Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Кај нас во Мекедонија е актуелно правењето бугарски пасоши и лични карти од страна
    на нашите граѓани. Се запишуват како бугарски државјани со цел да и се овозможи неограничен престој
    во државите на ЕУ.
    КОе вашето мислење за оваа тема позитивно или негативно?
     
    На "Zoki", monika12345 и daylight им се допаѓа ова.
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Негативно. И не би коментирала повеќе бидејќи ќе се нанервирам па...... :lol: :D :D
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Па тоа не е сега актуелно, туку уште пред 10 год. луѓето почнаа да вадат бг пасоши. А за тоа не се криви они, туку државата е крива затоа што не знае да обезбеди добри услови за живеење и работа на своите граѓани. Ако има овде добри услови, никој нема да оди во странство. Никој од што му е многу добро овде, не заминал настрана. Туку од што немаат каде, па мора да се снаоѓаат некако за работа па затоа вадат пасоши. Државата треба да биде загрижена за ваквата ситуација и да се потруди да обезбеди подобри услови за живеење и повеќе работни места во земјата. Штом имаш Бг пасош, можеш во било која земја на ЕУ да добиеш работна виза, подолг престој и што е најважно- платени придонеси и осигурување, затоа луѓето се решаваат на ваков потег.
     
    На biljana26101977, Johnyisnogood и hana30 им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.555
    Дефинитивно не го оправдувам ова. Јас двојното државјанство би го укинала. Ако некој сака пасош од друга земја - нека живее таму.
     
    На stuvwxyz, stetoskop и baguf4e им се допаѓа ова.
  5. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Татко ми ги имаше погдотвено сите документи за бугарски пасоши за цела фамилија. Јас бев против и го разубедив. Бев малолетна, но имав 17 години. Безвезе ми беше на некој документ да пишува дека сум Бугарка и државјанин на Р.Бугарија, кога гордо си носам македонски идентитет. И да живеам некогаш странство, НИКОГАШ не би се откажала од ова што сум.
     
    На Tanjamm, stuvwxyz и Red.Ridding.Hood им се допаѓа ова.
  6. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    24
    Секако негативно. Продадени души.
     
    На Tanjamm, stuvwxyz и Red.Ridding.Hood им се допаѓа ова.
  7. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Јас пак имам впечаток дека најголем мотив за вадењето на бугарските пасоши кај луѓето е купување на евтини 10-20 годишни автомобили и плаќањето на мали давачки за нив. Државава е преполна со застарени автомобили со бугарски таблички кои цела година се возат по нашите патишта, а еден куп средства се слеваат во буџетот на Бугарија. Иако, да бидеме искрени, дури и да беше 10 пати поголем буџетот на Македонија, повторно ќе имавме патишта преполни со дупки заради апетитите за нагло збогатување на нашите политичари.

    Да одговорам на прашањето, секако дека сум против бугарските пасоши.
     
    На Tanjamm и stuvwxyz им се допаѓа ова.
  8. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Дефинитивно треба да се има право на двојно државјанство. ММ е србин роден во Македонија. Има двојно државјанство. Има повеќе причини кои го оправдуваат двојното државјанство.

    Ама ова со бугарските пасоши навистина беше претерано. Само ако навистина на некои луѓе им помогна за да го решат своето егзистенцијално прашање, што да кажам, можеби вредело.

    А денес кога имаме визна либерализација и полиберален закон за увоз на стари возила, што ќе се случи ако сите тие луѓе се отажат од бугарското државјанство?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. erkecovamaja

    erkecovamaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    onoj sto e protiv bugarskite pasosi verovatno nikogas nema otideno da raboti vo evropa i da se sooci so problemite od makedonskiot pasos.ako vo makedonija morate da trpite beda kako makedonec ili nekade vo evropa da ziveete pristojno kako bugarski drzavjanin svesten na toa deka ne ste bugarin tuku makedonec,sto bi izbrale?
     
    На DurkG, tessie, mh23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Јас имам двојно државјанство , македонско и хрватско . Не разбирам зошто да не може двојно . Преку мајка ми извадив и пасош хрватски . Не знам зошто треба сега идам во Хрватска да идам да живеам зошто имам хрватско државјанство .
     
