^ Не е многу споредливо, не поради земјите туку поради постапката, ама без да навлегуваме во тоа - не дека не коментирал никој. Јас дадов коментар за сите, мислам дека барем два пати го имам дадено истиот коментар - дека сум против двојни државјанства и да се прашувам јас би ги забранила. Точно е дека секој има право да си го бара патот до подобра иднина. Ама ако сметам дека некоја друга земја може да ми пружи повеќе - нема тогаш зошто да го имам македонското државјанство. И навистина не ја разбирам поентата на двојните државјанства. Само едно место може да ти биде дом. Еве трет пат го кажувам истото, молам да се евидентира
Прочитав неколку мислења наназад но не видов дека некој пишал за цена. Тие што имате извадено или сте уште во процедура колку ве кошта целиот процес за вадење пасош и преку кој се посредува, бидејќи не се сите луѓе сигурни?
...a ti pa tolku lesno go izgovaras toa deka nekoj tolku lesno bil spremen da se odkazi od identitetot...pa ako e toa lesno za tebe so coek si gi kazva makite i nema nikakov prosperitet vo ovaa drzava...neznam sto bi trebalo da bide potesko..
На мене и на брат ми интервјуто ни го закажаа на 11ти јуни. Сега разбравме дека и матурата на брат ми по англиски јазик ќе биде истиот ден, и тоа во исто време, во 10 часот. Многу се нервирам, затоа што додека бевме таму првиот пат, да не идев јас до тоалет, само 5 минутки порано да идевме до шалтерот, ќе ни закажеа интервју за на 10ти јуни. Го прашав таксистот кој не носи до таму дали е можно да се смени датумот, вели ако сакате да ги изгубите веќе дадените пари и да чекате плус 5 месеци - може. Инаку не. Па да ве прашам, дали некој имал вакво искуство, да не може да пристигне да закажаното интервју поради одредени причини? Не се малку 150 евра да ги фрлиме во вода.
и јас знам истото, дека мора да одиш на закажаната дата инаку ке мора одново да чекаш и нов датум да ти закажат.
Слушнав дека и Албанија ќе давала државјанства без проблем и со лесна процедура за македонциве па со тоа и пасош. Знае некој нешто за ова? сакам да си извадам и еден таков. можеби ке се најди, којзнае.
офф топик: Тоа беше само предлог на албанскиот претседател Бериша, да им се даде државјанство на сите албанци ширум светот. Но не беше јасно дефинирано дали се однесува само на етничките албанци или се мисли на целата албанска дијаспора (меѓу кои има и македонци, грци и тн.) а имаше и идеја да им се овозможи на сите странци државјанство доколку инвестираат 100,000ЕУР но албанската опозиција критикуваше дека тоа може да привлече и терористички организации кои релативно лесно можат да соберат толку пари а територијата на таа земја да ја злоупотребат за свои нелегални цели. Парламентот и владата на Р.Албанија дури допрва ќе треба да расправаат по тоа прашање. Албанскиот пасош за албанските државјани инаку е 50ЕУР. http://dpgjc.moi.gov.al/media/shkat/gj/gj1/kID/65/name/Pasaporta-Biometrike
Не може. Потребно е претходно вадење на виза во конзуларното одделение при амбасадата на САД во Софија (доколку си со бугарски пасош). Од прекуокеанските земји без виза може да се оди во Австралија и Нов Зеланд со бугарски пасош но исклучиво како турист или посета на роднини. За работа потребна е деловна виза. Инаку дури и оние држави членки на ЕУ кои се дел од американската VWP(Visa Waiver Program) програма - а Бугарија засега не е, можат со пасошите да патуваат без виза(на пр. Германија, Шведска, Финска, Унгарија, Грција, Словенија, Словачка, Франција и др.) во САД но само за посета (на пр. како туристи) а не и за работа бидејќи САД не се членка на ЕУ. Дури и тие пред да заминат за сад треба преку интернет да направат 3 дена порано регистрација (тнр. ESTA) која им важи 2 год. и чини десетина долари. Во САД ем без виза ем без претходна регистрација, можат да влезат само државјаните на Канада со валиден канадски пасош или NEXUS картичка која пак можат да ја добијат само државјаните на САД и Канада.
Може да се оди како не може. И со македонски пасош може. Се додека ја имаш потребната виза удрена во пасош мк или бг сеисто. Визата за бугарски државјани е дефинитивно потребна а може да биде имиграциона(брачна, вработувачка, фамилијарна, лотарија) и неимиграциона(туризам, бизнис визит, образование). Сепак, ако сакаш да си ја пробаш среќата, купи билет и види дали ќе те пуштат без виза да се качиш на авион од аеродром Петровец или од Софија, па дојди кажи ни и ние да знаеме.
