емотионал123 ЗНАЧИ прво државата нас не издаде со тоа што не ни дозволува да учиме , да работиме да печалиме и да имаме парче леб а после ние неа што се пишуваме државјани во др земји.ЈАС НЕМАМ ПОДНЕСЕНО ЗА БГ ПАСОШ НО ЦЕЛОСНО ГИ ОПРАВДУВАМ ОНИЕ КОИ ШТО СЕ НА ТОЈ ПАТ
Ако одиме според законот на ЕУ, би требало Бугарите да воведат забрана на двојно државјанство... Како што една Германија, Аустрија, Белгија...имаат забрана за двојно државјанство! Тоа со баба,дедо бугари да биле го имаше и на времето која мојата братучетка студираше во Бг, ама и тука мк правеа секакви малверзации! Јас икрено верувам дека никој не сака да се пишува дека е Бугарин, туку како што кажа Нена19 секој за парче леб се бори во својот живот! Ако еден ден станам Преседател(Премиер) на државата верувајте ми дека јас ќе сум таа што ќе побара да се промение целиот устав во земјава...Знам колку е тоа тешко и напорно...И прво што ќе променам е забрана за тројното државјанство што го имаме!
тоа е. До тој степен сме дојдени дури и ГРЦИ ке се пишеме нели ? Абе народот нема леб да јади бе алоо ! има деца кои што неможат ни основно училиште да завршат и да книгите се бесплатни но каде е ОБЛЕКАТА ??? Кој сака да оди искинат на училиште ?? Пред неколку години додека јас одев на улилиште кога ни дојде една наставничка па кога ни напраи список да купиме темперни бојни такви и такви од 300 денари да купиме таков блок специјале 50 денари да купиме посебна бела боја од таа фирма 100 денари да купиме само таков молив 30 денари да купиме палета ваква онаква 50 денари значи тоа е еден предмет амо 500 денари а ова е само за еден месец да речеме а каде се 12 предмета ? а каде се сите тие работни денови ? ЗНАЧИ ОВА ИСКАЧА 5 ПАТИ ПОГОЛЕМО ОД ПЛАТАТА НА РОДИТЕЛОТ ? СО МИЗЕРНИТЕ 7000 ДЕНАРИ НЕМОЖЕШ САМО СМЕТКИТЕ ДА ГИ ПЛАТИШ како шо ги надувале сега струја испод 2000 денари немаш сметка бе ало ? ПА ОВА НЕ Е АМЕРИКА БЕ НЕЗНАМ ИСКРЕНО НЕЗНАМ ШТО ДА КАЖАМ МАКЕДОНИЈА- МИЗЕРИЈА секој гледа каде магла да фати и веке никогаш да не се врати од мрак до мрак работиш црнчиш за не вредни 8000 ден и со тие само платиш сметки да купиш да јадеш нешто и за друго нема , а каде тие тука одмор да отидеш ? ПА ДА СЕ ДОТЕРАШ ПА ДА СРЕДИШ НЕШТО ? е нема епа за тоа ни македонци нема и браво на тие што отишле навреме од тука барем не мизеруваат СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ТИЕ
Кога нашите ќе вработат луѓе како што треба, без врски и сл., тогаш ќе видат дали народот ќе вади бугарско државјанство или не, а до тогаш наши ќе си заминуваат во странство, а земјава така ќе си остане, без разлика на се.Џабе е целата претстава што ја покажуваат како демек колку се вработиле и нови вработувања, отколку што е важно на кој начин вработуваат.Бидејки некои додека бараат работа, животот им поминува.А за тоа кој ја предал државата, одамна е јасно.
Абе сеа не ја прај работава до толку мизерна. Сум видела мали деца и сите имаат што да облечат, сеа и облека да даваат на школо ако не. Кај мене татко ми работи. Јас студирам, мајка ми невработена веќе 20 години. Не се жалам, немам за луксуз ама за леб и основни работи имам. И не е Македонуја толку мизерна колку што ти ја направи. Да те прашам, цветаат ружи во странство? Не, дечко ми работи таму и се работи со полна пареа, ама ако тука плаќаш нешто 50 ден таму 200 ќе плаќаш. Не викам дека е исто како тука, ни малку, ама сеа да се мизеризуваме за да оправдаме некои постапки ни тоа неможе. Јас не сум дете знам како стојат работиве во Македонија, ама искрено јас да живеев во мојата држава која е исто така во криза, не би ја издала. Не би се пишала Србинка или Хрватица. Не сметам дека треба да им се рече секоја чест на луѓево зошто на најлесен начин одбрале да се снајдат- да се продадат. Секоја чест на оние што се во странство, се снашле ама се Македонци, а не Бугари или нешто друго И најлесен начин е сега да се рече политичарите не продадоа. Не, сами се продаваат луѓето, а тоа е само изговор.
