Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Македонија скоро цела историја била окупирана и сега кога уживаме во демократијава колку , толку јас да одам да зимам бугарски пасош ? Да ја предадам мојата татковина , моето семејство кое се борело за слобода ? Ма нема шанси .. исто како да сум си удрила сама на себеси шлаканица. Македонецот секогаш пател од Македонец ...Неможеле со 100 евра да се преживее ...Како и да е Македонецот одсекогаш знаел да се снајде и од ништо нешто да направи и да си го прехрани семејството ..А што сакате ? Сакате нови коли , станови , вили , викендици ? Се знае дека едно просечно семејство неможе одмор да си дозволи па камо ли такви луксузи ..Сите гледаат да преживееат од 1ви до 1ви па никој нормален не помислил да си ја пише својата македонска лоза како бугарска .Зарем ни малку не ги цените напорите на хероите од минатото за своја земја , свој јазик , свој идентитет ??!!
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    И шо демек ако имам само 100 евра па треба да вадам бугарски пасош?
    Па не знам која членка напиша дека толку и останувале со мажот му и сега демек со бугарскиот пасош ќе земате 3000 евра?ПРЕДАВНИЦИ,ГАЗОЛИЖАЧИ.
    Подобро не се мажам на 10 години и да трпам,отколку после да живеам во илузија дека со бугарскиот пасош ќе бидам богАТА..хахах.свашта :x
     
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Може треба да се вработиш :o
     
  4. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    И јас сакам да земам бугарски пасош, но моите немаат а јас сум малолетна. Треба сите тројца да имаме бугарски пасош, за да можам да излезам од оваа држава.
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Гледај си го својот живот ако ти имаш некој нема. Ке дојдеш и ти во ситуација да сакал нејкел ке мораш, не ми е битен еден лист хартија јас сум си тоа што сум си и ништо нема да го промени.
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Леле бе луѓе шо си мислите дека ако имате бугарски пасош?Одма сите ќе ве земат во Швајцарија,во Италија,во Германија?
    Ами таму не растат пари на банани,леле глупо размисување.Па и овде.Се жалите дека немате пари ова она,дрн дрн а секој ден сте на кафе,секој ден сте излезени,форумот е цел полн каде ќе летувате.
    Па кој сакате да ви даде пари од лежење ?
    Е да ова го нема во ЕУ таму не прифаќаат вакви забушанти.
    Немаме пари а сите се спремаат за одмор,се возите со коли а немате пари.Ај покажете малку самокритичност и доста цело време обвинувате некој друг за ситуација каде што и самите сте виновни.
    Или полесно вие да речите дека Груевски ви е крив шо го немате најновиот парфем на Гучи а?
     
    На kikikikirika и friendy им се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Јас немам живот и затоа го гледам твојот?Ма дај порасни бебе едно..
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    а од каде знаеш ти како е таму си била си видела си осетила некогаш мака да немаш НЕ! Тогаш кути си, не станува збор за коли и одмори туку затоа што луѓето немаат каде да ЖИВЕАТ,
    можеби некој може да тргне на страна пари за еден одмор ама ајде собери пари и купи си стан или куќа..
    Некој едноставно и не гледа што пишува туку ајде да се најдеме во муабет и да навредиме некој ...
     
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    81.043
    Нема патриотизам со гладен стомак.Кога е борбата за егзистенција во прашање,оправдано е се.Не се зима бугарски пасош за да се луксузира некој,се зима за да си обезбеди некакви средства и услови за живот за себе и за своето потомство.Дури и да не успеат во таа своја намера,ќе знаат дека барем пробале,нема да живеат со помислата-зошто непробав,можеби ќе....
     
