Снаа ми ја прашав сега по скајп. Новиот број требало горе да го ставам, кај што го задодов првиот, не во второто квадратче. Значи пак горе, само наместо стариот нумер новиов да го ставам, а истиот пин. Липсват данни ми стои сега.
тогаш ти фали број од пинот, провери дали точно е напишен а што значи ова, јас бев на интервју во април
Интервјуто беше пред 2.5 недели, изгледа е многу бргу за да има друг статус. Точно е зададено овој пат, стариот пин си го ставив, функционален е. Она бугарка е, па така ми кажа, во смисол дека недосасуваат денови дека значи, рано дека е. @zhap4e ти знаеш бугарски, има ли логика ова?
Може и така да ми рекла, она бугарски јас македонски... се разбравме едвај. Ја сфатив дека е рано, нешто во смисол е во процедура, затоа нема друг статус... Нека помине некое време па ќе се прејавиме. Има друг со ваков статус?
@danichap татко ми беше 2016год на интервју и има само еден број ×××/2016 цело време проверувавме вака но требало 2017 а не 2016 но по консулски пат што пише таму проверував
Истото што и кај Даничап и твоево значи дека... Советот по гражданство почнал да ја разгледува твојата молба.
Сега по што дојде животов во Македонија редно е сите што имаат Булгараки пасош нека ги врлат во Вардар и право во Егејско море на пливање , по што нема да им требаат Европа е кај нас.За - не ( Живот)во Мкд
@zhap4e фала тии за одговорот ) 4 години се маткам Скопје-Софија, со мајка ми поднесовме заедно ама нејзе после година дена ја одбија, мене ме оставија на дополнителна проверка, да сакале уште тогаш ќе ме одбиеле по некое мое логично размислување
во тоа доле каде сто пишува преписка не треба ништо, тука внесуваат тие што имаат поднесено преку амбасада...
Дечки што документи се потребни за пасош? Како што разбрав треба извод од родени да извадам нов, и од едниот родител и од дедо ми умреница ми кажаа. Дали е тоа се, во првата фаза. Па за месец ипол се одело во Софија? Дали може некој да ми го објасни процесов многу ќе ви бидам благодарна.
@SparkyAngel , вака ќе ти кажам јас што носев кога бев, оригинален извод од родени од тебе, од родителот и од дедо ти умреница али треба да ги преведеш во Бугарија (јас во Ќустендил ги преведов и легализирав, чекав околу 10 работни дека да ми бидат готови) , еден документ чини околу 20 евра, копија од пасош заведен на нотар, е сега вториот пат кога бев ми бараа дека сум неосудувана од основен суд околу 350 денари тие тоа, лекарско уверение тоа е околу 1200 денари. Тамѕ доплнително треба со твој ракопис да пополниш еден документ на Бугарски, дека изјавуваш дека си Бугарка врз основ на татко,дедо, бар јас кога бев беше така, некој нека ме корегира ако нешто сум заборавила или заборавила да допишам.
Ме интересира дали процедурата за вадење бугарски пасош трае една година, па го земате или многу повеќе? Зошто има толку многу одбиени/на листа на чекање? Се интересирам, затоа што сакам да знам дали вреди да ја почнувам процедурава, да не бидат џабе фрлени пари. Дедо ми служел во Бугарска кавалерија, немам документ за тоа, ама би требало преку некои архиви да се пронајде доказ.
Повеќе од година трае. Може, ако имаш некој кој да ти ги избрка сите работи преку ред, да се заврши за година и нешто, година ипол, да речеме. Иначе, и сега да ти се сите документи на број - собрани и да побараш од бугарското министерство за правда да ти одредат дата за интервју.. дата ќе ти биде за некаде јуни/јули следна година. Што значи, за повеќе од 1 година од сега,а процедурата и не завршува со тоа интервју. Во моментот и од ДБЧ (државна агенција за бугари в чужбина) зезаат со издавање на уверенијата за произход, без кое не можеш, освен ако имаш директна врска ко, татко ти е државјанин на БГ... и процедурата за кај нив трае и по повеќе од три месеци - за некои луѓе ама. Причината, пред некој ден рекоа дека било оти има преголем број на луѓе од претходните години (ко Мони од погоре итн.) за кои уште трае процедурата (ги испозаглавија луѓето непотребно заради притисоци од ЕУ,главно) имаат демек, премалку вработени кои работат на молбите...а,богами и министерката за правда изигруваше бесни глисти со враќање на луѓе по зилион пати за едни исти документи кои веќе ги доставиле до ДБЧ и какви ли не глупости и измишљотини правеа на дневна основа. Најди си кој да ти ги избрка работите и терај,ако имаш потреба од документот Не сите имаат исто искуство. Наводно ќе се олесни работата,ама..тоа се збори со години, ако ме прашуваш.
Ех, да имав јас кој да ми среди работа, немаше да прашувам на форумов. Прво не сум ни сигурна дали ќе го најдам тој документот за дедото, да не зборам за друго. Некако, не ми се верува на овие што се како посредници за пасош. Не знам ни колку пари земаат, ни дали ќе се среди работата. Големи недоумици имам.
Знам како е, оти и јас не познавав некој и се распрашував вака по форуми и кај не и се решив за некој кој, беше супер, се' пофални зборови и ме зезна уште во процес на прибирање на документите Почни од тој документ за дедо ти. Погоре ставив линк до кајгана со листа на бугарски културни клубови... јави се кај нив, чисто да се информираш за варијантите, што ќе ти треба, од каде, како... ко пита не скита ја имаш и опцијата со амбасадата/конзултатот во Ск/Битола.... мада, наводн побавно оди па така. На Кајгана се поактивни луѓето.. контактирај луѓе и по форумиве, порака туј-онуј Ако треба нешто да напишеш на бугарски - писмо,маил до институција...бујрум. Пиши ми само порака,кажи што ти треба и ќе го срочам. Другарски (демек,без пари)
имаш ли умреница од дедо ти? и знаеш ли која година е роден ако е пред 1920г. можеш да завршиш работа преку Бугарскиот културен клуб... преку умреницата ќе ти издадат документ дека си со бугарско потекло и после врз основа на тој документ можеш да земеш происход... п.с. во случај дедо ти да е роден после 1920г. ќе ти треба умреница од прадедо...
Роден е во 1923. Се јавив во бугарски клуб и малку ме разочараа. Ми рекоа ако немам документ дека служел во бугарска кавалерија, исто како да не служел. Умреница немам, ниту од дедо, ниту од прадедо. Не знам колку трае и таа процедура, за да се извади. Колку што разбрав, за да помогне бугарскиот клуб, треба да си член. Колку се плаќа за тоа?