Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Ајде да сумираме онда.
    Мојата националност не е битна, битно е мислењето за бугарските пасоши.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски

    ^^ Па ти лотаријата ја доби, шо сакаш сеа? Бинго да ти дајме? :rofl:

    Кравче ма кај си ма цуцо у раздељак те љубим :* така е потполно си во право.

    А оваа емоушнал123 за сите сака да коментира и критикува а за неа ништо не се знае, не кажува ни кое државјанство го има, причини итн...само да ги навредува македонците де, чиј леб го јаде пак ќе повторам. Ако сакаш понатаму да коментираш откри го картите, кажи ја твојата состојба а не туку овој требало вака, онака.
     
    На kravce и Nymeria им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Може да кажеш на кои други начини се стигнува во странство? Или онака се оди, како ќе посака човек? Барем ете да не се вадат бугарски пасоши.Само македонскиот пасош, тргни го настрана, како начин за одење во странство, бидејки се знае колку може да се остане таму со тој пасош.

    Не за друго, да имало други начини, до сега немало луѓето да вадат бугарски пасош од забава.
     
  4. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3

    Нена Што документи подаде дечко ти за дополнителната проверка и каде???
    Јас мислам дека се ке биде ви ред и ситe ке ги земеме пасошите, дај боже... :D
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Со работа во странство добиваш виза која треба да се продолжува на одредено време незнам точно колку ама мислам 3 месеци или на помалце, со азил (но и тоа бара откажување од мк, ама без бугарски пасош ) , и со женење/ мажење (платено) и преку агенција некоја незнам како точно, знам 2 девојки добија вработување во Дубаи ама незнам подетални информации.
    Abeja форумов е анонимен и моја желба е дали ќе се искажам и ќе ти кажам што сум (што ќе повторам не е битно за муабетов и тебе не треба да те интересира тоа барем во оваа тема) :)
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    :rofl: Значи другите причини според тебе:
    - азил (така не само што си предавник туку и ја обвинуваш државата, особено ако е политички)
    - мажачка/женачка(платена)-значи пак се продаваш
    - преку агенција за што не знаеш точно што како |(

    Баш ти се меродавни начиниве :rofl: :rofl:

    А ти по кој пат стигна до македонски пасош, преку барање азил? :rofl:

    И да, битно е што си по националност и како доби ти државјанства, кога веќе плукаш по други кои сакаат туѓо државјанство.

    Како што кажа кравче, ќе плачат бугарите што се продале кога ќе им го мочаме морето кое е наше. :rofl:
     
  7. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.933
    Сега за сега е многу тешко да се добие било каква особено работна виза со македонски пасош. И нема никакво месечно продолжување. На времето полесно се дава шенген визи ама и тие коштаа гавол и пол.А за азил, не сум знаела дека сум се откажала од Македонија ,прв пат слушам :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    извод од дедо и татко, се носи во бг напрвин таму се легализира и се преведува на нотар и потоа во владата поднесуваш една молба и тоа е сеа за сеа па ке видиме дај боже сите да си земат пасоши што чекаат
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Па треба да наведеш причина зошто идеш таму, например немаш финансиски средства, не ти даваат работа, немаш услови за живот, и знам дека се откажуваш од мк државјанство освен ако не измениле.
    Ама во Германија така добија пред 2-3 месеци маж и жена азил.
    А за визата знам дека имаше, и може да се добие раб. виза. Не верувам дека е сменето, вујко ми беше таму и ја продолжуваше. Од тогаш поминаа година-две максимум.
    Абеја родена сум тука неморав да барам азил :D
    Од агенција точно ти кажуваат за која работа, работно место, град сакаш- нејќеш твој избор.
    И да ми простиш ако се омажиш не се продаваш (не се е**ат за тие пари, се зимаат, добиваат документи и чао)...
    И не не е битно што сум по националност...па и да сум од Франција можам да пишувам зошто ова е форум за сите националности, а не само за македонската :D. Не сум ти јас крива, правилата на форумот се :)
    И да, не плукам по македонције, ниту по оние што го земале бг државјанство, туку не ги поддржувам и сметам дека е неправилно :)
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Па кој спомна е**ње, јас реков продажба, значи купуваш брак, купуваш документи, како што купуваш бугарски пасош за кој ти велиш се продавале така. Значи се е продажба, се е од корист.
    Работава од пасош до секс стигна :rofl:
    Значи права енигма си, ние погодуваме а ти само кажуваш дали е точно или не :D
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам потребата да нагаѓате, ниту пак сакам да нагаѓате.
    Секако Абјеа пак секој начин го бараш за да ја оправдаш својата поента.
    Јас ја кажав својата поента, мислење, незнам зошто продолжувате, исто како да се вртиме во круг.
    П.С и во самиот закон имаш фиктивни бракови :D не е тоа никакво продавање.
     
