Според мене, бугарите толку лесно ни даваат пасоши чисто од политички причини, за да можат утре да кажат - ете во Македонија нема македонци, се се бугари. И ќе имаат доказ за тоа. Играат на тоа дека сме сиромашни, немаме кој знае какви услови за живот и сл. Не би земала таков пасош само заради таа манипулација, ќе си држам до себе, каква сум, таква сум. Да, земаат австралијански и германски пасоши, ама со таа разлика што тие нас не не поништуваат, таму си австралијанец со македонско потекло, имаат македонски населби и си почитуван. А бугарите систематски и подмолно (барем според моето гледање) сакаат да не уништат. Јас можеби ќе бидам задоволна и ќе имам пари, ама сум помогнала да се оствари поголема цел - да се уништи државата во која сум се родила.
А знаеш ли ти колку твојата држава зависи од луѓето што излегле на работа во странство, а на многу тој бг пасош им го овозможил тој излез. Најди бројки на пара што се слева во економијата годишно, да видиш дека ако не се иселениците колкава дупка во буџетот би се отворила, па дојди плукни ме мене еве, што веќе како иселеник размислувам енос да си извадам бг пасош за да имам право на сопствеништво врз имот во Бугарија а не во Македонија. Инаку на некој му е достоинство да биде патриот по цена на онадување такви, на некој не му е, туку достоинство му значи да не го онадат при здрав мозок, и сака не само да преживее, туку да живее.
Кога нашата држава не се грижи за своите, секако дека ќе бегаат луѓето, земајки бугарски пасош.Кога нашава држава остава на цедило некој кој е болен од рак и анорексија, за што патем имаше и на тв и нa нет, вести за таа личност, без око да и трепне, па наместо да помогне, одмага некому, тогаш што останува за други кои се здрави и гледаат како да успеат, како да преживеат.Секако дека секој сака подобар живот.Да, играат на тој начин, а можеби и не се единствените кои така постапуваат спрема нас.Бидејки, ако им било подобро на нашите тука, немало да земаат бугарски пасоши.И не се само Бугарите, тие кои сакаат да не уништат.Само, пак ќе речам, ако нашава држава не се грижи за своите, други пак ич.Се друго е корист.
Сакам убаво да реплицирам на постот. Ќе почнам од тоа дека членката не би дозволила овие „продадени души“ да се вратат во Македонија. А некој ќе сака ли после тука да се врати? Со лигавење на Бугарија бар ќе придобиеме нешто, тука и да се лигавиш ќе ти шутнат една и пак ќе работиш мизерна работа за мизерни пари. И пак ќе кажам, зависи од која гледна точка го гледаш газењето на достоинство и колку се мочани парите. Пример нашите политичари, со вратоврските и неконкретните изјави и препуцавања на телевизија повеќе си го газат достоинството и повеќе „мочани пари“ крадат отколку некој што ќе каже дека е бугарин. Бар не е лопов. Нит пари краде од државава нит човек убива. А за тоа дека ќе им ги пушиш на луѓето..во последно време и нема друга опција освен таа за некое поголемо денарче. И мислиш ли дека ако условите во државата ни беа на ниво, некој ќе одеше да вади пасош од Бугарија? Јас не мислам така. Ама тоа не е моја вина. И јас и секој друг заслужува да биде ценет колку што вреди, а овдека ништо не се цени колку што навистина вреди, така да.. дали некој ќе ме рече продадена душа не ме боли газето. И така не се во право. mwa Патем јас ич нема да се чувствувам уништено ако Македонија исчезне. Јас не сум ни Македонија, ни Бугарија. Јас сум си Јас. Од на мајка ми утробата сум излегла. Кај и да ме закопаат под небово пак ќе сум јас.Тоа што луѓето така ги етикетираат работите во општеството на крајот на краиштата нема врска со ниеден закон на природата, со ништо на светот. Се почнува и завршува во нашите глави. А секој може да биде Македонец или Бугарин или Грк, ако така му е подобро. Демек државата ни е идентитетот. Кој идентитет. Тука ќе те отепаат нема да знаат кој си и кој те отепал. Идентитет. Мрш тамо.
