Брокула

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Cka, 6 август 2014.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.641
    Допаѓања:
    129.648
    Гледам нема тема за брокулата, а е многу здрава храна. Според википедија, брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.

    Повелете линк за повеќе. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1% ... 0%BB%D0%B0

    Една школска купуваше апчиња од брокула за мајка и, болна од рак, бидејќи докторот и кажал дека ги намалува штетните клетки.
    Јадете ли и како ја подготвувате? Рецепти со брокула?
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Многу јадам брокула, да не кажам секој ден ама секој втор ден е сигурно на моето мени. Дали за доручек или ручек битно тука е. :) Повеќе ја купувам свежа од пазар, а поретко замрзната. Замрзната ја има по маркетиве во фрижидерите сама или во микс со карфиол и морков и тоа и тоа ми е убаво. Доволно е малку да се обари колку да омекне иако свежата брокула може да се јаде и несварена.
    Мене ми оди буквално со се, со секакви комбинации на месо и зеленчук, печен компир, со ориз, ја ставам и во супи чорби, ко тегет чорапа е со се иде :D . Ја комбинирам и во салати, со пченка, со грашок, може и некој прелив да се додаде одозгора ко оној за цезар што е, а зошто да не ја додадете и во измутирана цезар салата.
    Сестра ми ја пасира во блендер и прави зелена супа од неа, а често ја цеди и во пауер џусер во комбинација со овошје.
    Си насадив и во двор па ќе видиме што ќе испадне.
    Кога купувате свежа брокула треба да внимавата да има чисто зелена боја, ако на врвотите има малку како црвеникави или жолти топчиња тогаш значи дека е стара, дека стоела подолго време па одберете си посвежа или купете замрзната. ;)
     
    На boomsleng, Eli23, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Брокулата ми една од омиленте зеленчуци. Кај нас дома сите ја сакаме и затоа често ја јадеме. :lol:
    Најчесто со ориз, во супа, или пак сварена со моркови.
    Всушност никогаш не ја варам скроз. Ја ставам само 1 минута во зовриена вода. Колку за дезинфекција, затоа што неможам убаво да ја измијам. Пак е крцкава и свежа.
    Ретко купувам замрзната, само кога неможам да најдам убава на пазар.
    Инаку убава комбинација е и со пилешко или телешко месо. :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Многу сакам брокола и се трудам што повеке да ја јадам
    Инаку за подготовка убаво ја мијам и ја варам малко да омекне само не многу и потоа со маслиново масло, сол и оцет
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
  6. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Брокула имам пробано неколку пати во супа,многу ми се допаѓа вкусот и се согласувам дека е многу здрава и хранлива и затоа ќе гледам почесто да ја употребувам во мојата исхрана! :* :inlove: И секако ќе гледам да изнаучам и што повеќе нови и практични рецепти за овој многу корисен зеленчук! :* :inlove:
     
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Порано не јадав, ама сега да.
     
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    48.964
    Пол:
    Женски
    Обожавам брокула. Најубава за јадење ми е проварена едвај 3 мин во супа. Исто така често ја обарувам само во вегета па потоа ја комбинирам со мариниран компир или пак ја расфрлам низ шпагети. Некогаш ја јадам и свежа. Сок од брокула не сум пробала, ама имам намера :D Гледам дека ја има по маркетиве со топено сирење и кашкавал како готово јадење, ама незнам колку си ги задржала хранливите состојки кога е пржена, варена долго време или пак замрзната. Домашно си е домашно ;)
     
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ретко купува брокула, веројатно затоа што уште е скептична, мисли дека ќе и се противиме со сестра ми како кога бевме мали и немаше шанси да ставиме такво нешто во уста. :D Пред некој ден направила супа и ми идеше да и кажам Мамо, имаш малце супа во брокулата :rofl: изнаставала брокула внатре, се изнајадов за цел живот. :D

    Освен во супа, на друг начин не сум ја пробала.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.817
    Допаѓања:
    81.055
    Пол:
    Женски
    Обожавам брокула, најчесто ја јадам свежа или приготвена на пареа, омилена ми е во салати.
    Ја ставам и во супи, ама повеќе ја сакам во салати со балсамико или лимон.
    Не можам да ја сфатам одбивноста на луѓето спрема овој зеленчук, не знам која е причината сите да се мрштат кога ќе се спомне „брокула“.
    Мене ми е незаменлива, плус дома си ја имаме во двор и знам дека навистина е природна и одгледувана без штетни глупости.
    Многу ретко купуваме, навистина не се сеќавам кога последен пат сум купила брокула од пазар или маркет.

    Омилена салата ми е микс од брокула, морков и лукче. Брокулата и морковот се приготвуваат на пареа колку да подомекнат малце (морковот секогаш го оставам да крцка повеќе, така ми е повкусен), сецкам лукче, додавам балсамико или цедам малку лимон, сол ретко додавам, плус по избор рузмарин, копар, оригано, што прво ми дојде при рака тоа. Малку мелен црн пипер и имате превкусна салата.

    Мајка ми понекогаш додава и туна, ама мене туната повеќе ми оди во прилог со тестенини, плус миксот брокула+морков+лук.
    Морам да кажам дека кога ја приготвувам со тестенини, највкусна ми е прелиена со бел сос и малку кулен. :inlove:
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Многу сакам брокула! Супа од брокула, салата од брокула..
    А посебно потпечена брокула со кашкавал мммммм :inlove:
     
  12. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    6.373
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум пробала :)
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.513
    Допаѓања:
    78.505
    Пол:
    Женски
    Имам пробано неколку пати, но најчесто ја јадам во супа.
     
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    23.636
    Меѓу поомилените зеленчуци ми е и навистина иде со се' и сешто, многу блиски ме зезаат дека ја комбинирам константно со многу работи.
    Убава ми е и свежа и варена подеднакво. Свежа ја комбинирам за салата, а варена во комбинација со други варени зеленчуци како морков, карфиол или пченка, или самостојно како прилог за месо или ориз.
    Добро иде со салатки и туна/месо. Се' во еден сад: марула, рукола, брокула, балзамико, пилешко, пармезан. Или: рукола, пченка, брокула, маслинки, балзамико, туна.
    Ко ќе ја начекам поефтина, ја купувам свежа. Инаку, си земам замрзната од Кам.
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Барена, заедно со морков како прилог.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum probala
     
  17. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.064
    Пол:
    Женски
    Јадам од време на време.
     
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    54.598
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам. Особено похована брокула. :)
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.776
    Допаѓања:
    35.347
    Пол:
    Женски
    Брокула само свежа.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Нешто највкусно. Посебно во супа.