Не знам за Грчка како е, ама кога ја спомнуваме Европска Унија т.е. другите држави освен Грчка, од лично искуство тврдам дека ДА може да се живее и работи доколку сте способни, упорни и газдите видат дека може да „ќарат“ од вашето присуство во нивната држава. Па зошто да не ви дадат работна виза или да ви го регулираат престојот на друг начин?! Ако им се исплати, ќе инвестираат во вас. Впрочем таа инвестиција ќе им се врати повеќекратно Прашањето не беше кој колку ќе заработи и ќе заштеди, прашањето е дали е неопходен бугарскиот пасош за работа и живот во странство. Јас тврдам т.е. убедена сум дека не е Е сега можеме да полемизираме врз основа на секакви случаи дали е тоа така или не. Секој со својот к’смет нели. Ама да беше толку неопходен бугарскиот пасош, се прашувам од каде тогаш толку многу раселени Македонци во странство? Зборувам сепак за оние кои си заминале со македонски пасош. Тања а за тие 90 дена па пауза па повторно 90 дена, тоа е така регулирано. Едноставно дозволено ти е да седиш 90 дена, потоа мораш да ги напуштиш границите на Шенген зоната, па повторно можеш да останеш 90 дена, како турист! Арно ама отпосле не ти е дозволено да стапнеш во ЕУ наредните 6 месеци. Не е ова информација истресена од ракав, си постојат регулативи за ова
па и мојата информација не е истресена од ракав ја шо сум патувала во странство и разговарала со луге шо живеат и патуваат во странство знам дека имаш право на престој 90 дена во странство и после мора да излезеш,наредните 90 дена немаш право на влез,по истекот на тие 90 дена,пак можеш да влезеш 90 дена и наредните 90 дена несмееш пак да влезеш.ти ако сакаш можеш да ги цепкаш деновите,да седиш 30 дена пример па да излезеш.10 дена пример,па пак да влезеш месец дена па пак да излезеш и сл.како и да е,немаш право да седиш повеке од 90 дена во 180 дена(пола година) и повеке од шест месеци во годината.сепак не сум вработена во министерство за внатрешни,така да ако има некој компетентен од министерство нека ни образложи подетално а шо се однесува до тоа дека можеш да се снајдеш во странство и дека некој ке те вработи и со македонски пасош,тоа може било порано ама сега тешко богами.македонски иселеници ги има по цел свет,ама од порано заминати,сега,после кризата ,со македонски пасош никој не те вработува.еве баш пред некој ден ми кажуваа еден случај за едни комшии на дечко ми.зивееле лугето 20 години во германија,ама се вратиле пред нешо повеке од 5 години мислеа дека и тука ке им иде добро.ама знаеме тука кај нас како е,и човекот без сопругата,и децата дека се школуваат отиде годинава у германија на три месеца да заработи некој денар.(германско државјанство немал добиено,туку продолжувал работна дозвола додека живеел таму,шо значи сега отишол со нов македонски пасош),живеел 20 години таму значи имал и пријатели и познати таму и се.од тие три месеца шо престојуваше сега у германија,работел само два-три дена на црно.џабе пријатели,џабе све-вика-,никој не те зима за работа без документи,(со наш туристички пасош)ти вика извини ама не смеам,не можам да ризикувам.си испотрошил парите со ги носел со себе и се вратил назад.кога тој човек шо пола живот го поминал у германија неможел да најде работа,не па јас или некој како мене без никого нигде во германија,ке се стегнам таму,и некој фин газда ке го препознае капацитетот во мене и ке инвестира во мене незнам едноставно неможам да верувам во тие розеви приказни..
