Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Fancyflower

    Fancyflower Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Treba negativen prc test
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.511
    Пол:
    Машки
    Треба негативен PCR тест, не постар од 72 часа, само за влез во Бугарија.

    Ако имаш време, почекај, оваа недела или најкасно наредната можно е да се донесе одлука за целосно отворање на границите помеѓу Западен Балкан, Грција и Бугарија, така што најверојатно ќе го укинат тестот и ќе има слободен премин.
     
    На Mila2202 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Колку се истрчаа да земат Бугарски пасоши ... Сега со сите натегања , крив им е Цацко ... Сега кога постои услов , Гоце не го даваат истите тие што први зедоа Бугарски пасош . Епа драги мои , не може и јаре и паре . За паре ќе го продадеш јарето . Ако сакаш , ако не сакаш , никој со сила не ти го зема и не ти дава паре .


    Ги оправдувам само оние што живееле или живеат во Бугарија особено каде што има македонско население ( на пример во пограничните места ) за Бугарски пасоши , двојно државјанство и слично . Тие не се виновни што нивното место припаднало во друга држава . Ама да живееш во Неготино и да земеш Бугарски е нелогично , освен ако не се работи за некој кој трајно имигрирал , а има оставено родители или фамилија во Бугарија ( како Албанките што се мажеа во Мк ) .
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Тие што имаат бг пасоши и не се замараат со Гоце, се далеку од оваа вукојебина и си прават парички. Кој е реше да си оди, ниеден услов не му е пречка. Кога државата ни е пропаст и луѓето кои сакаат да работат и створат нешто повеќе, не прифаќаат да се помират со ситни пари, како минимална плата од 14500, а сметки се 10000 денари месечно, целосно го оправдувам. Секој си бара начин за својот живот и иднината на неговото семејство и нема потреба да ги осудуваме зошто имаат или немаат ваков или таков пасош. Налет држава што има распаднато здравство, образование и што све не. За се требаат врски или пари. Кога политичарите гледаат само да грабаат и да не осиромашат уште повеќе, јас воопшто не го осудувам ниеден обичен смртник во ова државче што вади бг пасош за подобра иднина. Не ми се останува ден во оваа дупка без дно. Неможам и несакам детето да ми се мачи овде.
     
    На Emy867, Роберт 7 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.673
    Пол:
    Женски
    Само Андријана Лима имаше и Јаре и паре... :D Искрено гледајќи како ни пропаѓа државава имаат право луѓево што бегаат од тука, колку ли само другарки, познаници си отидоа од тука засекогаш и не ни помислуваат да се вратат. Не дека во странство ружи цветаат ама бар трудот кој го вложуваш ти се исплати не работиш за социална помош барем не се тресеш дали ќе ги платиш сметките, дали ќе имаш леб да ставиш на маса.
     
    На Роберт 7 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Ох мај .. има . Не се сеќавам во која држава беше , од мак. дијаспора имаа протест кога го сменија името . Епа тие луѓе не ми се јасни . И јас не сакам детето да ми се мачи за корка леб тука , ама немаме сите можност и амбиции да одиме во странство , нека не остават овие од дијаспората ( кога веќе не живеат тука постојано ) да напредуваме како-така . Дали е грешка промена на име или не , времето ќе ни шокаже . Дали требало да вадиме бг пасош или не , исто така времето ќе покаже . Дали треба Гоце да е наш или на Бугарите , и тоа ќе видиме со тек на време .

    И јас не ги осудував , се додека не бев осудена затоа што бев ЗА промена на името . Затоа сега осудувам се што мрда . Значи јас можам да имам разбирање за секој и за сечие мислење , ама за мене не може да имаат разбирање .

    Па колку држави се декларираа како млади во последниве години , тие немале револуционери и историја ? Имале , ама за атер на доброто на народот , почнале од ново .
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Па и јас сум против промената на името, зошто ништо не се смени, тој што го смени ветуваше и се колнеше дека немало да го смени кога ќе дојде на власт, промената на името беше насилна, комињарските гладоначалници им се закануваа на вработените ако не излезат на референдум дека црно им се пишува и така излезе. Луѓето трпат мобинг од нив, ништо не се смени, само уште толку тонеме, а името на сила се смени, демек за ЕУ, а ЕУ ни на повидок. Небитно не е тема тоа.
    Арно ама, тие што со години имаат веќе бг пасоши, работат по странство дур ние овде тонеме, барем си прават поубава пензија за на стари денови, што овде не се знае ни дали ќе дојде ред да ја земаме, од оваа пропала економија. И тоа не е тема ама ај. Јас за скоро ќе правам бг пасош и со гордост ќе се одкажам од северџанското државјанство.
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Имаат право што бегаат , ама нека не се мешаат во политиките на државава , нека не протестираат после против ова-она . Да , тешко им е знам , далеку од дома , од луѓето што ги сакаат . Ама тоа не им дава за право да се мешаат во промени кои можеби ќе не носат напред .

