Не само против оваа власт, против сите власти и политичари кој го доведоа македонскиот народ до питачки стап! Али бидејќи оваа власт е актуелна затоа за неа пишувам највеќе, а сето напишано се однесува и на претходните! А ја споменав власта затоа што некаде прочитав дека ја подржуваш, а народот го нарекуваш предавнички, па да ти покажам дека имаме предавници, како што ти милуваш да ги наречеш, и во власта. Ми стана малку контрадикторно што едни предавници подржуваш, а другите ги протеруваш од државата.
.Се сум слушнала само ова не сум слушнала.Тогаш зашто татко ми,братучед ми,чичо ми ,тетка ми не увезоа автомобил?За да внесеш бугарски автомобил треба да имаш бугарска лична карта ,а за да ја извадиш треба да се пишеш Бугарин
Јас власта не ја подржувам,нека ви стане јасно еднаш засекогаш!Едноставно,работата на мајка ми зависи од тоа,а мислењето за бугарскиот пасош нема НИКАКВА врска мојата партиска определба.Јас како прво и основно уште не сум полнолетна и немам право на глас,така да не се обврзувам на ниедна политичка партија.Зборувам како патриот,ако Груевски и владата имаат бугарски пасош тие се подеднакво продадени души како и сите македонци што зеле бугарски пасош,според мене... И дај не претерувајте,до питачки стап,жими се,питачки стап.Можеби во некој нареден пост ќе ја споредите Македонија со Етиопија,веќе се можам да очекувам...
Немам потреба од цитати, ти самата си кажа дека ти и твоето семејство ја подржувате политиката на оваа влада, јас не измислив! Значи ги гласате, сигурно нема да седнам јас и да гласам некој во кој не верувам. Да не ме разбереш погрешно. Јас не те обвинувам тебе ниту твоите што сте членови на определена политичка партија. Такво дошло времето и сите мора да се снаоѓаме. Ако ја вработиле мајка ти, монгу логично е дека ќе гласате за нив. Јас само сакав да ти укажам да не ги осудуваш оние кој од слични како твоите причини спасот го побарале во бугарски пасош. Јас разбирам во какво време живееме, само ме нервира кога некој ме убедува дека политичарите биле во право, а народот бил предавник, само заради лични бенифиции кои ги имаат од одредена политичка партија.
Македонија има 33% невработеност официјално според твоите податоци тоа е 99% .Јас никаде не кажав дека нема сиромаштија само кажав дека неживееме во бедотија,глад или што ти знам кога не живееме.Извини девојко партиска книшка ти бараат за да работиш во државна фирма во приватна никој не ти бара,а Македонија кон тоа цели кон приватизација.Другарка ми на три места аплицираше и на сите три ја примија ама кога ќе го видат резимето знаат за каква се работи.Ајде сега не трескај глупости да те запослат во продавница ти барале книшка сега и ти претеруваш.Кој те лаже тоа дека само партиската книшка се цени.Ти наоѓаш изговор во партиската книшка поради твојата неспособност .Јас на милион луѓе знам дека никој не им барал книшка за во приватна фирма .Да точно младината е мрзелива.Како што гледам тука пола кукаат на фемина,а цел ден висат на форумот.За тоа време можат да најдат некоја просечна работа колку да вртат нешто додека не се најде подобро.Срце денес да те вработат во државна администрација неможе без факултет
Епа распрашајте се поубаво , регистрирајте си фирма во Бугарија, со тоа немате потреба ниту да се пишувате бугари, ниту да се одрекувате дека сте македоци, и увезете си по една кола. Така имаат направено пола источна Македонија, незнам како не сте слушнале.
Еве денес Хрватска има 3 пати поголем стандард од Србија.Со хрватски пасош можеш да патуваш секаде и да работиш.Зашто Србите не аплицираат и да вадат хрватски пасоши во коишто би се пишувале Хрвати?Веднаш би им ги дале Хрватите.Ама не срце ,Србите не се ѓубре народ како што сме ние.Не си го продаваат светото за една кола на хрватски таблици.Зашто Хрватите не вадат словенски пасоши?
