Дознав јас.Требало да се однесе извод од родител или баба и дедо на тој што има поднесено пасош но да се родени пред 1940 година.Свашта...Не ми се верува , па кој може жив да има од таа година , јас дознав од сигурни извори, тоа е тоа,
какви пасоши ??? ти велам дека на тој што поднел за бг.пасош треба да најде извод од родител ( доколку е роден пред 1940) година , доколку е роден после тоа може извод од баба или од дедо на оној кој што поднел за бг пасош.Да се најде и да се однесе во бг.да се преведе и ти да се легализира тој извод
Фала многу за информацијата нана , значи за сите што се вратени на дополнителна проверка од страна на министерството за правда во софија треба да однесат дополнителен документ извод од предок кој е роден пред 1940 година (преведен и легализиран во бг амбасада). Но каде поточно треба да се подаде документот, во министертсвото за правда во софија?? И колку изводи треба да се однесат дали за сите од 2 генерации на назад?
јас како што можам да забележам скоро на сите броеви од 2012 им го бараат тоа... да не не сакаат да им дадат .... од 2013 дали некој има добиено ако можи да знам..позз
Во врска со бг пасош ... дедо ми е роден '41 и има бугарски извод на родени ... има некаква корист од тоа ?
Јас како што разбрав а мислам сигурни извори се дека треба да се родени пред 40 година , но ништо е те кошта да провериш можеби ке имаш среќа дај боже. ОВА Е ДОГОВОР ПОМЕЃУ БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
знае ли некоја да ми каже што треба да направам еве јас веќе имам бугарски пасош земено но сега проблемот ми е што на него ми стои моминското презиме а јас веќе се омажив и имам ново презиме. Македонскиот пасош веке ми е готов треба да го земам за некој ден ама за бугарскиот незнам што да правам. Ако знае некоја нека ми каже и досега немам никаде патувано со него
мислам дека нема да е проблем никаков тоа секогаш ке си го носиш и тој и тој и мислам нема да е проблем. пред колку време го зема бг.пасош
Дали некој сака да ми каже како е најлесно и најбрзо за вадење на бугарски пасош??? Ако може да ме упатите или да ми дадете контакти Ви Благодарам
хахаха мислам дека џабе е веке чисто сумњам дека веке некој ке довие бг пасош ! за сигорно незнам се уште ке дознаам утре попладне и ке ти кажам
Ах бе луѓе, не ве разбирам во вадењево бугарски пасоши. После се лутите и се лупате во гради кога ве нарекуваат бугари, а сами си ја продавате државата. Мислам дека во мк ве има повеќе бугарите, отколку македонци. И после се вадите на Бранко, Љупчо...што сте вие поразлични од нив. Колку и да сум против Бранко, за ова он не вие крив
Јас лично не сум против вадењето на пасошите бидејки да да има работа за сите никој не би правел никој од чиста мира не би се пишал да биде бугарин нели ? Сите си ја сакаме нашата националност и без причина никој не би сакал да ја смене но тоа е кога се нема леб тука секој сака да се снајде да си земе некоја паричка А Груевски нека обезбеди работа за сите па тогаш нека ги сопре бг.пасоши !
Абе види мене ми е сеедно. Јас не сум Македонка, но немам двојно државјанство, иако можам да земам но не ми е потребно. Но.не ве разбирам искрено, ок ете ви требало за работа, зошто после им се лутите на Бугарите и Грците? Од сите земји да земете државјанство кај баш Бугарија ја најдовте. А Грујо, ете се потруди со мк шуми, партиски непартиски вработи незнам таму колку беа. Не вреѓам, не ме сфаќајте погрешно ама ова што го правите вас ќе ве кошта, а не Грујо или било кој. Викате несакаме промена на име ово оно, а се пишувате како Бугари. Сами си менувате. Само што трендот за Грција.не дошол уште.
Бидејки бугарите ни дадоа некаква шанса сите појдовме кај нив, да направеше некоја друга држава ке отидевме кај неа, значи не сме во можност да бираме туку идеме таму каде што имаме шанса да земеме нешто,... Груевски или Црвенковски или незнам кој да не ги набројувам можеби дал работа на 100 души но кај се милион луѓе ? СИТЕ САКАМЕ ЛЕБ ДА ЈАДЕМЕ !
Знаете пред некое време размислувам што би било кога би било??? Замислете ситуација во кога Бугарија ја прекинува добрососетската врска со Македонија и се донесе закон дека не смее да се има двојно државјанство??? Каква ќе е нашата состојба во МК, колку ќе останиме ние што немаме бг пасоши??? Или друга ситуација, сите што имаат бг пасоши да одат да живеат таму(ова ограмна претппоставка е, никој нема право да те истера од земјата во која што сакаш да живееш)? Ако Бугарите го воведат законот да се укине двојното државјанство, ќе останиме на број Македонци, зошто секој бг пасош го има од некаква потреба..Дали за работа, за студирање, за шетање во странство..Едноставно се има потреба од тој документ и знам дека ќе е многу тешко да се одлучи дали за Мк или за Бг.... Џабе некој ќе ме убедува дека ќе го поништи бг пасош, зошто секој со умисла го извадил, некој од пасош фамилија гледа, деца школова... Ваквите теми имаат разни гледишта и мислења и да џабе ги мешате политичарте кога тие не можат да одлчуваат за вас самите и за вашите постапки!
Абе ок, вие си знаете накој начин ќе си го барате лебот. Јас како мое мислење не го оправдувам ова многу издајнички и предавнички ми делува. Ако на вас ви е убаво на сила Бугари да бидете онда ок.
има шанси да се укине двојното државјанство , вчера или денеска незнам кога точно имаше конференција во бугарија , се одлучуваше што понатаму ке се случувува со Бугарските пасоши./НЕЛИ ДО ПРЕД некое време излегуваа без проблем , е сега има неколку протокола т.е околу 3000-4000 пасоши на кои се бара документ Поединецот кој што поднесел документи за бигарски пасош за да може да го земе да однесе документ ( ИЗВОД ОД ДЕДО И ТАТКО КАДЕ ШТО ПИШУВА ДЕКА СЕ БУГАРИ ) а тоа е невозможно нели ? И со тоа мислам дека сакаат само да ја прекинат процедурата на издавање на БГ./ ПАСОШИ но мсиалм дека немжат така од еден пат да престанат бидејки тука не се во прашање 1 или 2 пасоша тука се работи за огромна броја и затоа сега БУГАРИТЕ ке измислат некоја начин некоја уцена , со која ке издаваат некој пасош но тоа нема да биде само туку така како до сега со плаќање туку ке бараат и нешто др и мислам дека ке се одлучи да се донесе законот да се прекине двојното државјанство ако сакас бг. пасош да се одкажеш од мак.државјанство што според мене мислам дека е голема уцена од нивна страна но т.е што е јадни ние македончиња мислам дека и грциве да предложеа вакво нешто луѓето нема да се двоумат бидејки народот нема леб да јаде па така да се принудени да прават се и сешто за да ја издржуваат својата фамилија `