1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарија не е фашизам, туку наш пријател... - Зоран Заев

Дискусија во 'Политика и настани' започната од tamche995, 25 ноември 2020.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    2.179
    ЈАС КАКО ПРОВЛАДИНА НАТРОЕНА СУМ ЗА ЕУ И НАТО НО НЕ ПО ЦЕНА ДА СЕ МЕНУВА ИСТОРИЈАТА И ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ. АСНОМ Е КАРАКТЕРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ДА ОСТАНЕ ТАКА ДО ВЕКА.КОЈ КЕ ЈА ПОЦИТУВА ИСТОРИЈАТА ОД СОДЕДИТЕ СО НИВ КЕ ГРАДИМЕ ПРИЈАТЕЛСТВО.
    НО НЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ЈА МЕНУВААТ ИСТОРИЈАТА.
    ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ЈАВНО КАЖАНИТЕ АРГУМЕНТИ ЗА БУГАРСКИТЕ ИНТРРВЈУ ЗА ДА НЕ СТВАРА ПОГОЛЕМ РЕВОЛТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ И ТОА ПРАШАЊЕ ДА СЕ ОСТАВИ НА ИСТОРИЧАРИТЕ.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    188.173
    Ау:worried: Штом и БЦ отворил уста, ептен заглибил ,,талентираниот,, премиер.
    Го немам слушано лично, имам некоја хронична алергија:tmi: на премиери, која датира од времето на Грујо минимум
    https://www.24.mk/details/crvenkovs...ne-se-ogradi-od-stavovite-na-zaev-za-bugarija
    Поранешниот претседател и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ повикува да се оградат од изјавите на Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС во врска со Бугарија, кои според него, ќе предизвикаат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и држава.
    „Повикувам под итно да се свика Централниот Одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.“
     
    На oblace1, cresa-jagoda и Ева33 им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ефект на дубоко грло...

    ГраЃансвото како се осеќа? И они се со поддржка на IQ 33??

    IMG_20201126_182758.jpg
     
    На tamche995 и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  4. lite.

    lite. Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Црвенкоски е човек со став, одлучност и решителност. Секоја му чест, покажа што значи да си лидер.
     
    На Scorpiongirl12, *Amethyst*, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам сакам од дрогата на Зајко. И да влеземе во тоа фамозно ЕУ ќе бидеме како циганите што живеат во европа, без име индетитет и јазик признаен од никој... И да влеземе во ЕУ ќе пропаднеме уште повеќе зошто цените ќе бидат европски , а платите Македонски. Нас само Еу не чека што фајде и корист имаат од нас ништо, ефтина работна сила само како кинезите ќе бидеме. Ама Зајко мора да ги оправда парите лапнати од Бугарија која требаше да и исплати оштета на Македонија за втора светска војна.
     
    На tinka-mace, Осе, Роберт 7 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    2.179
    Еве Стипе Месич што кажува за нас../
    Поранешниот хрватски претседател Месиќ: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната
    Ако се говори за историја, тогаш треба да се почитуваат сите факти. Бугарија беше на страната на силите на Оската и на крајот прејде на страна на сојузниците, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во разговор за МКД.мк. Според него, нема ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет и за прашања кои дефинитивно се решени, кои се апсолвирани.
    Месиќ смета дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање на проблемите во целиот регион.
    Кому му одат во прилог тврдењата од Софија дека Коминтерната ја формирала македонската нација, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, освен можеби на создавањето „непријател“ од оваа страна на границата, тој вели дека никаква Коминтерна не го создала ниту бугарскиот ниту македонскиот јазик.
    -И едниот и другиот јазик се јазици што ги говорат посебните народи, бугарскиот народ - бугарски, македонскиот народ - македонски. А сличности има. Има и меѓу српскиот и хрватскиот, па Србите го нарекув
    Не гледам ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет. Македонската нација постои, таа е историски факт и секој што тука нешто проблематизира всушност им штети на односите во цела Европа.

    аат српски, Хрватите - хрватски, Бошњаците - бошњачки, Црногорците - црногорски.

