Преку родител во моментот се чека повеќе на жал. Од 18 до 20 месеци за промена во финална.Можеби побрзо ќе биде сега но отприлика да знаеш да очекуваш .....
Да,го враќаат откако ќе го земеш происходот ќе си го побараш назад.Порано и при подавање го враќаа но сега отпосле.
Фала многу на одговорот. Само уште една работа ме интересира, знам дека прадедо ми е со различно презиме од дедо ми, а тука на темава гледав различни коментари во врска со презимињата и дека има проблеми со ова. Е сега, дали ќе ми треба уверение од матично заради тоа што дедо ми има друго презиме, или пак ова е само кога има грешка во изводите, на пример ако името на едниот му е Никола во едниот документ а во другиот Николај да речеме? Фала уште еднаш.
Не сум упатена во овој дел, жал ми е навистина. Сигурно ќе добиеш одговор од поупатените членови. Поздрав и убав ден
Бидејќи Ве читам и на кајгана, сакам само да споделам искуство. Посредников преку кој одам вика за 6-9 месеци добивам државјанство. (Двајцата родители ми имаат БГ док.) Братучед ми е ист случај како мене, му искочи за 8.5 месеци од интервју. Дали располагате со такви информации? На форумиве сите чекаат според вашите пишувања, не дека е тоа дека Вие тоа го тврдите (да не ме разберете погрешно, имате супер анализа)..( имам принт скрин каде што имате пишано која фаза колку трае) Ви благодарам! Позз
Можеш да пишеш каде бараат изводи не постари од 6 месеци ? Во ДАБЧ, во Правосудие во Софија или во амбасада во Скопје ? Јас колку што знам немаше врска од кога се извадени.
Здраво Братучед ти со кои документи аплицирал и која година било тоа ? Многу брзо 8.5 месеца од интервју до крај сепак.
Интервју ноември, 2018г. Со документи од родители. (И увид му направив за да се уверам дека ги земал )
Ти благодарам на убавите зборови. Како што можев да видам на интервју си била јули 2019. Според она што посредникот ти го кажал дека ќе ти излезе државјанството, како рок 6 до 9 м од интервју, а тоа е април 2020, во моментов како што стојат работите под нормални услови е нешто невозможно. Ти си моментално на статус задолжителна проверка која минимум трае 10 месеци ,а во последниов период од 13 м за оние преку прадедо,до 20м за оние преку родител,на жал. Не велам дека не е можно,не ме сфаќај погрешно,но верувај дека и на мене истиот муабет ми го кажаа,па еве поминаа вкупно 1г и 10 м од интервју, односно 13месеци на задолжителна 3 м на финална и 5 и пол месеци на положително за потпис чекам..... И не само еднаш,туку неколку пати сум се зезнала и сум поверувала во невозможното,зошто давеникот и за сламка се фаќа. Е сега во твојот случај ќе чекаме па ќе видиме дали е така во реалност ,дај боже
Татко ми е од 2016 на интервју и уште е на потпис од Март 2019г Така да и јас сум за тоа дека посредниците сите истото го кажуваат дека за 9месеци ке го имаш државјанството Тоа им е работата на нив Јас бев мај 2019 на интервју а мм март 2019 па сигурно за излегување ке чекаме 2021 или 2022 ако не и повеке
Благодарам на одговорот! За секоја промена, ќе информирам на форумов. Се тешам, како што имам пишано дека имам братучед кој извади за 8.5 месеци. Мајка ми чекаше 5г, иако веќе 5г го има пасошот. Татко ми на времето посредуваше и го има преку 15г, баш службеничката ме праша зошто до сега не сум аплицирала ( не ми требал, хахаха) Брат ми на 14.10.2019 оди на интервју преку истиот посредник преку кој одам и јас..сопругов оди преку посредникот преку кој одеше мајка ми и е на интервју на 03.12.2019..па да видиме Ќе чекаме, тоа ни останува..но дај Боже побрзо да се радуваме..
Zdravo,statusot mi se smeni prethodniot mesec vo: По преписката Ви предстои да бъде извършен финален експертен преглед преди да бъде разгледана от Съвета по гражданство.Uste kolku ke cekam posle ova dali znaete ,inace cekam 3 god i 1 mesec
Па, за месец дена би требало да ти се смени во положително што се чека околу 9 месеци и повеќе се зависи и од среќата. Јас сум веќе 8 месеци на пложително по тоа знам дека се чека многу.
Па може да те стават на дополнителна проверка кај Вицепрезидентот, да те одбијат или да ти потпишат. Како што одат работите никој со сигурност не може да каже ништо. Кај сите е различно. Нека ни е со среќа на сите.