Јас не сум гневна Роберт , знам дека секој бара начин за подобро утре и тоа е сосема нормално . И грешка си , Србите не вадат бг пасоши . Не го издаваат сопствениот народ , не се како нашиве . Имам и личен пример и пример на пријатели Срби . Се мачат со се и сешто , повеќе беа дискриминирани за време на предходната власт , но не извдија бг пасош па последно да им е . Тој пријателот е од Крагујевац доселен за време на Југославија , имал сопствен бизнис , што му го затвори предходната власт , ден денес е без работа , ама вика бг пасош никогаш нема да извадам па ако треба и да умрам од глад . Толку Срби се свирепо убиени од Бугарите во време кога немало војна , и сега тој да вади бг пасош ? Или јас да извадам бг пасош , а мојте прадедовци се убиени од Бугари ? Никогаш . Тие што заминале од тука , не се помалку Македонци од нас , ама не можат да знаат како ни е нас тука . Ние тука само бараме нормална држава каде корупцијата и криминалот ќе бидат сведени на минимум , а властите очигледно не се способни за сами да спроведуваат ред и мир . Можеби ни требаше промена на името и влез во Нато и ЕУ за да застанеме колку толку на нога . Ако тие живеат во држави каде има и важат законите за секој , не значи дека и тука е исто . Па види што се случува кога дијаспората доаѓа на одмор во Македонија . Се гледа дека доаѓаат тука за да се " издуваат " бидејќи надвор нема кола на која што се слуша брмчењето на ауспухот од 100км , не смее музика до крај во автомобил , забрането е трубење и шлајфови итн . И јас сакам таква држава , нормална каде законите ќе важат за сите исто . Немаат право да ми го одземат тоа . Ако нив оваа држава им е издувен вентил , мене ми е дом . Дом што не сакам да го напуштам . Немаат право да протестираат ако тоа значи уназадување на оваа држава .
Заклучок: неколку Срби и еден од Крагујевац се претставници на српското население во Србија и пошироко и ако живееш во странство си сеЉак. Ај вака, намали со омразата. Никој Македонец не ти е крив, ни оној што живее во Италија, Шпанија, Швајцарија а најмалку во Австралија (цело време алудираш на нив, ама како и за сите коментари имаш погрешни или никакви информации). Тебе како што можам да забележам ти е крива политиката, а тоа не се ни луѓето што земаат бг. државјанство, ни тие што живеат во странство. Криви ти се политичарите кои како што кажав веќе се разбираат во политика нешто како тебе а и ги заболе за државата како и мнозинството граѓани кои живеат таму, кои им дозволиле/уваат да прават како прават. Со мислењата за дијаспората си заостаната децении наназад. Во време на глобализација секој живее кај сака и со оглед на државјанството ги поседува истите права без оглед на место на живеење. Ама извини, тебе капацитетот кој го поседуваш не ти е доволен да разбереш како функционира светот денес. А и злобата и омразата те има залепено начисто. П.С. да имаше малку поим од историја, ќе знаеше дека и браќата Срби ти ги имаат окупирано предците, сакале да им ја преземат цела територија и ден денес не ти ја признаваат црквата. Еве јас знам, ама не плукам по нив и имам такви во најблиска фамилија. Може дека сум исполнета во животот и не ми пречат луѓето?
Немам јас заостанати сфаќања , туку ти не сфаќаш што пишувам . Јас велам дека јас кога би живеела во Австралија , Германија итн . ниту ќе протестирам против промена на името , ниту ќе се замарам за тоа . Едноставно нема да ме интересира , бидејќи сум одлучила да живеам надвор . Ок , баба ми лаже за историјата на моето семејство
Со неповрзаните и нелогични мислења не си ни за сфаќање, арно ама убаво кажа неколку пати дека кој не живее во Македонија нема право да гласа. Тоа можеш само да го сонуваш. Посебно ако некој има бг. државјанство секако има и мк. па ќе си гласа колку си сака. Во тоа како ти ќе направиш никој не ти се меша, ни па ме интересира. Штом си поткована со историја од баба ти, ти се извинувам, тогаш ти сé знаеш и нема потреба да се едуцираш (смајли што се крсти).
Темава е за бугарски документи, не мешајте баби и жаби. Патувал ли некој скоро за Бугарија на интервју? Која е процедурата за PCR тестот и колку кошта?
