Нај првин ти честитам за пасошот се надевам накоро и ваште ке излезат, не те плукам ти давам рака мила браво мило ми е , сега факајте магла подалеку од оваа мизерија и да си печалите и живеете живот како што заслужувате а не да мизерувате тука.И дечкоми чека пасош но неговиот е сега по новото нели бараат плус документи му ги земаа па чекаме да видиме што ке биде дај боже да го земе наскоро .
А извини што да пишам ако не вие? Тие, овие, оние. Се знае за кој зборувам, не зборувам за мајмуни. Бог да чува. И како вреѓам јас? Се пишуваат ли луѓево како Бугари? Да. Ги признаваат ли Бугарите Македонците? Не. Јас омаловажувам што го спомнувам тоа што Македонците се пишуваат како Бугари? Не, ако тоа е за тебе омаловажување тогаш тие самите се омаловажуваат. И форумов е отворен за сите, ти ли си компететната да ми кажуваш дали имам образ за нешто да пишам? Не. Мојот образ е тема на дискусија или Бугарскиот пасош? Многу скршнуваш од темата, зборуваш за леб кој чив јаде и ТИ си таа што вреѓа и делуваш (незнам дали си) како националист. Под секоја цена неможеш да ги браниш своите ставови Абеја И ти до утре споредувај ме со луѓево пак нема да сум иста. И мајка ми не дошла тука, родена е тука. Постарите генерации ми живееле тука. Ти даваш сасвим нерелевантни споредби. Ама чекај, што е битно што сум јас и зошто живеам тука, тука е муабетот Бугарскиот пасош и луѓето што го вадат, дали сме за или против и зошто е така, се дискутира на таа тема. Или јас сум грешка, треба сите браво да викаме и да честитаме? Јас не негирам ништо затоа што немам што да негирам и не биди упорна со муабетов ти знаеш длабоко во себе, ти разбираш ама не признаваш (ти не си мојата потсвест па да кажуваш што негирам, а што знам) а не си ни мој психолог. Ако ти е толку битно по вера сум муслиманка, а по националност не е битно, од причини да не бидам препознаена со оглед дека сум дала премногу инфо. за себе тука, не сакам тоа да се знае. Што се однесува до (пример) Германско државјанство- па и тоа можеш, се откажуваш од земјата и државјанството и се пријавуваш за азил (го кажувам ова од проста причина да дадам до знаење дека не треба да се нуди, може и тоа да се земе...ако се сака секако)
Барем се расчистија некои работи. Не се грижи, нема да те препознае никој, тоа ти е како кога бараш игла во сено. И имаш право темава е за бугарски пасоши а не плукање по македонците чиј леб го јадеш. Гледај си се себеси и твоите пасоши, остави ги другите да си помогнат и да се информираат околу постапката за вадење пасош од туѓа држава, без разлика која. Доволно знаат што треба да прават и не им треба плукање од некој кој не е ниту македонец по националност а ќе им продава лекции за патриотизам. Ако немаш информација околу вадење на бугарски пасош, поштеди ги оние кои се интересираат за истото од непотребни плукања кон нивната националност.
Абеја озбилно? Зема да се исправаш со девојчево? Па гледаш дека и самата живее во земја која не ја чувствува како своја, а зборува за народот кој живее во неа. Само вика ВИЕ македонците, значи и повеќе од јасно е, дури нема ни што да се дискутира тука. Еве еден прост пример, (не се однесува ова на никој посебно, чисто онака) живееш дома со родителите, растеш, се тоа, ама тие не се однесуваат со тебе како што треба, не ти даваат основни, нормални услови за живот, дали ќе останеш да живееш со нив, или при првата прилика ќе бараш излез, да одиш негде каде што ќе можеш да се надоградуваш, каде што ќе можеш да имаш пристоен живот? Ете, толку е просто со нашава мајка Македонија. Патриоти веќе останаа само оние кои имаат корист, кои се пикнале некако на некое работно место, дали партиски, дали со врски, никој друг, секој си го бара чарето на некој начин.
