А како поинаку би се снашле во странство ? Со македонскиот пасош можеш само 90 дена и тоа кнап 90 дена да останеш надвор, ни ден повеќе. После мораш 90 дена тука за пак да можеш 90 дена надвор да ги поминеш. И знаете дека со нашите пасоши не можете да работите во европските земји. Освен ако некој има и многу среќа па таму кај што ќе му дадат работа на црно и документи да му средат. Тоа пред 20 години можеби беше лесно а сега 1 на 1000 ако успеваат така. И кажи ми кога немаш апсолутно никакви други шанси и начини да работиш и живееш во странство повеќе од 90 дена, а стварно немаш ни работа ни пари дали и тогаш ќе бидеш против вадењето на бугарски пасош ? Да речеме дека тоа е едниственото чаре, дали тогаш ќе се сложиш да земеш бугарски пасош или ќе гладуваш ? Не треба да ги нарекуваме предавници луѓето што извадиле бугарски пасоши. Многу луѓе што ги извадиле тие пасоши се фамилијарни, возрасни луѓе кои сигурно не го извадиле пасошот од аздисаност. Имаат деца кои мора да ги прехранат, да ги школуваат, да ги облечат итн. а со години во нашата држава седат невработени и се борат да имаат колку толку пристоен живот. Зошто не би извадиле бугарски пасош ? Ќе живеат цел живот во мизерија ? Ќе им ојде животот по пустина, за кого за што ? Ќе им рече некој фала, останавте Македонци до крај ? Споменик ќе им изградат ? Каков е тој живот да се броиш како Македонец ако целиот тој живот си страден за се ? Гладниот не прашува за нација, вера, држава и глупости. Гладниот прашува за храна.
Се супер само што во земјите на ЕУ, веќе неможе да се најде работа и за жителите на државата. Треба навистина, навистина да си некој посебен, некој кој и треба на државата па да ти дадат работа. И веќе и луѓето со бугарски пасоши, Бугарите се враќаат во Бугарија. А дека е потешко за Македонците, потешко е и те како (посебно кога за добиеш дозвола за престој, ќе те третираат како куче и 100 прегледи ќе ти прават, за да проверат да не носиш некоја болест *од Африка*) ама не е невозможно да се добие... колку што има бугари, има и македонци по Европава... Секако и за да отидеш во странство ти треба добра основа пари, неможеш само со пасош во џеб и ајде, на авион, кога таму треба од нешто да живееш додека се снајдеш, а тоа не се малку пари...
ај ова со бугарскиве пасоши е веќе видено, него што е финтава што сега почнаа масовно да вадат и хрватски? јаc ако веќе вадам пасош од земја во европска унија би се одлучила за хрватски пред бугарскиот. запознаен е некој со оваа процедура како оди?
Прво, донекаде се преценува оценувањето и мерењето на патриотизмот само со вадењето бугарски пасош. Бидејќи анализата за да е покомплетна треба да даде одговор на многу други прашања од типот - Што е поголемо предавство газење на македонското знаме или бугарски пасош? - Промена на македонското име или бугарски пасош? - Плукање на се‘ што е наше (македонско) или бугарски пасош? - Величање на српскиот турбофолк или бугарски пасош? - Поделбата на Наши и Ваши или бугарски пасош? итн. итн. ... Ние си патиме од главата бидејќи никогаш не сме знаеле да се обединиме и да го цениме сопственото. Затоа и не сме меродавни да оценуваме патриотизам Ако одредено семејство е на работ на егзистенцијата, практично пати за корка леб, не можам да го осудам ако посегне и по очајнички мерки за да преживее, бидејќи ова е практично безизлезна состојба, а државата дозволила да дојде до тоа и не му ја мисли многу за своите граѓани, па гаење на патриотски чувства кон истата може не само видно да се намали, туку и да изостане од свеста. Иако јас ја сакам Македонија, да се разбереме, ама ако се најдам не дај Боже во ваква ситуација, не е ист погледот како од удобната птичја перспектива на не толкава загрозеност. Ама да го погледнеме случајот и од оваа страна - Вест од јули 2010 година: Димитров: За само шест месеци 7.201 Македонци добиле бугарско државјанство Најмалку 7.201 лице од Македонија добиле бугарско државјанство во првите шест месеци од годинава, изјавил за софиската новинска агенција “Фокус“, бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров, пренесува Нетпрес. Според објавеното, во првата половина од годинава, “вкупно 9.309 Бугари од странство добиле бугарско државјанство, а на денешната, последна за овој месец седница, Советот за бугарско државјанство, им ги одобрил барањата на 271 лице од Македонија. “Веќе ќе може да направам точна пресметка за тримесечието-колку лица добиле бугарско државјанство. Тоа е два и пол пати повеќе, отколку за шест месеци во други години, а во однос на Македонија, бројката е околу четири пати повеќе. Тоа е така, зошто нивните молби се одобруваат многу полесно, бидејќи не е потребно да доставуваат докази за бугарско потекло. Државата прифати дека сите Македонци се со бугарско потекло. Ние не им бараме, а тие не можат да имаат документи, во кои е запишано дека се Бугари, како што е пример со Бугарите од Молдавија и од Украина, каде каде малцинствата се официјално признаени. Мене лично болдираниот дел ми мава јако по нерв! Знаеме дека пред пасошот треба да се извади државјанство, кое се дава по доста слични услови во сите држави низ светот - да си роден во државата, да имаш родител роден во истата и тоа по овој основ до извесна возраст имаш шанса да земеш државјанство (отприлика од 18 до 25 год. кај повеќето), да си во брак со личност од таа држава, да си живеел х - години во истата итн. Ама, бугарскиот пасош се издава по толку убрзана постапка бидејќи тие не‘ рачунаат дека го издаваат на туѓинци, туку на свои. Затоа, јас лично сум против вакво ултимативно одлучување на друг за мене и го рачунам за асимилација. Плус, што ако утре Бугарија стапи во конфликт и вашиот татко или брат или сопруг или син со бугарско државјанство е мобилизиран да се бори за Б‘лгарија ?! Да е трагедијата поголема што ако конфликтот е со Македонија - хистори рипитинг, м ? Според мене, вакви одлуки се носат со долгорочно размислување за сите последици, а залетувањето само по автомобил земен по поповолни услови, ако некој смета дека е доволен мотиватор, сепак негово право. Во крајна сметка ќе завршам со една охридска фраза - ,,шо си прајме - то си тргаме,,.
