1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    абе немам ништо против двојно државјанство, ако си роден или имаш потекло од некоја земја. Ама тука не збориме за тоа.
    Тука зборуваме за намерно земање на државјанство од земја која сите знаеме какви намери само за да се оди на работа некаде. Да не им беше целта таа што им е на Бугарите, немаше да даваат државјанство на секој кој ке се пише дека е Бугарин без релеванти докази за потекло.
     
    На Tanjamm и stuvwxyz им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    некој погоре напиша кој како си се снајде и јас потполно се согласувам.животот ми е еден и ако имам прилика убаво да го живеам ќе прифатам.нема да чекам на луѓе со дипломатски пасош да ми ствоират услови за живот,ако веќе се снајдам и сама...
     
    На tessie, slatki4kapp и tragac им се допаѓа ова.
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    немам ништо против!
    Оваа држава не ми обезбедила ништо! На работ на питачки стап сме...! И ќе ја жалам! Не фала!...Што дека сум патриот, кога немам основни услови за живот! Патриотството ќе ме нахрани, облече и ќе ми даде пари??? И донт тинк со..!Било каков пасош од Европска нека е само да го имам!
     
    На Kitty23, tessie, slatki4kapp и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Имам негативно мислење.
    Не би извадила бугарски пасош. Да се пишам Бугарка за што? :fubar:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Кои амбасади жити се?Од 200 лица што ќе аплицираат за виза едвај 20 ќе ја добијат и тоа со триста маки.И да ја добиеш таа виза кога ќе појдеш таму многу лошо ќе поминеш додека се средиш.А со бугарскиот пасош е друга песна.Не дека мед и млеко ќе ти тече,ама сепак е полесно.Не е патриотизам да седиш дома по цел ден без работа и да се чукаш в гради каков македонец си ти,а децата за леб да ти трпат.Викаш ако си квалификуван ќе добиеш виза.А ако имаш само средно и тоа општа гимназија,што тогаш?Нема виза!Ја сакам Македонија затоа што ми е родна земја и затоа што тука сум цел живот,ама да ми се пружи прилика да заминам од тука уште сабајле ќе си заминам,па ако треба и со бугарски пасош!
     
    На tessie, slatki4kapp и Offspring им се допаѓа ова.
  6. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Кога тогаш сите што имаат бугарски пасоши ќе си ја платат цената.За некоја година бугарската влада и министерство за надворешни работи ќе излезат со хартија дека во Македонија има 100 000 бугарско население на коешто не му се признаени правата.Допрва следуваат проблемите немојте да мислите дека Бугарите тек така ви даваат пасоши без никакви задни намери.Допрва ќе ја плаќаат цената.Освен што донесоа стари автомобили крадени по Германија јас не видов тие што имаат бугарски пасоши дека нешто напреднаа во животот и се обогатија којзнае колку.А ако мислите дека со бугарски пасош ве чека мед и млеко на запад гадно сте се излажале,многу гадно.Има еден куп Бугари и Романци што ги депортираа назад ,посебно во Франција со Циганите.Последната година биле протерани над 10 000 Цигани и муслимани од Франција.Што се однесува до мене јас сум многу против и тие што имаат бугарски пасоши слободно нека си ја напуштат државата ако толку не им чини.Ете на четири страни имаат граници никој не им брани.Неможе да се шетам низ Струмица и да се чувствувам како во Ќустендил да сум.Или пак цел Штип вози на бугарски таблици.Мизерија невидена.Затоа како народ и држава никогаш не не биднало зашто сме малодушни и продадени.А дека нашата дијаспора незаивсно дали со бугарски пасоши или не ги негува своите традиции,јазик,култура тоа воопшто не е точно.Македпонците се една од најлошо организираните дијаспори од сите балкански држави.Пола Македонци таму незнаат три збора на македонски да сврзат,а камоли течно да зборуваат.Како второ македонската дијаспора ништо корисно нема направено и изборено за оваа држава.Зашто имам роднини на страна затоа и кажувам како е.Таму воопшто Македонци со Македонци не се дружат и мешаат меѓу себе како што не е случајот со албанската,грчката па и хрватската дијаспора.Така да приказни дека се господ знае какви патриоти и домољубци не е точно.Дефинитивно најлош и со најниска национална свест народ ти се Македонците каде и да живеат.
     
