Ви ја читав дискусијата погоре, нема да означувам никого зошто сакам и општо да си кажам. Да, ја сакам Македонија, родена сум и израсната сум тука, но не се чувствувам како предавник што чекам бугарски пасош. Прво, зошто имам бугарско потекло, дедо ми беше бугарин што се преселил како млад овде, и мајка ми од него има бугарски пасош, снаа ми исто е бугарка и не е дека ја се лупам у гради заради тоа, едноставно тоа е дел од мене и ми е сосема ок да си извадам, а не дека јас ќе се откажам од македонскиот пасош. Е сега, причините што јас вадам бугарски пасош не е дека ја сум заљубена у нив, од економска гледна точка го вадам зошто би сакала еден ден да си одам од овде. А зошто сакаме толку луѓе да си одиме? Зошто не ја предаваме ние државата, таа си го предава сопствениот народ, со невработеноста, ниските плати, ужасното здравство и образование, политиките нејзини... И да, не планирам да вадам работни визи што ќе ми траат одредено време во кое што ќе бидам обврзана да работам на тоа место и ако ми дадат отказ или одлучам да прекинам ќе морам да си се вратам дома. А со бугарски пасош престојот ми е неограничен, без разлика што и да сакам да правам во таа држава. И овде имало нормални услови за живот? Можело да се живее океј со плата, само требало да се потрудиш? Брат ми работеше две работи, капнуваше од работа, кога ќе заспиеше не можеше никој да го разбуди од толкав умор и зимаше да речеме "натпросечна" плата за Македонија. И пак не му стигаа парите, а особено откако се ожени и му се роди дете. Се пресели со бг пасош во Германија, работеше на неколку работни места, ако напуштеше на едно ќе се вратеше тука на кратко, па пак ќе си заминеше, ќе најдеше нешто друго или си бараше таму без да се замара со визи и дали има право на престој во државата. Моментално, за Германија зема потпросечна плата, а сепак може да си дозволи се за себе, плус да испрати и за жена му и за детето пари. Е тука рмбаше ко коњ и никој не му го ценеше трудот и основни работи не можеше да си овозможи. Фала богу, ќе си отидат и они таму за краток период и ќе си се средат скроз. И толку се лупаме за тој национален идентитет, а да направиме еден тест, којзнае какви мешаници ќе испаднат.
За подигнување на указот ми кажаа дека ми е потребна молба по образец за нешто. Да не знае некој за што станува збор?
Zdravo na intervju sum za bugarski pasos pa dali moze nekoj da mi pomogne da mi gi isprati prasanjata?
Zdravo me interesira nekoj da spodeli iskustvo vo vrska so bugarski pasos do koj mesec se stignati so status obrazuvana prepiska ?
Здраво на сите едно прашање до сите вас што знаат во врска со овој статус “Молбата ви е разгледана от Съвета по гражданство с положително становище. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република България.” Дали случајно го имаат некого одбиено со овој статус ? Фала ви
@Петар Пан Пан овде 99% поминуваат ретко некој да одбијат Кога беше на интервју? И од кога беше на финална?
Како да се дознае број и лозинка за проверка на статус после интервју? На телефоните во Конзулатот никако не креваат.
Zakaži si termin za podiganje na ukazo u praznite polinja, inače od koga čekase za potpis kolku vreme beše na položitelno
Овие дена како известување го добив следното од сликата, дали некој може да ми каже колку време се чека додека го добиеш на рака пасошот , кои се процедурите после ова , ете пишува адреса во Бугарија и слики за пасош, и исто знам дека треба да одам во амбасада. Ве молам за помош. Благодарам од напред.
Да. Може ќе биде од корист на некого, па еве ќе пишам. За да подигнете указ од амбасада потребни се: - потврда за уплата од 25 евра во УНИ банка за такса и копија од истата - молба (пополнета на кирилица на бугарски - пример за Скопје ќе биде Скопие) - се пишува адресата. Постои една бесплатна адреса а тоа е Леге бр. 6, Средец. Доколку сакате може и да си платите за адреса. На молбата во полето за потпис не треба да се потпишете, тоа ќе го направите внатре во амбасада кога ќе ви кажат. Исто ви треба и копија од молбата откако ќе ја пополните. - 10 евра се плаќа во амбасада - 2 копии од македонски пасош - 3 слики за пасош
Што е следниот чекор после добивање на происход? И кои се шансите понатаму за да те одбијат? Благодарам однапред ако некој знае и ме упати повеќе.