Во ред Тања, не мораш да веруваш во розеви приказни, јас се што кажав, кажав од лично искуство, ќе се повторам. Да не навлегувам до детали зошто толку добро сум упатена во овие работи и од каде толку знам. Со една македонска амбасада во една европска држава сум речиси секојдневно во контакт и се познам лично со многу Македонци кои живеат во странство, така да веќе на памет ги научив сите регулативи околу престојот во ЕУ Значи ете не е министерство ама амбасада е, не по врат - по шија. Јас веќе еднаш реков, секој со свој к’смет. Тие твоите познати или познатите на дечко ти, или комшии - ете може не им се насмевнала среќата, се случува не велам не. Но биди сигурна дека има И голем бран на Македонци кои со македонски пасош добија дали студентски стипендии, дали работни дозволи. Фини, културни и амбициозни деца кои беа упорни и успејаа да отидат во ЕУ а сепак не извадија бугарски пасош. Порано беше многу потешко да се успее во странство, ах, колку само би зборувала за ова...како не третираа порано и малтретираа по граници. Но сега е и те како полесно. Впрочем, кога пасошот бил гаранција за успех?! Никогаш. И со американски пасош можеш да се вратиш од кај што си дошла ако не успееш во друга земја заради повеќе причини. Ќе се повторам, поентата ми е една - единствениот излез од мајката ни Македонија, доколку сакаме да ја напуштиме и да видиме како се живи тамо на западу, НЕ Е со бугарски пасош. Значи не кажувам ништо нереално ниту се ова нечии соништа. Едноставно констатирам врз основа на многугодишни лични мои искуства и искуства на моите најблиски пријатели и роднини. А веќе еднаш реков на темава зошто јас лично никогаш не би извадила бугарски пасош, ниту пак некогаш некого ќе осудувам за тоа дека го извадил. Епа толку од мене
Пример - Јас добив целосна стипендија со Мкд пасош и имав можност да студирам и работам *на запад* без да дадам 1 денар од мој џеб
секој врз основа на своето искуство пирамидке,твоето искуство и твоите познанства може те довеле до тоа да заклучиш така,дека сега е полесно,мегутоа моето искуство,контактите со луге,она што го слушам и лично и од други шо ми кажуваат е дека е сега многу потешко.може сега е полесно да отидеш,дека не ти требаат визи,ама е многу потешко да најдеш работа и да останеш таму да направиш документи.мислам дека ти малце работите ги гледаш порозево а јас пореално.ако грешам извини.убаво би било сите да можевме да добиеме стипендии од странски универзитети и понуди за работа ама тоа не е можно нели.неможат сите македонци да ја имаат таа срека или можности или квалитети како сакаш наречи го.шо праиме со тие македонци шо немале можност да запишат и завршат факлутет,немале пари пример?или оние шо завршиле ама со недоволен просек за стипендии и слично?не се експерти од некоја област за да бидат тражени во некоја странска држава?едноставно се обични просечни луге? а поголемиот дел од лугето спагаат во тој просек.зарем тие луге не сакаат и не сонуваат подобра иднина,подобар живот?што да прават кога државата не им дава можности да се вработат и да напредуваат.да си обезбедат еден добар и удобен живот,туку мора да мизеруваат и праат рачуни како да им стигнат парите од први до први.и ако некој од нив се одлучи да посегне по бугарски пасош,кои сме ние за да го осудуваме? тики ај доста е на темава,да не рече некој дека многу ме има поздравчее
Леле стварно Тањич, ја окупиравме темава Малку си грешка, не гледам розево, туку напротив, многу реално. Би сакала да ми беше порозев животот, ама не ми бил. Да не елаборирам зошто, што и како. Ама верувај од толку поминати километри и малтретирања по граници од најраното детство ми е преку глава! Кога ќе се сетам ми иде да повратам. Како што реков - не ги осудувам тие што вадат бугарски пасош, ама веќе се повторувам по не знам кој пат. Единствено што сакав да кажам е дека ако си паразит и неспособен, можеш да имаш не бугарски - и американски пасош па никој нема да ти понуди туку така работа и да ти донесе евра на тацна. Ако си способен можеш да успееш И со македонски пасош. Не можам да ги анализирам сега Стојко, Петко, Мирко, Станко поединечно. Едноставно во Европа се цени трудот, работливоста и упорноста, а кој ги нема, не може да очекува дека некој на тацна ќе му донесе евра. И оние кои живеат во сопствени држави остануваат невработени ако не се покажат добри, не пак наши кои отишле во странство.