    П . С . Лошо е што излезе проблем со бг пасоши , мислам дека требаше со државјанство да се потврди или како одеше , во спротивно им беа одземани колку што паметам .
     
    На Ahoy и VDT2906 им се допаѓа ова.
  9. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Која си ти да оправдуваш или не кој како направил или пак како требало да биде? Ако некој има македонско државјанство без разлика на тоа дали живее на Марс, Јупитер, Вселената или Америка, има право да одлучува за државата колку и ти. Тоа што тебе и на многу други им смета тоа што некои сфатиле на време со каков народ си имаат работа и дека напредок нема да има, и се одлучиле заради подобар живот да не живеат повеќе таму, не им го одзема правото да бидат државјани на државата освен ако доброволно не се откажат.

    П.С. Со вакви како тебе и сличните не и треба на Македонија ни Грција, ни Бугарија, ни Србија, ни некој си трет непријател, доволни сте си сами да се самоуништите.

    П.П.С. Колку не се разбираш во политика а колку мислиш дека се разбираш е чудо. Како и огромното мнозинство "политичари" во државата.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Право да се мешаш ќе имаш кога ќе живееш овде со 200-300 евра плата како и сите други . Јас сум таа што може и сега да си замине АМА доволно си ја сакам државата за да останам тука , макар со 200 евра . Никогаш не сум рекла дека се разбирам во политика ( ниту сакам да се разбирам фала Богу , не ми дал Господ мозок за да си го мачам со тоа ср**е ) , а за политичарите ама ич не ми е гајле колку се разбираат во политика . Се додека нивните избори ( зборувам за сите партии ) ја мрдаат државава од мртва точка , ќе поддржувам НЕКОИ работи ( како промена на името ) .
    А КОА СИ ПА ТИ да се најдеш прозвана од мојот коментар и да ми кажуваш која сум јас ? Јас сум ќерка на министерот а ти коа си ?
     
  11. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Да не ја полнам темата со офтопици ќе ти одговорам само еднаш (може и да избришаат модераторите).

    Таа шо ќе ти каже дека дали тебе ти одговара или не, секој со државјанство има право колку и тебе, без разлика дали живее со 200 или 2000 или 20000 евра месечно. Колку коментираш политика не би рекла дека си свесна дека не се разбираш, или пак немаш каде да си ги истуриш фрустрациите. Трето нема. Не морам да бидам на "некој" да ти кажам тоа што го кажав, што не значи дека не сум, туку дека сум далеку од менталитетот "знаеш ли кој сум јас".;)
     
    На Роберт 7 и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Па ти прва рече " која си ти " , автоматски ич не си мрднала од тој менталитет . И не сум ќерка на министер не се секирај , нема потреба од " финоќа " :rofl: . Камо да имав фрустрации . Мене и тука ми е Америка , Германија , Швајцарија итн .. немам 2000 евра плата , а и не ми ни требаат , затоа што " ќе забегам " . Од многу пари , многу луѓе си го уништиле животот . И да , по закон има право . А колку е самосвесен дали има право или не ? Јас да живеам надвор , ич не би се замарала за тука . Собираш парталите и си одиш . Оставаш се . Така и правото да се мешаш во држава каде веќе не живееш . Може ќе се оправиме ако не се мешаа овие од дијаспора .

    Патем темава е за бг пасош , а не за тоа дали ЈАС имам право да коментирам кој да се меша или немам . Јас кажав што мислам ( имам право на тоа ) . Мислам дека секој што има двојно , тројно државјанство , не би требало да спречува напредок на држава во која нема постојано живеалиште .

    Фрустрации имаат тие што се безгласни букви во државата каде живеат . Јас имам право на глас и затоа не сум фрустрирана .
     
  13. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Хахаахахахахахахахах забегувале луѓето со пари и затоа несакаш да имаш пари.:^):rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: дај ти се молам, темава е луѓето да се информираат со работи поврзани со бг пасоши, процедура, пари, документи итн. Немора секоја тема да е полна со муабети ко за на селска чешма. Олабај, кој што сака ќе си прави со своите пари и живот, ти не даде мислење, ти им судиш.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Фала за комплиментот за финоќата, не е до тебе, до мене е ;) Тоа е проблемот, што ти шо не знаеш да сврзеш едно логично мислење не си безгласна буква, а тие што би можеле нешто да сменат, сфаќаат дека нема потреба да се мачат за џабе и бегаат што подалеку бесшумно. Како што кажав, со ваков народ не треба друга држава да ја уништи Македонија :(
     
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Јас реков дека секој што не живее тука , не знае како ни е на нас што живееме и не би требало да се меша ако сме одлучиле да смениме име или не знам што . Нив никој не им се мешал кога си бркале работа нели ?

