Јас и овде имам добра живеачка, мене и овде ми е добро. Во својата земја сум си ,кај својот народ. А во странство па и не е се така убаво како некој што опишува, и таму има многу луѓе без работа, не е само овде тоа, незапосленоста е насекаде. Во странство, на пример во авганистан работат по 12 часа, некои работат тешка физичка работа. И овде може да си обезбедиме добра плата, само треба да се потрудиме. Незнам за другите мене ми е добар животот овде имам за нормална живеачка немам да се расфрлам со пари ама за живеење имам. А и јас би отишла да п оработам во странство ама не да живеам, да работам и да се вратам, на пример во Авганистан а да живеам во туѓа земја желба немам. Мене ништо не ми фали овде и нема зошто да ја плукам мојата земја. И не смао Авганистан, во Австралија имам братучедки, нивните родители секој ден ги зимаат со авто од школо, не им е толку безбедно таму. Јас така слушнав така ми кажаа па колку е точно незнам. Но таму ми се допаѓа што е навистина чисто средено, нема ѓубре на улиците. А овде што има ѓубре не ни е државата крива туку ние самите и нашата култура. Тука си во право, овде е поважно од која партија си отколку што си завршил.
сакам само да кажам дека баш ми егајле што мислат другите ,а и да сестра ми не ми прака пари за чоколадо пошто нема потреба ,јас овде убаво си живеам и вие да бевте на нејзино место исто ке направевте ,да работевте во дрзавна институција 7 години, и да ви дадат отказ затоа што на некого керката требала да се вработи и ај сеа
Ikame, чоколадото ако не го сакаш дај ми го на мене Зафркаванција настрана, тоа само Дејлат го искористи како за пример на девојката за тоа како странските Македонци и прават корист на Македонија, а не штета. Таа пара што се слева во економијата, со самите одмори кога се враќаме ние странците и трошиме во Македонија, а имаме избор да ги дадеме на...еве на одмор кај Хрватите, Италјаните... Тоа е за државата бенефитот од странците наши. Па нашите блиски кои зависат од нас, на кои државата им мижи и се преправа дека ги нема или дека живеат од воздух па не им треба ни работа ни пари, здравје па ич. Од друга страна па тоа што помагаат на хуманитарната страна, на луѓе што државата им мижи, оти ако се преправа дека не ги види може ќе ги однема. Не сите, тоа да, ама доволно од странците донираат, без разлика што на сите нас ни се фрла по нос вицот на К15 двата долара, при генерализација во сарказамот колку патриотска била дијаспората... Забегав. Туку да, и мочаните пари кои се заработуваат настрана со бг пасоши знаат да купат здравје. Јас само би прашала некој што е до толку против излезот со бг пасош, во случај да би му требала хуманитарна помош на некој во вашето семејство пу пу пу, треба лечење во странство, а здравствениот буџет не сака да ја покрие цената, ќе одбиете ли парична помош од Македонци од Европска земја само затоа што имаат БГ пасош? Епа, од зор многу од нив ги вадиле тие пасоши. Има и за од узур, ама од тој зор, што оние кои се против постапката не го осетиле тоа, е такви има повеќе, па вие патриотите мижете им како што и на нив им мижи државата без да им помогне со надеж дека ако им мижи и нив ќе ги однема. Па оп после, немаме доволно Македонци. Узбуна!
Девојки зашто толку се нервирате за тоа Бугарските пасоши... Кој сака ќе си земи, кој не сака - никој не го присилува. Ја поддадов документи за Бг пасош уште пред година ипол, сеа уште малку треба да почекам за Бг паосошот, лична карта веќе имам бугарска. Иначе ја не аплицирав за бугарски пасош зашто овде во МК живеам мизерно, него едноставно не ми се свиѓа ниту архитектурата кај нас, ниту културата, нит менталиетот на луѓето.. И тоа е тоа. Од секогаш сум ја сакала Централно Европската архитектура што се среќава во Минхен, Виена, Прага... А Минхен дефинитивно ми е омилен град на светот, го обожавам, неколку пату сум била, и веќе знам дека во тој град ќе живеам и работам доживотно, а нормално, тоа ќе ми го овозможи бг пасошот. Само да почекам уште 4 месеци.