се сложувам дека ако не ти се работи,ако си паразит,и амерички пасош да ти дадат и плус милион долари све ке прокоцкаш,и пак ке бидеш без пари и работа ама тука збориме за оние кои се вредни и сакаат да работат ама немаат можности,немаат каде..многу се намножија газди во македонијава наша шо сакаат работници за без пари.ке се примиш на работа,ке ти даде месец два плата после ке те завлече,ти чекај два три четири месеца нема плата ке видиш невидиш ке напуштиш.на друго место запослисе слична приказна.само се гледа како да се злоупотреби работникот да работи за без пари,или за малку пари.. а шо се однесува за странство,како тој странски газда ке види дека сум способна јас и вредна за да сака да ме задржи на работа,кога уопште неможе ни да ме види како работам,затоа што не смее да ме прими на работа кога немам документи и право на работа?тоа е прашањето што го поставувам јас?зошто некој би ризикувал за мене,кога ни ме знае ни познава?ни знае каков рааботник сум. значи мораш да имаш некој ептем близок човек во странство кој е спремен да ризикува заради тебе,ако те фатат како работиш,да му опнат казна.а тие шо немаат такви луге шо да праат? тики ај стварно доста е да не испадне дека се повторуваме секој со својата срека каде и да е,дали дома,дали у странство. има луге шо можат и низ иглени уши да се протнат. ама не се сите такви.дали е до срека или до карактер,или памет,којнзае..или пак можеби од све заедно....
мене ме фати околу 500 евра...250 у СТАРТ и 250 на зимање ...со новиот закон (од Мај 2010) држaвјанството го добиваш на рака за 1 година max...ако ти треба посредник пиши..ќе ти дадам бројче од сигурен човек. да си извадиш и со здравје да си го користиш..не е зијан..остај ги овие шо јадат слатки
Ги читав сите мислења внимателно и кога се зачленив на форумот си реков дека на политички теми не коментирам ама не можев да се воздржам и решив сепак да го кажам моето мислење. Не сакам да навредам никого како што некој го прави тоа, туку само сакам искрено да ги подржам Боа, Оффспринг, Трендафилка....и уште мн. кои несебично мислејќи и на другите, ги разбираат сите оние кои од различни(егзистенционални) причини извадиле или се во постапка да извадат пасош-било каков.
ако можиш да ми објасниш, или некој што има сега потазе вадено, како оди процедурата сам да си ја бркаш работата во бугарска амбасада во ск? што треба како треба цена..за колку би го добил, која е цената?
И јас се противев на бугарскиот пасош кога бев помала но сега тој пасош ми е единствен спас ако сакам да излезам од оваа земја бидејки моите се разведени оште кога јас бев 5 години и сега живеам со татко ми и тој сакаше да ми искара македонски пасош ама таа мојата глупава мајка не дозволува од којзнае кои амбициозни причини, толку ме мрази што не сака да имам нормален живот и сега единствен спас ми е бг пасош тој може да биде потпишен од само еден родител и татко ми ми направи и бг документи и пасошот ми е готов само треба да одам да го земам но неможам да ја поминам границата, па татко ми треба да потплатува и судии и којзнае уште кој за тој да ми го земе пасошот, значи државата за нигде ни е!!! Ем татко ми и баба ми искарија таму нешто од болницата за тоа дека имам синуси и за да ги излечам треба да дишам морска вода и ги донесоа во социјалното ама они неее не се замарат требало потпис и точка. А и таа мојата монструм од мајка не дозволувала никако пасош макар и да сум се разболела од смртна болест. Значи државата колку ни е корумпирана и расипана!! Ќе експлодирам!!
Па сега, што е битно моето мислење на крај краева. Тие луѓе што си ги имаат бугарските пасоши уживаат во слободата на движење. Ние што ги немаме, ќе си чекаме визиччки
Читам погоре некои пишале како тие во Австралија поголеми Македонци биле однас. Жими таквото! Лесно е од страна да кажуваш да се чукаш во градите и да пееш песни на Петранка Костадинова оти се македонски. А дојди тука да живееш со празен стомак децата да ти гладуваат и да гледаш како терористи прогласуваат за народни херои, како убијците на твојот народ некој ги амнестира, да живееш во страв оти утре пак може да се повтори 2001, и пак си ја сакаш татковината, пак нејќеш да одиш настрана, е тоа е патриотизам. А тие странците 10% од нив да се вратеа тука да инвестираа во мали претпријатија сега ние ке бевме дааалеку понапред. и не ќе ни требаа Бугарски пасоши, ни работа во Европа ни ништо. Српската влада успеа во тоа, даде поволности за иселениците да отвараат бизниси, и голем дел ги искористиле. Јас бев најголем противник на бугарските пасоши иако едната баба ми е чистокрвна Бугарка. Никако не ги оправдувам тие што за еден автомобил си извадија БГ пасош , ама не можам бе да му судам на некој што тука гладувал, чекал со години работа, децата му пораснале сакаат да студираат, пари нема. Сите ја немале среќата да се родат во средни или богати фамилии, на моите два дена да им доцни платата одма ’’ембарго’’ дома се воведува, а некои се без примања со години. И кога гледам како политичариве наши последниве 20 години продаваат толку побитни работи од едно државјанство, мака ми е што го спречив татко ми да извади БГ пасош. Сега и јас ќе студирав во Европа и ќе влезев тука на форумот ќе се правев поголем патриот од вас.