  12. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.933
    Не се откажува од државјанството во никој случај . И јас сум со работна виза ама за продолжување ако немаш стабилана работа е многу веројатно дека нема да ја продолжиш. И сега дојде време кога работните визи скоро и не ги даваат ако немаш грб. И затоа лугето поднесуват за бугарски пасоши,затоа што е наједноставниот начин а можеби и единствениот во денешно време.
    Ние на времето се мачевме со години за документи за стален престој, а сега тие што си имаат бугарски пасоши одма зимаат и тоа за стален престој.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тешко е за виза и таму сакат врски, уствари секаде :D Посебно за шангај визата :D и остај што чинат ѓавол ипол, требат и два ѓаволи за да се земе визата :D И со азил се откажуе човек парасијемпре од мк, пак се „продава“ државата, како и да е.Освен ако ептен бидат дарежливи и да немаме потреба од бугарски пасош.А што е со политичариве наши? Прашувам оти многу ја сакаат државава.Нервоза ме фаќа ко ќе помислам што се деси со државичево наше, ем поделено некогаш, ем пак го малтертираат.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.933
    Да за жал Горде дојде време на „врски„ могу се у мода врските :D ако не си со со врска кој те рецка.И ние си ја сакаме Македонија, ама макат не натерала да си го бараме чајрето,но тоа не значи дека сум помалку македонка од тие без или со други пасоши. Никој нема да „бега„ од дома ако му е убаво.Не треба да се обвинува народот ако бара подобар живот нели? Кога нашиве политичари ќе си стабилизират каприците и ќе гледат повеќе за народот отколку за нив можеби ќе биде подобро ама овака на никаде не оди.И јас со драго срце би се вратила ако е убаво,зошто да бидам разделена од сите .Дома си е дома ама маката човек на се го тера.
    И зошто да не би имала бугарски или било каков пасош кога тоа би ми отворил многу врати за подобра иднина.
    Е да коштат тие визи гавол и пол ама веке и не ги даваат на секој за жал, како мене што ме кошташе вртоглави 5000евра со се патни превози и глупости.
    Ќе ги прежали парите човек ако може да зема ама како што дојде тешко земањето,па мора да се бара друг излаез.
    И затоа не сметам дека ја продале државата, лесно им на некои да се прават патриоти кога си носат „врски„ стално.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    а дали знаеш колку време треба да помини дали имаш некаква информација откако ке се разгледаат документите
     
  16. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Советот за гражданство во софија се состанува минимум 3 пати месечно....
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Да беше така лесно со Македонски пасош не ќе се мачеа луѓево со Бугарски.

    Одење странство со женење/мажење многу попоштено е ? |(

    Животов е краток, не се будали луѓево, кога за 1 година и помалку пари си имаш чист пасош, завршена работа. :!:
    А, за брак треба да платиш од 2-3000 евра нагоре, па живеење со брачниот партнер за доказ, па етикетиран си за цел живот дека имаш брак зад тебе.
    А, што ако моментално си мажена ?
    А, што ако во меѓувреме си најдеш дечко, а ти веќе во брак.
    Абе не е така лесно како што изгледа.
    Замина мој брачед со склучен брак со Австријка, па се легнале (а, кој не би, кога мораа да живеат заедно ), па остана бремена, па таа не сакаше развод, па му бараше плус пари, па спонтан доживеа, абе филм)

    Иначе Емотионал123 веќе се искажа дека е Муслиманка. Затоа и стана целово карање. Сите муслимански земји (од кои е можно да потекнува) се економски добри и прашањето е што бара таа во Македонија.

