„Ас сам Блгарин, башта ми е блгарин, дедо ми е Блгарин, син ми е Блгарин!“ Тоа се потпишува во документот со кој бараш државјанство. Еден од условите да добиеш државјанство е да познаваш јазик на таа држава, да покажеш повеќе од тоа дека така се чувствуваш (пр. да си делувал за Бугарската кауза, да имаш корени бугарски, да е од национален интерес на Бугарија да си Бугарин). Бугарија ви дава државјанство само на основа дека така се „чувствувате“, значи скока неколку правила за прием во државјанство. Се ќе ви прогледа низ прсти, само вие сакајте. Што мислите зошто го прави тоа??? Многу ве сака и жал им е што сте угнетени во сопствената држава? Има тоа некоја позадина која вие не сте во состојба да ја согледате (зборувам за тие што сакаат БГ пасош и државјанство). Ова што се случува ќе има поголеми последици и многу ми е жал што и оние кои си ја сакаат државичкава и нивните поколенија ќе ги сносат последиците. А новите Бугарчиња ќе бидат некаде по светот конечно со полни стомаци (оти овде немале леб да јадат) и ќе си честитаат што навреме се спасиле од пропаста на државава, несвесни дека се дирекни учесници во уништувањето. Никој кој зел БГ државјанство не може да ме убеди дека си ја сака Македонија и дека безусловно се чувствува македонец. Тоа само си се теши, а му треба утеха, итоа како!
Па кој рече дека ја сакам Македонија? Зошто да ја сакам, нешто ми дала, овозможила? Граѓански права имам? Причина имам ли? Можам само цел живот да се прашувам зошто од цел свет, баш овде сум се родила.
Вака не дека ги оправдувам оние кои ги имаат бугарските пасоши, но не сум ни нешто против тоа... кога некој ке каже имам бугарски пасош, немам иднина тука, ми треба за подобар живот, неможам семејството да си го изгледам во оваа земја.. сите аууу ти се предавник како не ти е срам бла бла... а некој да каже е се откажав од македонското државајство сеа сум германец и сите останати браво алал да ти е...шубаво си се снашол, сеа капата настрана среден ти е животот.. па добро луѓе која е тука разликата?? јас сега за сега не би извадила бугарски пасош, но доколку би имала потреба, не би можела тука да се снајдам со работа и слично да би извадила.. кога мојата држава во која сум родена нејке да ми обезбеди услови за добар живот, работа, успех, зошто па јас да бидам лојална кон неа, има некоја земја која би ми помогнала да успеам.. има земја во која би ми бил среден животот...
Баш на ова мислев во некои мои претходни постови, на оваа тема! Сите ги блазесуваат тие што ќе земат Германски или да речиме Италјански пасош, и ќе се откажат од Македонскиот! За така и тоа е еднакво предавство како и земањето на бг пасош! Same shit another pack!......
Разликата е во тоа што зад Бугарското овозможување на вадење на пасоши на Македонски граѓани се крие нешто сосема друго. Некој напомена дека сигурно не ни дозволуваат да вадиме Бугарски пасоши од што не жалат и од што сакаат да ни помогнат, туку за да можат тоа да го употребат против нас, слично како што моментално сега прават Грциве, ќе ни речат дека не постоиме како Македонија и како Македонска нација, додека пак Германија, Италија и останатите европски држави не се замараат со тоа, и на нив воопшто не им е битна Македонија и не се толку „великодушни„ за да ни даваат пасоши толку лесно за вадење( за жал) . Патем многу добро ти беше кажано тоа Велешанка Сепак доколку не би имала излез да си ги остварам плановите тука би извадила Бугарски пасош, како задња опција. И никој неможе да ме нарече предавник, или тие луѓе кои си ја бараат егзистенцијата на тој начин никој нема право да ги нарекува предавници, зар не сфаќате дека сите сме одамна предадени? Епа да ве просветлам дека да, ако добро ја согледате целокупната политичка ситација ќе сфатите дека никој не се бори за наше добро, а најмалце пак тие што ги избравме да не водат и да ни ја подигнат малце од малце земјичкава и да ни се овозможи колку толку подобар живот и поголеми можности. Што да ви кажам... си ја сакам земјата, но повеќе сакам подобар живот, никоја корист од патриотизмот вака реално ако гледаме, и да можеби злобно звучи ова корист ама стварно нема леб да ми даде да јадам патриотизмот и љубовта кон земјата
Оф мори мајко, шо не најдее !!! Јас сум против вадење бугарски пасоши! Сите шо вадат бугарски пасоши вадат, за кола да земат од бг или за да одат негде каде што има подобар живот, СТРАШНО!!! Кај е подобро од дома, кај е потопло од дома, за џабе ли е напишана Т`га за југ!? Кај си да одиш, стално ќе пекаш за дома, сеќавајќи се на прекрасните денови поминати во родниот крај, во татковината. После оти не не признавале, абре луѓе ние само не се признаваме-другите ич!!!