Епа баш убаво се распрашав пред малку .Порано за да увезеш на бугарски таблици мора да имаш бугарски документи(лична карта,пасош).Како што гледаш сите тие плаќаа давачки на Бугарија и не ги пререгистрираа автомобилите затоа што се водеа како бугарски државјани
За мојата способност или неспособнот ти си најмалку компетентна да зборуваш. Ајде нека сум неспособна и мрзелива јас, ама неможе секој втор македонец да е неспособен и мрзелив! И никој не ме лаже, самата сум сведок како одат вработувањата во мојот град. Мислиш дека само во државна фирма ти бараат партиска книшка, епа гадно се лажеш. Локални моќници кои отвараат приватни фирми (а реално само таквите денес отварат) и кои се високи функционери на владеачката партија, во нивните фирми примаат само и само луѓе со партиски книшки.Ако не си наишла на таков случај, немора да значи дека не е така! Во приватни дуќани се вработуваат партиски потрчковци, само за да владеачката партија им прогледува низ прсти на сопствениците. И волкот сит и овците на број. И да во Македонија има 33% невработеност, но само на хартија, не за џабе владата отвара факултети во секој град,па и факултети за возрасни, троши глеми пари на реклами за знаењето е сила и моќ, само затоа што студентите не се водат како невработени! Е тоа е најголемата економска мерка со која владата ја намалува невработеноста! Но што ќе се случи кога сите тие студенти ќе завршат и ќе се водат под завотд како невработени? Дали и тогаш невработеноста ќе остане 33%(што и онака не е мал процент)
Ок извини немав таква намера.Чекај темата отиде во спротивна насока.Јас единствено те прашувам зашто сите тие со бугарски пасоши се сеуште во Македонија?Зашто не си одат и да заработуваат?Што чекаат,кого чекаат?Зашто Србите не извадија хрватски пасоши?Натаму не полемизирам .
Јас незнам дали отишле или не отишле, некои од луѓето кои јас ги познавам и кои имаат бугарски пасош отидоа во странство, некои не. Само знам дека непостои македонец кој се срами од тоа што е македонец, и дека секој што се осудил на таков чекор го направил тоа од мака и беда, а не од многу сакање да се напише бугарин.
Немам ништо против бугарските пасоши. Ако некому му донесат поубав живот или било какво задоволство, зошто да не?Никој без причина не вади, секој си трага по поубав живот а кога тука неможе да го најде мора да се снаоѓа. Многу е лесно да си патриот кога имаш пари или корист од државата, но од патриотизам не се живее. Инаку, baguf4e ти треба да бидеш пример на форумов, бидејќи си модератор а не да употребуваш зборови од типот на МРШ или да правиш поделби на ПРЕДАВНИЦИ и патриоти.
Дискутирајте смирено. Не се препукувајте, не провоцирајте и не навредувајте! Темата ќе биде заклучена додека не се расчистат несоодветните мислења.
После бришењето на оф-топиците и многубројните мислења кои ги нарушуваа правилата на форумов, темава е отклучена и дискусијата може да продолжи.
Мене ми се лоши од таквите што вадат бугарски пасоши, и после се буните и ги мразите соседите кои сакаат да ни ја земат државата. Јас велам ако, со полно право нека ни ја земат и уште еднаш да ја поделат како во 1913-тата година! Заради таквите што иставаат вакви пасоши! Значи, вадете бугарски пасоши, одете на одмор во Грција, и слободно е*ете се со албанците. И комотно нека не поделат, затоа што со такви луѓе не заслужуваме да си ја браниме државата. Со кое право после ќе се нервирате и ќе се буните кога нигде нема да не признаваат? Кога сте си ја продале душата и идентитетот!! Само ќе кажам дека за оваа работа им се восхитувам на србите и ги поштовам ненормално, алал да им е, не попуштаат, луѓе кои стварно си ја сакаат земјата, јасно и гласно кажа претседателот на телевизија дека нема да го признаат никогаш Косово, и сум видела и во живо какви се, а не ко нас, ми се гади од македонскиов народ искрено. Море слободно нека ни сменат име, и онака ништо не ни менува тоа кога веќе душата сме си ја продале, и честа ни е извалкана. Пуста Македонија, што те снајде. Пусти Гоце Делчев, за кого си умирал? Пусти девојки, што животот си го давале за да не ги потурчат, а сега нашите излегуваат со албанциве за едно парче облека и вожња во супер кола. Те жалам Македонијо!
Лакримоса не се сложувам дека вадењето бугарски пасош е продавање на душата и идентитетот.Верувам дека сите што вадат бугарски пасоши го прават тоа од некоја корист-работа,полесно влегување во странство и слично. И зошто да не одиме на одмор во Грција?Па истите пари ќе се потрошат и во Охрид,ама во Грција барем ќе бидеш на море. А за тие што идат со албанци и се продаваат за облека,талефон или не знам што,апсолутно те поддржувам.Живеам во град со голем процент албански население и ваквата појава одамна ја знам,уште од пред некои 10-тина години.И не сфаќам како можат да бидат такви гуски
Ете сега и нас ни е слободен патот кон Европа, не мора бугарски пасош. А тие веќе што имаат, според мене, срам да им е. Зошто да иставам пасош од кај непријателите, оние кои не понижуваат и не ни признаваат држава и јазик. Зошто баш од кај нив?? После комотно нека зборат дека сме бугари, дека не сме македонци. Тебе не те боли тоа? Е мене ме боли и тоа многу. За одмор, исто така. Од толку места, јас да одам во држава кадешто ме мразат, каде што не ме признаваат како човек? Толку долго време ни прават проблеми, јас ќе им одам промет ке им прават и цело време под штрек да бидам. Не им одам. Тука се Црна Гора, Србија, Албанија.... А за тоа што одат со албанци, не да ми се гади, и криво ми е ептен. Засрамота се таквите. Зошто нивните жени и девојки не трчаат по нашите? Јас сум од Струга, па и овде сме пола пола и нон стоп гледам вакви примери и искрено не знам до каде планираат да одат, малку чест да се имаше не ќе беше лошо.