Боли како не боли, ама знаеш таа фиктивна болка е помалку болна од болката на желудникот, кога е гладен. А инаку овие што не се пишани бугари сите до еден се вработени. Од Македонија едвам 30% ако имаат земено бугарско државјанство, од тие 30, најмногу 10% се останати во Македонија. Кој кому го зема работното место? Всушност да, и тоа мнооогу случаи. Како за пример, не знам дали си чула актуелен беше случај во Швајцарија каде етнички албанец со Македонско државјанство (и според тоа, претставен како Македонец) ограбуваше во Швајцарија. Значи тој се пишал Македонец, ја предал Албанија . Па всушност, за да живееш било каде ти мораш да се пишеш како припадник на таа нација каде што живееш, во спротивно си илегалец. Штом ти живееш тука, или си илегалка или си предавник, според твојата логика нели. Косоварите избегаа од војна, и по 10 години еве уште бегаат од војната . Како и да е, избегале бидејќи не им било добро во нивната држава (што е нормално, војна имало), зошто наместо да бегаат не се бунтувале да се изборат за место под сонцето, како што би требало и Македонците кои сакаат да извадат бугарски пасош? Или ако не, што е разликата помеѓу едните и другите. И едните и другите бегаат бидејќи не се чувствуваат убаво ниту сигурно во својата земја. Многу црно бело гледате на работиве. Што ако еве некој извади бугарски пасош, замине во странство на некое време, си направи многу пари, се враќа во Македонија и инвестира во некоја фабрика, и потоа вработува едно 20 луѓе? Ќе биде ли тој помалку патриот бидејќи има бугарски пасош, а направил повеќе од некој друг патриот кој да речеме по цели денови мрчи дека нема работа и не превзема ништо околу тоа?
Абеја не плукам по ничија националност, незнам каде виде такво нешто. Реинбоу на никој начин неможам македонците да ги осеќам свои кога не сум македонка, неможам да бидам, ам затоа можам Македонија да ја осеќам како своја. нумерија кога јас не сум илегалка и не сум пишана како македонка. Абеја уште еднаш ќе речам ти мене нема да ми кажуваш што да гледам, правам, што да пишувам колку тоа на тебе да ти смета, не скршнав од темата и го изјаснив своето мислење ти одговарало тоа на тебе или не
Прво, рече Македонците ја продале својата држава, што и воопшто и не ни треба да се помисли такво нешто.Никој не би ја продал сопствената држава, само проблемот е што на некаков начин луѓето се принудени да земат бугарски пасош.Сосем е јасно каква е ситуацијата кај нас, нема што да се лажеме. А ниту да се осудува друг зошто земал бугарски пасош и да се вели дека ја продал државата.
Не сте во право. Оние што немаат за леб (така да се изразам само, мислам оние што немаат средства за пристоен живот) не се тие истите што земаат бугарски пасоши. Едно време бев неутрална кон тие што земаа, се обидував да ги разберам ама со време сфатив дека мнозинството од нив не се баш за жалење. Држи вода ова што го зборува девојчево, и тоа како.
Бидејќи не си Македонка, што бараш ти во Македонија ? Ајде оди врати се таму од каде што си. Од таму да си го вадиш лебот !!! Спојлер И ти, и сите како тебе !!! (Од таквите ко вас колку работни места нема за Македонците, изнапикани по државни инститиции, шетате по улици, а народни пари земате за плата) Немој да се лутиш, не ми е целта да те навредам, туку го велам тоа што го велиш ти. Не не сакаат, не не признаваат, ама со давање пасоши многу ни помогнаа. Колку фамилии заминаа странство, најдоа спас од сиромаштијава, видоја живот. Извини, а мислиш ние вас ве сакаме и признаваме ? Не бе злато, ич не ве сакаме. Кога сите наеднаш би се отселиле од државава, најсреќни би биле. Ако продолжам да пишам, ќе биде навредливо. Ама јасни ни се работите, се знае колку ве сакаме.
