Кога почна веќе со процентите на невработеност, што не провери убаво и за другите земји? Грција има скоро 27% невработеност, Бугарија има 11% а Македонија има 32%, немој те молам да да даваш погрешни информации.. Значи не само што немаме помала невработеност од двете наведени земји, од Бугарија стапката ни е 3 пати поголема! Немам информација колку Бугари се иселиле од државата, не ме интересирал податокот, верувам дека се доста и се иселиле затоа што сигурно имаат поголеми можности во другите земји од ЕУ. А со нивниот пасош можат тоа лесно да го направат. И нашите кои земаат бугарски пасош не го земаат за да одат у Бугарија, го земаат затоа што со него им се отвораат вратите на другите земји од унијата, така да муабетов погоре ти е скроз без врска..
Се сомневам, кој всушност ја продава сопствената држава, дали оние кои ја водат или оние кои ја напуштиле за подобар живот во странство.Веројатно е дека не се вторите оние кои ја продаваат сопствената држава.А патриотизмот е лесен ако човек живее во странство.И јас не сакам нашите да земаат бугарски пасоши, но и не ги обвинувам, бидејки секако, дека секој би се борел во животот за да преживее, а не да трпи за леб.Секако дека со тоа што се земаат бугарски пасоши, се менува се, лека - полека, македонци ќе нема, ќе речат утре ден: „Па како тоа тие кои што земале бугарски пасоши се Македонци? Не се“ и тапијата која го потврдува истото.А, Аце, нема да воскресне, за да ни биде подобро или да не спаси од состојбата во која се наоѓа нашава држава.
Абе цц патриот ќе рече човек и секој ќе прискока дека не е од ВМРО. цц И после ќе правиме муабет за нацијата. Ха. цц Абе, кој си има мува на капата нека си ја ишка де. Тука, кога мојот коментар -првиот за бугарски пасош го сфати озбилно, мајќе ми ццц што да коментирам. Доволно ми е од фактиве твои и дискусијава како ја тераш. За мене душо моја не е предавник тој што се пишал Бугарин за да преживее. За мене предавник е тој што нема да ја одбрани нацијава од политичарчиња што им го кројат и ограничуваат секое право и секоја слобода. Од политичарчиња кои направија пародија од нацијава, од поимот Македонец, од македонски јазик, историја, култура. Кои направија пародија од правото на протест, правото на здружување, од слободата на говорот, од слободното новинарство, од администрација, од факултети... од градов Скопје. Пародија од демократија, од држава. А, ти комотно седи си Македонка. Уживај си во патриотштината, во нетот и во компјутерот. А, кога ќе мрднеш повеќе од тоа што си во моментот... со што се занимаваш, со што си го окупираш слободното време, колку заработуваш.... раскажи на форумов... Очекувам со нешто озбилно да допринесеш за нацијава. Да те читаме. Оти патриотизмот така се докажува,бар според мене де.В ерувам секој од нас ќе го интересира „колку и како“ успеа во оваа прекрасна земја. И очекувам по линија на твојов патриотизам да гордо продолжиш да ја браниш нацијава од тука - не од Америка или пак од др. некоја земја.
Истото тоа и јас го мислам,зошто бугарите очајно сакаат да докажат дека нема Македонци и сега нашиве им прават услуга како на тацна им даваат факти да ни ги удираат по нос утре кога ќе дојде време....затоа се изнервирав и бурно изреагирав кога видов колку некои луѓе олако го сфаќаат ова,а всушност ќе имаме ОГРОМНИ последици во иднина.... Zhapce@ Епа драга моја да ти кажам имам и шетано по други земји и престојувано кратки периоди ама со македонски пасош и ништо не ми фалеше,напротив убаво ми беше....имам и пријатели од други земји,јас не знам зошто одма сметате дека некој е "затуцан" и ограничен во размислувањата ако ја сака својата земја? Изгледа американската "демократија" ви удрила во глава.... и верувај не ни планирам да се преселам,прошетав видов дека и надвор е за никаде,затоа што верувај каде и да отидеш ќе бидеш туѓинец,никаде не те чекаат со раширени раце,прво си гледаат за своите,а после за тебе ако има место што е и нормално,пошо во странство те сметаат за втора,трета класа....и по долги години живот во странство има луѓе што се враќаат во Македонија....само ќе ти кажам нема ништо лошо во тоа да си Македонец,не се плаши....Кога во странство раскажував за Македонија и традицијата и културата сите беа заинтересирани и нон-стоп прашуваа....беа два пати во Македонија и се задоволни....
