Не. Мора да најдеш некој стар документ од дедо/прадедо, во времето кога бугарите ги терале македонците да се побугарчуваат и да војуваат за Бугарија. Иначе вака на жими мајка не оди ич.
И веќе не можеш да се пишеш на бандера или на било која улица. Имаше големи апсења во Бугарија за ова пред околу 2-3 години и сега е многу затегнато. Ако немате адреса, се плаќа 250€ по особа за да ви обезбедат адреса за во документите.
Здраво на сите, поднесов докумети и интервју имав во амбасада во отомври 2023, доколку може ваше мислење согласно документите што ги поднесов дали имам реална шанса да добијам државјанство. Извод од матична книга на родени од баба и дедо извадени во Македонија каде по националност се бугари, Извод од матична книга на родени на мајка ми исто по националност дека е бугарка, и воена книшка од дедо ми за служен рок во СФРЈ, националност бугар... сите преведени и доставени... Баба ми и дедо ми се од Србија доселени пред земјотресот во Македонија... Ви благодарам
Доколку ги имаш тие документи, ќе добиеш. Важно им е на бугарите да видат дека некој од твојата фамилија се родени, имаат служено војска, имаат учено во бугарско школо... Ќе одиш на интервју и ќе се изјасниш дека си бугарин по мајка и татко.
Здраво на сите Ве молам за помош Татко ми има бугарски пасош, па сакам да извадам и јас. Имам 35 год, мажена. Може ли да се поднесе барање во Скопје ? Се закажува или без термин се оди во амбасада ? Дали е долга постапката за прво колено докажување ? Се плаќа ? Ви благодарам однапред на помошта
Да може во амбасадата во Скопје, јас бев во амбасадата, се закажува термин, да околу 3 години е постапката, сега ги разгледуваат 2023 до 10 000 имаат стигнато, а преку 20 000 има во 2023 година, јас во 2023 платив во банка 16 евра и во амбасадата 65 евра, а сега нешто кажуваат дека е качено, а колку незнам.
Дали има некој сајт или регистар каде би можела да проверам дали дедо ми служел на Бугарија како бугарски војник или има некакво бугарско потекло, бидејќи моите не чуваат документација?
Сакам да прашам,за продолжување на пасошот,дали може тоа да го направам во амбасадата во Скопје,и ако да, дали се закажува телефонски или треба лично да се иде? Кој е процесот на обнова ако некој правел? Фала
Јас го продолжив во Скопје во амбасада. Се јавуваш, правеш термин и готово. Потполнив образец, платив таму ама не ми текнува колку беше бидејќи е пред 4 години.
Мене ме прашуваа за бугарски празници, дали имам роднини, зошто сакам бугарски пасош, претседател и премиер кој се и друго не знам дали имаше. Ама тоа беше во 2013 или 2014 година.
А дали ти бараа извод на родени? И мојот истекува за некој месец а ич не ми текнува дали ми бараа тоа претходниот пат.
Не, мислам дека не носев извод. Мада ти можеш да си носеш за во случај да треба. Додека не ти го потражат не го давај.
Мене за бугарски празници, зошто сакам да сум бугарка ќе си кажеш дека поубава држава е, има поубави предности во државата, дали Гоце Делчев е нивен, ќе си кажеш да, бугарин е, кој е претседател, дали имам роднини и толку. Мене за виза тоа ме прашаа, а за пасош знам те терат да кажеш дека си бугарка по мајка и татко и дека мк народ се бугари. Ако не знаеш бугарски јазик подобро зборувај си македонски, сите тие се македонци што зборуваат бугарски.
Zdravo imam podneseno za bugarski vo 2024 I imam projdeno intervju I brojce mi iskoci vo 2024 proveruvame na sajtot seuste nema nisto pisuva vo postapka e procedurata me interesira kolku se ceka posle brojceto otkako izleze eve 2 godini za nekoj mesec bidnaa