Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    [/quote]

    Ја разбрав финтата ама сакав да ти укажам дека требаше поинаку да се изразиш.
    И земјата овена затоа што мнозинството сте такви какви што сте.[/quote]

    Земјата не овена заради таквите како мене. Јас сум само една млада девојка која сака поинаков живот. Земјата овена заради Бранко, Љупчо..и останатите....А јас, јас не можам да променам ништо во државава, но можам да си го го променам животов. Само да знаеш јас колку бев горда што сум родена во Независна Република Македонија. Но, зошто да сум јас лојална кон држава која кон мене не била? Секогаш пред мене биле оние кои имаат врски, колку и јас да сум била подобра.. Не велам дека бугаркиот пасош со сигурност ќе ми понуди подобра иднина, можеби, но можеби и не. Ќе си се обидам. Знам многу луѓе кои си заминале така, па сега си живеат среден и убав живот, убава работа, убав дом, патувања, концерти,натпревари...Секој знае што сака од својот живот. Сите имаме право на избор.
     
    На WarriorAngel и Daydream им се допаѓа ова.
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Патриоти се за кошарка :D

    Ја разбрав финтата ама сакав да ти укажам дека требаше поинаку да се изразиш.
    И земјата овена затоа што мнозинството сте такви какви што сте.[/quote]

    Земјата не овена заради таквите како мене. Јас сум само една млада девојка која сака поинаков живот. Земјата овена заради Бранко, Љупчо..и останатите....А јас, јас не можам да променам ништо во државава, но можам да си го го променам животов. Само да знаеш јас колку бев горда што сум родена во Независна Република Македонија. Но, зошто да сум јас лојална кон држава која кон мене не била? Секогаш пред мене биле оние кои имаат врски, колку и јас да сум била подобра.. Не велам дека бугаркиот пасош со сигурност ќе ми понуди подобра иднина, можеби, но можеби и не. Ќе си се обидам. Знам многу луѓе кои си заминале така, па сега си живеат среден и убав живот, убава работа, убав дом, патувања, концерти,натпревари...Секој знае што сака од својот живот. Сите имаме право на избор.[/quote]

    Ме расплака, што да ти кажам. Вака, јас убаво напишав „правете што сакате“, ама барем не мачкајте очи не изигрувајте жртви. Некој гинел за земјата, а вие наводно не сте можеле на концерти да одите и сега треба вас да ве разбереме и да ве жалиме. А политичарите што ги вадиш како алиби, повеќе нив ќе ги разберам отколку вас.
     
  3. preplasena

    preplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    26
    Во врска сум со бугарски жител дали доколку се венчам со него добивам и јас бугарски пасош и за колку време?
     
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Земјата овенала заради мнозинството што извади бугарски пасош и си замина си спаси глава? Не ми е јасно нешто, малку си контра себеси, како може некој од странство да овене некоја држава? Државата ако овенала, овенала само заради луѓето кои живеат во неа, моментално. Да не почнувам за тоа колку просечниот Македонец знае да препознае вистински патриот или дали воопшто знае што значи да бидеш патриот. Чуле бугарски пасош и брзо ко прле пред магаре да се затепаат на форум дека некој не бил патриот. Бидете си патриоти и гнијте заедно со останативе патриоти, кои од толку љубов ја пресушија земјава.
     
  5. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Па ако влегуваш во брак со странски државјанин и заминеш да живееш таму имаш право на државјанство и поднесуваш барање. Сигурно ќе го добиеш побрзо од некој друг Македонец што аплицира за пасош само колку да го земе.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Низ темава дел од расправијата е како скечов од српската серија „Државни Посао„ кој убаво го илустрира менталитетот и зависта низ балканов кон оние кои имаат право на повеќекратни државјанства. Во скечот наместо бугарски, ставен е унгарски пасош - отпрвин сите го гледаат со презир колегата, но кога дознаваат дека тоа носи одредени погодности сите го менуваат мислењето за 180 степени и од околу се обидуваат да дојдат до истиот :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=cdZsTFCTqbA
     