Како што постои процедура за добивање бугарско државјанство постои и процедура за откажување од бугарското државјанство и за тоа се плаќа исто како и за да го добиеш се е за пари, доколку еден ден не ви треба слободно откажете се од него.
Ау,лелеее немојте да вадите пасоши ќе се навредат предците .Ич не ми е гајле.Секако дека секој си ја сака својата земја,но кога овде нема иднина ,што?Ајде,нека ни даде државата барем шанса за работа ,па нема ,,да си ја продадам душата,,.Глупости ,газење на гордост .Такви коментари девојче не ти доликуват да осудуваш било кој.Ете зошто таа наша држава нема да напредне никогаш,тука само морал се продава а уствари никој го нема,нели?Ама најлесно е да се осудува,да се лепат етикети.Утре ќе оформуваме семејства,со кои пари ќе ги гледаме ? Имаше една поговорка прво погледни се себе после зборувај за другите
добро бре патриоти кога ви доагат сметки за плакање со патриотизам ги плакате или со пари? Па ајде бе јас ке одам од врата на врата ке се молам да ме примат на работа за 6000 денара и тоа на крај на месец ке чекам газдава да е на добро расположение за да ми ја даде платата само за да бидам горд Македонец? Ме прашал мене некој како ми е било кога јас со мојава диплома седам дома а некои со 8 одд работат (бидејки фатил добри врски? ) ме прашала мене државата како ми беше две години под ред кога моите другарки одеа на одмор јас до охрид неможев да одам пошо не работев? Абе доста бе со овие бош муабети држава сум предала ма с*** ми се мене за оваа држава каде неможе бес врски и извод да извадиш..... Еден ден се немам покаено што извадив Бугарски пасош,затоа што милион пати повеке сум ценета на оваа работа него доле каде простак преминал во газда се прави шериф....што ако требало да се борам против Мк-па ке се борам бе мене Мк ми нема ништо дадено а за многу ствари ми има одземено и онемогучено...и погоре прочитав како сме имале бугарски пасош а сме се радувале за Бо или Антич бла бла....јас се радував и за Шпанија и? А и многу Срби се веселија на секоја победа на Мк и шо и они се Македонци? Не мешајте спорт со бугарски пасоше,на крај краишта и Антич игра во Грција а се радуваше кога ја победија Грција....значи се е интереси.....
Дечки а дали некој кој бил на интервју за бугарски пасош, со тоа што му дале бројче и се тоа е знак дека интревјуто завршило успешно и дека ке добие државјанство. Денес бев, се збунив на некои прашања таму за празниците, но ми дадоа бројче, па сега не знам дали сум поминала или не????
ako si zgresila vo vrska so narodnost i graganstvo ne se nadevaj na pozitiven odgovor vo vrska so praznicite moze i ke pomines ako sakas nesto podetalno pisi
А ти случајно да не си ја имаш мувата на капата шо се пронајде? Извини нешто погрешно ако напишав. Мое мислење..или несмејам да го имам?
Ма најискрено да ви кажам многу се каам затоа што не земав бугарски пасош пред 5 години. Сега ќе ви кажам зошто. Пред 5 години аплиирав за студии во Бугарија. Додуша во амбасадата не ми бараа бугарски пасош за да ме примат. Ми рекоа дали имам Бугарско потекло за да ме примат во државна квота. Нормално јас реков немам јас сум чистокрвна македонка,ама не отидов се запишав тука во Скопје на студии. Една моја другарка си се запиша и сеа е на докорки во Америка и работи во јака фирма. пред 1 година бев на гости во Италија и за да работа во еден ресторан ми бараа пасош од Бугарија. Сега сакам да аплицирам за спцијализација во Шведска и нормално важи само за членките во ЕУ. Ебати ја Македонија ,ебати државата кога ја после толку учење и амбиции неам пари да си копам едно јадење на работа!
