А добро зошто некои мои мислења туку така се избришани...како на пример мислењето на темата Мухамед во тората и библијата....некој може да ги провоцира членовите на муслиманската припадност а некој кога ќе одговори ќе се брише?
Сигурно не биле избришани туку така, туку имало некоја причина. И кажано е да не се прашува околу бришењето на мислења, а доколку сметате дека некое мислење ви било без потреба избришано обратете се преку лична порака кај модераторот на категоријата каде што сте го пишале одреденото мислење.
Јас мислам дека треба пред да се отвори тема, да се размисли дали ќе се развие дискусија на таа тема и дали истата тема е потребна на форумов, а дури потоа да се отвори. А нема потреба од бришење, секако е заклучена и неможе да се праќаат мислења.
А да прашам пошо нова сум на форумов денес се зачленив може ли да се избрише лајк по грешка што си го дал?
ви благодарам за избришаното мислење, ќе може барем да ме известите зошто ми е избришано? во ред ако некој мислел дека на било кој начин не е соодветно за темата, ама ставете еден онаков This is an automated response >> вашето мислење на тема таа и таа беше избришано (бидејќи..)
"zAlJuBeNa23 напиша:zdr, sakam nekoj da mi kaze ne znam sto da pravam. imam decko so koj sum zaedno 5 godini i imame dadeno zbor. no se pojavi eden negov drugar so koj se gledav 5 meseci dodeka mojot decko ne bese vo gradot. mn sum zaljubena sega vo nego a ne mozam da mu se skaram na deckoto koj sega pred nedela dena se vrati iako ne go sakam. ne znam sto bi trebalo da napravam.HELPPP" "Еве еден чуден концепт за тебе: биди...спремна си за ова?...ИСКРЕНА!. Едноставно кажи му како се чувствуваш во врска со тоа што го имате 5 години и не ја премолчувај екскурзијата со другар му. Барем нека е свесен какви карактери ставил под категорија другар. Биди отворена, директна и по можност нечувствителна, за да може евентуално и да те замрази и да му биде полесно. Секако ќе свати порано или подоцна дека неговата девојка спаѓа во групата безрбетници." Моето мислење од денес беше делумно избишано. Зошто? Што беше толку лошо во првиот дел од одговорот? И зошто под мислењето не пишува дека некој си го преуредил по сопствен вкус, туку онака stealth постапка и идемо даље? Што не ми беше на место?
А бе јас мислам оти таа цела тема треба да се брише ако видиш убаво таму никој од нас нема дискутирано во врска со темата сите постови се за Исус а не ги провоцира некој муслиманите само туку и христијаните. Зошто го вмешале Исус во тема за Мухамед? Керер таму прв почна навредувајки го Исус и цело време го толериравме.Предлагам да се отвори тема општа за исламот на принцип прашање-одговор без никаква понатамошна дискусија, да прашуваме ние вие да одговарате а не вакви конкретни теми секогаш одат во крив правец .
film-i-tv/sajtovi-za-simnuvanje-na-filmovi-t80/ film-i-tv/programa-za-simnuvanje-filmovi-t569/ јас не гледам искрено голема разлика меѓу темиве и имам предлог да се спојат. Не дека ми смета, туку кога ми паднаа во очи, бидејќи ми беа една под друга. само еден добронамерен предлог
И јас сакам да ми стига известување! Не да се чудам каде ми е одредено мислење. Ако навредувам или сум офф ок и сфаќам,ама ако давам сугестија или објаснување во темата? Зошто во модни критики ни се избришаа мислењата за една членка-ништо лично ,кога не ја навредивме само и сугестиравме критика,што впрочем и темата така гласи?Нема смисла.Ако е затоа,тогаш и оние кои поставуваат слики во модни критики нека не се дообјаснуваат или и они нека се бришат
Конкретно за темата што ја спомна, мислењата не се однесуваа на критики на стајлинг, туку беа критики за членките, па објаснување, па натаму, па наваму и две страни исполнети со оф топик. Врати се на првата страна на темата и прочитај го првото мислење. За другото, за известување и сл, е дискутирано во темата киритки и забелешки, прочитај таму.
Дали би не удостоил некој со одгровор. Барам причина, ама едноставно неможам да сфатам зошто би се заклучила тема како Вашите нокти. Немаше ниту препукувања, ниту офтопици, се дискутираше баш за ноктите. И не ми е јасно како оваа тема е заклучена, а темите во политика каде што фрчат навреди и би можеле да се испоубијат луѓево ако се видат во живо се оставени така. Форумов е диригиран по волјата на модераторите.
Мене на пример ми е една од најинтересните, мислам дека прво што проверувам е дали некој си ги средил ноктите, да си најдам инспирација за моите и сл. Сакаме одговор
Значи,може се чисти од оф топици,лажни слики,кажав и во СДП... За да не се направат нови дур се чисти скроз,се заклучува темата... Би требало да е тоа,освен ако немало некоја нова караница.
nasmevka/k-15-t6958/ serii-i-emisii/k-15-t8262/ Дупли се темиве. Не знаев каде да пишам па морав овде.
lice/kako-do-cisto-lice-t1049/1190.html#p771145 lice/akni-t3767/ Дупли се темиве. т.е само во првата пишуваме мислења за другата тема нема потреба мислам.
Дали постои опција моите мислења да не бидат видливи за посетителите на форумот кои не се членови, или пак да не се гледа корисничкото име. Ми треба заради заштита на приватноста