точно најубаво е дома, со блиските, но што кога дома луѓето немаат да јадат? што кога државата им дава само некои 2000 денари социјална помош со која треба да се храни целото семејство, да се платат ненормално високите сметки за струја и вода... немам бугарски пасош, и не планирам сега за сега да извадам бидејки немам потреба.. но никако не ги осудувам оние кои се одлучиле за таков чекор... оваа наша држава ништо не превзема да им се помогне на таквите семејства, секој си наоѓа начин за подобра или воопшто некаква егзистенција со која ке го издржува семејството.. од патриотизам не може да се живее !!!
во ред е то дека од патриотизам не се живее, ама ако земиш бг пасош шо!? ќе одиш друго место ке црнчиш пак за малку пари и + немаш со кој да позборуваш, на кој на му се жалиш, со кој да се радуваш и сл.
Jaс познавам еден куп народ што станаа луѓе така речено, од кога земаа бугарски пасош и работат низ Словенија, Италија и.т.н. Така да, јас мојот спас од Р. Мизерија го гледам единствено во Бугарскиот пасош. Само за жал, немам пари да си извадам. Немам ни за македонски (а и не ни сакам утешна награда од 2 месеца) А камо ли за Бугарски. Ако некој планира да ме разубедува дека не сум во право нека не пробува. Затоа што никој неможе да ме разубеди дека е исто или помалку платено одовде.
^^Оффи, јас нема да те убедувам во ништо, ме познаваш веќе колку толку, ама само мало појаснување, ако сакаш да работиш во странство можеш и со македонски пасош За ова сум сто посто сигурна. Не се малку оние Македонци кои работат низ цела Европа, па сепак немаат бугарски пасоши. Некои од нив се навистина успешни. Се зависи од тоа колку е човек способен и упорен.
Да, ама само неколку месеци и плус сметка да имаш во банка, како беа тие процедури не сум многу запознаена . Или ќе извадам некогаш во иднина бугарски пасош или воопшто не вадам никаков.
Можеш да одиш до 90 дена, без да покажуваш сметки. На пример, можеш во Грција. Се заработуваат до 2000 евра месечно. Плус тоа, Грција е блиску и можеш да се вракаш во Македонија на секои 90 дена, да седиш 1 недела во Мкд и после да се враќаш на работа.
Токму така, до 90 дена без никакво декларирање на сметки. Потоа следуваат наредни 90 дена кои се дозволени за престој (зборувам за државите во ЕУ). Доколку во меѓувреме некој те вработи, мора да го легализира твојот престој што значи добиваш работна виза и на тој начин престојот е регулиран, со македонски пасош. Или поточно никој не е должен да те легитимира, но ако си способен и работлив доволно за да го заинтересираш работодавецот, ќе ти ја среди сета документација. Значи не тврдам дека без пари се може, сепак за да се замине по работа во странство ти треба некаква финансиска основа, не се оди туку така со 5 денари в џеб, нели. Но бугарскиот пасош според мене е трошок повеќе, кога може комотно да се работи и успее и со македонски пасош
aхa у грција 2000 евра месечно се заработувало нем да не можда ако се"онадуеш"за пари,да ми извините на изразов имам еден куп блиски луге шо работат у грција,дневницата е 30 евра и помалце.значи и да работиш 30 дена у месецот шо не е можно,30*30 =900 евра,а каде се 2000 те?а рачунај дека од тие 900 евра,(ако ги земеш толку)ке треба да плакаш кирија за некое станче таму нормално нема да спиеш на улица нели,(еве ти ги 150-200 евра)а каде се сметките,каде е храната секојдневните трошкови и слично?патни трошкови да си дојдиш за мк?кога ке го напраеш есапот 200-300 евра дали ке ти останат,ако имаш срека и не се расфрлаш,и носиш од македонија за таму цигари и сл.ептем ако имаш срека да се вработиш у некој хотел па да неплакаш кирија и сметки па да заштедиш нешо,ама и тогаш сигурно хотелот не би ти плакал 2000 евра за твојата работа како келнерка,собарка,чистачка итн.