Ај вака, какви се тие продадени души шо си дозволиле да бидат нешто друго, а не македонци? Треба уствари да си по дифолт нешто за да не бидеш нешто друго? Ете, ако мама и тато се македонци и јас треба да бидам? Ако мама и тато се христијани и јас треба да бидам? Кај се изгуби индивидуалноста? Нели секој од нас е себство сам за себе и одговара за постапките, активностите и ставовите? Од друга страна, како тоа не е погрешно да се заколнеш пред кралицата на Британија и да добиеш австралиски или англиски пасош, а е грев да се заколнеш пред Бугарија? Од трета страна, шо е државата? Нели е институција која единствено да се грижи за безбедноста на граѓаните и сите пред неа да бидат еднакви, мање битно дали се педери, атеисти, бугари или со даунов синдром? Ако нели не ги третира државата така, а единствено треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, тогаш тие граѓани ќе си имаат работа со агенција за обезбедување која ќе се грижи за нив. Груевски е еднаков со мене. Оти не го осудувате оти студирал у Прилеп, или мајка му работела како медицинска сестра у Либија? Или оти мајка му била самохрана мајка? Или оти татко му на Бранко Црвенковски бил комунистичко воено лице? Ама ги осудувате луѓето кои се бугари? Девојче, националноста е интимна емоција, не треба ниту со тебе да ја споделува некој ниту со било кого. Може некој не се пишал бугарин, може го добил у знак на почест оти бил многу заслужен за Бугарија како држава. А да си заслужен за некоја друга држава дефинитивно е благороден акт. Се најдобро! Убаво да си поминеш у Македонија, јас у наредниве 5 години планирам да имам стан у Лондон, оти у наредниве 3-4 месеци го добивам бугарското државјанство.
Читајки ги повекето мислења навистина човек да се запраша дали е вистински Македонец .Нема да ги нападнам оние што веке го имаат но нема да го осудам и зошто го имаат бг- пасош .Навистина е мн мизерно да гледаш како ти пропаѓа семејството финансиски а да ( имаш ) можност да си помогнеш со туѓ пасош.Малце не ми се допаѓа младите што излезот го гледаат преку тој пасош.Моето мислење е дека сакаат брза заработувачка ништо повеќе.Професионалната работа овозможува и пружа можности како секаде .Се друго е работење на смртничко црнечки работи што ги работата по државите низ Еу,а кој друг би го работел тоа освен некој балканец . Каде и да одиме пак ке бидеме странци ,но еве нека им е со среќа на оние што го имаат .Нека уживаат што им нуди тоа парче хартија но нека бидат горди од каде потекнуваат и што им се нуди тука а не да плукаат како најголемо зло да виделе.Самите си ја бираме среќата понекогаш !
VIN.diesel па младите се тие со шанса за прав просперитет надвор од границите, за да имаат време со време да доучат, интегрираат во системот и да изградат нешто. Излези на педесет години од МК, џабе ти веќе тој пасош, ќе работиш работи што друг не ги сака, ако ти ги дадат дури, а знак прашање е и колку веќе си прилагодлив во нова средина. А странци има секаде, и не знам што толку кобно е во тоа да си со статус странец некаде, оти не е ама ништо минус од каде си ако се изедначиш по квалификации, искуство и прифатиш социјални правила. Дури имаш и плус донекаде, оти по европски стандарди фирма која се рекламира како етнички фер работодавец мора да прима минимум таму процент на работници од друга етничка припадност за да го искористат правото да се наречат такви. Само оди докажи кога во МК странците многу се забележуваат и обележуваат. Може оти се поретки низ населението па штрчат, што знам, оти очигледно нема доволно па и за нас иселениците се користи тој збор. А чисто да се додадам, сега дури гледам Сардинија21 колкаво достоинство има, залутав на нејзин пост од друга тема. Безобразни деца стигнале морал да продаваат
Imelda за оние млади што одат да се доусовршат или пак чесно да заработат од мака ја разбирам нивната потреба и ГНЕВ на овој систем што ете на сите не пружил доволно можности.Несакав да бидам директен но еве ке кажам ГИ презирам оние што во животот не се потрудиле во себе да инвестираат доволно за да можат да бидат успешни (па си остануваат прости ) .Толку лесно потпаѓаат под влијаение дека секаде тече мед и млеко освен во МКД .Тие се најлоша категорија на луѓе што секаква работа ке работат и спремни се да плукаат по се бидејќи немаат успех и спремни се за се` да прифатат (за на најлесен начин да дојдат до пари секакви работи да работат ).Да, годините се пресудни за некој работни места но сигурен сум дека искуството и знаењето секаде се почитува .Несакам да ги смешам работите ,ви ред е да се има можност и за друга опција без разлика дали е бг -пасош или друг но не е во ред да се заборави дека и тука држават се потрудила да им обезбеди услови (не наплатува школување ,здравството мин.се наплатува ... факултетите горе доле се со една пристојна цена колку една просечна плата во МКД .. се работи на подобрување на начинот на живот )Епа сега ништо не се сменило за една вечер некој ако сака да биде нешто друго нека повели но како што кажав странец секаде ке бидеш.Во смисла странец роб ! Учени луѓе секаде почитуваат и ценат а не прости !
