Јас само ќе речам, не е единствено решение иставање бугарски пасош. Или најлесно е па можеби затоа? Многу луѓе успеале да се снајдат на друг начин, без иставање други пасоши. Баба ми, дедо ми и татко ми се 40-тина години во Австрија, јас живеев со години таму, и до ден денес ниту тие ниту јас имаме Австриски пасош. Јас не знам како може тие луѓе да викаат дека се македонци, и дека така се чувствуваат кога се пишуваат б'лгари. Кој како си милува, нека продолжат сите вака и во државава повеќе ќе нема македонци, ќе бидеме б'лгари, и после нека ни ја прекрстат државата Б'лгарија, зошто би се викала Македонија кога сите ќе сме со бугарски пасоши?
Сакав да прокоментирам нешто во врска со Бугарскиве државјанства. Бугарите се ептен подмукол народ, одсекогаш биле, ако се вратиме назад во историјата, одсекогаш ни мислеле лошо нам, македонците. Се прашувам, што ни спремаат сега? Ако сите македонци, земат Бугарско државјанство, конечно ќе и се оствари желбата на Бугарија, да ја има територијата на Македонија, мислам отсекогаш тоа го сакале. Јас, не ги осудувам тие што имаат двојно државјанство. Па донекаде и во право се. Во нашава држава, се е поврзано партиски, а партииве, мислат само да си ги наполнат џебовите и ништо друго. Никој не мисли на нас македончињата. Што сме јадни. Но како и да е, мислам дека никогаш не би земала туѓо државјанство, а поготово не бугарско.
Пред 40тина година било друго време, тогаш било полесно да се замине во странство, Југославија била јака држава, секаде те пуштале на граница кога ќе виделе дека си од Југославија. Денес има нови закони и построги правила, до скоро ни требаа визи за да влеземе во ЕУ, ајде сега ги нема повеќе визите, ама сепак со Мак пасош подолго од три месеца ( Или шест, не сум баш сигурна ) не можеш да престојуваш и да работиш во друга држава, а за тој период ако сакаш да работиш, ќе мора на црно да се криеш, затоа што никој не те осигурува ако немаш документи за престој. Значи ако се решиш на ваков чекор, ти се изложуваш на ризик. Токму така. Процедурата за вадење е лесна и постапката е брза, затоа на луѓето тоа им се гледа најлесен начин за излез од државата и работа во странство.
Точно,..има и такви МАКЕДОНЦИ ВО ДУША...БУГАРИ НА ХАРТИЈА,..а тоа се Македонци што живеат во Бугарија кои не по своја воља се изјаснуваат као Бугари и 100 години условно се борат односно се залагат и покрај сите можни притисоци и беда во која живееле и уште живеат, да не бидат Бугари ни на хартиај... Па нели е парадоксално,..од една страна овие луге кои се во слична дури може и во потешка економска ситуација, да не сеакат да бидат третирани како Бугари пошто не се чуствуваат како такви, а од друга страна Македонци на харија и декларативно и во душа, доброволно без надомест дури и со молба и на свој трошокто го прават спротивното и го прифаќаат бугарскиот идентитет,као нели само хартија... И кој е сега овде морон, кој е во грешка, кој е за осуда или за жалење...обие кои 100 години се малтретираат да не бидат Бугари...или овиа кои видоа малку зорт послениве неколку години и молат и плаќаат да станат Бугари...без разлика на причините и околностите чисто од аспект на чуството за припадност... Се слагм со нив кога се лутат зашто ги нарекуваат продадени души, во право се они не се продадоа тоа го направиа за џабе,..они еноставно без трyнка совест се предадоа...
само 1 ќе кажам и ова ќе биде последна посета на оваа тема ... тие македонци таму, да, веруваат дека се македонци, но, и веруваат исто така дека македонија е бугарска, и дека тие 2 племиња си се заедно едно племе, само што се нарекуваат македонци тие што се од македонсиот регион...и, лично, имам слушано песни, од македонци од пиринска македонија, како пеат дека македонија е бугарска, и дека треба да се спои наша македонија со бугарија, и конечно да заврши трагедијата што ја нанела србија на бугарија! слободно провери низ интернет, и самата ќе се увериш дека стварно во тоа веруваат! и дека нема никаква врска дека се присилени или не знам што! и се караат со нашите на интернет! ако не верувале во ова, на интернер политичките страни, слободно можеле да си ја отворат душата, и да кажат колку им е тешко! но не, си тврдат спротивно !