    На Tanjamm и Philippa им се допаѓа ова.
  7. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Јас никогаш не би зела бугарски пасош.Никогаш не би потпишала дека мојот татко,дедо,прадедо се бугари.
    Но сепак јас ги поддржувам оние кои ги користат бугарските пасоши за да заминат во некоја далечна земја за да заработат за парче леб.
    Кога не им одговараат условите во нашата земја нека бараат подобра иднина во друга земја.Секој си има право на свој збор и тоа право никој на никого не смее да му го забрани!
    Исто така и нашава влада ништо нема сторено во корист на народот,нема да стори ни идната влада,ни никоја!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Немам ништо против луѓето кои земале или сакаат да си извадат бугарски пасош. Ако тоа на било каков начин им помогне во преживувањето во оваа скапана држава или надвор од неа, нека. Не ги прави помалку патриоти или помалку луѓе. Што па оваа држава направила за тие луѓе? :^)
    За мене лично ќе треба многу поголема причина од половен автомобил за да извадам бугарски пасош. Засега не ми е потребен и не гледам некаква поголема корист од него. Еве и со нашите можеш да појдеш скоро секаде. Проблемот е што повеќе од половина од македонскиот народ нема пари за куфер, а камоли за пат околу светот.
    Ама да ги осудуваш луѓето што си извадиле бугарски пасош, е исто како да ги осудуваш оние кои имаат зелена карта во Сад. Има некоја разлика? Не. Прашање на личен избор - нивна работа.
     
    На tessie, depechemode и strangewoman им се допаѓа ова.
  9. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Во Македонија како прво никој не умрел од глад и се разболел од тоа што нема што да јаде.Тоа се приказни за мали деца.Како второ и во Германија,Франција,Америка имаш сиромашни луѓе како и секаде во светот.Кај нас секоја фамилија има по 5 мобилни,интернет,компјутер,автомобил и сите кукаат како е бедотија и сиромаштија овдека.Цел ден сите кафани,ресторани,кафулиња се полни со народ.Па тие сметки на мобилни,интернет некој треба да ги плати.Значи се има колку толку.Кај нас не е толку мизерно за живот колку што е мизерен народот што живее во неа.Донеси Данци или Јапонци да видиш каков рај ќе направат од овдека.Кога овој народ некогаш ќе изгради елементарна основна култура тогаш ќе може да оди оваа држава напред.Вака не :!: .Кога ќе почнеме да ја гледаме оваа држава како наше заедничко благо и кога ќе имаме некои државни заеднички интереси тогаш може да не бидне како држава.За оваа држава се бореле многу генерации Македонци,а што направивме ние од неа.Што си направила ти,јас,тој,таа за оваа држава сте се запрашале некогаш?И Французите,Германците имаат големи проблеми ама тие никогаш нема да дозволат некој да им ја навредува државата или омаловажува идентитетот како што ние дозволуваме тоа Грците да ни го прават.Кога ќе видиш редици Македонци коишто чекаат ред за одмор во Грција,а истата ти ја омаловажува државата на секој можен начин тоа е проблемот .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Исаак мислам дека си грешка.За тоа дека доста од нашиве македонци имаат бугарски пасоши само за да купуваат коли,ти признавам дека си во право.Меѓутоа поголемиот дел од тие со бугарски пасоши се заминати да работат во странство за да вадат леб за нивните деца.Ти можеби имаш сретнато такви кои што ништо не постигнале иако работат надвор со бг пасош.Ама не ги ставај сите во ист кош.Еве ти еден пример.Моја блиска личност е веќе 6 години надвор од државава со бугарски пасош.Успеа да си направи куќа во Македонија,на децата им пружи солидни средства за да се образуваат каде сакаат на континентов.Во ниеден момент се нема каено за тоа што се пишал бугарин.Затоа што си го извади семејството од беда.
    А тие што ги протераа ги виде на тв?Какви беа испарталени?Мислам т.е. сигурна сум дека тие истите додека питале таму,како што прават и овде можеле да најдат некаква работа.Дел од нив мислам дека и азил на никаква основа барале.
    Тие што се во дијаспората верувај во душа се поголеми македонци од нас.Го негуваат македонскиот јазик и култура,го прават она што ние не го правиме.Што може нас дијаспората да ни помогне?Кога ние сами не можеме да си одлучиме овде кој ќе ни ја среди и кој ќе ни ја води државата,тие ли ќе ни кажат што со години не живеат тука?
    Јас потекнувам од печалбарско семејство и затоа со ваква сигурност тврдам дека вреди да се земе бугарски пасош.Пола фамилија ми е низ светот и гледам како тие живеат.И верувајте ми тие знаат многу повеќе работи за Македонија од мене што сум тука цел живот.И зборуваат македонски солидно за некој што цел живот е во странство.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Дека пола од овој народ нема пари за куфер отиди во агенција за туризам и да видиш навистина колку немаат ;) .Се е резервирано до последно.Чекав два месеци да најдам слободно место за Турција.Црна Гора,Хрватска,Грција врие од македонски туристи од што сме бедотија и сиромаштија.А зашто скапана држава?А зашто си ти тука сеуште ако е скапана?Никој не те спречува ако си квалификувана да одиш на запад никој веруј.Од што е скапана оваа држава колку што се сеќавам ти беше на одмор ;) .Како можеш без тронка срам да кажеш такво нешто кога и ти самата си била на одмор каков таков не е битно.Него тоа е финтата да се глуми и да се кука типичен македонски синдром.Користиш интернет,мобилен тоа го нема секој за луксуз во другите држави.Не го сфаќај како препуцување но ме иритира тоа што 70% од форумот биле на одмор,а кукаат како овдека е бедотија.
     