Рамнотежа треба. Кога учените, работливи и искусни имаат повеќе опции ако им се сака да излезат, треба и оние другите да имаат некоја опција, оти постои ризик да надвалдеат по број во општеството
Не се ми јасни некои што запнале со бугарски пасош им даваат шанса на бугарите да не избришат и така некои не сметаат веќе за бугари, тоа учат на училиште, ги учат да не мразат. Еее овој Балкан, сите меѓусебно се мразиме, се препираме кој кој е, а оние муслиманите ќе не уништат наместо да се обединиме сите христијани ние ццц..
Ами, ќе испадне, се сме, само не македонци.Плус, во странство и не е така се црно, таму не колат луѓе, подобра живеачка имаат, отколку тука.Им се исплати. И сега, самата ситуација може да го притисне човек, каде ќе мора нешто да жртвува и ризикува.А тој вековен проблем, немат абер да се реши, така да, некако исто е дали ќе е човек патирот или не.И ако на човек му е се обезбедено во животот или живее во странство, тогаш исплатлив е патриотизмот.Шо велит мајка моја, „ кога ќе немат човек за јадење, ќе го прашам дали ќе е патриот“.И во право е, со тапија.
Ааа.. тоа нема врска. Што ако одат? Тој што си има пари, баш му е гајле, не Грција, не Бугарија, Шпанија и во Тунгузија може да си дозволи да оди ама пак може да си се врати овде зошто си има парички. А тој што нема, ни ќе мрдне негде ни ќе отиде како што треба на одмор и плус кога ќе крене глава за да се спаси од ова бедотија ќе излезе најголем предавник. Ама лесно е да се збори кога се има пари оди да те видам снајди се без пари овде. Да ги видам тие што се навикнати на многу, навикнати на секое лето 20 дена на море, секој втор викенд на шопинзи каде не, да треба да се мачи сам без врски факултет да заврши, па после да треба да седи дома зошто нема врски за работа, а со тоа нема ни пари доволно итн да недај боже снемаат пари.. Не Бугарски пасош, Африкански ќе извадат да можат и ич нема да им биде гајле, тогаш ќе се сврти политиката. Ама пак ќе кажам ситиот на гладниот не верува.
Ова го напиша надвор од темата за да провоцираш или? Немам пофални зборови за таквите пак воопшто, ако те интересира. Зависит и од чоекот дали е во право мајка ти. Некој гинел без да очекува ништо за возврат.
@Vin Diesel точно дека многу се прави за образованието. Ама факт е дека знаењето не се цени. Се ценат партиските книшки и јаките врски. Четврта средно сум, а веќе имам изгубено надеж за просперитет овде. Излегува дека јас за џабе учам и се трудам кога некој неписмен, без компас ќе ми наредува мене после некоја година. Намалија трошоци за факултет, ете, и мене ми е олеснето, ама факт е дека секој може да заврши факултет. Се ценат оние помочки што шират нозе пред цела партија и татини синови без мозок. Сардинија верувам дека е поупатена. Учените луѓе не се почитуваат и ценат. Ретки се исклучоците. Многу ретки. И баш ми е мило кога некое дете, без врски, ќе си успее поштено.
Многу расправии на темава. Не само тука, повеќе во реалноста. Лелеее како можевте? Се пишавте Бугари, м? Цццц, ееее од таквите ко вас ни пропадна земјата. Од таквите ко нас? Па не би рекла. Пропадна од оние кои ја водат, од оние кои гледаат само за својот џеб. Платите ни одат надолу, цените нагоре, нема веќе средна класа, ние од средната паднавме во сиромашната. Каков просперитет нуди оваа земја за јас да ја нарекувам своја и да се гордеам со неа? Што има тука за мене да ме држи да пуштам корени? Нити имам каде да живеам, нити пак имам можност во догледна иднина да направам нешто. Не е дека немам нешто свое. И да имаш е џабе, не ти дава Државата наша да градиш. Епааа не било според планот. Нити пак имам надеж за цврста работа. Книшка имаш? Врски имаш? Не? Епа чорба македонче. Зошто да седам тука и да гледам маж ми како се мачи, се поти за едно парче леб. Не за друго, чувај Боже, нема луксузи, да се има да се јаде нешто, па и тоа е за некој луксуз. И после јас да се чукам во гради за оваа наша држава, да бидам патриот? За што? Што мене ми дала оваа држава па јас гордо да се нарекувам Македонка? Да не одам и да се пишам Бугарка? Или Србинка? Ете де, па и Американка може ќе бидам некој ден. Ама Македонка? Па некој што се борел за оваа никаква земја, што пропатил, да не може да земе една пензија бре луѓе, па оние кои се бореа против мајковинава наша процветаа... Каде е тука праведноста? И патриотизам? Нека дојде некој да ми каже мене за патриотизам. Темава ми е вечен извор на фрустрации. Ама да, бугарски пасош, ако за некој значи подобра иднина, секако дека сум за!