    На tragac и Unique.chick им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Девојко немој да перцепираш нешо шо не го знаеш.Да сум живеела во странство подолго време и знам како е ситемот таму,а знам како е и тука.
    А ти ако немаш куќа или стан јас ли ти сум виновна или пак власта ти е виновна..?А кој во денешно време, па и во странство се е на кредит,кој има можност веднаш да купи нешто како стан или куќа?
    Ти си мислиш дека откако ќе земиш бугарски пасош те очекува стан или куќа? Е не девојко многу си се излажала,да ти кажам право.Вакво размислување како твоето само придонесува за пропаѓање на државата.
    Јас не велам дека се е сјајно,најмалку,напротив јас сум критична личност,но да цело време се претставувате како идеални и да очекувате постојано да сте на товар на некој,па макар било и држава за мене е незамисливо.
    И да сега работам земам убава плата,ама знаеш ли ти дека за да стигнам на оваа позиција каде што сум сега дека ми требале 6 години високо образование плус специјализација? А знаеш ли ти дали и мене ми било сјајно и колк пари сум потрошила јас?
    Значи ако бев само со осмо или со средно не можам да барам дирекотрска плата,туку
    ќе се задоволев и со 6000.
    Тој што не инвестирал во образование останал на азбуката не може да скока во општеството и да бара плата што и тие со високо дали ја земаат.
    Затоа што не знам дали си запозната дека колку има и невработени магистри,а сите тие потрошиле пари во текот на студирањето колку да купат еден стан,.
    А ти чекаш од небо да ти паѓаат пари,викаш дека си 18 години,па вработисе како општ работник или еквивалентно на твоето средно образование,но немој да скокаш да мислиш дека ти следува плата сито како на оној кој учел плус 10 години од тебе.
    Чудни луѓе има до бескрај,се срамат од работа,а после се жалат дека немале пари.Кога веќе некој се осмелил на свет да донесе дете,мислам дека е способен да заработува за тоа дете,а не само да се жали дека некој друг е виновен за неговата состојба.
    Е да и друг пат кога ќе даваш контрааргументи размисли и не скокај,зашто не бери гајле јас системот и во странство го знам како функционира многу добро,па и таму и да имаш бг пасош не си жител на таа земја,што мислите дека со бг шасош веднаш добивате странско државјанство?.Тоа се процедуриииииии.И да си во некоја престижна европска земја и да ништо не работиш пак ќе се жалиш,пак ќе ти недостига нешто.Затоа што има луѓе кои вечно се незадоволни од својата состојба.
    И да не правете глупави споедби на МК со некоја престижна европска земја бидејќи нема никаква допирна точка.
     
    На Noemi, Winterborn77 и Miss-Depp им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ако тебе ти е убаво, на некој не му е, некој сака повеќе, некој МОЖЕ повеќе. Кога одличен студент што дипломирал на УКИМ овде може да најде работа само за просечна плата, без услови за унапредување, зошто тој да не си ја побара среќата надвор, кога може и знае дека ќе успее. Гледам размислувате овде многу светла иднина имаме, можда работите во државни институции или сте слепи партиски војници, закоравени патриоти, зашто ако ги гледавте објективно работите немаше да ги критикувате оние што извадиле бугарски пасош. Секој има право да си ја побара својата среќа на било кој начин.
    И да, ако се вработите во просечна македонска фирма ќе ги осетите условите врз себе, каде ќе работите како магаре, а ќе ве плаќаат како најдолно човечко суштество.
    И да, државата е виновна, се покачија цените на прехрамбените производи, бензинот, казните...а платите останаа исти.
    Нека пие и 10 кафиња на ден и на Малдиви нека оди на одмор, ако некој знае дека може повеќе, има амбиции и сака да оствари и создаде повеќе за себе, зошто да не оди надвор, па било тоа и со бугарски пасош.
    Дали е тешко или лесно, секој сам на своја кожа треба да си осети. Некој ќе успее, некој пак ќе се врати.
    Во трката за преживување не треба на никому да се суди. Еден живот е и ако сакаш да испробаш се, да си ги испробаш можностите, зошто би ја или некој трет да покажува со прст кон тебе.
    Бидете прво луѓе, жени, мајки, професионални, па потоа Македонки, зашто утре сите ќе имаме деца, па можеби поинаку ќе размислуваме на темава кога ќе се работи за нивната среќа.
     
    На drugarka, ljubam, veronikaveronika и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    А кој рече дека ако одиш во странство веднаш ке добиеш куќа , се разбира дека треба многууу работа за тоа но таму барем ке имаш надеж а овде не.
    И јас би сакала да можам да работам ама ете како што гледаш условите не ми дозволуваат ке морам да почекам уште некоја година..
    Друг пат пред да наречеш некој ГЗОЛИЖАЧ размисли зошто тој човек тоа го прави, и мене не ми е мило што треба да одиш таму да се правиш нешто што всушност не си ама секој се надева за подобро утре како што веќе кажав не планирам моето дете да го влечам по кирии и секоја година да го менува школото.. не 1 , 1000луѓе нека ми кажат дека сум ГЗОЛИЖАЧ не ми е грижа , тоа сум заради иднината на моето дете...
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Реков еднаш и пак ке кажам. Животот не е лесен во македонија ама не мислете дека со БГ пасош ке ти постелат црвен тепих сегде. Можно е да успееш и без БГ пасош со работна виза. Е на некој во минатото животот му висел на конец за да ја ослободи Македонија од Бугарската окупација сега неговиот правнук го мрзи виза да извади па оди да вади БГ пасош. Со БГ пасош кај и да одиш ако сакаш убава работа мора да имаш работна дозвола за која е потребен јазик од земјата во која живееш. Плус пред одење треба на бугарите да им го полагашнивниот јазик. Е па биди карактер научи само германски на пример, оди во амбасада земи си виза ко човек не како предавник.