    На stuvwxyz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    И само затоа што сум отишла на одмор, потенцирам јас бев до Охрид, оваа држава е прекрасна, "ми нуди Љубов и се' "? :D
    Верувај ми, кога станува збор за мак. синдром, јас си знам најубаво, и тие муабети да му умре козата на комшијата, и дека македончето е трудољубиво и вредно, кога сака да си полегачи, се излишни, ги знам, ги знаеме сите.
    Можам и пак ќе кажам - без трошка срам - КОЈ САКА НЕКА СИ ЗЕМЕ БУГАРСКИ ПАСОШ, не го осудувам, си кажав дека јас не би земала лично, поради тоа што не ми е потребен половен автомобил од Германија. Ако се нуди нешто поголемо, ќе си земам. Која е пак ќе прашам разликата помеѓу Дански, Унгарски и Бугарски пасош? Зошто да имаш зелен картон за влез во САД е на некој начин престиж, а бугарски пасош - срам, предавство и непатриотизам?
    Не глумам, не кукам, не сакам да си заминам од оваа СКАПАНА држава, бидејќи е мојот дом. Ама дека е мед и млеко, не е, немој да вршиш споредба со земји од третиот свет, каде нема чиста вода за пиење, леб, основни услови за живот. Зошто во генот на македончето е секогаш да се споредува со најбедното, за да не излезе така сакато?
     
    На tessie, esperanca, Caramelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Проблемот е што ти цело време ја гледаш едната половина од народот која кука,а има.Не ја гледаш другата половина која нема.Си се запрашала ли некогаш што прават тие?Зошто тие не биле на одмор?Немаат по 5 мобилни и немаат интернет и пристојни 3 оброци дневно,зошто е тоа така?А верувам дека 50 % од тие што биле на одмор се заглавиле до гуша за да поминат убави 10 дена....Приметувам од твоите постови дека си добростоечка финансиски,па затоа ги напаѓаш тие што се пишале бугари.Јас сум била и во добра и лоша финансиска ситуација и затоа ги оправдувам гореспоменатите.Се сложувам со тоа дека имаме никаква култура и дека секој може да не раздели како народ,ама дур чекаш тоа да се поправи,ти заминал возот.
    Не сакам ова да го сфатиш погрешно и дека јас те навредувам,само сакав да искажам свое мислење,кое е доста спротивно од твоето ама ова ми е болна точка.Поздрав :*
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Прво да кажам дека јас сум најмал патриот што постои во земјава. Бев во странство на подолг период , се вратив и едвај чекам пак да одам. И не ми е баш гајле за Македонијава.(немам бугарски пасош бтв) И затоа знам како одат работите со визата. Ако не си кфалификуван, и да отидеш било каде , пак нема да најдеш работа. И нив за градежниство (зошто нели тоа нашиве најмногу работат) им требаат луѓе кои знаат како работат, а не некои што никогаш не фатиле потешко од 2 кила а сега одат по цена да работат што било. А ако си го имаш занаетот, они со задоволство ке те примат затоа што немаат луѓе што им ги работат тие работи.
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Со ова вадење на бугарски пасоши, Бугарија малку по малку прави асимилација на нашето население. Не ги оправдувам оние кој вадат бугарски пасоши, затоа што потпишуваат документ во кој се одрекуваат дека се македонци, а потврдуваат дека имаат бугарски корени. Од друга страна пак не можам ни да ги осудам затоа што реално државата ништо не им дава на своите граѓани. Ниту им нуди услови за работа, ниту ти гарантира некои права. Неможат луѓето од воздух и патриотизам да живеат. затоа на оваа тема сум потполно неутрална.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Ако со бугарски пасош има обезбедена работа во странство, зошто да не? Тоа е проблем на државата, не се криви луѓето што вадат бг пасош. Ако нашава држава им обезбеди услови за егзистенција, најнормално дека нема да одат да работат во други држави. Ама луѓето мора сами да се снаоѓаат, па така излезот го гледаат во бг пасоши. Со мк пасош не можеш да имаш стален престој и да се вработиш со документи. Уствари можат да те вработат, ама тогаш газдата плаќа многу поголема сума за придонеси и баш поради тоа не сакаат да примат македонци. А ако имаш бг пасош, газдата кога ќе те осигура за твоите придонеси плаќа многу помала сума затоа што со бг пасош си граѓанин на ЕУ. Така да не ги осудувам тие што земаат бг пасош, туку баш напротив им викам браво што ризикувале и што успеале да се снајдат и да излезат од сиромаштијата. Тие луѓе гледаат да им обезбедат подобар живот на своите деца, а ако Македонија им го обезбедила тоа, немало да рмбаат во други држави.
     
