Pa najverojatno ne e ubavo da sme bugari namesto makedonci no nekoi lujge ednostavno nemaat izlez, nemaat rabota, nemaat so sto da gi gledaat svoite deca koj ne go ostil toa ne znae. Javno site se protiv no sekoj vtor gragjanin na RM ima bugarski pasos a na ostanatite postapkata za pravenje na pasosot e vo tek ne zatoa sto ne ja sakaat svojta drzava ili sakaat da se bugari tuku za podobra idnina
Здраво дечки, дефинитивно сакам и морам да вадам Бугарски пасош. И мене ми беше шубе да кажам дека се осиштам като Блгарка , ама заклучив дека со патриотизмот кај нас е исто како да си ставаш пиштол у чело. Мизерија сме невидена, Единствени нешто што сакам е да си ги спакувам куферите и дим да ме њама, негде во Еу. Ве молам, кажете ми што како треба ( од документација ) , и слушнав дека можеле сега документите тука кај нас во Ск, во бугарска амбасада да се носат.?! Како функционира целата процедура ? Колку вр, од прилика се чека ? И таа книшка дека дедо ми бил Бг војник, или татко ми Бг документ, јас немам! Плс тие што извадиле нека ми пишат, Позз
Па Егејците се најголемите борци за Македонија....предците наши не страдале за џабе,за денеска ние да се пишуваме како Грци или Бугари.....срамно е ова да се помисли,а не да се направи.... не живејте во време на Југославија тоа време помина
Ова се однесуваше на мене :geek: ? Ниту живеам во време на Југославија, ниту пак сум живеела Едноставно, ете јас како личност од 23 години, така размислувам. Ако реално гледаме на работите, на страна патриотизмот, во Македонија и нема баш некои можности за успех.
Дали знаете како може да се закаже повторно термин искочено ми е бројчето ама не бев во можност да одам во закажаниот термин.Дали може електронски или преку телефон или мора лично таму?
Ијасќепробампреку амбасадата во Ск. сезакажува на телефон и ти кажуваат кои документи да ги носиш...Е сега треба некаков лекарски документ (ми наредила еден куп болести плус полови) не знам каде се вади овој матичната ја прешав не знаеше да ме упати... плус и некаква декларација треба, молба... Врска немам, затоаполесно е преку Бугарија со посредник, вака додека се снајдеш... Ај ако вадел некој сега брзо нека ми каже за ова декларацијава, молбава и лекарското
Кај сте бе капацитети со коефициент на интелигенција над 150? Вие морни души, амбициозни мијачи на садови и градежни работници, што сакате да фатите *дим да ве њама*. Темава ќе ја прогласам за тема каде што се собира кајмакот на Македонија. Се исклучителни што сакаат подобро утре, пошто сите се доктори на науки и научници. Не се трпи колку обесправени,а паметни се собрани. Од вакви случаи не ставаат на црна листа...и за стипендии, и за работа...
Подобро е во Бугарија, преку посредник да се аплицира, лекарското се вади од кај интернист, ако одиш преку посредник тој ќе те посочи кој точно интернист издава, и се доплака мислам дека беше 600 денари, но сепак не ме држи за збор. Ништо не е страшно, само формално е тоа. Исто така треба и од судот да си извадеш документ дека не си осудувана. Исто така имам слушнато дека тие кои аплицират во амбасадите во МК мн подолго им траел процесот, за разлика од тие во Бугарија, и дека од оваа година почнале многу да ги одбиват оние кои во семејство немаат некој со бугарски пасош.
