Преписката е разгледана от Съвета по гражданството. Извадена е за допълнителна проверка, за да представите документ, удостоверяващ наличието на възходящ българин, съгласно изискването на § 2, т. 1 от Допълнителните разпоредби на Закона за българското гражданство. Дали некој може да ми појасни што после ова,време,документи и што др од дополнителна проверка ???
Кога те ставиле на дополнителна? Колку време беше на финална проверка? Дали достави оригинал документи при интервјуто? Ова значи дека треба да доставиш дополнителни документи, односно оригиналите, исто така изводи умреници за да се поврзеш со предок, до сега на жал една година се чека одприлика со овој статус пред повторно да те разгледа советот односно пред повторно да бидеш на финална. Ќе те замолам да споделиш кои документи ги подаде и кога ти се смени во финална па во дополнителна?
Здраво на сите. Нова сум на форумот па би сакала да ве прашам што значи ова:Преписката се намира в процедура по задължително съгласуване. Бев на интревју во Софија на 28.Март 2019 а посредникот ми кажа дека во рок од 180 дена излегува државјанството...
Nema sansi jas 8 meseci sum na istiov status kako tvojot. Se slusnav so mojot postednik i mi kaza deka toa nikoj ne moze da znae koga ke se smeni statusot i uste kolku ke se ceka
Ова значи дека си сеуште на проверки ова е првиот статус и најдолг. Минимум 12 месеци. И мене ми рече посредникот за 6 месеци ама........ Еве 2 години и уште треба да се чека. Така што не верувај на посредникот, тоа им е узречица само да те придобијат...... освен многу малку кои се исклучок и ја кажуваат вистината.
Па не мора и да значи, на сестра ми се смени за неколку месеци, ама ја вратија на дополнителна. Братучед со исто потекло од дедо за 11 месеци зеде пасош во рака. Зависи од многу работи.
Порано беше така за многу брзо зима пасоши, но имаше и такви кои заглавија. А сега? Еве имаше членка на форумов која е преку родители со интервју септември 2017 и сеуште е на задолжителна, а поголем доказ оф тоа нема. На интервју и рекле дека за една година ќе има пасош во рака но нејзе статусот не и е мрднат. И што можеме за ова да кажеме освен дека не и дошол редот, дека е зафрлена некаде во бугатската администрација, но неспорно е дека ќе земе. Само што треба време.
Да прашам, вие што вадите бугарско државјанство, имате ли некој човек што ви ја “брка“ цела процедура?
Син ми беше на интервју во декември 2017 и сеуште е на тој статус . Инаку јас имам Бг пасош а сепак син ми веќе 15 месеци чека од интервју .
Јас денес конечно стигнав до Битола да го земам бројчето и ми го пишува истото..јас бев во јули 2018 на интервју у Битола а поднесувам преку родител вие преку кој? ..еве ова го имам сликнато од прилика да си знам можеби ќе помогне позз