    На tessie и Sweet.Heart им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Jas sum za bugarskite pasosi , majka mi ima , tatko mi denovive treba da odi vo Bugarija da si go zeme. Zasto da bidam protiv koga so toj pasos mozes da patuvas kade sakas niz Evropa bev dokumenti na kilo , vizi itn i ne go opravduvam toj sto zbori predavnici ona ova, pa kolku mkd od germanija , italija , svedska itn imaat pasosi od tamu i sto?? Pa i ovie pasosi biometriski sto izlegoa e stara pesna kako so vizite (samo sto nema da cekas pred ambasada) , pak ti e ogranicen prestojot vo stranstvo , dodeka so bugarskite (evropski) pasosi ne e taka. Sepak sekoj si ima svoe mislenje :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Точно, не можат. Ама има луѓе кои не виделе немаштија, сиромаштија, буквално немање пари за леб. Некој 'рмбал во минатото за нив и им оставил по некое ќупче злато, или ја имале таа среќа да наследат грдни пари (кои исто некој "паметен, вреден и ЧЕСЕН" ги собрал после распадот на некоја државна фирма или фабрика).
    И сега ќе се удираме во гради, јас сум патриот, вие ја продавате државата. Ма немој! Ќути таму додека имаш, биди среќен и не туку соли памет, животот е круг, денеска си на врвот, моли Бога да не снемаш, па дотеран во ќоше, очајно да бараш решение како да преживееш.
    И не ги осудувај луѓето кои се снаоѓаат како знаат и умеат кога го допреле дното.
     
    На tessie, esperanca, Shana и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ете така, да си ми жива и здрава, ако не се сложам со тебе со кој друг?
    Патриоти ми се прават оти не виделе од немаштија, цел живот лежи лебу да те јадам.
    Ниту сум патриот ниту ќе бидам! Јас лично од оваа држава немам видено ништо добро. И кога би ми бил по комфорен животот ако сум Бугарка или Гркиња па и ќе бидам тоа! Се работи за мојот живот и иднина, а не за нечиј лажен патриотизам! Кога ќе дојдат тие "патриоти" на дереџе да стануваат во 5 наутро да одат на нива за 20 денари дневница, ќе ги прашам дали пак ќе бидат патриоти или ќе плукаат како мене по државава.
     
    На tessie, slatki4kapp, Shana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Морам да кажам дека лично јас не би извадила бугарски пасош и воопшто не се согласувам дека тоа е добра работа. Баш поради тоа што многу од Македонците имаат такви негативни размислувања за патриотизмот и припадноста кон една нација сме дошле и до ова дереџе. Баш поради тоа денес се соочуваме со културна, јазична, црковна и без малку територијална негација.

    Не ми е јасно како може да се плука по државата за секоја една неправда, кога народот што е во неа и народот што ја води заедно со својот менталитет ги прават грешките. Лицемерието, користољубивоста, превртливоста, безобзирноста, отуството на лична идентификација со сопствената нација и водењето со девизата дека "Туѓото секогаш е подобро од сопственото" (и мн други за жал повеќето негативни особини) кај луѓето се главните карактерни особини што од нив прават квази-личности кои речиси секогаш се водени од личните интереси. Поради тоа сме ние денес во оваа ситуација.

    Сиромаштијата не треба да е изговор за отуѓување од сопствената земја! Јас не потекнувам од богато семејство и многу добро знам како е да се живее тежок живот кога едвај се трудиш да сврзеш крај со крај. Додека студирав моите требало да ме школуваат со примање од само 4000 ден и при тоа да го гледаат и школуваат и другото дете, а да одвојат и за живеачка. Сепак моите никогаш, ниту во најкризните егзистенцијални моменти од животот не ми рекле дека се е подобро од тоа да си македонец. Јас сум воспитувана да си ја сакам, ценам и почитувам мојата земја. И сама со свој труд и со поддршка од моите сум успеала да стигнам денес онаму каде што сум (немало никаква потреба да се негирам себе си како македонка).

    Сопствената земја/ држава треба да ја сакаме и почитуваме ако сакаме нашиот идентитет да е целосен. А ситуацијата во која денес таа се наоѓа е дело на тие што сами сме си ги избрале да ја водат и развиваат (ова не се однесува само на сегашната власт туку и на претходните). Според мене решението не е во откажуавње од сопствената држава, туку во избирањето на вистинските луѓе кои ќе ја водат.
     
    На Ѕuzana Trajkova, stuvwxyz и Philippa им се допаѓа ова.