До кога вие прошетаните и нашетаните ќе плашите врапци со вакви говори? Гледате ли дека не ви веруваат Епа, шетаат децата и со македонски пасош, излезат, видат, па не било така баш за никаде надвор, ама оп, минат тие три месеци брзо. Некој се снајде со мк пасош ама за многу е до тука, три месеца и назад. Сега, странските пријатели, кои дошле во Македонија многу јасно ќе се задоволни, виделе гага јадење и пиење а за истото е евтинија до шија во споредба од таму од каде дошле, добар провод за малку пари кој одбива?... и пак си фатиле авиончето назад(како и македонците кои естаблирале дом надвор од Македонија).
И во Бугарија имало „продадени„ души кои за корка леб се подготвени да станат македонци Бугарски дописник на Би Би Си побарал македонско државјанство Некои од оние кои немаат бугарско (или некое друго ЕУ државјанство) но имаат покрај македонско државјанство и српско, или босанско, понекогаш прават финта 3+3=6 месеца, т.е. 3 месеца со мк пасош, се враќаат на 2-3 дена и влегуваат повторно во ЕУ но со на пр. српски пасош.
Бугарскиот пасош спасил и уште ќе спасува фамилии. Верувам дека никој не е горд на тоа што изјавил дека е бугарин. Ама ете, излез мора да се најде и да се донесе леб дома. Сестра ми почна со процедурата. Има завршено факултет и ете, нема јаки врски и неможе да најде работа. И што Мис Деп, треба да направи сега? Да седи дома или да рмба по конфекции за бедни 6 илјадарки, и некој да и се смее во фаца, така? Знам фамилии кои останаа без пари дома и да не отидеше таткото ќе немаше буквално, што да јадат дома. Не, не си ја продала нацијата. Никој не ја продава. На никој не му е лесно што е далеку од дома., понекогаш и од родители и деца. Бугарски вадат тие кои имаат потреба, кои бараат егзистенција и ние не сме тука компетентни да судиме. За шетање, ќе си шетам со македонскиот пасош и јас.
сестрами и цела нејзина фамилија имаат бугарски пасоши и зивеат 7 години во Чешка ,работат и супер им е не с е замараат со работни визи и ред други работи дад даде господ уште 1000 години да им биде живеачката таму супер
Јас немам бугарски пасош, ниту сакам да имам. Маж ми има бугарско државјанство и треба да оди во Бугарија да се слика за пасош. Опасни се Бугарите. Откако ќе го земеш државјанството треба во рок од една година да одиш во Бугарија за да се сликаш за пасош. Ако не отидеш во тој рок, треба одново да поднесуваш документи за бугарско државјанство.
Јас таквите продадени души(се извинувам за изразот) не би им дозволил повеќе да се вратат било кога во РМ. Знаете ли вие колку тие луѓе и прават штета на нашата држава? Никогаш не би си го дозволила тој луксуз да одам на бугариштана, да им се лигавам дека мојата баба, била Бугарка, и дека поради тоа моите чувства се бугарски, како што се лигавеше оној кретенон наш во бугарскиот „Голем Брат“. Оној што сака и тука може да заработи доволно за живот, или подобро ќе одам да молам за виза отколку да се претставувам за она што несум. Навистина неможам да верувам дека постојат луѓе кои можат да го згазат своето достоинство, зарад мочани пари. Се прашуам зарем им е сладок секој залак што го јадат, кога знаат дека го згазиле своето достоинство и достоинството на нивните што се тука. Подобро би им ги „пошела“ на луѓето и тоа клечејќи на колена, ако толку сум неспособна да заработам на друг начин, барем ќе знам дека сум се понижила себеси пред свои луѓе а не да се понижувам и себеси, и семејството и нацијата пред Бугариштана, покра Грците и поради нив неможеме да влеземе во ЕУ па наместо сестраи на икеме да оди во чешка да печали, чесите ќе доаѓаат овде.