Провери каде, за кого и во кој контекст го пишува тоа на нет. Убаво кажа imelda може да се оди, не е забрането, дури и со македонски пасош може, но и за бугарскиот и за македонскиот потребни се визи. Секогаш кога се бараат такви информации треба да се бараат од официјални извори како што се амбасада, конзулат, министерство за надворешни работи при владата на соодветната држава и сл. Никогаш немојте да се ослонувате на рекла-кажала работи. Еве официјални линкови: Листа на земји кои се вклучени во американскиот безвизен режим - тнр. Visa Waiver Program(VWP) Државјаните на сите овие земји иако можат да патуваат без виза, сепак мораат пред патувањето да се регистрираат преку интернет за да им биде дозволен влез во САД. . Листа на држави за кои е потребна или не е потребна виза за носителите на бугарски пасоши: ВИЗИ ЗА БЪЛГАРИ - информации од Министерство на външните работи на Република България. И една надополна за Австралија - бугарските државјани можат како туристи да патуваат само доколку нанапред бесплатно се регистрираат преку интернет во eVisitor програмата: eVisitor
Повеќе информации на линковиве од американската амбасада во Софија - (само доколку аплицираш како бугарска државјанка): http://bulgaria.usembassy.gov/niv.html Работно време и конткат на конзуларното одделение(тие се задолжени за визи) при американската амбасада во Софија: http://bulgaria.usembassy.gov/consular_section_hours_of_service.html Цени и начин на плаќање на визите: http://www.ustraveldocs.com/bg/bg-niv-visapay.asp Но ако живееш во Македонија можеби поедноставно ќе ти биде со македонскиот пасош да закажеш термин во скопската амбасада - претпоставувам исто ти се фаќа одела со бугарски или македонски пасош, и за двата ти треба виза.
МИслам дека со Бугарски пасош полесно можеш да добиеш работна виза, зборам за Австралија, бидејки сепак Бугарија е во ЕУ за разлика од нас. Имам пријатели што отидоа за Австарлија работно со Бугарски пасош и не им правеа проблеми одма ја добија. А моите кога аплицираа за турситичка виза за Австралија ги измалтретираа со 300 прашања и глупости и одвај добија. Со Бугарски пасош е полесно во секој случај.
На овие прашања веќе дадовме одговор, сакав само да свртам внимание дека за вакви и слични прашања кои не се строго врзани за бугарскиот пасош, а имаат врска со двојни или повеќекратни државјанства можат да се дискутираат во новата тема тука.
Исчитав бааги мислења од темава, досадно ми е и ме копкаа ставовите на анонимни граѓани. Што забележав: на речиси сите од негативните ставови причината беше 'патриотизмот македонски'. Вака сега, моето мислење во однос на патриотизмот и сл. Патриотизми и национализми..мислам дека се едни од најпогубните карактеристики на човек. Патриотизмот не го глеам како чукање во гради ја сум македонец, фаланги маланги, тепање и исмејување на странци пошто..се странци и слични најсекојдневни случки што ги глеаме. Фала богу, не сум таков патриот. Мислам дека некој е патриот кога со своите постапки придонесува за некаков напредок на земјата од кај што е, да ја претставува во добро светло и тн. Ама што јас мислам за тоа не е ни баш битно, ова ми е некаков вовед за мојата приказна. Дипломирав и магистрирав тука во Скопје, со добри оцени, со многу факултетски и вон факултетски активности и со неколку кратки интернационални пракси (2-3 месеци колку што со државава имаме дозволено престој во друга земја). Минатото лето си барав работа во Европа, конкретно Германија. На мое многу пријатно изненадување бев повикана на интервју во одлична фирма која соработува со едни од најдобрите инжинери во светот. Потпишавме договор за 6 месечна пракса (тест период) и потоа перманентен договор за вработување. Знаејќи дека ќе имам проблеми со мојот македонски пасош, дополнително се подготвивме со фирмата со писма, договори, молби и слично. Си поднесов барање за работна виза, и по еден месец ми стигна одговор дека сум одбиена со наведена причина дека за странец од NON EU Country минималната плата што треба да ја имам е 3000е бруто. И доколку ја имам, зошто би ја имала јас, кога предност имаат Германци и членки на ЕУ. Мене ми пропадна животна шанса за одлична кариера и се решив да си поднесам документи за бугарско државјанство. Во разговор со работодавци од Германија им реков дека најверојатно ќе аплицирам за друго државјанство. Ми рекоа што сум чекала до сега? Секогаш се противев и мислев (како некои членови што имаа напишано пред мене) дека со работа и труд ќе си успееш со мк пасош. И не се чувствувам како предавник, затоа што секој ден оваа држава ме предава мене и моите пријатели и моите родители. За среќа имав можност за некакво работно искуство и во странство и тука, па лесно можам да донесам одлука за мојата иднина. Не сум само јас со ваква приказна. Не има многу за жал. И затоа ќе си бегаат сите од овде со бугарски, италијански или американски пасоши и затоа ќе бараат подобри опции од 'македонија вечна' и слични приказни. Поздрав.