    На fast_and_curious и Nymeria им се допаѓа ова.
  7. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    ^ Леле ова оправдание како на не толку убавите ама разголени девојчиња на Фејс со три килограми шминка - љубоморне душе могу да ми... :D
    Речиси секој државјанин на Македонија може да извади бугарски пасош ако изрази желба, не знам како не си свесен. Секако, вие верувате дека сите се водат според вашиот начин на размислување и тешко ви е да прифатите туѓи принципи кога веќе вие ги немате истите, ама тоа сведочи само за вашиот затворен ум и неприфаќање на реалноста. Јас барем го признавам правото на секој што сака да го извади тој пасош... Ама колку и да плукам по таа постапка, ја прифаќам како реална. Вам ви е тешко да сфатите дека некој едноставно не сака.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    i...ja што ти е гајле кој какво државјанство сака и колкав патриот е. Па сите што се прават големи патриоти во државава две третини од нив имаат бугарски државјанства и тоа уште мнооогу одамна, уште кога беше Љубчо на власт а да не зборувам и со новите водачи. Секако, бугарското државјанство им носи многу поволности при избор на работа во Европа па и пошироко. А сите се бориме за добра работа, за свој дом, за семејство но и финансии.
    Кога би имала добра и сигурна понуда за работа надвор од Мк и кога единствен услов би ми било да имам бугарско државјанство веднаш би извадила (ако имам финансии и доволно време за тоа)
    А ти сакаш да избегаш од државава? Во Германија на пример? Па знаеш ли дека за да аплицираш за германско државјанство ти треба да се откажеш од македонското?
    Сите се правите патриоти а кога ќе згусти бегате во странство и ич пенис не ве боли ниту вагина ви чуе за Македонија. Битно газот ви е во сигурна фотеља па макар и во друга држава и со туѓо државјанство. (Со таа разлика што оние со бугарско (или друго) државјанство бегаат за да заработат за живот а вие ќе избегате за да не мора да го решавате хаосот кој сте го направиле.)
     
    На anggell, Keti30, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.753
    Допаѓања:
    11.172
    Пол:
    Женски
    Моментално немам но во план сум да извадам во најбрзо време, кај мене во семејството мислам на родителите и братми почнавме еден по еден да правиме, татко ми веќе има пред некоја година го доби, сега и братми ќе добие наскоро. И искрено ама ич уво не ми чуе што превртуват очи кога велам дека сум за бугарски пасош. Да не беше тој пасош на татко ми дома за леб ќе трпевме, реално каде има работа во оваа ска*ана држава. Потрошиме еден куп пари на родителите за факултет, а за возврат не можеме работа да најдеме, и тоа било каква не зборувам за онаа која би требало со диплома да ја имаме. Просечната плата била 300 еур во Македонија, какви 300 бе дојди во мојот град каде работат за 4 000 ден, а верувам дека секаде е така. Тука лебот и сметките не можеме да си ги платиме, секој ден сме под стресови од оваа немаштија, и да воопшто не сум патриот, а зошто да бидам затоа што 75 % од населението сме под стрес за како ќе го минеме денот, и дали утре ќе имаме леб да јадеме :envy: .
     
    На fast_and_curious, SparkyAngel, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Разбрав дека сега можело да се поднесе за бугарски пасош и во конзулат во Битола.Дали некој знае нешто поконкретно за ова и дали познавате некој што таму поднел документи?Ако знаете нешто или пишете на темава или пишете ми ЛП.Фала однапред
     
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    дали некој знае кога ке излезе нареден протокол ?
    веке долго време немаат пуштено ни еден пасош
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Дали некој можеби значи што значи тоа кога проверуваш дали ти е излезен пасошот и пишува дека
    БРОЈОТ Е ВРАТЕН НА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА
    А на некои други пишува дека се во процедура ?
     
