување на еднаков пристап до обата родители, без разлика дали се мајки или татковци, како задолжителна и појдовна основа во секоја разводна постапка.

    Ова е веќе спроведено во доста земји, а во голем број е во актуелна фаза на спроведување. Докажано и потврдено со научни аргументи дека на овој принцип децата после развод најлесно го поминуваат вообичаено тешкиот период на развод, и немаат никакви трауми и психички последици после тоа поради можноста да продолжат да живеат со двата родители.

    Се проценува дека за децата е најтешко и остава најдлабоки психички и емоционални лузни покрај поднесувањето на болката од разводот на своите плеќи, и соочувањето со целосното или вируелното губење на едниот родител од нивниот живот после развод.

    Скоро сите напредни земји во светот го имаат сменето или се во фаза на менување на застарениот закон за семејство кој датира од пред еден век каде децата се доделуваат според традиционалната поделба на половите каде улогата на жената е како домаќинка и гледачка на деца исклучиво во рамките на домот, додека на мажот како обезбедувач на средства за семејството и главно работник надвор од домот.

    Ова не ја отсликува денешната реалност.

    Со принципот на задолжително 50/50 старателство како појдовна основа после секој развод се афирмира принципот за пресумпција на еднаква подобност на обата родители, ОСВЕН ако во судска постапка не се докаже спротивното, исто како што во судската пракса се стартува од пресумпција на невиност се` додека не се докаже со факти во судска постапка обратното.

    Поздрав до напредните луѓе во Македонија кои гледаат во иднината и мислат добро за сите деца затоа што ова не е проблем само на децата од веќе разведните бракови, туку и на сите деца, дури и на оние кои сеуште не се ни родиле, бидејќи разводите веќе се утврдени како сеприсутен и растечки тренд во современото општество и опасноста од оваа појава да го дебнат секого.
     
    На eloves, okcenzi, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    61.026
    Човек кога е далеку од проблемот не го ни приметува... Неколку пати ја видов темава, но досега не сум ја отворила...
    Малку Ве читнав и се запрепастив како во нашава држава законот ги „оттуѓува“ децата од едниот родител, како социјалниот работник може да му го одземе правото на едниот родител за гледање и воспитување на сопственото дете... Ако е крај на бракот не треба да е „крај“ и на родителството... По развод на бракот нормално е едниот родител да е многу огорчен на другиот и да несака да го види, но зошто децата да патат поради тоа???
    Се надевам дека со овие иницијативи за еднаквост во старателството, многу деца во Македонија конечно ќе можат со ист интензитет да си ги гушкаат мама и тато...
     
    На zuto, Hipster, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не е до законт, до родителите е.
    Ја лаже секој ден денар аиментација нема платено никогаш должи 14ооо евра и што да го убијам!!?
    Никогаш не му е збрането да ја види иако јас сум стрател.
     
    На Hipster, eloves, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.692
    Допаѓања:
    153.359
    еден од нашиве татковци го имаше некни на сител на вест мислам дека беше еден однашиве никови
    случајот стигнал до стразбург и човекот си го добил тоа што сакал
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Не те разбрав. Што имало?
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.692
    Допаѓања:
    153.359
    Што ке ме разбереш коа и јас не сум напишала убаво кај ми бил паметот хихихи
    Пред некоја ден имаше на Сител сторија за татко на кој бившата сопруга не му дозволувала да си го гледа детето ,за момент ми удари паметот дека може да е еден од нашиве членови од погоре премногу ми дојдоа слични сториите нивни ,па таткото со тужба до судот во Стразбург си го остварува правото да си го гледа детето
     
    На tessie, MilaP, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    61.026
    Срамота и греота е преку суд да се остварува право за гледање на сопствено дете!!!
    Но, не се сите татковци исти !!!
    Вакви мајки (y) се многу повеќе од татковци како оние што одат по своето право дури во Стразбург, за жал... Некои „мажи“ сметаат дека со разводот од жената „завршиле“ со се што добиле во тој брак (n)...
    Значи треба да се СМЕНИ нешто во ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕЈСТВО т.е во делот за АЛИМЕНТАЦИЈА!!!
     
    На eloves, tessie, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.692
    Допаѓања:
    153.359
    мојот маж по ова прашање е толку акржлавен додушаон во се е закржлавен види му го умот вик аако јас се разведам некогаш со тебе нема динар давидиш да бе ке давам пари за децата ти да се дотеруваш хихихи надвор од темата ама морав да кажам и те како има такви закржлавени мажи и како на тој да му дозволиш дете да ти виде ??
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Да де да, мажите се само жртви, а каде се тие татковци кои немаат платено алиментација со месеци, а си ги бараат правата неостварени?
    Не знам ама мене целава оваа фама и залагање на господинот фамфаџ ми е ту мач.
    Зашто проблеми не решаваат на судови. Смешно доаѓа од правник, ама така е. Само се разгорува омраза и инаетот. Еднаш му дадов совет, не само јас пола и повеќе од нас, ама он реши ноншалантно да не игнорира и продолжува со постовите од кои јас не гледам ни една логична последица или исход. Само игнорантски однос гледам јас тука.

