Posrednikot rece adresa na ziveenje trebalo da se dade maticen broj da se dade ne znam ne mi e jasno.
Мене не ми е јасно зошто си давате пари по посредници и губите дополнително време. Штом ви е потпишан указот си закажувате термин за подигање на пасошот. На страната каде што пишува дека е одобрено државјанството,има едно сиво поле Записване,и таму има термини да закажеш,да прикачиш фотографија од пасош не поголема од 2 МБ и да внесеш мејл,па ќе добиеш повратен одговор на мејл.Потоа мејлот го принташ и со тоа ливче одиш во правосудие да си го подигнеш указот. Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат. жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01 Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + 10 лева манипулативни трошоци, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерството за Правосудие ќе влезеш дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот. Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.За во МВР оригинал,за во општина копија. Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш..... Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш. Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса - -50 лева -За подигнување на указ -30 лева-За адреса и ЕГН во општина -30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање Вкупно 110 лева Ова се трошоците за пасош и лична карта -36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева) -80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева) Вкупно 116 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)
ukazot e zemen Toa go pisuva Вашето удостоверение е изпратено за връчване към заявената консулска служба Битоля-Македония. При получаване на удостоверението следва да заявите адрес за регистрация в Република България, както и да представите 2 бр. актуални снимки паспортен формат.
ова што значи? таму долу кај што пишува Търсене на преписки подадени по консулски път Въведете номера на преписката във формат „номер/година“ . Пример: „231/2014“. го внесов бројот и излезе ова. А кога проверувам со внесување погоре кај Молба номер и ПИН излегува ова: Молбата ви е разгледана от Съвета по гражданство с положително становище Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република България
Јави се утре во амбасада во Ск, ќе ти кажат дали ти е таму Удостоверението. Врти во периодот од 12 до 13ч.
Указот ми е пристигнат во амбасадата. Ми кажаа да се јавам на 058058555 и да закажам термин. Дали знаете за каков термин се работи и што е потребно? Горе прочитав дека е за пасош. И дали мора да се оди во Софија?
да се јавиш да ти кажат кога да го земиш указот од амбасада, ко ќе одиш во амбасада ќе ти кажат кај треба и колку да уплатиш, т.е во уни банка се плаќа за указот, носи и мала слика за секој случај. Во Софија се оди само за адреса и матичен број да регистрираш и после вадиш пасош. Ама за адреса се чека 2-3 месеци дури да стигни писмото од правосудие до општина
Dali na vas sto vi e stignat dokumentot vo Bg Ambasada vo Skopje se javivte i imate info sto kako treba da se napravi,uplati,odnese...? Ve molam za info
Првпат проверив сега (после 2 ипол години од интервју) и е пристигнат. Пред тоа немав проверено, значи најверојатно е порано е стигнат.
Од каде овие глупости...познавам луге што добија бугарски пред помалку од година со потекло од брат/сестра. Може линк од тој закон?
Еве јави се во амбасада и прашај ако мислиш дека е глупости. Тие што земале преку брат или имале плус дополнителен происход од ДАБЧ или имале многу среќа па поминале некако. Ако тие твој познаници добиле преку брат и го добиле пред една година најверојатно имале поднесено некаде во 2015/2016 па можеби и затоа, бидејки овој закон е пред околу 2-3 години. Иако имам и јас познаници кои исто така имаа поднесено во 2015 преку брат и беа одбиени, и баш на последниот статус коа чекаа потпис од вицепрезидента. Јас кога поднесував во 2019 година имав и од татко ми и од брат ми бидејки и двајцата имаат бугарски,кога влегов на интервју и кога ми ги разгледуваа документите дали ми се комплетни, од брат ми ми ги вратија,кога прашав зошто човекот ми кажа тоа веке не важи, со новиот закон потекло од брат(или друг роднина) не е доволен доказ за добивање на бугарско државјанство.
Не сум, само ми закажаа термин. Се јавувате на 058058555 и ви закажуваат прв слободен термин и ги кажуваат сите потребни документи.
И после Бугарија била крива што ни го спори идентитетот.Ајде мајката.Отиде пола Македонија да дава изјави и да носи документи во кои се докажува дека татко, дедо биле Бугари,а тоа му доаѓа пред втора светска војна значи до тогаш како што тврдат бугарите македонците биле бугари, и можеби се во право.Сами си кажуваат тие што идат по бг пасоши.
Идентитетот ке не храни нас и нашите деца? Од идентитет ке преживуваме и со 15 000 денари плата? Не фала. Ако имало живот овде никој не би отишол да вади бугарски пасош, секој си бара некое чаре за да избега од оваа мизерија. Ако некој е крив тоа се тие што ја водат државата, што го доведоа народот до просјачки стап. И секако оваа не е тема за ваква дискусија.
Има и такви со македонски пасош. Од мојата фамилија работат во Словенија, Хрватска, Германија и се враќаат на 3 месеци, нема ништо страшно. Таму заработуваат, овде трошат. Гастарбајтерот што ни е во Германија сега се поврза со германски газди, директно за нив ќе работи, така што бугарски пасош не му ни треба, тие ќе му средат и за престој и се. Кога се сака се може. Знам луѓе што земаа бугарски пасоши и други што планираат да земат, ама дремат без работа, оти не им се работи. Пасошот не работи, треба човекот да запне.
Mоже и со македонски да се работи надвор. Џабе ти се пари кога ќе намаш татковина. Колку чини татковината? Илјадници дадени животи со децении и векови.