морав да реплицирам на ова, значи ќе го погазам зборот што го дадов предходно...имаш бугарски пасош, работиш во странство чат-пат на привремено, ама живееш во македонија, и живееш 40 години во странство, ама имаш македонски пасош- ми се 2 многу слични работи, искрено! твоите баба и дедо успеале без бг пасош да се изборат за поубав живот и иднина,што премногу ме радува, ама за жал, многу многу не успеале, па морале да земат бг пасош! секој сака и има право на убав живот, и кога ја нема подобрата варијанта, ќе се сврти на полошата!
Најверојатно мислиш на две племиња а еден народ,..тука нема што да се дебатира...Македонците се меѓунатодно признати како посебен народ и точка...а сигурно постојат Македонци кои сакат МК да е дел од БГ ништо чудно...но колку мене ми е познато ниту паријата ниту здрузенијата на Македонци во БГ не излеглe со официјален став за територијална претензија. Еве го ставот по ова прасање на партијата ОМО“Илинден”-ПИРИН што е дел од нивната програма... "6. ОМО - Пирин се залага се постојано подобрување и конечно смирување на односите помеѓу соседските земји каде што живеат македонци врз основа на взаемни концесии и взаемно добитни односи со целосна почит на територијалниот интегритет и суверенитет на секоја одделна држава."
^^ едно зборат партиите, друго обичниот народ секогаш е така...јас кажав што имам прочитано на интернет со свои очи коментари од страна на пирински македонци, и нивните сваќања и размислувања околу тоа, а никаде не изјавив дали е тоа правилно или неправилно само ги кажав нивните ставови, од тоа што сум го прочитала наоколу! а дали сега некои мкд сакаат да се спои македонија со бугарија не знам!а, и да сакаат нивни проблем,не можам да се мешам во туѓите желби и соништа и за последен пат, немам бг пасош, не сум против да си вади тој што сака да си вади, секој си живее како што си сака, и толку од мене
Секој да живее како што си сака го нема ни во цртани филмови а камо ли во реалниот живот... Животот во заедница од најмала како семејство па до најголема као меѓународна заедница е заснован на почитување и прилагодување на пишани и непишани правила и прописи...инаку во спротивно не би можл животот нормално да фукционира... Затоа е нормално ако сакаш да живееш во заедница да го почитуваш редот и поредокот на мнозинството без разлика дали тоа ти се допаѓа или не,..што не значи дека мораш и неможеш да правиш што сакаш...но ќе мораш да се соочиш со санкции, казни или критики во најмала рака...зато нема љутиш може да се има и спротивно мислење ама мнозинството е тоа што ќе го одобри или осуди...
мислам дека пишаново нема никаква врска со пасошот да, точно дека има некои правила во една заедница кои треба да се почитуваат, и сите знаеме кои се тие - да не набројувам сега тоа се јавни правила, кои секој треба да ги почитува и са секого се исти, а приватните правила си се сосема 3та работа, а тука спаѓа пасошот! и кога кажав секој може да живее како што сака, мислев на живеење во склоп на нормалата, а не некои ван нормални работи на пр криминал убивање итн хахах, а за цртаните филмови не коментирам........... во нив има од се по нешто.. и уште нешто,кога станува збор за приватни работи важно ми е мислењето на семејството, а не на мнозинството од улица
^^...Пишаното не е во контекст на пасош како патна исправа... темава е БГ пасош и гледаш задира пошироко од економија до морал... коментирав на тоа што цитирав...и не ништо лично туку општо... зато и e избришан никот во цитатот... п.с...и семејство е заедница во склоп на други заедници, така е редот... .......а мнозинство од улица е поради анархија или ако некој си прави како што сака...