не збориме за случаеви кога е некој мајстор за некој занает баран пример тие можда и да заработуват толку ама тие се ретки,зборувам за грото, за младите кои без некое посебно познавање од нешто мислат дека ке отидат у грчка и као келнери,собарки,берачи на праски и сл ке заработат по 2000 евра месечно поминаа тие времиња одамна.така да не се залажувајтe... i друга работа ако не сте сигурни за нешто не тврдите дека е така од рекла казала.го поминав летово со нов пасош у странство.не е точно као шо пиша кукличка погоре,дека можеш да седиш 90 дена у странство да работиш,да си дојдеш у мк да поседиш една недела и пак да идеш назад у страннство у истата земја и да седиш 90 дена .така само на сон ако сонуваш може. ако беше така сите ке работеа у странство немаше да вадат бугарски пасоши.со нашиве пасоши ако си седел 90 дена во некоја странска држава наредните 90 дена немаш право на влез во таа држава.значи во пола година,во 180 дена,имаме право на престој само 90 дена.ти ако сакаш седи ги цели,ако сакаш цепкај ги на недели,ама повеке од 90 дена во 180 не смееш да седиш. како второ работите се толку затегнати сега и казните се зголемени,шо кога ке чуе некојси шведски или германски газда дека си со македонски пасош ни на крај памета нема да му текне да те земе за работа..они од бугарите шо имаат право на престој и работа гледаат како да се отарасат,зашо немаат работа веке ни за своите,,не па наш ке земат,без право на работа.да го фати инспекција ко ке му стегне огромна казна.,ке си ризикува тој за некојси македонец дојден од немајкаде.пак ке кажам не се залажувајте.да беше така едноставно лесно ке беше
Не можеш да одиш без пари! Ти требаат најмалку 500 евра да поминеш на европска територија (кажувам од искуство)! Сега може да ти побараат, а може и не, зависи каков ксмет имаш!
до сега мене ниеднаш никој не ми побарал сметка во банка а сум била повеке пати подалеку... За тие 2000 евра, кој како со среката. Имам другар што работи во хотел како лифт бој и вади многу пари, најмногу од бакшиши, не плака сметување и супер му е. За тоа 90 дена, тој ги седи сега првите 90 дена, за вторите ке видиме
Имам другарка што работеше во Грција, за еден месец имаше заработено 1500 евра(што дневница, што бакшиш). Кирија и јадење не плаќаше, тоа и беше обезбедено од хотелот во кој што работеше, така да тие 1500 евра и беа чисти пари.
мене не ми побараа а носев во мене да покажам, ама зашто не кажав колку дена ќе седам печат (за грција зборам) така да со новите пасоши мора(и да не ве прашаат колку време ќе седите) да си кажете, зашто ќе ви пишат само 1 ден дека ќе седите и после печат ако седиш подолго па дури и 2 дена да седиш
i ja пишав погоре,ако си у хотел може ке заштедиш повеке пошто не плакаш кирија и сметки,па може и јадење ако даваат,ама ако не си,ако плакаш кирија сметки и храна,далеку ке си од 2000 евра со километри, нема шанси па ако сакаш 24 сата на ден работи и да се разбереме едно е да заработиш а друго е да заштедиш,ти можеш да заработиш 1500 евра пример,ама ако имаш 1000 евра месечни трошкови и ти остануваат 500 чисти,значи си заработил 500,а не 1500 него нема везе ,темава не е за работата во грчка,него ете сакав да им кажам на тие шо мислат дека има голема заработка у грција,дека нема,таму е толкава криза,шо работниците шо им работат со години ги отпуштаат а не да примаат наши новоотидени.ако лани им работеле три келнери у кафич пример,сега им работи по еден.зборам за поблискиве делови од грција пошо често одам натаму,а за на островите доле незнам може таму е подобро.мада чисто сумњам дека знам дека многу млади летово се вратиа шо беа тргнати таму да барат работа,имаше и некои шо се снајдоа ама тие беа помалце од оние првите. сепак секој со својта срека нели како шо кажа некој погоре. а за деновите тоа сто посто сум сигурна неможеш да седиш повеке од 90 дена во пола година,да можеше да си седиме непрекинато во странство,или да седиме 90 дена па си дојдиме дома една недела,па пак 90 дена у странство,тогаш немаше џабе лугето да вадат бугарски пасоши.