    Ама да не се зајадуваме со неа, очигледно е дека не сфаќа некои работи. ќе порасни, тогаш ќе сфати. ;)
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    А не знам како од почеток не сфативте што е девојчево по националност кога уште што не ви нацрта. Второ, ништо лошо не ви рече, барем ништо полошо од епитетите што вие нејзе и ги прилепивте, туку ај. За виновниците што сите ги бараат ќе речам само каков народ, такви политичари, мене тоа ми е јасно и докажано веќе одамна.
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Остај жити се една работа прво ја препрашуваат 3 пати, па после даваат искази 6 пати, па после вреѓаат десет пати.
    И не не сфатија, незнам ни јас како :D 50 пати им пишуваш они доле гледаш пак а што си, ааа мора да си ова...џоа игрици си играме.
    Многу мразам луѓе што незнаат да разговараат на одредена тема, се губат во муабет од што незнаат што уствари треба да пишат.
    Како и да е мене не ме допираат такви зборови, од неинформирани и нетолерантни луѓе не зимам навреди при срце, мене ми се смешни тие зборови, зошто така се гледа кој каков е нели?

    Силвер најглупава претпоставка е дека кој се земал за документи мора да живее заедно и па да легне |( .
    Колку случаеви само знам така што отишле, нит некој легнал со некого, нит некој живеел под исти кров со некого. Таа другарка ти сама си сакала.
    Пример за тоа- Неоженет дечко се ожени во странство за документи, он си работеше, си најде работа со голема заработка неа ја гледаше само кога ќе ги викнеа.
    ДоказИ не треба освен 1 заедничка слика и извод на венчани или како се вика тоа.
    2 случај мажена жена со 4 деца, се разведе (за да добие документи) и се венча во странство, и не живее со човекот со кој се венчала ниту пак на било каков негов имот. Нема никаква врска со него.
    Ај кога не си упатена не паметувај, барем оваа работа ја знам подобро од тебе зошто жената што се омажила е мајка на моја најдобра другарка.
    Кога не сте информирани бе луѓе не пишувајте глупости, колку само да пишете нешто. Дајте си мислење ама не и да кажувате да бе треба ова, треба она, а уствари појма немате што треба.

    И не овој начин не е лесен, помачен е од вадење пасош. Уствари најлесниот начин е вадење пасош, тоа го имам и пишано погоре.
     
    На Kacjushka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Џабе се големите постови и целата таа дискусија на темата , се знае дека ако имаш добар опстанок во земјата нема да мрдаш никаде ке си го гледаш лебот овде .Не треба да се осудуваат граганите шо поднесуват со бугарски пасош од проста причина шо како прво никој не би сакал да си го цепе мозокот пошо не е мала процедурата да се влечка до бугарија 3-4 пати бла бла ... па додека да замине бетер маки , сложено е и мачно .И сето тоа зашо го праат е ЗА ДА ОПСТАНАТ . НЕ ДЕКА НЕ ЈА САКАТ ЗЕМЈАТА , НЕ СЕ ПАТРИОТИ и слично туку заради ОПСТАНОК .
    Дечко ми е доктор и голем патриот , пред 5 години му беше понудено да вади бугарски пасош несакаше бидејки му годеше 30 000 плата за него( замисли некој шо работи за 12 000 ) . Ама сега кога треба да се земеме да купиме стан да гледаме деца со 30 000 шо ? Хах ... ке вади пасош и тоа како ... И сеа му велам ко си имал можност да извадиш не си сакал , ај сеа пак биди си патриот . |(