ОО Има народ шо мизерува и тоа како дури можам да кажам дека 50 % од населените мизеруваат.. Живеат по улици , не вработени , просаат за парче леб додека СКОПЈЕ НИ Е УКРАСЕНО ЦЕЛОТО СО СПОМЕНИЦИ БРАВО БРАВО ! ДА НЕ БЕА ТИА СПОМЕНИЦИ , ПАРИТЕ ШТО ГИ ДАДОА НА ТИЕ СПОМЕНИЦИ НА СЕКОЈ МЕТАР МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТВОРАТ ФАБРИКИ ФИРМИ И ДУРИ 80 % ОД НАСЕЛЕНИЕТО ДА СЕ ВРАБОТИ , но поинтересно е државата да ни личи на циркус од колку да се нарани едно семејство. КОЊИ , ЛАВОВИ И ГЛАДНИ УСТИ ТОА ИМА ВО МАКЕДОНИЈА
Незнам до кога ќе се лажат така, нашиве за вработувањето.Дури и нема потреба, посебно кога ќе има човек сигурен извор, тешко дека ќе го излажат како демек „ не биле криви политичарите“.Штета, што за овие работи се дозволува да се мисли дека цвета државава.Не е нешто непознато, за да биде чудно.
Брат ми заврши факултет во странство, на факултет кој го нема во Македонија, се изнададовме пари и жртвувавме многу. И ние дома и тој. Заврши секаква доградба на истиот факултет, плус во меѓувреме изучуваше 3 јазици. Се со цел за да има убаво вработување и полесен живот. И кога се врати во Мк работа немаше нигде за него. На места на кои можеше да биде вработен, вработија деца со средна школа, скроз некадарни за таа област. Цела година седеше дома и од врата на врата тропаше залудно. Со сила, без желба, беше приморан да земи Бугарски пасош, зеде и замина странство. Потоа одма ја повлече и девојката со него. Таму е платен, ценет, почитуван. Дома си е дома, одвај чека кога ќе дојди овде на одмор, но нашата држава не го сакаше, не му помогна, не му понуди ништо. Во оваа држава пари ни за леб немаше. За човек кој заврши ретка струка. Затоа ги оправдувам сите кои сакаат да се спасат и да одат некаде. Кога во сопствена држава се чувствуваме како отфрлени, несакани, граѓани од втор ред (А, со Рамковниот изнапикани се уличари кои мерат улица, а земаат над 25 000 плата), мора да се снаоѓаме и да си ја бараме среќата надвор од овде. Само се чудам колку малку народ сме активно работоспособни, а да нема работа !!! И ќе нема работа, кога еден човек и директор е, и советник во општина, и во невладина... А, некој нигде...
значи за да ти одговорам сто посто точно треба да почекам да видам дали ке ги пуштат оние пасоши за кои денеска се поднесени документи така ке знам дали важат тие документи и да ти кажам што точно документи треба да поднесеш само ми кажи кое бројче си
Нас политичарите не не продадоа, туку ја продадоа државата заедно со нас како нејзини државјани. А луѓето сами се продаваат за да заработат, како што курвата си го продава своето тело за да заработи. Па така политичарите за лични интереси ги направија македонците курви да се продаваат за пасош а државата (власта) стана голем макро. Ти ако нас не правиш издавници и не знам што, на државата, тогаш ти каде се вбројуваш. Самата кажа дека не си македонка, што значи и ти живееш во туѓа држава, не и плаќаш данок на својата матична земја, едноставно си ја изневерила. Без навреда, ама има и многу такви, од другите соседски земји што се мажат, живеат и работат во Македонија, завземаат работни места наместо македонците. Ако мислите дека Бугарија треба да го укине двојното државјанство тогаш мислам дека сите држави би требало да се свртат кон себеси и да го регулираат своето државјанство, треба да им се одземе државјанството на сите косовари па потоа и на сите останати, ако сакаш македонско тогаш откажи се од сите други државјанства. Тогаш сите ќе треба да се откажат од македонското државјанство ако го стекнале по пат на мажачка или со пари а дури тогаш ќе им биде тешко за работа во државава, како што на Македонците би им било тешко за работа во ЕУ без бугарски пасош. Ама државата ќе се исчисти од косовари (можеби) и ќе стане поубаво место за живеење, ќе има работа за македонците. Од што толку се шири Македонија за сите, стана претесна за својот народ. Не го сфаќај ова лично, туку на начин на кој ти очекуваш да го сфатиме твоето тврдење дека македонците биле предавници на својата држава ако вадат бугарски пасош. Понекогаш, некои или сите работи се враќаат како бумеранг.
