1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бруцелоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од girl.9, 20 април 2013.

  1. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    БРУЦЕЛОЗА -Може ли некој ако знае подетално да ми објасни каква болест е оваа, симптоми, лекување, причина за појава и сл.
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Бруцелозата е заразна болест што се шири од животните на луѓето, најчесто преку непастеризирано млеко, сирење и други млечни прозводи. Многу ретко, бактериите кои ја предизвикуваат бруцелозата можат да се пренесат преку воздух или преку директен контакт со заразено животно.
    Симптомите на бруцелозата вклучуваат треска, болки во зглобовите и замор. Инфекцијата обично успешно се лекува со антибиотици. Третманот трае неколку недели, но релапсот е исто така честа појава.



    Симптоми



    Симптомите на бруцелозата можат да се појават по неколку дена до неколку месеци откако лицето ќе биде инфицирано. Знаците и симптомите се слични на оние кај грипот, а тие вклучуваат:



    - треска

    - потење

    - слабост

    - замор

    - болки во зглобови, мускули и грб

    - главоболка



    Симптомите на бруцелозата можат да исчезнат за неколку недели, а потоа повторно да се вратат. Кај некои луѓе, бруцелозата станува хронична, каде симптомите перзистираат со години, дури и по третманот. Хроничните знаци и симптоми вклучуваат замор, треска, артритис и спондилитис – инфламаторен артритис кој го зафаќа ‘рбетниот столб и соседните зглобови.



    Причини



    Бруцелозата може да зарази многу диви и домашни животни. Говедата, козите, овците, свињите, кучињата, камилите, дивите свињи и елените се особено склони кон оваа болест. Една форма на бруцелоза, исто така влијае на фоките, морските прасиња и некои китови. Бактеријата се шири од животните на луѓето на три главни начини:



    - Сурови млечни производи. Бактеријата на бруцелоза во млекото на заразено животно може да се пренесе на луѓето кога тие внесуваат непастеризирано млеко, сладолед, путер и сирење. Бактеријата, исто така, може да се пренесе преку сурово или недопечено месо од заразено животно.



    - Инхалација. Бактериите на бруцелоза лесно се шират и преку воздухот. Земјоделците, лабораториските течничари и луѓето што работат во кланици, може да ја инхалираат и да се заразат со оваа бактерија.



    - Директен контакт. Бактериите во крвта, спермата или плацентата на заразените животни може да навлезе во крвотокот на луѓето преку исекотина или рана на кожата. Бидејќи нормалниот контакт со животни – допирање, четкање или играње – не предизвикува инфекција, луѓето ретко се заболуваат од бруцелоза од нивните миленици. И покрај тоа, луѓето со ослабен имунолошки систем треба да го избегнуваат директниот контакт со кучиња кои ја имаат оваа болест.



    Бруцелозата нормално не се шири од човек на човек, но во некои случаи, жените им ја пренесле болеста на нивните деца за време на породувањето или преку мајчиното млеко. Ретко, бруцелозата може да се пренесе преку секс или трансфузија на заразена крв или коскена срцевина.



    Ризик фактори



    Луѓето кои работат со животни или доаѓаат во контакт со заразена крв од животни, имаат поголем ризик од бруцелоза. Примери за ова се:



    - ветеринари

    - сточари

    - фармери

    - работници во кланица

    - ловци

    - микробиолози



    Компликации



    Бруцелозата може да го зафати речиси секој дел од телото на човекот, вклучувајќи го репродуктивниот систем, црниот дроб, срцето и централниот нервен систем. Хроничната бруцелоза може да предизвика компликации во само еден орган или во целото тело. Можни компликации на бруцелоза се:



    - Ендокардитис (воспаление на внатрешната обвивка на срцето). Ова е една од најсериозните компликации на бруцелозата. Ако не се лекува, ендокардитисот може да ги оштети и уништи срцевите залистоци. Оваа компликација е водечна причина за смртни случаи предизвикани од бруцелоза.



    - Артритис. Остеоартритис се карактеризира со болка, вкочанетост и оток во зглобовите, особено на колената, колковите и рбетниот столб. Спондилитис – воспаление на зглобовите помеѓу пршлените или помеѓу рбетниот столб и карлицата. Оваа компликација може да биде особено тешка за лекување и може да направи трајни оштетувања.



    - Епидидимо-орхитис (воспаление на тестисите). Бактеријата која предизикува бруцелоза, може да ги инфицира и епидидимисот, свитканата цевка која ги поврзува вас деференс и тестисот. Од таму, инфекцијата може да се прошири на самиот тестис, предизвикувајќи оток и болка, која може да биде многу силна. Бруцелозата, исто така, може да ги зафати и простатата и бубрезите.



    - Воспаление на централниот нервен систем. Тука се вбројуваат состојбите кои се опасни по живот, како што се менингитис (воспаление на обвивките на мозокот и рбетниот мозок) и енцефалитис (воспаление на мозокот).



    Дијагноза



    Лекарите обично ја потврдуваат дијагнозата на бруцелоза преку тестирање на примерок од крв или коскена срцевина или со тестирање на крвта за антитела на оваа бактерија. За да се помогне во откривањето на компликации на бруцелоза, треба да се направат следниве дијагностички процедури:







    - РТГ снимка. Рентгенската снимка може да ги открие промените на коските и зглобовите.

    - Компјутеризирана томографија. Со оваа метода се идентификува воспалението и абцесите во мозокот и другите ткива.

    - Пункција на цереброспинален ликвор. За откривање на бруцелозен менингитис или енцефалитис.

    - Ехокардиографија. Овој тест користи звучни бранови за да се создаде слика на срцето и да се проверат знаците на инфекција или оштетување.



    Лекување



    Лекувањето на бруцелозата има за цел да ги ублажи симптомите, да го спечи повторувањето на болеста и да се избегнат можните компликации. Лекувањето обично е во болнички услови и трае најмалку шест недели, но симптомите може да не се повлечат дури и по неколку месеци. Оваа болест, исто така, може да направи релапс и да стане хронична.



    Превенција



    За да се намали ризикот од инфекција со бруцелоза, треба да се следат следниве препораки:



    - да се избегнуваат непастеризирани млечни производи

    - да не се консумира недопечено месо, односно да биде добро испечено и приготвено

    - луѓето што се занимаваат со ризични професии, треба да носат заштитни ракавици

    - да се вакцинираат домашните животни
     
    На girl.9 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Убав одговор дала Нана19
    На ветеринарен факултет најчесто се вршеше проверка на бруцелоза кај овците, преку анализа на крвта. Ветеринарите, како и самите сточари се најзагрозената група на луѓе кои можат да заболат од бруцелоза па треба (иако во пракса многу често не се почитува тоа правило) да се користат ракавици при прегледи на животните и испитување на нивната крв.
    Оваа болест е најзастапена кај овците, а потоа и кај кравите и свињите.
    Бактериите (Бруцели) кои ја предизвикуваат бруцелозата се присутни во мочниот и половиот тракт на животните.
    Преносот на луѓе е редок, бидејќи во повеќето земји млечните продукти се пастеризираат.