    На EdnaDevojka21, Tanjamm, tragac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Јас пак имам впечаток дека најголем мотив за вадењето на бугарските пасоши кај луѓето е купување на евтини 10-20 годишни автомобили и плаќањето на мали давачки за нив. Државава е преполна со застарени автомобили со бугарски таблички кои цела година се возат по нашите патишта, а еден куп средства се слеваат во буџетот на Бугарија. Иако, да бидеме искрени, дури и да беше 10 пати поголем буџетот на Македонија, повторно ќе имавме патишта преполни со дупки заради апетитите за нагло збогатување на нашите политичари.

    Јас сметам дека луѓето се одлучуваат за бугарски пасоши за да ја подобрат својата егзистенција,со цел да отидат и таму да работот.Сега има безвизен режим но неможеме да престојуваме повеќе од 90дена а со бугарски пасош може да се престојува неограничено.Мислам дека тоа е причината што луѓето кај нас се решаваат да прават бугарски пасоши.
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Јас имам двојно државјанство и не гледам ништо лошо во тоа . И покрај тоа што имам влез во секоја држава секаде сум странец ...и ако се уште и таму имам дом.МК е мојот единствен дом и јас сум Македонка .Но мојот покоен свекор ги остави своите коски во таа држава и си имаше свои права кој ги искористи.Така и мојот постар син е роден таму и до својата18 та година му следува многу нешта што државата наша не ги дава .Па после тоа како да се откаже од државјанството кое му следува .А за одлуката каде ќе живее оставено на него.
     
    На biljana26101977, tessie и tragac им се допаѓа ова.
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    :y: Точно така. Со МК пасош можеш само како турист да отидеш со престој не повеќе од 90 дена, а со БГ пасош кога ќе те вработат веднаш и осигурување и платени придонеси добиваш.
     
    На slatki4kapp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    936
    иии?? со тоа што?? Причина е да земеш бугарски пасош??
    Искрено многу се нервирам за овие работи. Сите во земјава се прават патриоти , а повекето имаат бгд пасоши само за да можат да работат. Ако толку сакате да работите, има амбасади бре луѓе, ако си квалификуван ке ти дадат виза и оди после работи. не вака се продаваме и тоа на Бугарија, која сите знаеме какви намери има кон Македонија. :n:
     
    На Tanjamm и stuvwxyz им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    936

    А како си свесен дека си Македонец ако сите ти се обракаат како Бугарин? И кога во сите документи ти стои дека си Бугарин?
    Е стварно се нервирам за темава. Имате многу начини да отидете во Европа да работите. Само најлесен ви е овој, па затоа си барате причини да си ги оправдате постапките.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Ама нешто не гледам дека пак државава се покоси за народот...
     
  17. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Не сум против двојното државјанство затоа што и јас го имам.Родена сум во Словенија имам и совенечко и македонско државјанство. Немам ништо против ова актуелното да се прават бугарски пасоши бидејќи на крајот на краиштата кој како си се снајде во животот. Факт е дека ако нема тука работа за нив, нема да седат со скрстени раце, да немаат скапан денар,а патриоти во душата |(
    Не мора да значи дека со тоа тие се продале себеси, дека не се патриоти, и дека не ја сакаат својата земја.
     
    На tessie, tragac и karak им се допаѓа ова.
  18. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    :clap:

    Многу македнци отишле во странство да работат, ама верувам дека во душата се пвеќе македнци од нас.

    Имам двајца стриковци во Австралија и еден во Америка. Дури им се чудиме колкава македонштина има во нив, за разлика од нас...
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Ќе надополнам дека тие таму ја негуваат нашата култура и традиција, се собираат на македонски вечери, во домот зборат македонски, децата знаат два јазика... Кога ќе дојде лето зошто не трчат да се одморат на некое море, туку доаѓаат во Македонија во родната земја и кај своите блиски. Што да прават кога таква е реалноста, земјата не обезбедува добар живот, нема работа, а деца се раѓаат, мора да се издржуваат :!:
    Се согласувам со Инола што рече дека тие можат да бидат поголеми македнци од нас.
     
    На game123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
     
    На Caramelle му/ѝ се допаѓа ова.