дали е точно дека седиштето во битола за поднесување на бугарски пасош е затворено и дека после 8 ноември ке се отвори?
Abeja имаш неколку грешки во постот. Прва е што јас сум родена во Македонија, не сум дошла од друга земја тука и мајка ми е родена тука. Втора е што и да сум долшла од друга земја тука јас се водам како моја националност, а не Србинка, Бугарка... Јас сум тоа што сум, од ниедна причина не го менувам тоа, ни за живот нема да бидам друго нешто. Трета работа (не го кажувам буквално се надевам ќе сфатиш едноставно одговарам на тоа што го рече ти)- Курвата може на друг начин да заработи, ама најлесниот е да се продава. Четврта работа гледам си спомнувала данок нешто. Хах, јас зборев за данок? Не, впрочем јас сум за одење во странство, но не и под цена да се продавам, има и други начини тоа да се постигне. Од овие причини јас ни под разно не сум издајник на својата земја и не се вбројувам во таа категорија. Јас сум тоа што сум, сум била и ќе бидам. Горда сум на својата вера и нација. Никогаш нема да ја продадам. Не само на збор, туку и на дело. Што се однесува за тие што ви зафаќаат раб. места, што не писнете бе Македонци, кога треба ќутите. Што да ви правиме кога не знаете да се борите за себе? И како што гледам повеќе туѓите народи ви ја почитуваат Македонијава отколку вие Македонци. Мојот народ војувал, гинел пред 20 години па не сум слушнала дека се пишувале како такви или онакви, што би било и оправдано. Како и да е јас го искажав моето мислење, кое е против вакви работи. Јас да се вбројував тука ќе ќутев
јас сега почнав со процедурата, ако го земам пасошот и ако дојди ден кога треба да се одлучам меѓу двете државјанства, јас ќе одлучам за тоа кое ќе ми дај повеќе можности.а чисто сумљам дека македонија за добри 50тина години ќе ми дај можност да се вработам со мојот факултет и да заработувам за добар и лагоден живот. ќе се пишам било шо ако знам дека утре нема детето мое да пати за леб, и нема да се секира за неговите деца што ќе јадат и дали со последните пари да му купи пелени или млеко, да одлучува што е побитно. не се купува леб и се останато што треба во една куќа ако си патриот.пари ти требаат за сето тоа.шо ако си патриод кога немш пари????? политичарите не не продадоја, не доведоја до овај степен на мизерија, има луѓе што и душата ќе си ја продадат само ако знаат дека утре детето негово ќе има подобра иднина.....
Bravo za postovvv... ama Nana kade im e nim esapot ako ti zarabotuvas a oni ne, pa utre den nekoj drug ke dojde na vlast i ke ja zatvori ili zaglavi uste poveke fabrikata. Mora spomenici srcka da se pravat za da se ispere nekoe milionce. I dodeka nie ovdeka se zaglavuvame od kredit vo kredit, i tropame na site vrati za parce leb , nekoj ke si uziva vo foteljata. Btw da se pofalam maz mi go zema bugarskiot pasos , sega sme na red jas i malata. Plukajte po mene slobodno
браво за вас. мм чека да му излези бројчето за одобрено државјанство, ама сега со последните случувања знак ? е дали ќе го земи. само колку сме нервозни заради ова. цел розов филм си направивме, каде ќе живееме како ќе ни биди убаво......ооооооооооо само колку се нервирам. тие на футељите, нив забите му се полни и имаат пари за внуците и правнуците да му живеат добро, а останатите ќе мизерваме.
