Па и ние не сме Бугари, Македонци сме! Во светов сите имаат двојно државјанство, некои и тројно, па никому ништо! Плус сигурно ова не го правиме зошто сакаме да сме Бугари, туку го правиме за подобра иднина.
Zdravo dali vo bugarska arhiva se baraat stari dokumenti bidejki dedomi imal bugarska licna karta dali tamu treba da se idi ili moze i preku posrednik da se sredi toa
Не ти служи за ништо веќе само бугарска лична карта. ЕУ пасош ти треба, или брак со некој со ЕУ пасош.
Зарем не е истата процедура? Се аплицира за државјанство. Ако го добиеш, се вади лична карта и пасош. Не оди едно без друго. Исто ко што на основа на македонско држајванство ти следува и лична карта и пасош, а не едно или друго.
Дечки од "По преписката Ви предстои да бде извршен финален експертен преглед ..."колку време отприлика да очекувам дека ќе чекам до пасош(ако е сѐ во ред), кои се следните чекори?
Е, па тоа што важеше три години за добивање, од поднесување документи до добивање буквално пасош, до 2019 кој си беше на интервју полесно доби. Од 2020 навака заострија мерките и три ипол години само овој погоре статус се чека. И бараат стари дополнителни документи од роднини на бугарски (свидетелство, воена книшка итн.) И сѐ повеќе и повеќе се чека.
Кога беше точно во 2020?Кој месец? И какви документи имаш поднесено? Ако немаш стар документ, нема да ти се смени воопшто.
Какви се тие стари документи? Јас имав интервју во септември/октомври 2020, статусот ми се смени во оној "финален експертен преглед" уште летото 2021 и од тогаш ништо. Поднесов за пасош со Удостоверение на мајка ми, не ми направија никаков проблем, и не ми кажаа дека треба да се донесе дополнителен документ. А и мислам на самата страна ако ти фалат документи, пишува со црвено дека треба да доставиш..