Каков е тој живот три месеци во странство, три месеци тука? И што ако имам бугарски пасош, го имам и македонскиот не сум се откажала од него(ако веке би требало да бирам би се откажала од мк, секако за ништо не ми служи) , имам двојно државјанство. Дали ти со работна виза можеш да го повлечеш семејството? - Не. Еве оди работи во МекДоналс 5 години, па после повлекувај фамилија океј,не туку соли памет. Каков е тој гастрабајтер што се поврзал со германски газда и средува и престој и се кога за работна виза се аплицира во амбасада и не оди преку газда. Џабе ми е татковина ако немам живот, ако на детето не можам да му овозмажам ништо, па дури ни основни потреби. Еве оваа татковина мене ништо не ми значи, оваа е мизерија, беда. Оваа татковина ништо не ми пружила мене ни на тие околу мене освен стрес и борба за опстанок. И да имам пари не би останала тука да живеам, а не пак да работам во странство а тука да трошам. А ти патриоту седи тука брани ја татковината и жали за дадените илјадници животи, јас имам други побитни цели во животот. И нешто што никогаш не би си опростила е ако го оставам детето да расте и да се маче во оваа држава, ако може така да се нарече.
Тој живот е убав и удобен. Ќе дојдат со полн џеб пари и ништо не ускратуваат. Се одмораат и пак се враќаат назад, или ако се желни за работа, и овде си работат во меѓувреме. Па имам и јас леб да јадам, да платам сметки, да живеам. И да патриот сум. Не би зела бугарски пасош во никој случај. Македонското државјанство не би го откажала во никој случај. Мој роднина се снајде, сега работи за германски газди и има доволно пари на свои 22 години, доволно за да овде купи стан, и да се среди, да има удобен живот, нешто што мрзливи 40 годишници го немаат. Моите не сакаат трајно да си заминат од Македонија. Не знам каде се средува и аплицира, важно детето си среди и се обезбеди. За тоа треба труд. Сакаат таму да работат, а овде да трошат, да градат и не сакаат да повлекуваат фамилии таму. Ти посакувам да си ги исполниш побитните цели во животот. Многу луѓе така се тешат, а не сфаќаат дека до нив е. Овде немаат работа никаква, а се надеваат дека некој таму ќе ги прими и ќе се снајдат. Кога на 45, 55 години? Не треба коментирање, треба работа и делување. Додека стотици луѓе зборуваат како ќе заминат, мојот роднина беше упорен и без зборење си среди да работи за германски газди. Сам си се снајде, и замисли нема бугарски пасош и замисли не работи во Мекдоналдс. Ако овде не можеш основно да му обезбедиш на детето, до тебе е. За еден скромен живот има и овде, само треба работа. Требало да мислиш пред да имаш дете, оти со приколка секаде е потешко да отидеш.
Тој живот ниту е удобен ниту е убав, гледајки од моја перспектива кој родител би си ги оставил децата сами за да оди 3 месеци да печали во друга држава па да дојде 3 месеци овде да троши. Вака како тебе размислував кога бев тинајџерка. Не е се така лесно и едноставно кога гледаш од страна се додека не го доживееш. И да, јас имам скромен живот овде, но не можам да замислам целиот живот да ми помине живеејки скромно, кога знам дека можам многу повеке да направам и за мене и за моите деца. Плус погоре се изјаснив дека не се само финансиите причината што сакам да заминам од тука, какво здравство ни нуди оваа држава, какво образование, каква безбедност, какви услови за вработување, какви пензии? Мене оваа држава не ми понудила ништо добро за да ме задржи тука, плакам здравство се лекувам на приватно, лекови на приватно, епа треба да сум луда за да останам тука.
И јас не сум задоволна од институциите, и кога би се иселил пак со една нога би била овде. Нема сила што ќе ме натера да земам бугарски пасош. Околу мене имам десетина луѓе кои земаа и никаде не заминаа. Без знаење и некоја асална професија која се бара на запад ништо не се прави. И пред и по бугарски пасош им е исто. Живеат по 6 души во еден стан. Кусок се за 1.000 евра кои ги дале за пасошот, екскурзии до Софија и сега се Бугари. Тоа е ќарот. Роднината на 22 години не е татко ниту е женет, туку со време печали за да има утре, не да кука како државата не чини. И овде со пари е полесно. Ако како гастарбајтер имам пари и овде се е полесно.