1. Во муабетов, не е битно од каде си. 2. Значи не си македонка по националност. 3. Веројатно не си слушнала за-немање голем или никаков избор. 4. Ти со родена во Македонија ама не се осеќаш како македонка по националност , тогаш зошто по ѓаволите сите се мавате во гради, тука живеете а сте горди на својата националност, зошто тогаш јадете македонски леб, зошто не им го оставите на македонците а вие да да го пронајдете начинот и патриотски да се изборите за живот во државата која ја сметате за своја (не можеш да ја сметаш Македонија за своја а да викаш дека си србинка, хрватка или сл.) Ете и самата велиш имало други начини да отидеш во странство без да се продаваш, кога и самата работа и живот во странство ти е буквална продажба. И ти се продаваш во Македонија за плата и за живот (го продаваш своето знаење или физичка сила во странска држава, сега ќе речеш дека не ти е странска, е странска ти е ако не се сметаш по националност македонка) Тука многу грешиш. Ти живееш во Македонија но по националност не си македонка. Не сакаш да одиш да живееш во својата земја, тоа значи предавство (без разлика од која причина е) Својата нација ја продаваш на дело а и на збор. Делуваш и говориш во туѓа држава. Само најтешкото за тебе во случајов е тоа што не сакаш истото да го признаеш. Затоа пред да осудиш македонец кој самиот решава кој начин ќе го избере за подобра иднина, појди од себеси, не си ништо подобра од таквиот македонец. Не знам која вера и националност си, но по разговорот е јасно дека не си македонка а можеби и не си православна по вера но живееш во Македонија. Не знам зошто се замарате и уште ги користите тие изрази како патриот, издајник, ваков онаков. Утре некој да ми каже дека ми обезбедува работа во САД, Канада или сл. и тоа добро платена, со обезбедено сместување и ред други работи за сигурна иднина, и да треба да земам нивно државјанство ма веднаш станувам американка, дури и ќе им речам дека дедо ми бил индијанец ако треба . Подобро тоа отколку целиот живот да го поминам во држава и да волонтирам за 70 евра месечно или да дремам дома невработена, или да работам некоја работа за која се бара основно образование а јас имам универзитетска диплома. Затоа девојко не суди и не се прави патриот во туѓа држава. Патриотизмот умре одамна, сега само живее желбата за опстанок во овие тешки времиња. Извини, а кој е твојот народ и зошто не си сега со твојот народ па заедно патриотски да ја градите вашата држава? Полесно е да си силен на зборови помеѓу туѓинци отколку помеѓу свои Ти мислиш дека никој од твојот народ не отишол во странство и не станал државјанин на друга држава? Или тоа не се важи, битно е зошто македонците ваделе бугарски пасоши Секој си бара сигурна иднина и негово право е дали ќе сака да извади бугарски, унгарски, американски, канадски итн.пасош. А патриотизмот денес не значи ништо, освен, да ми простите на израз, да си го пикнете во газот.
Јас ко што разбрав нема врска тоа со изводот, само доколку сакаш побрзо да го земеш пасошот можеш да го приложиш. Инаку процедурата си била иста. Ова ги прашавме луѓето што ни посредуваа за пасошот и така ни кажаа.