Колку ви е простачко однесувањето то чудо нешто, затоа и си патиме од менталитетот наш. Зела кажува за туѓ двор што како и зошто. Јас пример имам бугарски корења и роднини во Бугарија, па никогаш не сум рекол ништо за таа држава, туку си ја сакам државата што сум роден и пораснал, но кога нема чаре и сум разочаран од тоа што нуди (политичка нестабилност, економска и општо неразвиена држава, а сепак има многу можности, во поглед пред се на природните дарови што ги имаме и поседуваме). Јас сум во процес на вадење пасош, но никогаш не сум рекол дека Бугарија ми е број 1 или којзнае што. Затао друг пат да си затните муцките и да не солите многу памет, освен ако немате што да правите и ви треба било какво внимание моментално.
Еј , не можам да се расправам со тебе . Сигурно сум повеќе едуцирана, затоа што некој животот го проживеал во страв и раскажувал за тоа . Во ред е кој има бугарски корени да поседува и документи , но јас како дете со македонски корени не е во ред да поседувам бугарски пасош или било каков друг документ од Бугарија . Тоа го кажав и претходно и тоа е мое мислење . Ако не ве јаде совеста вас, тогаш поседувајте си бг пасош . Мене би ме јадела совеста . Јас не можам да си извадам бугарски документи . Исто е како некој со потекло од Егејска Македонија , на кој предците му се убиени таму , да си извади грчки пасош или државјанство . Освен ако не е жена што е мажена и живее во Грција ( или маж кој трајно се преселил ) , не гледам поента да извади пасош . Јас не би извадила ниту бугарски , ниту грчки , ниту српски пасош .
Гледам колку не можеш да се расправаш. Btw. јас дискутирам, не се расправам. Поедуцирана си, за прикаските на баба ти. Наместо да се засрамиш колку си неука во 21 век!, не го разбираш ни поимот едукација, навредуваш луѓе за нивни права. Бисер до бисер си со глупостите.
Ама ти пак не кажуваш мислење, ти пак судиш. "Во ред е кој има бугарски корени да поседува и пасош". Ова го имаш напишано. Абе не е ни моја ни твоја работа, што е во ред или не е, за туѓи животи. Ти нас овде ни продаваш пуфки за историјата, кога овие твоиве све пос*аа и име сменија и Гоце го дадоа.Али тоа во ред ти е, па сега им се фати на обичните смртници што бараат чаре да избегаат од дупкава? Некој таму гинел за Македонија, внуците/правнуците нивни не ги боли промената на името? Знаеш колку наши предци се загинати и за име и за територија? Ама тебе што ти одговара ти е во ред, а што не ти одговара ќе трубиш овде, ќе косиш трева во туѓи дворови.
Сега брзо си помислив, па зошто ваѓањето на бугарски пасош од Македонец да го гледаме како предавство или не знам што, да ги осудуваме луѓето и ние како Македонци да имаме уште една причина за мразење меѓу себе. Јас го гледам ова како луѓе со двојно државјанство, не ме интересира на кој начин е изваден пасошот, важно некој се снашол во животот за да замине во странство и да заработи повеќе. Исто му доаѓа и кога живееш и работиш во некоја земја долго време и добиваш тамошно државјанство или си роден таму. Веќе старо стана осодувањево на Македонци што извадиле бугарски пасош. Како Македонци треба да сме свесни за сопсвената историја, идентитет и традиција и не треба ништо да ни создава забуни и да подлегнуваме на пропаганди.
Кои мои ? Ако мислиш на Зајко и компанија , одма да ти кажам - ниту нив ги поддржувам ниту Мице . За мене се во ист кош и двете партии . Апасиев ветува многу , ама сеуште не добил шанса да се покаже на дело , од другите риби во морето , кој знае и дали некогаш ќе добие шанса . Преку името замижав ( не дека јас толку сакам да се викаме Северна ) затоа што тоа ветуваше каква таква стабилност . Не сакам да доживеам уште еден воен конфликт . П . С . Сите сакаат демократија со Америте, никој не сакаше конзервативност и православие со Путин и Русија , сега сите го сакаат името и Гоце назад . Епа не може двете . А Зајко , јавна тајна е дека е донесен на власт само за да ја распарчи Македонија и да ги поддржува Американските интереси и идеи .