Знаеме бе силвер колку вие не сакате хахах. Ама забораваш дека не сме.ти ние криви.за ништо. За навредливо дека ќе биде ок е тоа, дали од недоволен фонд на зборови не можеш да се искажеш како што треба или нешто друго незнам. И да мене што ми е па гајле дали ти мене ме сакаш? Темава не е кој ги сака муслиманите
Emotional123 - Многу си контрадикторна. Не обвинуваш нас, а не знаеш да се погледниш себе си. Тука е проблемот. Што барам јас странство ? А, што бараш ти во Македонија ? Продадена душа сум? А, ти не си ? Спојлер (посебно македонските муслимани кои биле со сила потурчени, па ветувале дека кога ќе се ослободи Мк ќе се вратат на православието, ама не се вратија?) Јас ако имам пари не ќе седам овде ? Ќе трчам по странство ? Ама барем јас ако одам, одам со чиста намера - да заработам !!! Вие ја имате Албанија, имате море, што не вложувате таму. Што не живеете таму? Може Албанија да ја направите бомба, ама вие овде во Мк од чесни намери сте - за да заработите ? Не бе злато, за голема Албанија, за што сте ? Ако зборуваш вака, ајде биди прва која ќе речеш, јас се враќам таму каде припаѓам. И оди врати се. Доста кудиш по Македонците. И навистина не знам колку мизерен треба да бидеш за да бидеш некаде каде не си посакуван. Па јас во една куќа каде не сум посакувана нема да одам на гости, не па во држава. И уште една разлика, ние какви и пасоши да земаме, пак знаеме што сме во крвта. И сме луѓе. Културни сме. Спојлер Не одиме по женскиве ваши да им викаме земра, цуцо, ој мор, како вие нас ! Не се бавиме со криминали, оружје, дотолку како вашите. Не газиме на пешачки со нашите јаки коли. Имаме култура, се однесуваме како луѓе, а не како животни по пат. И затоа никогаш нема да бидете како нас. Многу сте назад во свеста.
Злато ако сум муслиманка не сум под дифолт Албанка...така да голема Албанија и такви ми ти срања не спомнувај и ти мене не ми објаснувај какви се Албанците, не ме интересираат И НЕ МЕ ЕТИКЕТИРАЈ КАКО АЛБАНКА ПРЕД СЕ! Јас никаде не ни пишав дека сум Албанка, не мешај глупости во ред. Или не ја знаеш разликата помеѓу националности и сите муслимани се Албанци а? Ако не ја знаеш онда во ред, да не ти замераме. Не сум контрадикторна и ти иди ако сакаш во странство не сум против тоа, и 100 пати го пишав тоа. Сум против Македонците да се пишуваат како Бугари, значи начинот на кој се стигнува до странство. А има многу други начини. Ете тоа е. Сега ме разбираш? Ама да...незнаеме што да кажеме па ај Албанија, леб к***и палци а? Кој ви каже спротивно од вашите убедувања плука по македонци. Не девојко мене 90% од пријателите ми се македонци, така да ти мене не ми го опишувај ставот кон Македонците. И ти ако си националист, тогаш луѓето околку мене не се, не зборувај за сите македонци генерално! Не го делат твоето мислење, чисто онака за твоја информација Под ниво ми е да коментирам за култура на различен народ, а посебно кога тоа не е тема на муабет. И тебе кој ти викал цуцо буцо ама ич не ме занима, јас незнам зошто беспотребни работи трескаш тука? Ако не разбираш што сакам да кажам зошто коментираш? Јас едно зборам она друго ми враќа.
