Не можеш преку бројчето да знаеш од кога сум на финална, ова е од 25 април, барем тогаш проверив. По преписката Ви предстои да бъде извършен финален експертен преглед преди да бъде разгледана от Съвета по гражданство.
Некој што бил во скоро време на интервју во конзулатот ако сака да ми каже на интервју освен - лекарско - ЦВ - потврда за неосудуваност - молба - уплата на сумата Треба ли плус документи. Преведувачот рече дека треба пак потекло и пак изводи за потекло со се преводи.
Ovie denovi ke se glasa za izmeni na zakonot za dobivanje bg drzavjanstvo. Navodno ke se olesnela procedurata za podnesenite od 2015-2016. Ima nekoj nesto podetalno razbrano? Pisese nesto na kmet.bg
Здраво! Сакам да ве прашам врз основа на какви родбински врски може да се добие бугарско државјанство? Мора да се блиски или само да се во сродство? Прашувам за дечко ми - баба му има бугарски извод од раѓање, ама е сопруга на братот на дедо му, не се директно поврзани. Има шанси нешто преку неа?
http://parliament.bg/bg/bills/ID/77742 Во моментот има законо проект кој схто е ставен во бугарскиот парламент на одобрување. Со него ке се олесни и убрза процедурата. Поздрав и со среќа на сите
Може ли некој да ми каже во статусот од ДАБЧ дали му пишувало -Статус'т на зајавлението е : Без движение - и дали му се сменил, дали земал произход и сл? Фалаа
Тоа значи дека фалат фокументи врз основа на кои би можело да се издаде бугарски происход. Треба да се појде до таму и да се праша,можеби нема добро поврзување со изводите
Здраво, Ме интересира дали можам да аплицирам преку прв братучед на мајка ми кој има бугарски пасош? Ако може од документи, освен копија од неговиот пасош и изводи/посмртници за да се докаже роднинска врска што ми треба?
Здраво дечки ние сме семејство и пред неколку дена дознавме дека еден од сопружниците доби БГ државјанство по повеќе од 10 години чекање. Всушност никогаш не мислевме дека то ќе ни значи но како што се одвиваа работите во оваа мала скапана ни држава ова излезе нешто кое ни даде трошка надеж. Имам неколку прашања па ако сака некој да одговори би ви биле благодарни. 1. Дали ако еден од сопружниците има пасош може и другиот да добие работна дозвола во ЕУ членка? 2. Дали децата имаат право на градинка, детски додаток итн? 3. Дали како семејство имаме право на социјална помош за почеток? 4. Дали имате некој предлог која членка на ЕУ има најдобар социјален систем за млади брачни парови со деца. Ако имате некоја препорака би ви биле благодарни да слушнеме, ние двајцата сме високо образовани и повисок, тука живееме со 200 евра месечно со две деца, се надеваме дека оваа мизерија ќе заврши што е можно поскоро. . Ви благорадиме однапред.