Кој има од форумов извадено Бугарски пасош нека напише поопширно кои се` процедури треба да се поминат? Ме интересира сериозно. Ако планирате да се препукувате, не ми реплицирајте.
Оффи , јас немам вадено ама мои блиски луѓе вадеа и знам дека многу се чека ,околу 3 години, иначе слушнав и други некои муабети дека за 1 година ваделе, не знам колку е точно, инаку за цена некаде помеѓу 500 и 1000 евра. Ќе прашам поточно, ќе ти кажам.
абре чиче марли несакав да се реплицирам ама ајде..па и јас си коментирам општо, и не е ништо лично и ако сега ние сме склоп со други заедници т.е семејства,што треба јас да правам? да се секирам дали нив им пречело што јас имам бг пасош(зборувам во 1во лице, немам бг пасош)? па ќе си имам ако си сакам, ти немај си ако не си сакаш и решен е проблемот! видиш ама едноставно било??
Едноставно е бе чичино,..што да правам се збунив... некогаш треба луд да си,.. па да не сватиш... зашто луд ј*бе збуњеног...
па јас има поднесувано за бг пасош, пред 4 години, знам дека нешто требаше да се оди до бугарската амбасада, па на нотар, мн е комплицирано за да го помнам, затоа најдобро иди до БГ амбасадата тие ке ти објаснат како што, а и знам дека има луѓе кои специално тоа го работат, сите трчканици до софиај ти ги завршуваат за да не се малтретираш, нормално се доплаќаат позз
хахаха, а некогаш па и си се праиш на тошо,онака скришно!без некој да примети де.... пссстт, не кажуваме ќе си ќутиме нели
Јас ги спремам документите и ќе поднесувам во текот на наредната недела. Порано се поднесуваше во Софија во Министерство за внатрешни работи, а сега може и во Скопје во Бугарската амбасада. Изборот е твој кај ќе поднесуваш. Ако одиш често за Бг можеш таму, а ако ти е далеку тогаш во Ск. Бугарите ќе прават попис на населението крајот на 2011, затоа воведоа нов закон со кој пасошите ќе излезат за 6 до 8 месеци. Порано се чекаше по 3 години, а ако поднесеш сега ќе го добиеш најкасно за 8 месеци. Процедурата е ваква - треба да отидеш во Ск во амбасадата ( може секој работен ден од 10 до 12 часот ) таму ќе ти дадат неколку документи кои треба да се пополнат и ќе ти дадат листа на овластени преведувачи. Значи, тој ден само одиш во амбасадата за да ти кажат кои документи ти се потребни. Потоа кога ќе си собереш потребните документи, ги носиш на овластен преведувач да ги преведе, а после ги носиш на нотар да ги завере. Откога ќе го средиш тоа, се јавуваш во амбасадата и ти закажуваат за кој ден во колку часот да одиш да ги поднесеш документите. И после чекаш да ти излезе пасошот Ти треба 2 слики, извод од родените ( се вади во полиција ), лекарско уверение ( од доктор - јас го платив 600 ден ), Потврда за неосудуваност ( се вади од судот ), на лист напишани матичните броеви на сите членови од семејството и уште неколку документи ама мораш да одиш во амбасадата да ти ги кажат, затоа што моите имаат бг пасоши и се разликуваат документите што ќе ги поднесувам. Ама овие што ти ги кажав, се исти за сите и обавезно мора да ги имаш. Не знам дали објаснив убаво, ако не бев доволно јасна, слободно прашај Тие што ваделе во Бугарија преку адвокат или други посредници, знам дека плаќале по 250 евра, ама од тие пари околу 100 евра зема посредникот, но ако си ги спремаш сама документите, се на се ( преведувач, нотар, лекарско, изводите и потврдите од судот, парите што се уплаќаат на сметка на бугарското министерство, и тоа што се плаќа откако ќе го земеш државјанството ) нема да излезе повеќе од 150 евра.
Чекај чекај само 150 евра за да иставиш Бг пасош??????????????????????????????????? Леле, одма одам да спремам документи...........