Abeja незнам дали не разбираш или едноставно ти несакаш да разбереш . Не ме споредувај со вас, вие се пишувате Бугари, а они како народ не ве признаваат. Како да не постоите, како да не сте постоеле. И како што реков што пак не си разбрала не сум против одење во странство, знам многу за имање- немање избор како што велиш, но сум против да се продадеш, и тоа за кого- за Бугарите. Ај да беше некоја друга земја што барем ве признава. Тоа е лошо за вас како индивидуи, вие се продавате, не е работата за државата. Девојко не зборам за живот и патриотизам кон државата туку тоа што они не ве признаваат дека сте луѓе, а вие се пишувате Бугари. Зарем кај вас, како индивидуи, како родени Македонци не е боли барем малце? Како што реков ако тебе ти смета што ние лебот тука го јадеме онда дигни се на бунт, а не туку да префрлаш кој чив леб јаде. Вие сами идете се пишувате Бугари па ви е криво што Албанци, Турци, Бошњаци ви ги зимаат работните места. Сами сте криви бе луѓе, што да ви кажам. А јас лично и во друга тема сум се изјаснила дека Македонија треба да биде Македонска, ама сфаќам дека многу сум згрешила. Вие си ја давате Македонија на другите, а се пишувате како други. Што да ви правиме кога не си ја чувате државата. Си слушнала за Албанец или Бошњак или Турчин да се пишал Македонец, Бугар, Французин? Не, и нема да се деси. Зошто си ја сакаат државата своја, не ја продаваат туку така. Молим те не ми прај глупав муабет ти не си во родната земја и затоа си издајник. Тука е "Кој си ја има мувата на капата, тој си вика иш". Сеа ти ќе најдеш 100 причини од типот не плаќаш данок издајник си (кхм македонци што живеат во мк не плаќаат данок ама нема везе), ти не живееш таму- издајник си. Не, не 100 причини да наведеш ниедна неможе да се спореди со тоа пишување на друга националност. Помеѓу нас (од друга националност и вера) и вас Македонци- Бугари има огромна разлика, колку ти и да сакаш да не споредиш, неможеш. Постара од мене си поубаво треба да знаеш да ја разликуваш таа и оваа ситуација. Ако правиме реален муабет косоварите тука избегаа од војна, вие сте криви што дозволивте да им се дадат толку права. Да сум македонка е услов за да ја сакам Македонија? Извини незнаев, фала што објасни . Ако ти го сметаш работењето во странство и пишувањето како Бугарин онда треба подобро да размислиш за работиве. Не ги зимам сите Македонци во муабетов, има многу луѓе кои што сеуште се држат до тоа што се и свака им част. Без разлика дали живеат во мк или незнам тунгузија, они се и даље Македонци. И да битно е што Македонците вадат Бугарски пасоши од проста причина- веќе се Бугари И да ваше право е, а темава е за дискусија, се извинувам ако погодив нерв и ако некој се осети навреде, но тоа е мое мислење.
Emotional123 - Абе цело време пишуваш Вие вие вие вие ова вие она и цело време навредуваш. Секој овде се води според сопствените желби и прави така како што му одговара. Но цело време сакам да ти кажам дека ти немаш образ за да некого осудуваш и иако некои работи што сакам да ти ги кажам ти ги сметаш за банални, длабоко во себе знаеш дека тоа е вистината и дека ако ја негираш помалку ќе те боли. Македонец со два пасоши (македонски и бугарски) е потполно еднакво на твојот случај (сигурно имаш и македонски и уште еден пасош од земјата што ја сметаш за твоја нација, инаку џабе везење цело време). Која е овде разликата? Нема разлика-во двата случаи вториот пасош го земаш од корист. И ти и твоите сте го земале македонскиот пасош од корист нели, за да живеете и работите тука. Ова го кажувам опционално, бидејќи сеуште не знам од каде си и што си, па морам да нагодувам одоколу. И престани да ги омаловажуваш македонците дека се пишувале како бугари, кога потсвесно знаеш дека тој случај не е многу поразличен од твојот. Ти не дека не разбираш, туку не сакаш да признаеш дека разбираш. Полесно ти е така да оцрнуваш туѓи постапки а се криеш зад тоа што ти не си македонка те заболе тебе за све овде ние сме си криви за се. Лесно е да се каже. А тебе утре германците да ти кажат да се откажеш од твоето државјанство, гарант ќе се откажеш без размислување само за да земеш германско од кое би имала поголем корист. Зар јас утре ако Германија не ми ја признава родната држава под уставно име а земам нејзин пасош, треба да се срамам од тоа? Сум ја предала државата? Ме заболе мене за политиката како што нејзе ја боли за мене. Јас бугарски пасош не би вадела зашто мислам дека не би имала некоја корист од тоа, подобро ќе отидам во Канада па таму ќе аплицирам за нивно државјанство. И за крај, баш би ме интересирало што си по вероисповед, муслиман или католик, или по националност хрватка, албанка или друго? И што е тоа што Македонија ја прави подобро место за живеење од државата која ја сметаш за своја. (мора да има причини, инаку не би седеле овде)