Да ја гледаме позитивната страна на тоа. Сестра и, и праќа пари на пр. за да си купи чоколадо. На производот во продавница се плаќа ДДВ 18%, тие пари одат наместо во чешка и бугарска, во македонска национална каса!!! Освен тоа наместо да се на товар на македонското стопанство тие се на товар на некој странски пазар. Помножи колку луѓе прават така и ќ е видиш дека всушност такви се од корист на државата Македонија! Тешко дека чесите би доаѓале во Македонија за работа бидејќи дури и кога би сме влегле во ЕУ (пу пу! мислам дека и поарно што не сме во ЕУ) платите во Македонија би биле помали во однос на тие од средна Европа, а да не зборам во однос на запдна и северна европа (Германија, Британија, Данска, Шведска и тн.). Верувам дека повеќето претци би биле горди на итрината на македонците кои се снаоѓаат со бугарски и грчки пасоши, а во корист на сопствениот македонски народ.
На такви како @Sardinija21 остана ли државава Во однос на темата, јас никогаш не би зела бугарски пасош. Не ми дава нешто одвнатре
daylight Да не те цитирам да не зафаќам место. Ма да ептен голема итрина да им го пушиш на Бугарите и Грците да ти дадат нивни пасош а они мамето ни го расплакаа. И ако не ни треба Европска унија зошто тогаш трчаме во ЕУ. Или ние бегаме да си го спасиме сопствениот газ, а на овие што остануваат тука ќе им викаме ма издржете не ви треба ЕУ. И, батали тоа приказната што им праќа пари за чоколато..... Парите им се во странски банки, плаќаат данок и придонеси на странска држава, а кога ќе остарат и ќе се разболат ќе се домкнат тука да ѓи лечиме ние, нема да одат во Бугарија сигурно, па уште ќе плукаат демек не ни чинеле болниците не и чини ова,она. Да и,,,ја на такви како мене остана државата. Каква сум тоа јас а каква си ти а што толку имаш понижувачки став кон мене? Да, си ја сакам државава и никогаш не би си го дозволила тој луксуз да свиткам ќичма, и да се лигавам за туѓ пасош. Да, овде скромо се живее но гордоста нема цена, барем за мене/
Кога се регистрирав на форумов си ветив дека на одредени теми нема да коментирам ама некогаш е посилно од мене. Искрено да можам уште утре ќе извадам Бугарски пасош и ќе си отидам од државава. Ама толку ми е смачено што неможам повеќе да ги гледам ни политичари ни никој. Толку ни е отидена државава во аут што просто човек веќе да не знае што да прави. Немаш никаква перспектива овде, ако немаш врски или партиска книшка на исто ниво си како кучињата скитници. Ако се снајдеш сам добро ако не, пак добро. Учиш факултет за џабе, работиш одвај да се прехраниш и до каде така? Јас знам лично примери што завршиле факултет и на крај во бутик работи за десет илјади. Не викам дека бутикот е нешто срамно и јас лично имам во маркет работено ама некој се мачел и реално мачење е да завршиш факултет во оваа држава без ни една врска. И што треба тие луѓе да прават? Зарем треба да не се мажат, женат, затоа што немаат доволно средства за издржување на семејство? Зарем тие што имаат деца треба да ги остават да гладуваат? И преку глава ми е веќе од лажен патриотизам, истите што толку многу се згрозуваат за тој фамозен Бугарски пасош одат во Грција на одмор и ич око не им трепнува. А тука ќе ми продаваат муабети. Епа и јас знам да продавам пуфки и да се правам најголем патриот ама татко ми да беше директор, да незнаев колку пари имам, да имав стан, кола, пари, факултет кој ми го завршил тато, работа која исто така тато со врски ми ја нашол, па да видите тогаш колкав патриот