  13. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Дефинитивно негативно ако е пасошот наменет за да не се чека на аеродром, граница или за Грците полесно да не пуштат (тоа се продадени души) :fubar:
    Или чисто на некој му текнало, ејјј абе вчера што гледав еден филм, типот имаше цела кутија со пасоши - ај и јас ќе си направам таква ( :o :^) :fubar: :swear: :tmi: :x ). О.о

    Но, од аспект на студент во Англија или Америка, да, затоа што Македонците треба да плаќаат дополнително (што некогаш може да биде и повеќе од 10.000 евра годишно) затоа што нивната држава не е членка на ЕУ. А за факултет во Америка (престижен) се бара дозвола која изнесува 40-50.000 долари. Не, фала ќе си вадам Бугарски пасош.

    Но, не плукајте по државата, не е таа крива, криви се сите земји што не не подржуваат за во ЕУ и проблемите што ги имаме со името. Не Груевски, не Црвенковски, не простиот македонски народ (не сфаќаат дека и сами се навредуваат на тој начин |( ).

    Инаку има и луѓе како татко ми, кои би ги плаќал и тие додатни трошоци за студирање, само за да не вадам туѓ пасош (што и го оправдувам до некаде, ама кога ќе ги собереш сите трошоци со се студирањето добиваш повеќе од 100.000 евра па искрено многу се).
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Да де, никако не треба да се плука по државава, мајчичка ни е таа, се прави за нас, имаме бесплатно школство, па секој денес може факултет да заврши, па потоа одма те чека златна и добро платена работа што ќе ја стекнеш само поради твоите квалификации и способности, никако без партиска книшка и врски.
    Па уште тек да влеземе во ЕУ, мед и млеко кога ќе почне да тече, па цените кога ќе рипнат, убавини ќе ни биде. Ах само соседиве да не беа, да ни го спречуваат влезот на наша огромна жалост. Ах, ах...
    Кажете кај да купам розови очила да си ставам, деновиве поубаво да ми течат.
    Инаку на темава, се повеќе луѓе вадат пасоши, мои блиски веќе сите имаат извадено и сите за некаде се спремаат. Никој не сака во земјава иднината да ја чека... Зашто нема да дојде, не за друго.
     
    На Keti30, malecka91, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Слушнав дека од пред некој месец Бугарија донела закон со кој се овозможува на луѓето да извадат Бугарско државјанство во нивната матична земја, без да патуваат до Бугарија, со што ќе се избегнат многу патни и други дополнителни трошоци.

    Дали некој знае нешто поконкретно за ова и дали е воопшто вистина?
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    да, можи во конзулатите да се даваат документите. цел работа од таму ја бркаш нема потреба до софија да се оди.
    мината недела јас подадов документи во конзулатот во битола.


    на тие што се вратени на дополнителна проверка му бараат нов документ, нешто поврзано со црквата, незнам што точно. и на мм така му пишува.
     
    На Nana19 и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Значи убаво сум разбрала. Одлично! :) Олеснета е работата за 100%. Фала ти на одговорот. :*
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.913
    Пол:
    Женски
    Девојки, ај кажете ми ја интернет страната на која можам да проверам до каде е постапката со пасошот. Јас бев на интервју во јуни, знам дека е ептен рано за нешто, ама сакам да ја знам страната. :)
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    www.gouvermentjuisticie.bg

    отвараш стрната идеш на бгларско гражданство , потоа идеш на протоколи и имаш таму под брјчиња кои се излезени , ако сакаш стрикно за товјот да провериш идеш од десната страна едно пишува трсене преписки идеш на тоа пишувавш бројчето и потоа клинеш на годината ја бираш твојта година кога треба да излезе и на трси.



    а знаеш ли точно за каков документ станува збор ? од каде треба да се земе тој документ што како е ? дали маж ти среди работа ? Ако знаеш нешто подетално те молам да ми кажеш јас незнам ништо
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    и мм незнае точно што треба.
    едни му велат дека од македонија се вадело од црква нешто дека дедото и бабата се бугари, некој му велат дека од црквата во софија треба документ да се извади.
    посредникот преку кој мм вади пасош ова недела оди за софија, со луѓе кои веќе треба да го земат пасошот и ќе видат за каков документ се работи точно.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.