Ти мислиш дека со 1300 евра ќе опстоиш во држава на Европска унија? Навистина си оптимист. Ама мене нешто многу, ама многу ме интересира. Еве на пример заминеш, зимаш 1300 евра (од кои повеќе од пола ќе ги дадеш за режиски трошоци), многу ме интересира, кој е најдолниот сталеж од кој сакаш да започнеш и која е крајната точка која сакаш да ја достигнеш? Сега можеби немаш семејство, маж,деца, можеби и немаш и дечко. Која е идејата? Додека си млада одиш таму, губиш години со амалска работа, работиш и делиш трошоци со други како тебе, остатокот го тргаш на страна, се враќаш за пари години во Македонија и? Што се случува? Или агендата е одиш без дечко, си наоѓаш дечко, се мажиш таму и тоа е тоа, снаѓи се па живи? Сериозно, не ви ја разбирам намерата и идејата за живот. Освен што им ги уништувате шансите на сериозните кандидати кои сакаат да направат повредни работи во животот, а се важни можеби и за човештвото, туку немате идеја што и со својот живот, освен примитивната потреба да се излезе за да се преживее, мислејќи дека таму баш вас ве чекаат. А не размислувате дека приливот на таква работна сила, им прави услуга и ги намалува платите и доаѓате на незначителна разлика во бенефициите кои ги добивате таму? Многу е едноставно кога размислуваш само за еден, те само за себе и за да заработиш, ама јас деснава рака си ја давам и тврдам дека повеќето одат со цел да работат било што и да стапат во брак со некој тамошен и да си го озбедбедат животот до крај. Тоа е толку мизерно, помизерно од мизерното живеење во нашава држава. Замислете некој завршува курсеви, учи јазик, фрла пари, се образува, работи истражувачка дејност, соработува со професори од таму...и наоѓа работа, поминува интервјуа на скајп. Му викаат, супер, примен си, уште виза за работа и подолг престој. Е виза не даваат... твојот успех таму создаден од тука, се твое квалитетно нема никаква вредност, кога политичкото срање ќе се закатанчи за истото! И ти ги дава сите логични и нормални причини зошто не може. И НЕМАТЕ ПРЕТСТАВА КООООЛКУ ФРУСТРИРА! Кој е тој повисок живот, а не мизерниот тука, за кој вие сонувате? Се гледа дека не сте излезени од државава, а и не ни имате некој надвор кој ќе може да ви ја каже ситуацијата. Знаете ли дека во Словенија се случуваат многу самоубиства во последниве две години? Во друга прилика ќе се обидам да ви објаснам зошто... До душа што сум запнала, кога ќе отворам да читам на некои феминки постови, гледам како воопшто си го планирале целиот живот и како гледаат сега да се спасат, јасно ми е која им е целта у животот. Проста репродукција и животарење, и при тоа се животари и во Германија, зошто подразбира муабет од типот - ќути,трај се спасив, иако не сум корисен граѓанин во државава.
Lilit, од што заклучи дека јас им ги уништувам шансите на „сериозните кандидати“? Сакаш да кажеш дека сум паразит за општеството? Сакаш да кажеш дека јас не сакам и не се обидувам да постигнам нешто во мојот живот? Дека јас не сум учела, не сум се образувала, не сум посетувала курсеви и обуки? Дека би заминала за да најдам некој богаташ и да си го средам животот? Од што заклучи дека јас немам блиски во странство и не ја знам ситуацијата? Баш напротив, половина од роднините ми се баш во странство, во Германија, Италија, Австрија, Словенија (колку да знаеш). Од што заклучи дека јас немам излезено од државава? Баш напротив, и сум била, и не на ден-два (ќе излезе ова моево дека е фалење, осеќам ). Баш ме интересира како јас и тие со слични мислења им ги уништуваме шансите на „сериозните кандидати“? И какви се тие „сериозни кандидати“ воопшто... Од претходниот твој пост, мијачи на садови и градежни работници што се за тебе? Само оние во фотеља ги цениш за луѓе?