Во право си за некој работи неможам да одрекувам .Да не бидам оф топик и јас сум ЗА бугарски или било каков друг пасош но да бидеме барем малце реални дека не е тука толку црно .И да се има бг пасош од Македонскиот не се има никој откажано ..Се додека некаде дозволуваат да се има и 2 пасоши човек е со чиста совест пред се . Инаку за тебе лично ке ти кажам дека малце гледаш песимистички на работите и животот .Не сакам да бидам сватен погрешно и лошо сега но каде е амбициозноста ? .Никогаш не се знае среќата каде ке тропне ... .Имаш уште доста време кога ке почнеш да го гледаш животот од друг агол ,да ги почувствуваш и неправдите во системов но пред се мораш да се обидеш да бидеш дел од него . Спојлер Што е со оние што имаат и вадат косовски пасош и зошто нив не ги гледаме како потенцијална опасност ? Се замараат луѓево ке сме станеле бугари а колку само албанци ке ни се насадат со косовски пасоши да знаете
Ме насмеа со одговоров за мајка ми Да, некој гинел за нашава држава, мене не ми е сеедно за тоа, а ниту ми е сеедно што така ни прават, та Бугари, та Грци...Едните за друго вршат притисок, другите за друго на друг начин.И ние никаде.Изгледа за нашава држава делата и се спомениците.На тв, каде и да прочиташ, дела, а кои, не се знае.Заморно е веќе тоа што така ни прават, па те не сме биле македонци, Александар бил грк, аха, грк, само што е Александар Македонски, а не е Грчки, од друга страна Бугарите, „ нема македонци, во Бугарија, се се бугари“ , разбирам да си земале пасош, заради можноста да се спасат себе си и својата фамилија, од немаштија, ама не разбирам и не ми е јасно, како со сила наши, да се декларираат како Бугари.Каква врска има? Па има, на ваков начин, човек ќе биде принуден да си извади било каков пасош, ако гледа дека државата не си ни грижи за него.Баш тоа што го спомнав претходно, за таа жената која е болна од рак и анорексија, државата бара таа да ги врати парите, кои државата и ги дала.Нели им е срам? Жената не може да се движи, па и уште згора на тоа, рекле дека е здрава.Ем гледаат со свои очи, ем лажат.И после државава се грижела за своите? Аха, ако се лажат, може.Да се грижела, немаше наши да бегаат и ич да не им е гајле за патриотизмот.Кога нашите незнаат да си ја водат државата, ќе пропаѓа.А и во право се што наши бегаат, тотално во право.А и како што гледам, нешто не се замараат многу, за македонштината, се им е обезбедено.Како пак божем па во другите држави, луѓето немаат други државјанства и пасоши, па нашево е трн во око.Бидејки за нас се работи, оти нели отсекогаш сме биле трн во око.Така, да, што и да кажам, некои работи се кажани и претходно од другите, мислам дека е веќе напорно да се мисли за ова.Ама , пак нешто ќе има, што ќе не натера да размислуваме за нашава ни македонштина и што е подобро, дали гладен стомак и патриотизам ил обратното.
Па земете грчки пасош Имено, ако сте со егејско потекло имате право и на грчко државјанство а со тоа и на грчки пасош, пишав за тоа во другата тема за повеќекратни државјанства. Башка грчкиот пасош има повеќе илустрации од бугарскиот Интересно како никому не му текнува поинаку да ги гледа работите, во корист на македонците: Дека тоа е можеби единствен начин македонците да се инфилтрираат во структурите на соседните земји и да го реализираат вековниот сон за голема Македонија?! Не трчаат сите. Некои сметаат дека тоа е жива превара, но засега таквите не ги застапува ниту една посилна партија. ЕУ не е веќе тоа што беше до 2007/2008. Има тенденција европскиот сон да премине во кошмар. Незнам што ќе биде како ќе биде, но мислам дека Македонија како држава треба да биде изричито внимателна во каков клуб влегува. Јас лично мислам дека Македонија не треба да влегува во ЕУ, туку само македонските државјани преку правната институција на двојно државјанство! (за некого бугарско, некого грчко, хрватско, романско, шведско и тн.) Така ем нема да ни диктира друг, ем ќе си ги користиме бенефициите од ЕУ државјанството. Е сега знам дека не можат комплет сите граѓани на РМ да имаат и ЕУ државјанство (некои едноставно не ги исполнуваат условите) но еден не мал дел имаат таква можност. Не е тоа приказна, тоа е факт. Точно дека македонците кои работат надвор дел од парите ги даваат во ЕУ банките, но дел влегува и во Македонија! Подобро нешто отколку ништо!