ќе бев јас. Аууу, за мене Бугарскиот пасош ќе беше рамно на Сида. Ама како викаат ситиот на гладниот не верува. Друга работа не ми е јасна. Во мојата околина имам случај на човек со Бугарско државјанство и случај на човек со Американско државјанство. Можете да замислите нели? Тој со Бугарското е лош, ја продал државата, не е патриот, а тој со Американското е најголем фраер у маало. И сега која е разликата? Баш сакам тие што се против Бугарскиот пасош да ми одговорат. И да ви кажам ама ич не ми е гајле дека државата ќе пропадне, таа веќе е пропадната и никој па дури и политичарите не се замараат. Сите од нив имаат државјанства низ светот, станови, пари во странски банки, па кога ќе се пензионираат си одат од овде, а вие бидете си пак патриоти. Истите тие политичари пола од нив имаат Бугарски пасоши и си одат во Грција на одмор, а вие пак правете се патриоти. Плус ова вадење на пасоши не е од сега, тоа е години и години, па зошто политичариве не направија една кампања и не се обидоа да го спречат тоа? Затоа што не им е гајле и не се замараат да се замараа ќе беше барем малце подобра ситуацијава во државава. И неможе некој да ми каже дека и надвор било лошо. Абе до кога со тоа? Стварно сакам да знам до кога? Не е работата за шетање, работата е за живеење на страна. А мислам дека сите сме свесни колку светлосни години сме назад во се ама баш во се. И уште нешто што јас лично го имам приметено. Мислите дека во Германија, Америка, Англија итн. луѓето кои живеат таму ептен многу си ја сакаат државата? Мислите дека англичаните ја знаат цела историја на Англија? Или Германците седат во Германија затоа што се патриоти? Во Америка незнаат кој им е претседател. Ама си седат во своите државички затоа што имаат услови, имаат образование, имаат здравство како што треба, имаат пари, можат на децата да има пружат се што ќе посакаат. Да се случи една од овие работи да ги изгубат и да почнат плати да им се намалуваат ќе видите колку ќе седат таму и колку се патриоти. Ама македончето од секогаш било глупаво и глупаво ќе си остане. Тоа е.
Ти си толку нивоа под мене што не можеш ни да ме спомнуваш во иста реченица со тебе И бан да добијам не ми е гајле, барем сум искрена. Мене ми е понижување што такви како тебе глумат лажни патриоти од немање што да прават и од досада и ја ставаат мојата татковина во уста. Пријатно.
ЈАС НИКОГАШ НЕ БИ ИЗВАДИЛА БУГАРСКИ ПАСОШ. Не си го продавам достоинството, не се правам бугараш. И сакам да си останам во своја држава, да сум своја на своето. Мада и политичарите треба да поведат ред колку македонци се иселија од овде, овде тешко да иманекои услови за живеење, треба да се извлече државава од ова. А не порано била јака држава и ајдее сите во неа, а сега кога пропаѓа сите бегате. Така е и со човекот, кога некој е на врвот сите се околу него, а кога е на дното никој не го рецка.
Во зависност од тоа од кој аспект гледате на почитта кон себеси, зависи дали ќе извадите бугарски пасош или не. Јас на пример, се почитувам доволно да си приуштам подобар живот доколку со ова би го имала истиот. Зошто тука да учам и да се трудам а некој да ме потценува и да крпам крај со крај? На пример, кај мене тоа е посилно од патриотизмот. Исто како и кај политичарите.
па што чекаш ајде оди мизеријо,а и веке го правиш тоа за МОЧАНИ 150 евра не смееш да писнеш таму кај што работиш ,ако работиш пошто ти е страв да не те избркаат,или можеби си на мамам и тато девојченце па имаш се па затоа така мислиш