eee,нажалост отиде македонија у п.м...порано сум била патриот,ама сега кога гледам како и што се дешава во државата,и дека народот се стриже како овца и гладува за сметка на богатењето на мал процент,сега некако веке ми стана сеисто шо и како ке се деси понатаму .и јас пред едно5-6 години кога почнаа лугето масовно да вадат бугарски пасоши,се чудев зашо го прават тоа,ама сега воопшто не ги осудувам и ги свакам.секој се бори за себеси за свое подобро утре.кога државата не ти нуди можности мораш да ги бараш и надвор.се школуваме,фрламе пари по факлутети,магистратури и зашо.пак нема работа,пак седиш дома или работиш нешо шо би го работела и со средно само.државава ни е без компас,а државниците без визија.дај боже работите да се променат на подобро.македонка сум и ке бидам без разлика дали останала да живеам тука или заминала во странство некогаш.македонците имаме славни корени,но на жалост неславна сегашност.го нема повеке патриотизмот и јунаците хероите.сега секој гледа само за себеси.а и не е исто,истиот живот што бил,во 19 и првата половина на 20 век, и сега во 21 век.лугето сега се свртени кон други цели и идеали,материјални.духовните цели и идеали одумираат нажалост. впрочем и некои од нашите најголеми историски и книжевни дејци биле принудени некогаш во животот,да потпишат дека се бугари или срби,за да можат да се школуваат во нивите високи школи,зошто во македонија тогаш немало,или за да ги издадат своите творби,дела,зошто во македонија немало каде да бидат испечатени или несмеело да бидат објавени под името македонски творби.зарем тоа ги прави помалку македонци од тоа што се? едино што денес македонците што потпишале дека се бугари кога поднесувале за пасош тоа не го направиле од патриотски побуди,туку од лични побуди во потрага за подобар живот.мегутоа тоа незначи дека повеке не се македонци.ти си тоа што си роден,и тоа што се чуствуваш,без разлика каде живееел,и каков пасош имал.е сега дали тоа е еден вид предавство или не,секој може да толкува на свој начин.
И јас пред 10тина години кога уште бев дете, не сакав ни да чујам за БГ пасош и ги осудував тие што вадеа БГ пасош, ама тогаш бев ДЕТЕ и не разбирав како функционира реалниот свет и колку е тешко да се снајдеш во ова време. Сега кога гледам каква е ситуација, колку тешко се наоѓа работа и како некои луѓе се мачат да преживеат, ни малку не ги осудувам тие што имаат БГ пасош, туку секоја чест на тие што нашле начин да се спасат од сиромаштијата, да појдат на работа во странство и да си обезбедат добри услови за живеење. Не земаат луѓето пасоши само за да возат убави коли, туку за да си отворат пат кон некоја европска држава, да можат да најдат добра работа, да бидат осигурени, да им обезбедат на своите деца добро образование и да им пружат добар живот. Едноставно кажано, да го постигнат она што не можеле тука. Секој би сакал во својата држава да живее, да се образува и да се вработи, ама ако тоа државата не го обезбедува, што треба да прави човекот, да се прави многу голем патриот, да си седи тука без работа и да гледа како постепено пропаѓа, тоа ли треба? И тие што се во странство, не им е многу лесно да работат по цел ден и да бидат далеку од своите блиски, ама битно тие луѓе се совесни и бараат начини како да си го подобрат животот. Ако за некој вадењето на БГ пасош, му отвора нови можности за вработување, тогаш никој овде нема право да го осудува неговиот избор. Како што овде некој погоре имаше пишано дека мајката извадила членска карта за да се вработи, така некој друг вади пасош за да се вработи полесно во странска држава. Значи иста работа е тоа, барање начин за егзистенција. Не може некој да го оправдува вадењето на членска, а да го осудува вадењето на пасош, кога крајната цел е иста - вработување. Со бг пасош кога одиш да бараш работа во странство, газдата веднаш без проблем те осигурува и плаќа придонеси за тебе, затоа што си граѓанин на ЕУ и за тебе важат истите правила како и за тамошните жители. А тие што работат со МК пасош, работат на црно и се кријат од полиција и инспекција да не ги фати, а тоа е многу голем стрес. Освен работа, со БГ пасош имаш можности за многу подобро образование. Нашите факултети не се признаени во странство, додека бугарските се признаени во цела ЕУ. Ако сакаш да студираш во некоја земја на ЕУ, со БГ пасош партиципацијата е многу помала и условите за прием се многу поедноставни, затоа што за бугарите важат исти правила како и за студентите на таа држава. А со МК пасош има милион процедури додека да те примат. Вработувањето и образованието се само некои од предностите, а ги има уште многу. Луѓето вадат пасош за да се снајдат подобро, а во срцето пак си остануваат и се чувствуваат како Македонци.