    Тито никого не го создал, туку само ги констатирал фактите. Ако е така, тогаш би значело дека Тито ги создал и Србите и Хрватите и Словенците.
    Ние бевме во една државна заедница, Кралство Југославија, во кое не беа решени националните прашања. Националните прашања кај нас се решени во Народноослободителната борба, која ја водеше маршалот Тито. Но секој народ го извојува своето право и да има свој јазик и да има своја територија и идентитет вели тој.
     
    На daylight, *Amethyst*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ццц, за пусти пари проклети... ;(

    EnxeCmkXEAIB1rs.jpeg
     
    На Freyja, Harper, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Повеќе не гледам вести, не читам по интернет... не сакам да ги гледам дневно-политичките препукувања и детски расправии на партиите.

    Ништо не ме изненадува повеќе ни од Заев, ни од Мицковски... смачено ми е.
    Следењето на вести со нивни гафови/изјави е трошење на време и нерви.

    Не сакам да живеам во држава во која Мицковски/Заев се репер за лидери и водат партии и држави.

    Доста ми е!
     
    На tinka-mace, Осе, Besmrten и 3 други им се допаѓа ова.
  9. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Во право си, меѓутоа кој друг ако не ние граѓаните не ги смениме? 30 години ја уништија државата СДС-ДПМНЕ-ДУИ ...
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.815
    Допаѓања:
    97.327
    Пол:
    Женски
    Кој сака да влеземе во ЕУ надевајќи се на подобар живот овде, сите сакаат да влеземе за да може полесно да излеземе од државава со мк пасош :)
     
    На Роберт 7, *Amethyst*, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Не се разбирам во историја, ама како што ме држи помнење нели Бугарите биле на страна со Хитлер. Убивале Евреи, учествувале во тоа?
    Или грешка сум?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Не си грешка.
     
  13. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Доста време ќе помине додека да влеземе,10 години минимум.
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Пред 15на дена ја истргнаа плочата која беше у чест на 12те другари во Ваташа.. како ништо да не се случило...:x
     
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    И Германија беше лулка на нацизмот па сега се европска престолнина на демократијата али германците не си ги негираат постапките. Нивниот канцелар пред 50тина години клекна пред споменикот на холокаустот у Варшава и се извини за сите злодела а бацињава блгарски сакаат да ја забораат таа епизода. Е не може така, сичко си има процедура.
     
    На daylight, Biljarkata, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Тоа и мене ме буни. Не може да се смени историја. Тоа си е така, секаде е запишано. Може да се извинат и да си продолжат во иднината. Некако детски е ова. Да се извинуваме ние што ги викаме фашисти кога всушност....биле?
    Какви се овие администрации, бесови.
     
    На christinnn, cresa-jagoda и John Snow им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Навистина?? Не сум знаела.
    Арам да му е, нека му седи на чест и совест(ако ги има) се ова што го прави.

    Затоа црепот на интервјуто се фалеше како низ МК биле отстранети табли каде пишувало бугарски окупатор.. :x
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.873
    Допаѓања:
    129.749
    Пол:
    Женски
    Ова не е нешто што може да се прости и заборави.Луѓе умреле.
    Ама,Македонче знае само да ќути.Поради тоа политичариве си тераат по нивно.
    Не си го цениме нашето,туку туѓото.
    Едни ти мењаат име против твоја волја,други ти се фаќаат за јазикот,трети ќе ти џапнат дел од територија,а четврти кој знае уште што...А,ти парите од платите им ги даваш за да одмараш кај нив и нивни документи земаш.
    На тастатура сите се прават јаки,ама во реалниот свет никаде ги нема.
    Го губиме нашето затоа што го цениме туѓото.Сами на себе гроб си копаме. :swear:
     
    На Осе и Ева33 им се допаѓа ова.
  19. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Прочитајте го интервјуто на проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев член на комисијата, убаво кажа ова е што го кажа Заев е "потоп" на целата македонска историја,наука, култура и сл...
    Се што со децении се градело, едно интервју го потопи.
     
    На Осе, Ева33 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тражили сте. Гледајте. Во нато и еу ќе влегувале бе. Греота.
     
    На Kimberly11 и LadyMau им се допаѓа ова.