    Секако , човек со самосвест би го знаел тоа .

    Не знам бе , вие како сте воспитувани , мене мајка ми ме воспитувала да не се мешам во туѓи работи , а ако не живеам тука , да протестирам од Канада против промена на името е мешање во туѓи работи .
    Не знам кој се најде осуден , само си кажав што јас мислам .
     
  16. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Nikogash bugarski pasosh !!
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Тогаш нека си останат бесшумни . Затоа што бесшумно бегаат од проблемите во оваа држава наместо да направат нешто . Еден глас многу значи . Ама најбучни се кога се случува нешто што не им одговара .
     
  18. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Не само што не се најбучни, туку не им е гајле. А и да се, нивно право, небитно ти што ќе кажеш. Кој како дејствува во дадени моменти е политика и за тебе квантна физика.

    Далеку си ти од правилно воспитување, да не знае човек од кај да почне да ти објаснува зошто.
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Аха , кога протестираа во Канада против промена на името .. не им беше гајле ;) кратка меморија имаш душо .

    Мојте мислеле дека така е правилно и така ме воспитале . Дали е правилно или не е , времето ќе покаже .

    П . С . Јас правото ниту им го дадов ниту им го зедов . Кажав дека јас да земам бг пасош , или да се иселам од тука , ама ич нема да се замарам дали името е сменето или знамето . За разлика од тие што ни се во дијаспора , што името не го даваат ама и не живеат тука . Од самосвест не би требало да се мешаат според мое мислење ( не според себе , или според закони , не според тебе , кажувам јас лично како би постапувала доколку не живеам тука ) . А како ќе прават е нивна работа . Исто како што не може некој да ми даде со сила бг пасош , така и јас не можам со сила да го наметнам моето мислење , само си кажав .
     
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Крејзи, ај малку полека. Знам дека си гневна, нема потреба.
    По мене секој кој ја љуби Македонија има право да си го каже своето мислење и има право на протест со кое ќе бара подобро утре за Македонија онака како тој што го замислува тоа утре (макар и Авганистан да е).
    Дијаспора е поим кој денешнава влада го измеша и го направи калакурница од значење.
    Сите македонци што живеат надвор од Македонија со некаква причина отишле. Тоа незначи дека се откажале од државата и од љубовта кон Македонија. Не значи дека нема да се вратат. Во Австралија, Канада и Америка многу македонци одат за време на 3 миграции и тоа, после балкански и прва светска војна, после протерувањето од бело морскиот дел на Македонија 1948/9 и некаде 70тите години на 20 век, кога Југославија ги отвара границите. Тогаш и многу наши одат во Шведска. Многу се отидени и последниве 20 години, што поради војната 2001ва што од економски причини.
    Јас бев најголем противник на бг пасошите, се додека бев дете и моите ме ранеа. Кога дојде ред сам да плаќам кирија сметки факултет сфатив дека тие луѓе го сториле тоа за подобро утре, кој привремено кој засекогаш. И не ги обвинувам повеќе, на секого му е најбитно семејството, децата. Тешко е и тука и таму, каде и да се. Но ако во срцето ја носат Македонија секогаш може да протестираат каде и да се за доброто на Македонија. Исто како и секој друг народ во светот што има дијаспора и право да одлучува за својата матична земја, така може и нашиот македонски народ да допринесува.
    Јас немам бг пасош и не планирам да вадам. Јас неможам да се откажам од дедовците кои живот дале во борба против фашистичка Бугарија за јас денес и моите деца слободно да живеат. Тешко, ама слободно, во своја земја, која за жал ја прекрстија со мал дел од македонскиот народ и сите останати малцинства со неважечки референдум.
    Македонец во светот со Бг пасош за мене денес е исто и македонец со хрватски, словенечки, германски, канадски итн итн.
    Ако тој се чувствува македонец кој сум јас да му судам што е.
    И уште нешто, голем дел од тие 50000 македонци со Бг пасош, се всушност македонски државјани со Бг пасош, а многу од нив се и албанци, срби, роми кои живеат во Македонија. Бг пасош вадат и срби, молдавци па и израелци кои бараат начин како да влезат во ЕУ а да не се третирани како останати надвор од еу. На пример ние македонците сме ставени во иста каша со авганистанци, турци, либијци, кенијци и останати кои не се ни на Европско тло со живеење при влез во ЕУ.
    Секој со свој начин за подобро утре!
    Иако сметам дека тоа што вредеше одамна замина од државава и тоа со македонски пасош. Нив како да ги окарактеризираме?
    Биди поздравена