Многу ми е смешно кога некој некого ќе нарече продадена душа особено во контекст на темава. Како може душата која што е духовна да биде продадена? Дали се нашите души грчки, македонски, бугарски, бразилски? Па нели душата ја создал Господ? А тој секако дека не припаѓа ниту на една националност. Ние по телото можеме да бидеме црнци, белци, италијанци или македонци ама по душа сме божествени. Немам бугарски пасош ниту планирам да вадам, незнам на која основа, безврска ми е да се пишам македонец, камо ли па бугарин. Но тоа не ми дава за право да ги напаѓам останатите кои имаат потреба или желба да извадат пасош од странска држава па макар таа била Бугарија. Правете разлика помеѓу поимите: национална/етничка припадност и државјанство. Да не заборавиме дека во Македонија навистина има одреден број луѓе кои се бугари, не затоа што така се декларираат туку затоа што двата или еден од родителите или претците биле бугари кои дошле за време на балканските војни или за време на отоманското царство. Вистина, нив ги има далеку помалку отколку што има македонци со бугарско државјанство, но зборот ми е дека може да избрзате со осудата а да испадне дека жената си има навистина право на државјанство по основа на родители, а не по основа што ќе се пише. И не се согласувам дека Бугарија тоа го право за да ја украде пола Македонија. Дали знаевте дека Бугарија дели пасоши и на срби, романци, украинци, грци? кои исто така доволно е да имаат „бугарска самосвест„. Нив проблемот им е дека населението кое забрзано старее и за неколку децении може да дојде до колапс на социјалните фондови поради тоа. Освен тоа многумина граѓани на Македонија имаат право и на грчки пасош, хрватски(особено Битола), српски и албански. Од нив само Бугарија и Грција се во ЕУ, но пазете ја финтава: со ЕУ пасош можеш без визи да шеташ работиш низ ЕУ ама не можеш во Русија ниту како турист ако немаш виза. А со српски пасош можеш без виза во Кина, Монголија и Русија. Така да вреди да се прават комбинации ако ништо друго за чувството дека за повеќето земји низ светот не ти треба виза.
Секако дека смееш да имам свое мислење,но да осудуваш било кој да е-немаш право на тоа.Не зборувам лично за себе,па да треба да си ја имам мувата на капата .Зборував општо,и секако ги поддржувам оние кои вадат бугарски пасоши.Времињата се менуваат,па секој си бара начин на опстанок.Не ми се допадна тоа за предците
Така или иначе кога подадеш документи за бугарско граѓанство, не се откажуваш од македонското нели? Си имаш двојно...Еве пример јас. Бугарка сум, 3 години сум со виза (сега ја терам втората) и после тоа добивам македонско државјанство, но во него си пишува дека сум бигарка...Пак можеш да добиеш бугарско граѓанство, али треба да живееш 5 години таму, а? Од моја страна кум ваша знам како е, али од ваша кум бугарската незнам...а како е саштност? Не сум запозната, а би сакала маж ми да има државјанство бугарско, за еден ден ако можеме да заминеме за Англија, зашто да не или било каде другаде. Тука ако не успееме да се реализираме, да мојме да бегаме некаде во странство...До колку што знам нај многу човек има право на 3 државјанства, така ли е??...
"Времињата се менуваат,па секој си бара начин на опстанок.Не ми се допадна тоа за предците" А замисли нив како им е..се превртуваат во гроб. Па и шо се нервирам на крај краева ''прекрасна'' е вашава идеја.Само да се кидне од земјава друго решение нема? Дада може сите да ја напуштиме татковината нека си направат албанците голема Албанија.И онака владејат со државава. А прашањето мое е..Шо кога ќе извадите бугарски пасош?Животот автоматски ви се подобрува? Мислите дека само кај нас владее криза...не тече сегде мед и млеко драги мои
Е добро.Тогаш според вас кај има иднина? Бидете оптимисти.Државава не е истата како што беше пред 10 години,оди на подобро.Не може се наеднаш.
Јас пак не мислам дека оди на подобро, особено нема да оди на подобро кога ќе почнеме кредитите да ги исплаќаме (од 2015та), за спомениците де. Исто не мислам дека е на подобро убивање на младо дете и при тоа уво да не ги боли и да го заташкуваат цело време истото, не мислам дека е на подобро и помилување на убијци на цивили, и тоа во екот на најголемото славје (кошарката во септември) кога никој не се замараше со политика и актуелни збиднувања. Воопшто не мислам дека оди на подобро. Ако ова за тебе е подобро, тогаш, навистина незнам што да ти кажам. Седи и оправај ја ти државава, ако некад помислиш да се исселиш одовде, те молам изгаси ја сијалицата.