Нати моето прашање е сосема јасно,а требаше и да сфатиш дека мојот пост не се однесуваше на тебе лично,иако те цитирав. Колку научни трудови имаш издадено? Колку твојата диплома е поддржана со силно св и препораки од работодавци и професори? Колку си била општествено корисна црно на бело? Колку пати си волонтирала? Колку пати си била дел од проекти? Колку пати си соработувала со луѓе од странство? Имаш ли некој меѓународен сертификат? Зошто не пробате на тој начин? Нормален, легален ако не се сметаш за паразит? Замисли, овие се начините! Е така изгледа сериозен кандидат кој си го трасира патот, арно ама заради како што рече - паразитите, не може да добие дозвола за работа со даденото објаснување...па дури и ако се замислам, ни бугарски пасош не спасува. Сериозно, сакам да знам, многу сум љубопитна како ви изгледа амбицијата за таму? Како ќе изгледа се тоа? Како си го замислувате животот таму? Од каде е вашиот старт? Од која работна позиција? Јас освен постовите на Дузи од летото, друго не ми оди на ум,а беа полни со колку сила, толку и болка, носени од надеж дека е нешто минливо и нешто што се брои на рака (и тоа е ворк енд травел, студентска работа, гледајте ја дистинкцијата, легално, како што треба, моето се однесува на тоа колку и беше мачно за нешто такво, а не пак за х години од животот). А години кога се во прашање? Што вие мислите да правите со животот? Ако имате јасна цел, нема да пишете што ти е гајле или не е твоја работа, затоа што сериозно, зборуваме за нешто наречено живот! А живот ко шо знам, било сериозна ствар, ми раскажуваа. Вие си мислите така е тоа, плукни залепи. Каде ви умираат соништата? До парите? Би сакала со толкава страст како што вадите пасоши, така да вложувате во својата професија. Некогаш ќе работиш сто работи, некогаш нешто ќе ти биде и испод чест, некогаш нема да работиш за пари, туку за искуство. Немојте ве молам, 20 години, веќе со свои семејства, без да го планирате животот, стигнавте да кажувате како државата не ни чини. Немојте, срамота е. Сега ви текна да го мислите тој момент... Замисли, јас тебе не те сфатив како да се фалиш, а ти мене ме извади од контекст. Да, за мене и тие се луѓе, не ги двојам луѓето по професијата, ама ги двојам по начините кои доаѓаат до својата цел. Одливот на таква работна сила, вас ви ги влошува условите како и да е... Само не е работа чии капацитет може далеку да догура и да биде корисен за многумина, освен за себе. Појасно е сега? Од тој агол одам, а не за вредноста на луѓето. И пак на црно одат да работат и покрај пасошите, затоа што процедурата за работа, не е само пасошот и тука го создаваат целиот проблем. Затоа што и да си градежен работник, како што знам потребна е посебна дозвола и приложен доказ дека си стручен во истото, а кај нас знаеме како се учат тие занаети, нема ништо што може да докаже, освен оние што работат со Кнауф, па дел одат на обуки за кои добиваат сертификати. Кај нас почнаа за заварувачи да бараат сертификати, не пак некаде надвор... Си правите бајрам на умот. Уствари џабе ти пишувам,пак нема да ме сфатиш.
Незнам зошто овие огорчени постови, ако не ви се допаѓа темата, едноставно не влегувајте во неа. Секој си има право на избор, и веќе не сме единствени кои поднесуваме, има многу и Србите. И во никој случај не споредувај 200 евра со 1300. Ако странството не е добро, никој нема да оди. Јас лично, студирам медицина, и што потоа, ќе седам дома и ќе гледам како тие со дебели врски навлегуваат во здравството И додека оваа професија кај нас воопшто не е ценета, во земјите како Швајцарија, Австрија нудат и до 7 000 евра плата. И не сме ние продадени души, ние сеуште си имаме македонско државјанство, а знаете како велат, не е важно што си, важно е како се чувствуваш. А што да кажеме за Вас, кои се правете патриоти, а секоја година им го полните буџетот на Грција?
Штета Лилит што говореше на Мандаринаски инаку, имаше многу добра поента Еве на нашки 1300 еу таму е еднакво на 200 еу тука , освен ако таму ги заработубате а тука ги трошите парите, ама физички да бидеш присутен во Мк а да земаш плата во странство такви професии има неколку + пензионер. Значи и да земаш 1500 еу плата - 400 еу мин кирија ( за социјален стан за кој се чека неколку години или го делиш со неколку луѓе за поефтино околу 250еу да плаќаш бидејки киријата е 900- 1500 за скромно станче) ако имаш фамилија тогаш рата за кредит ти е од 600+ евра , за јадење + домаќинство ти требаат 500+ еу плус сметки 300 еу плус превоз на крај ако ти останат 100 еу на коњ си т.е ке си купиш фармерки или пар чевли . Друга работа на плата од 7000 еу одземи и околу 40% данок плус здраствено плус пензиско ке ти останат околу 3500 еу, оземи ги трошоците за живот ,ако си самец ке имаш да зашдедиш нешто ако имаш фамилија тешко ке имаш скромен живот.Пр детето у градинка да го остаиш кошта 1200 еу , (нема баба / дедо таму) за школување да не праиме муабет.Ама да земаш плата од 7000 еу требаат години работно искуство , почетниците зимаат минималец. Стварно незнам кој ви шири дезинформации дека таму е мед и млеко и кога ке дојдете ке биде збогум сиромаштијо, исти .... само плус ке си мизерувате на само без најблиските и без пријатели. И најважно скогаш нивните граѓани ке имаат предност , а вие можете да ги добите работите што тамошното население не сака да ги работи ( чистачи, садомијачи, градежни работи , редачи на роба, итн) за подобра работа треба јзаик да знаете ( Холандија/ холандски ,Германија/ германски итн). На темата Не , немам Бугарски пасош , затоа што ми е понижувачко на граница да кажам дека сум Бугарка! Во Еу исто како и Пољаците и Романците ги сметаат за долен сталеж и криминалци.
