Абе мед и млеко тече у странство. Ги гледам што прават нашиве, срце ме боли секогаш кога си одам / доаѓам, сите се редат во линијата за EU Citizens со бугарски пасоши во раце ... Врсници мои што абер си немаат од животот работат за мизерни пари, (па некои и на црно) а тука кога ќе дојдат се прават газди. Си фатиле дечко странец, некои од нив им се прибраа дома, колку да не се плаќа кирија, потоа ќе се земат за документи..снаџи се па живи муабетот...Не ви ги разбирам математиките, стварно... Одење во странство признавам под услов да одиш да се дообразуваш, да работиш во некоја фирма за да стекнеш интернационално искуство (ако толку ве бива, нели), па на крај да се вратиш и да допринесеш нешто за Македонија. Да извадев бугарски пасош до сега немаше да плаќам школарина и ќе можев да работам full-time, ама не фала не се осиштам како Блгарка...
^ Нема потреба ти да се замараш да разбираш туѓи математики, прави си ја твојата математика и ако ти излегува, добро си. Ама малограѓанското љубопитство не дава мира да знаеш кој зошто отишол, колку заработува, дали му стигаат или не, дали мизерува и рмбачи или си живее нормално, нели?
^ ^ Тие што имаат можности за да се дообразуваат во странство и онака не им треба бугарско државјанство. Знаеш зошто? Зашто имаат пари и нормално дека нема ни да им треба да одат да работат во друга земја зашто си имаат средства и во матичната. Многу просто. Збориме за оние што немаат финансии ни факултетот во Македонија да си го исплатат. Е тие вадат бугарски пасоши, што немаат пари ни средното да го завршат како што треба и како сите други. А јас ако имам пари да се дообразувам во странство мене не ми треба бугарски пасош. Многу добро знам јас лично колку можам како индивидуа и како треба, никој не треба мене да ме просветлува, само немам можности, финансиски можности, како и 80% од младите во нашава земја. Никој не вади бугарски од што премногу се осешта како булгарка, туку зашто нема финансии децата дома да си ги прерани и иднината му е неизвесна, не знае утре што ќе биде, е затоа.
^^ Не би да навлегувам во дискусии, ама да ти кажам дека грешиш дека само богатите учат на страна. Јас сум на постдипломски, а 4 члено семејство со два студенти едвај преживуваме со 150 евра. Ама јас не го избрав полесниот начин да извадам бугарски пасош и да си студирам бесплатно каде што сакам во Европа, па и да си земам месечен надомест како сите студенти од европска унија, туку го избрав потешкиот пат, добив стипендија која покрива се и сега си ја трескам главата и се борам за просеци, услови и да завршам во предвидениот рок. Муабетот ми е , има други начини, ама никој не сака да се потруди, сите го бираат најлесниот пат.
Алал да ти е на мубаетов, ме изнасмеа. Да си одам од тука, па да се вратам да допринесам нешто за земјава. Кога ќе си заминам земјава само прашината може да ми ја голта, ништо повеќе. Секој си гледа за себе, ако вас ви чини тука седете си бре луѓе, мачете се, вадете си го лебот како сакате, никој не ви замерува. Па зошто вие им замерувате на другите, не можете да ги знаете сите приказни на кој како му е и зошто се решил,на овој чекор. Па уште и математики какви не паднаа. Ко сител да гледам вас вака кога ве читам. Мене лично воопшто нит ме вреѓа како некој ме гледа или пак што мисли за мене. Јас си знам најдобро за мене и никој друг. Дали Петко или Станко рекол вака или онака, ама ич уво не ме боли. Ако јас мислам дека најдоброто решение ми е да вадам бугарски пасош ќе си вадам. И крај на муабетот е.
Δ Јас се мислев за тоа, на крај врати се во мк. Ама си викам, ај за пензионирање ако беше муабетов, слободен јавен превоз за пензионери, ама тоа имам и тука. А и подобро здравство, и ако клекнам и домови за стари на државнà каса. Стварно не гледам кој е бенефитот за враќање на стари години. На помлади години па ич. На темава, штета кога јас плаќав тродупло за студии оти не сум на пасош од ЕУ, тогаш и БГ не беше, ако беше и јас ќе си барав нивен пасош. Тие ектра финансии, само будала ќе ги заработи и фрли заради македонската книшка хартија додека има друга опција. Кој негира, тој не заработил за да знае како се вади леб.
дали некој знае да ми каже колку време трае постапката за вадење на бугарски пасош на малолетно дете на кое едниот родител само има бугарски пасош
6 месеца е законскиот рок.. за деца до 14 години поднесуваат двата родитела заедно, за над 14 години детето поднесува лично со еден родител. Може да се иде и преку Бг амбасада во скопје...
се уште ништо нема од оние кои што поднесоа со дополнителна проверка што беа, кој ти знае дали и ке ги дадам појма немам.да не знае некој нешто ново
Дали некој знае да ми објасни што се случува? Прво пишуваше дека пасошот е одобрен, но личноста не го зеде одма државјанството и после неколку месеци пишуваше дека ПОВТОРНО треба да се чека за да биде готов пасошот, односно дека се уште нема информации за истиот. Каде да се обратиме?
Aко е за државјанство,тогаш ако пишува дека е вратен на дополнителна проверка,чекајте.Aко не,обратете се на надлежните
ако е прашањево за издавање на државјанство тогаш е вратено на дополнителна проверка .Процедура која од скоро почнаа да ја применуваат тоа значи дека ке ти бараат да докажеш дека имаш некакво бугарско потекло од мајка .татко ,баба ,дедо небитно ова е најново
Што стана со новата процедура и со бројчињата вратени на дополнителна проверка? успеа некој да земи или?
Од утре на полноќ истекува ограничувањето за вработување на романски и бугарски државјани низ ЕУ. Со бугарски и романски пасош од 1. јануари полесно до работа во ЕУ
но за среќа нема толку лесно сеа да се даваат бугарски пасоши така нема толку лесно да си го шиткате газот казна од Господ за сите шиткачи
Мислам дека е добро што се заострија критериумите но ќе видиш, ќе си извадат сеа грчки (егејците) и романски пасоши (власите) ако не можат бугарски...
Јас сакам да прашам за оние што веке имаат поднесено, дали ке им се довршат постапките? Нели сега има некои стегнувања околу законот за вадење на пасоши, ама оние што веке имаат поднесено од летоска, што со нив? Затоа што имам една другарка што има поднесено, и требаше да и се јават до 9-ти за интервју и ни трага, ни глас, не знае дали ке и се јават. Па ако имате некои информации, би ви била благодарна ако ги споделите.
На моја блиска личност бројчето беше вратено на дополнителна проверка. Во делот важни соопштенија има излезено бројчиња кои се прифатени, меѓутоа горе пишува дека до одреден датум треба да се однесе некој бугарски документ, од татко, од дедо не е важно. Кога го предала тој документ и рекле дека се е завршено. Веројатно тоа е тоа. Инаку, документот треба да биде оригинал, не примале копија заверена на нотар. Проверувајте во протоколите и важните соопштенија, бројчињата не се излезени по ред, измешани се во различни протоколи.