    Би го оправдала БГ пасошот ако нема друг начин, ама има. Е сега што другиот начин е потежок тоа е друго ама бар ке ти биде совеста чиста, на оној свет не треба отчет на дедо ми да му дадам.
     
    На Philippa, Noemi, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Бугарски пасош? НИКОГАШ ! Па макар и на черга да седам....Да пишам дека сум татар,па и да ми плаќаат нема....И да,не сум партиски војник! :)
    Ехеее ти како да не живееш во Македонија девојко,еден лист хартија и те како менува,после татрине ќе ни кажуваат не сме биле Македонци,бугари сме биле и ќе ни ги удираат по нос податоците во кои што стои дека 250 000 бугари имало во Македонија епа ќе прават така кога вака како тебе некој нацијата си ја сфаќа како лист хартија,ццццц.....
     
  15. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    мене ми е сеедно и нез што да мислам :^) и нема врска тоа со патриоти ако е дозволено значи не е нешто страшно штоз мене не ме интересира кој што сака нека прави
     
  16. ADONIS

    ADONIS Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Да ве замолам тие што биле на интервју за бугарско државјанство да ги споделат прашања кои се поставуваат било тука или по пп. Благодарам
     
  17. Izii

    Izii Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира каде може да се извади најевтино лекарско уверение во Скопје и за колку пари?
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Прашуваат кој твој роднина има бугарски пасош,што ќе промени пасошот во твојот живот,дали би живеел/а во Бугарија и сл.работи.Интервјуто е формално,трае 5 до 10 минути. :hai:
    Поздрав
     
    На ADONIS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Брат ми е веќе десет години женет со бугарка и автоматски преку нејзе го има зедено и бугарскиот пасош уште пред многу години(има двојно државјанство).

    Од тогаш има работено германија, аустрија а моментално е англија.Работел и заработувал колку што никогаш немало да успее во МАкедонија.
    Јас не видов ништо трагично или чудно во неговата одлука да го прифати државјанството од брачниот партнер во потрага по подобар живот. НАпротив и јас имам истото да го направам и да го прифатам она од сопругот.
    Немам намера да се чукам у гради со мојот патриотизам кога секој одмор н поатрактивна локација јас треба да губам денови, време и пари по конзулати за поддавање визи наместо како него на раат без стресови.
    Пример сега сака малиов да одиме англија. Најде супер ефтини летови, а јас со мојот мк пас. треба да се влечам сега по конзулатиине знам што како и кога ќе биде. Стрес и за мене и за него.
    ОД друга страна се е и работните дозволи кои знаат живот да огорчат :sweat:
    Не зборам за бугарски пасош, но во краен ефект иста е ситуацијата, во порага по подобар и полесен живот ќе зедам тоа што ми се сервира.
    Иако поседувањето на пасош од западно еу. држава отвара многу повеќе врати одколку поновите еу членки(меѓу кои и бугарија), процедурите за одбивање на тие работни дозволи и сл. се далеку поедноставни.
    Знам дека сега брат ми гледа малку постабилна работа да најде, да поднесе документи до некое биро и после цела фамилија да ја повлече таму.
    Во потрага по подобар живот ;)
     
    На imelda и kravce им се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јас го одбрав др начин-и е далеку од лесно ако некој мисли дека е. Љубовта до толку беше и е голема, та да се согласи и мојот сопруг на тој подвиг, а и јас. Далеку дека мн од работите одат како одмачкано, ама секој си е сам судија за кој ризик ќе го превземе.
    И никој нека не се лажи, мн добро знам како гледаат на дојдени со БГ пасоши, а и на нас со мак. пасоши.Сепак јас одбрав да се посветам на образование и надоградување во земјава каде што сум, со мала сега пауза поради бебуш, ама воопшо не планирам да запрам и да се задоволам со нешто, кога самата сум свесна за своите квалитети и способности. Да се имаше поволни услови Мк, радо би останала, дека никој не може да ја опише грутката откината од вас која се вика родители,семејство. Но човек мора да мисли и за иднина и да знае реално што го чека, дека не секој е силен да преброди се.
    Што се однесува до Бг пасоши, прадедо ми бил голем национален херој,што загинал од нивна рака,оставил дете сираче,кое со едно моливче години одел на училиште, успеал да заврши голем факултет, да се изгради во прекрасна личност, а како јас со мојот потпис сето тоа да го погазам со тоа што и моите предци би ги нарекла бугари? Можеби банално кога немаш излез,ама секогаш некаков има. Дали и каков ќе испадне од нас само зависи
     
    На Noemi, Nevermore, slavica999 и 3 други им се допаѓа ова.