здраво! мози некој да ми објасни каде треба да влезам на сајтот за проверуванје на бугарско дрзавјанство? влегоц на сајтот ама после незнам каде.. фала однапред.. поздрав извинете за ваквото писубанје ама немам мк подрска
Малку офтопик, али па вие како направивте дека е во странство, 100 000 не те спасуваат за еден месец. Нормално дека има и предности и маани, секаде ги има, само што, во странство можеби ќе се помачиш некое време, ама барем има простор за напредок и тоа е факт. Тука една фирма ако ја отвориш сполајти прво од казни, а потоа не можеш ниту да ја затвориш, каде и да се вработиш унапредување добиваш само со амин од некој роднина или од премиерот, не дај боже да залуташ некаде без врски, ќе црнчиш и ќе те лажат 5 години со унапредување кое никогаш не доаѓа, или ако дојде платата е зголемена за неверојатни 1500 ден. Не ценат ниту квалитет ниту ништо тука и тоа е факт. Колку роднини имам што заминаа со ништо од тука, успеале едно дуќанче да отворат пред 3 години и сега се на ниво на супермаркет. Кога ќе може тоа во Македонија да се постигне, јас ако имам некогаш друго државјанство, со задоволство ќе го уништам и ќе се вратам тука. Епа фала пријатно, ќе живеам со плата еднаква на 200 евра овде, ама ќе имам поголем избор, квалитет и можност за промена ако ништо друго. Ако ништо друго, секогаш може да се вратиш назад. На крајот, се зависи од тоа колку си самиот ти способен да се снајдеш и да успееш. Двајца другари заминаа за Шведска, едниот веќе 5 години е таму и има дури и државјанство си зема, има постојана работа и не размислува да се врати тука, другиот замина со таа мисла дека ќе успее како него, ама за помалку од месец се врати со огромен долг.
Ами, не дека во странство е мед и млеко, ама е подобро од тука.Тука човек и да се мачи, џабе ќе му биде, освен ако нема некој што ќе му помогне за да успее.На сите им е јасно ова, само не знам зш да се вели дека е супер државава, кога не е.Ако сакам да успее некој во странство, нема да му речам „ не оди, кај нас е подобро“.Човек што е финансиски обезбеден, може да рече така, а ако не е, нема што да вели дека супер ни е државава.Тие што отишле во странство, не се вратиле и немаат намера, дури ни на крај памет на ја ставаат државава, сосем јасно, никој од нив не би се вратил, ако не било подобро.Никој не би чекал животот да му помине, барајки работа тука, секој гледа на време да си се спаси, а не отпосле ко ќе биде доцна.Штета е што, секој скоро, а и луѓе интелектуалци, не можат соодветна работа да најдат, а паметни, препаметни, а поради условите тука, морат да прифатат било што, за да преживеат, а секако дека истите ќе си го бараат чарето надвор, онаму каде што сметаат дека ќе успеат.Кај нас човек и пет факултети да има и уште толку титули, џабе ќе му се, има и такви кои што па и една магистерска не можат да си платат, а тек па нешто друго.Знам и такви, кои имаат, финансиски се обезбедени, па и тие велат дека државата не чини.Што повеќе да се каже? И не бугарски пасош, каков сакаат ќе земат.Ама добро, битно ќе ја македонизираме Европа, па и Америка и се наше ќе биде