Ме интересира дали некоја од вас има лично искуство со добивање бугарско државјанство преку сопруг. Сопругот ми е бугарски државјанин, има бугарски пасош и пријавена адреса во Бугарија, но живее и работи во Македонија. Во брак сме повеќе од 3 години и имаме деца. Јас сум македонска државјанка, немам бугарско потекло колку што знам и никогаш не сум побарала дозвола за престој во Бугарија. Дали некоја била во слична ситуација? Дали прво треба да извадам дозвола за престој во Бугарија и кои се точните чекори? Дали сопругот мора да живее во Бугарија за да можам да започнам постапка? Би ми значеле искуства од луѓе што навистина ја поминале постапката, колку време траела и кои документи биле потребни. Ви благодарам однапред
Да не те лажат агенции и посредници ако немаш никакви докази и потекло само многу пари ќе ти соберат. Можеш да добиеш само ако имаш потекло, на пр.некој од семејството или први братучеди со бг пасош или со некоја бугарска крштеница или воена книшка од твоите баби и дедовци на пример. Знам затоа што братучетка ми одеше поднесуваше само со изјава, ја уверуваа дека е доволна и самоа потврда од бугарски клуб (не сум сигурна дали беше во мк то клуб), се изнафрла пари и чекаше накај 3 до 4 години и ја одбија. Има наназад во темава одговори од лични искуства, разгледај 10тина страни наназад, мислам дека децата ако се родени после неговото добивање на бг пасош одма им даваат а тебе секако не те следува освен ако не живеете таму 5 или 10 години, не знам колку беше точно ама прочитај си има веќе во темава одговарано на истото прашање.
Здраво на сите сакам да прашам при аплицирање за пасош дали документите што ги вадиме за неосудуваност и казнена евиденција треба да се преведат и на бугарски јазик и лекарско ? Однапред ви благодарам