на мм бројчето е 4950 и веќе е излезено, уствари откако ке ти покаже дека молбата ви е уважена се носи на потпис кај потпрецедателот и таму се чека. инаку еве ти линк да си провериш. http://www.justice.government.bg/emsg/
Девојки мене ме интересира друго. Ако заминам некаде со Бугарски пасош, ќе можам на маж ми да му направам документи за тамо да го земам како мој сопруг или мора и тој да има Бугарски пасош за да дојде? * Иначе не е за мене. Јас не сум ни мажена а ни пасош имам, ама би ви била многу благодарна ако ми кажете Треба да пренесам..
da mozes da mu napravis dokumenti na pr vo slovenija znam posto brat mi e tamu toj ima pasos i i napravi na sna mi i na vnuk mu
А ќе може да работи таму ? Ќе ги има истите права како брачниот партнер што го повлекол таму, иако нема Бугарски пасош? Ве молам некој поупатен да ми одговори..
Повеќе информации на веб сајтот на Европската унија: http://europa.eu/youreurope/citizen...amily-members/spouses-children-parents_bg.htm
Јас сум ЗА! И планирам да си извадам. Зошто?? Затоашто не сакам овде да живеам, затоа што не можам да го поднесам овој менталитет и малограѓанство, затоашто сите живеат за другиот, а никој за себе, затоашто не можам да си дозволам едно проклето патување подалеку од Грција(и еве зошто одаам, затоа што ми е најблиску, и зато што само Грција можам да си ја дозволам, а воедно и да видам нешто европско). Затоашто не можам да имам квалитетно образование овде. Затоашто не можам да имам добра работа (освен ако немам партиски врски), затоа што ми е преку глава од сите фини и чесни , затоашто не можам да положам ако професорот ме мрази, затоашто студентските домови во Македонија се како Европските затвори, затоашто едноставно не сакам да живеам во Македонија, бидејќи во секоја смисла на зборот, во секоја насока сме најнааазаад од сите и ми се плаче.Проклето ми се плаче. Толку од мене !
Дајте девојки кажете ми некој кој посредува за бугарски пасош, по можност да не ме матка со години, и да не е најскап
Море арно ни направија бугарите со дават пасоши(ако знаеме што планират) да не беа они ние Европа нема да ја видевме.Не ми е ич гајле имам бугарски пасош и не се замарам со политики.Гледам на мене да ми е убаво и на моите деца кога ќе се родат.А, сигурна сум дека ќе имат поубава иднина во било која Европска земја, него во Македонија.Нема ништо лошо што посакувам нормален живот не со распуштање, ниту со ценкање.Се прошири начинот на кој размислуваат младите луге.Не се задоволни со леб и кров на глава.И во право се и јас не размислувам така, секаде е рипнат стандардот. Ако работам јас и маж ми со две плати треба да можам да отидам на одмор да видам нешто од животот, а не одморот од 10 дена кој го дават во Македонија(и тоа не се работни 10 дена одмор туку вкупно, кратат и не д*упат во здрав мозок) да го поминам во перење, генералки по дома, обелување само за да си го пополнам времето оти не сум финансиски моќна да отидам некаде.Или на колата да гледам како луксуз.Не и не, не се препознавам во тој начин на живот.А ми се буквално од луге кои не ја поминале границата и солат памет остани си во Македонија тука е најубаво, а не виделе како е по светот.Не дека и јас имам многу прошетано ама гледам.Сега сум во Германија со маж ми,учам германски и ќе се трудаме да успеаме.И ќе успееме.Немаме работа, но додека не најдаме не ни помислуваме на враќање.И да се вратиме тоа ќе биде посета.Не планираме да се вратам да живеаме во Македонија.Не е работата да се зберат пари и да се вратиш што после, пари тешко се заработуват лесно се трошат...во Македонија работа има пари нема.
Оти бе ти е мака од фините и чесните? Камо да имаше повеќе такви, ќе процветаше светот, ама тоа е врста во изумирање. Нема вие да процветате со бугарски пасош, ама правете што сакате.
Не ја разбра финтава со фините и чесните. Сите се прават, а никој не е. Можеби нема да процветам со бугарскиов пасош, можеби. Но ако останам овде е тогаш сигурно ќе овенам.
Ја разбрав финтата ама сакав да ти укажам дека требаше поинаку да се изразиш. И земјата овена затоа што мнозинството сте такви какви што сте.
До вчера патриотки невидени изигрававте со маици од нашата мила владеачка партија,а сега бараат бугарски пасоши и згора на се уште брчат. До кај стигнавме..