ме инересира колку наплаќаат посредниците и за колку време можеш да го добиеш пасошот.Дали им се дава некаков аванс, а остатокот од кога ќе го добиеш пасошот?.....
Кои црни посредници сестро златна само парите за џабе ке ти ги земат. Еве ја другарка ми цело време нешто доплаќа а којзне во која фиока и фаќаат прашина документите. Оди до амбасадата среди си сама работа. Еден сега за почеток 50 евра бараше. Тоа со посредници беше на времето кога се чекаше за пасоши сега не е битно месец повеќе или помалку важно за една година ке добиеш.
Фати си посредник, ама некој сигурен што знаеш дека на некои твои блиски или пријатели им извадил пасош...Така ќе си завршиш работа лесно и без нервози, инаку ќе луташ како изгубен Германец, посебно ако не ја познаваш Софија, и може да се малтретираш со денови...Мислам дека околу 250-300 евра ќе те кошта...
Јас бев најголем противник за бугарските пасоши, но кога го завршив факултетот и се соочив со реалноста сватив дека бугарскиот пасош е паметна работа. Луѓето со дипломи во М Кдодека чекат по 6,7 години за да најдат работа од 200,300 евра во странство е друга песна. Многу е лесно да се најде пристојна работа од која ќе може нормално да се живее и ќе можеме да си дозволиме и одмор и викенди, а во МК ке си седиме дома по дипломирањето ( доколку немаме партиски врски) и ке се чудеме од каде да најдеме пари за сметки, јадење, облека, а за повеќе нема шанси да стане збор (нова кола, стан или патување се научна фантастика).
јас имам Бугарски пасош и ниту еднаш се немам покаено за него,напротив од минатото лето сватив дека е НАЈДОБРАТА СТВАР што сум ја направила..наместо да молам од врата на врата за работа јас овде во Сло кога сакам работам...наместо да бидам три месеци тука три доле во Мк,јас кога сакам си одам кога сакам доагам..и уште нешто од љубов спрема татковината ни не се живее,ниту се ужива,мада јас толку ја мразам Мк што кога го зедов Бугарскиот пасош бев пресрекна...
Се помалку имам против ова.. Да, бришење на историјата е .. и некакво предавство на државата. Лино немам..И не знам дали би извадила, но ги разбирам луѓето што поседуваат. Зошто да не бидат предавници кога државата ги предала нив? не се грижи за лицата со посебни потреби, не ги згрижува децата, има неверојатна висока невработеност, образованието е СКАПО а од друга страна нема работа ( бар не таква од која ќе го преживееш месецот) ако немаш факултет. Се убија од крадење при тоа млатејќи празна слама по телевизии како се сите они патриоти.. И јас би била да ми цеди дрзавата милиончиња во џеп. Ама додека гледам деца како дуваат лепак, боси на минус 10, епа не мозам. Додека гледам автостопери без денар во џеп, што 20 години - колку што имаат не излегле од земјава...Со шугав денар во џеб идат накај скопје, не знаејќи дека скопје им спрема фин шамар зошто секој си го гледа својот задник... Како да си патриот? Добро е што уште има некој во ова парче ништо на Балканот. Го изедоа мршојадците!
Ok. ama dokolku odis preku ambasada kolku vreme se ceka regularno za da ti go izdadat pasosot.Dokolku imas nekakov siguren kontakt od posrednik mozes i da mi go pratis.Tnx