Ако не си Албанка, тогаш си Турчинка ? Знаеш Турција колку е економски јака земја? Врати се таму. Таму вади го лебот. Или си Македонска муслиманка, оние изгубени души кои не знаат каде припаѓаат? Муабетот ми е, ако беше Норвежанка, Швеѓанка, и да ми зборуваше вака, ќе те разберев, ќе се обидував да ти објаснам зошто земаме Бугарски пасоши. Ама од вас да го слушам овој муабет ми е преглупаво !!! Ако ми ја сфати поентата, добро... Иначе јас немам Бугарски пасош, да се изјаснам по темава. И не планирам да вадам. Ама ги оправдувам сите кои тоа го прават. Причините се јасни.
Не разбирам како тоа, ако извадиш бугарски пасош се продаваш... па нели се купува пасошот Уствари Бугарите се продадоа Размислете што ќе и се случи на Бугарија ако на сите Македонци со бугарски државјанства им текне да отидат таму па да си изиграваат малцинство, бараат права, формираат партии, се вклучат во политиката...? Единствено што добива Бугарија преку овие издадени државјанства се парите. Зар немаше коментари околу годинашните избори во БГ дека стравуваат од можноста дека Македонците ќе отидат да гласаат таму? Да беше Србија во ЕУ сигурно пола Македонија српски државјанства ќе извадеше. Ако се фаќате мислам за тоа дека баш од БГ сме нашле... Абе, а кој не сака нас уствари? Кој не признава? Оу да, Зимбабве. Ајде од таму да побараме пасоши Додека оваа држава не поработи како што треба за да влеземе и ние во ЕУ или да можеме да си овозможиме квалитетен живот, да, ќе се бараат алтернативни начини за да се излезе од овде. Читајте на хрватските форуми кое бегство го спремаат од Хрватска сега откако се во ЕУ. Па ако на нив во Хрватска не им е добро, ние што да кажеме? Прашање... да даваа Бугарите државјанства на Албанците, мислите немаше да има Албанци со бугарски пасоши низ Европа? Многу ги величате Албанците со тоа дека се држат до себе. Можеби било така порано... за сега? Не сум сигурна баш.
Не сум ни Турчинка, а ни Торбеш. И тоа што не сум Македонка не ме прави помалку компетентна да коментирам на темава. Тебе ако ти е глупо да читаш има многу едноставно решение- не читај. Работата е што вие не сакате мислење кое е контра вашето. Се пецкате и дигате фама и вклучувате во муабет тотално небитни работи. Јас како што реков го разбирам одењето во странство ама не и начинот. Е од тој муабет вие извадивте дека плукам по македонци и колку само вие ги мразите муслиманите За кој народ да се работеше истото би го кажала.
Тогаш си Босанка. (Ја добив лотаријава? ) Емоушнал123, без разлика што си, од каде си, си потполно иста како Македонците кои земаат Бугарски пасоши. Единствена разлика е, како што ти велиш, дека немаш државјанство, што не ми е баш за верување. Ако навистина немаш, тогаш ти си полоша, за „без(с)пари“ си се продала.
ЛЕле пак истиот муабет го вртите...јас не сум продала ништо родена сум тука ...имам државјанство На човек просто да му се згади колку не разбирате и вртите муабети
Па ти не кажуваш како што треба , прво Македонка си, па не си, па си ама не си, па твојот народ мојот народ, едно друго трето... Ако си родена тука значи си Македонка. Не знам што свртевме толку муабети за џабе.
Јас реков родена сум тука, ја сакам и осеќам Македонија како своја само не сум македонка по националност.
Да сумираме: -ти си родена тука, живееш тука, можеби и работиш тука, твоите најверојатно работат тука, зборуваш на Македонски, учиш на Македонски (најверојатно), пишуваш Македонски, а не признаваш дека си Македонка. -Други луѓе го прават истото ова, си признаваат на себе дека се Македонци, се чувствуваат ко Македонци, ама земаат бугарски пасош, и тие не се Македонци. -Тие не ја почитуваат Македонија, ти ја почитуваш.