Пред некој ден бев за Бугарија и дознав дека ќе бараат документи дека дедо ти или татко ти имаат бугарско потекло некаков извод или дека биле во војска бугарска. Но разбрав дека тоа му го барале на тие кои се од 2012 поддадени док.ако некој е подобро информиран може да објасни што е оваа новава измена
ваков документ му бараат на сите тие кои имаа дадено документи, нема врска која година ги дале, му бараат и на тие што дале во 2012 и на тие што дале во 2013. зошто му бараат незнам, највероватно од ЕУ ги притискаат, да даваат на тие што стварно имаат бугарско потекло, а не на сите....
За оваа лична карта што кажувам ми предложи една адвокатка од Благоевград. Бев таму пред отприлика 3 недели, потписував некои документи, бевме и во банка да ми отвори сметка. За оваа ЛК требало на сметка да имаш 1900 евра, кои ке ги уплати таа, и после некое време ке си ги повлече исто она бидејки е ополномоштена од мене. Е сега ке одам деновиве пак бидејќи излегол уште некој документ на кој ќе треба да се потпишам и после со тие документи во конзул(амбасада) во Битола или Ск. Ми даваат не знам какви документи или виза од таму, и со нив назад за Благоевград кај што ќе треба да се сликам. Отприлика таква е процедурата. Барем вака ми ја објаснија. Па за краток период ке видиме што навистина ќе биде.
точно е ова за новиот закон во Бугарија сега им адополнителна проверка и доколку немаш било каков документ што докажува дека имаш нешто бугарско тогаш тешко земање пасош значи одкако ек ти испадне бројчето ке бидете повикани да однесете изод од дедо татко или виојна книшка нешто било што
Ова Бугарија требаше да го направи одамна, а не еским бугар се пишал па ај на ти државјанство. Хрватска, Унгарија, Романија, Грција, Канада по забрзана и повластена постапка даваат државјанство само ако низ валидни докменти (извод од мат. кн. на родени и сл.) докажеш дека си потомок на некогашен канадски, унгарски, хрватски и тн. државјанин
При кое одење ги бараат тие документи? Уште првиот пат кога ќе отидеш или подоцна? Мој близок беше пред една недела во Бугарија за вадење на бугарско државјанство и ништо не му побарале, ниту му кажале да си приготви и да им приложи такви документи. Ниту пак посредникот кој му ја врши целата работа му рекол нешто за ова.
нас кај и да е ке ни испадне бројчето уште малку у од кога ке ни испадне бројчето ке требао да докажуваме со документи дека имаме потекло бугарско знае некој до кој број се отприлика стигнати?
се уште не е ... во нареден протокол би требало да излезат 12.000 и нешто , но почни да си бараш извод од татко и од дедо
Sto se sluciuva?Dali ce mozi da apliciraat novi kandidati za bg pasos? I kakov e toj izvod dalie obiceen nas izvod samo legaliziran ili mora da e star izvod bugarski od roditel ili dedo? Vi blagodaram
Nana гледам ти си по овие работи излезени ли се 11 000 и нешто, бидејќи гледам на последниот протокол 8600 и нешто е последниот од 2012, а ваму велиш дека треба да излезат 12 000 и нешто? Јас ли не можам да се снајдам или што е работава
имам јас дедо бугарски војник коа ке им однесам војна книшка слики аааааа а кога е тој нареден протокол отприлка ?
точно брате се согласувам,за една кола на старо никаква и две прошетки во странство си ја продаваат нацијата .... мизерија
Ај пробиј се некаде со македонски пасош, ќе успееш? Ретки се тие што успеваат. Многу ретки. И сам си кажуваш - да бевте некој и нешто. А ние другите, што сме обична раја? Како да се пробиеме ние? И срамота за болдираното, работа ќе се најде и тука, ама не е исто овде да работиш за дневница од мочани 300 денари, а таму за дневница од 60 евра (се извинувам за изразов). Да имам можност, би зела и тројно, а не двојно државјанство. Срамота. Мизерија е ова што се прави тука во Македонија, не е мизерија да бараш начин да избегаш од овој македонски мизерен живот и да бараш некој подобар во друга земја. Бугарскиот пасош го гледам само како средство за постигнување на таа цел. И не, немам бугарски пасош, немам бугарско државјанство
Распрашај се да не имаш нешто егејско по род, ако да, можеш да бараш грчки пасош. Слично важи за српски, хрватски, унгарски, романски и канадски пасош (последниов само ако родителот бил или е канадски државјанин).
хаха незнам сигорно не си погледнала добро од 11.000 и неколку има само некои бројчинња а од 12.000 се уште не
Нацијата не си ја продаваме ние сме сеуште македонски државјани не се откажуваме од македонското државјанство и зошто не зборуваш вака и за сите тиа што имаат и канадско ,хрватско,американско или било какво друго државјанство освен македонско а? Треба да сум несалам да останам да живеам во македонија каде што секој ден се поскапува те струја те вода те телефон еве денес читам и регистацијата ке поскапела а јас со што тоа да го платам со плата од конфекција од 8000 денари ? Како да купам терапија со овие 8000 денари ??? Коа државата не мисли на нас ние на неа па воопшто па ако сака и утре нека ја снема македонија од картата на светот и баш ми е гајле кој како ке ме декларира дали ке сум бугарка или албанка или американка со сака нека бидам само децата да ми се секогаш сити и задоволни а не да одат со еден пар тренерки на школо и да се срамат од тиа деца на побогати родители шо носат марки и од претеризми не знаат веке шо да сторат Ако сакате да живеете во таква состојба слободно повелете ама не ти дава право тоа тебе да омаловажуваш тука И јас мислев како тебе вака коа немав фамилија ама сега коа ке ти се молат за 10 денари за пакетче смоки и коа некогаш нема да му дадеш срце ти се цепи од болка ке ти ебам и македонија и се векот нека не постое само да имам за нормален живот сосема офф од темата ама морав
Бугарски пасош немам, ниту планирам да земам. Само од проста причина што е бугарски. А за земање пасош само за такви намени, не се спротивставувам. Кога државата не ти овозможува просперитет со твојот пасош, нормално дека сам ќе се потрудиш!