Зошто постојано ги спомнуваш тие некои си 10тина луге околу тебе кои земале бг и ништо не направиле, што имат врска со нив целиот овој мубет, ако не и чини нека се откажат од него и готово. Ти изгледа не си мрднала од државата да видеш како живее народот таму па ми расправаш муабети од рекла казала. И не не ти треба никаква професија на запад за да успееш, таму има за секој работа само да ти се работи. И да оваа држава чини само за политичарите, а за нас обичните грагани не чини. Немам повеке намера да го губам времето објаснувајки ти некои работи кои очигледно уште ги немаш осетено на своја кожа, па ке те оставам животот во Мк да ти залепи шамар за да сфатиш некои работи,а до тогаш уживај со розевите очила
Zdravo,sakam da prasam,ukazot go podignav pred nekolku meseci,pa vo konzulatot mi dadoa tel broj vo Sofija,da prasuvam dali mi e stignato pismo.pred nekolku denovi dobiv potvrden odgovor.e sega ne mi e jasno dali ima nekoi taksi sto treba da gi platam koga ke go podignuvam pismoto i dali mozam odma da odam na slikanje?pozzz
Од каде знаеш дека не планираат да заминат?Зошто ги потценуваш тие од 40-50год?Еве братучед мој има толку години па лани си ја зема фамилијата во Германија
Можеби да, а можеби и не. Сепак млади години се млади години. Ако на една жена не и се оди да работи во соседна населба, далеку било за плата која е малку под просечната, како тоа ќе отиде во Германија и ќе се прилагоди, плус сега со дете? Сакам да кажам дека не секогаш е до пасошот, има и народ на кој не му се работи и мисли дека еден бугарски пасош ќе седи се. Без знаење, искуство, јазик, секаде е тешко. Веќе на 50 години повеќето луе од нашево поднебје, кое не е баш идеално, изложени на стрес секој ден, се оболени, пијат таблети, зависни се од терапии, и колку тие се способни за работа. Друго во Германија нели имаат од лани нов Закон за имиграција, кој предвидува и ограничување на возраст?
Маката ќе те натера на се.Да додека си млад се е полесно но не е дека во поодминати години ништо не можеш да направиш.И само ќе седиш и ќе кукаш.Појма немам што закони има во Германија,знам луѓево си отидоа,оваа година ќерката завршува средно тука и она заминува таму.Мажот,жената и синот си се таму
Еве сама убаво си кажа, не и се оди за плата помала од просечната, но да знае дека на крајот на месецот ке земе 1500-1700 евра плата и те како ке и се оди. На тој што не му се работи а извадил пасош еве нека се откаже од бг државјанство, што имат врска тие неколку што не и се работи со целиот муабет?И да веке на 50 години лугето во нашата држаава се оболени и пијат таблети за разноразни болести затоа што цел живот го поминале стресно баш заради ниските примања. И таков закон за имиграција каде што се ограничува возраста нема.
Сега ќе ти скокнат државна администрација и оние со "стара пара". Едит* Веќе ти скокнале, мислев мислењево е од пред малку.
Океј дајте медаља на патриотите да им закачиме, а ние ,,предавниците'' да продолжиме да си делиме совети и искуства околу пасошот. Бил ли некој да се слика во конзулатот во Битола да ми кажи дали треба закажување? Ако треба закажување по колку се чека за термин? И колку време после сликање се добива пасош? Не ти треба посредник, можеш се сама освен делот со подигање на ЕГН од Софија се друго можеш сама. За да не се маткаш низ Софија ќе ангажираш посредник од тука кога ќе дојдеш до таа фаза. Не ти треба да се изложуваш на трошоци непотребни за разно разни ,,преводи''.
Ангажирај посредник од тука. Ке ти среди работа се таму за 150е што реално толку и би те фатило со се ПЦР тест, со се пат, преводи. Ако ти треба контакт пиши ми лп ќе ти дадам сигурен човек.
Da prašam nešto ako znae nekoj, dali može nekako nekoja varijanta da se vrati makedonskoto državjanstvo so cel pobrzo da se zeme bugarskoto?
Здраво дечки На 8 март сум на происход овде во амбасада во скопје треба да ги доставам документите ме интересира од кога ќе ги поднесам документите за происход коа е процедурата после тоа ?Фала унапред