    Јас мислам пола и повеќе од мажите што се залагаат за повеќе да ги гледаат своите деца да седнат и еден цивилизиран разговор да направат со мајките ќе се постигне компромис.
    Ама сите се научиле ќе те тужам.
    Јас немам положено правосуден, ама ако еден ден се решам да го направам тоа има да застапувам мајки на суд бесплатно кои им немаат исплатено алиментација со години нивните сопрузи. Зашто тие пари се за нивното дете, не за нивните бивши жени.

    Кога беше повикан на разговор еден од тужените од страна на жената на која и нема исплатено алиментација цели 4 години а нема ни намера да го направи тоа, плус тоа направил да ја изгуби работата на првото работно место тој одговори-нема што да и давам пари на неа да оди на фризер и да се дотерува, не ми е жена веќе, детето нека ми побара ќе му дадам. А има 5 годишно дете. И таков утре ќе се буни зашто не го гледал доволно детето. Кога не го интересира да праша дали е болно гладно, дали има пелени и кој го чува она кога иде на работа.
    Супер се е во теротија, ама праксата драги мои е поинаква.
    Да ќе речете сега ти си феминистка, ги браниш жените. Не напротив, ги напаѓам кога треба да се напаѓаат.
    Ама јас имам видено едно 50 вакви никакви нетатковци неранимајковци а само многу малку немајки.
    Зашто мажите одма се решаваат да тужат ако жената не го даде детето еден викенд да го види и тоа е одма за осуда, а кога тие со години не плаќаат алиментација е сосема океј, нели. Плус за негрижата да не правиме муабет, тоа е бетер тема него алиментација.
     
    На okcenzi, Nausicaa, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас за жал искрено се повеќе наидувам на случаи каде татковците и забораваат дека имаат дете а целиот товар е на мајките. Или ќе им текне овој викенд го сакам детето, без да помислат дека можеби тој викенд е планиран, може прослава со другарчиња или било што, а најчесто не се тука кога навистина нема кој да го причува детето.
    Имам братучетка која е разведена и освен што не и се плаќа редовно алиментација, бившиот се однесува како таа и детето да се на копче. Не разбира дека тој како родител има обврски а не само благодети. Жената по болници, сите ќе сме притрчувале да го чуваме детето од работа од било каде а господинот откажувал за банални работи а кога ќе му се сака не прашува дали имаат нешто планирано тогаш мора да го земе детето.:shake:

    Туку да не генерализираме. И мене ми се чини на претерано играње во улога на жртва, без да се чуе другата приказна.

    Се спомнува старателство 50-50 една недела кај мајката една недела кај таткото (facepalm)

    Искрено дали е тоа здрава и постојана средина за растење на едно дете ?
    Каков е тој живот? Јас што сум возрасна и моментално сум на едно место преку неделата па на друго за викенд ми доаѓа напорно. Сакам бе да сум си на едно место а не наваму натаму.
    Дали така се одгледува дете? Со шеткање од куќа на куќа и секој со различни правила и воспитување? Како тоа дете ќе се воспостави здрав однос кон било што? Или само се мисли на исполнување каприци, да не ја спомнувам соломоновата приказна за мајчинството.
    Мое мислење е дека детето треба да живее на едно место, а не секоја недела да се преселува.
    Нормално дека таткото има право да го гледа и да биде вклучен во неговиот живот. Но кога партнерите веќе не се заедно едноставно мора да се одлучи кој ќе го чува детето а кој ќе го посетува.. Се друго е неразумно.
     
    На okcenzi, Nausicaa, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Намерно те цитирам тебе затоа што се пронајдов.
    14 години нема дадено ни денар. а сам со спогодбта се сложи на 4000 денари месечно, рачунајте колку пари се тоа за 14 години. На почетокот од 2 работни места ме избркаа поради него.
    Ме следеше секаде 4 години и бев под постојан стрес. Затоа мажи не се правете многу силни дека само жените се виновни. Имам пишувано на неколку теми за ова.До сега никогаш не му е забрането да ја види, а ја гледа 1-наш во 6 месеци или годината.И тоа цитираното го има кажано и што уште не. Морееееееееееее не заслужува ни Т од татко туку нема што да се прави. Ништо нема на негово име нема ни што да му земат, дури сега поднесов тужба па ќе видиме.
     
    На okcenzi и joy1 им се допаѓа ова.
  19. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Една релевантна песна инспирирана од проблемот кој е наслов на темата:

     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја слушнам песната (сервер забрана), ама аман од мажи светци. И кривична му стегнав за алиментација и ништо. 14.000 евра се во прашање море све у пм.
    И доста изигруваш жртва.
     
    На okcenzi, tessie, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.