Форумџика на годината

Бугарски пасоши

Дискусија во 'Политика и настани' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    На сите на кои им се излезени пасошите,се вратени на дополнителна проверка.
    Ако проверувате електронски,ќе забележете дека и таму пишува дека бројот на пасош е вратен.
    Треба да однесете дополнителен документ.т,е извод од баба,дедо дека по националност се Бугари.
    На татко ми одмана му е издадена лична карта,но пасошот не.Пред некој ден баш проверував електронски,и пишува дека е вратен поради дополнителни проверки.Среќа што неговиот прадедо бил Бугарин,што му ја олеснува работата.
    Инаку изводот од матичната книга на родените се поднесува на бугарски јазик,а преводот од македонски на бугарски е 70 евра.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Тоа заборавив да нагласам, проверувајте во протоколите и во важните соопштенија, а не во она квадратчето за пребарување кај што се впишува бројот. Таму пишува единствено дека се вратени на дополнителна проверка.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Хмм, ако изборот за нормален живот ми е или бугарски пасош или партиска книшка од ВМРО- што е подобро?

    За патриотите што ќе рипнат - да имам и високо образование и сертификати и не сум паразит.

    Од компанијата од Германија ми велат - со бугарски пасош си добредојдена, овие нашиве пак ми бараат книшка, одење по состаноци, партиски активности - е па не фала!

    Инаку да...работам јас во нашава Македонија скоро 10 години, имам дууурии 2,3 месеци пријавени. И немој да чујам само некој да ми каже дека не се трудам.

    Кој кого ј..бе во случајов?
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    ^Ако немаш докторат, неколку издадени научни трудови и книги, по некој меѓународен сертификат - е тогаш си паразит :D Така мене ми рекоа :D
     
  5. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32

    Во секој случај фино е што се заострија критериумите сега нема лесно бугарски пасоши да се даваат пошо Британија негодува,така да може лошо звучи ама тоа е како казна за продадените души,пошо бугарофилите ни бугарите не ги сакаат
     
  6. Martina-1993

    Martina-1993 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    А за вас ќе биде казна да ги смените имињата во албански и да го примите исламот за едно 15-20 години...
     
  7. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^ Хех, секој со својата белја. Hекој и со туѓата.
     
  8. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    дечки како што гледам до 44а протоколите се станаси..на колкав времески период се објавувуваат следните мислам знае некој информација што ќе се случува? јас дознав дека жената која барала документи такви дополнителни ја смениле и сега демек не барале. за сите оние кои сега ќе аплицираат ќе било демек подруго..некој стој со некакво инфо?
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Искрено, мислам дека заострувањето на критериумите е само мачкање очи, поради истекот на ограничувањето за вработување на романски и бугарски државјани низ ЕУ. Ќе помине одреден период, пак ќе даваат како што даваа до сега. Лично мое мислење :)
     
    На Martina-1993 и mh23 им се допаѓа ова.
  10. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    А на пример ако чичко ми има бугарско државјанство,можам тоа како доказ да го приложам за потеклото? И дали татко ми ќе може да го искористи тоа што чичко ми т.е. брат му има бугарско државјанство?
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Мислам дека целата процедура ќе му биде олеснета, поради фактот што чичко ти веќе има државјанство. Инаку, постапката ќе си оди редовно, ама ќе биде олеснета поради тоа што некој од семејството веќе е бугарски државјанин.
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Тие бугарски пасоши голема работа им завршија на многу Македонци кои заминаа по странство да работат, но колку добро сто пати полошо ни се враќа. Бугарите лесно ги даваат за после да го користат тоа во нивна корист, македонсите се бугари, потекнуваат од таму, им ја крадеме историјата..Уф ужас.
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мислам дека погрешно имаш сфатено .Многу македонци имаат бугарски пасоши од некоја своја причина да не навлегуваме зошто, но не се откажале од македонското државјанство.Зошто македонците не се етикетираат кога зимаат германско ,канадско или друго државјанство? (не да ги бранам бугарите ,одбивни ми се со политиката што ја тераат кон нас ) но некој едноставно среќата и успехот сака да го пронајдат со таков пасош .Да не обвинуваме и осудуваме непотребно кога нема вистина дека ке не побугарчат :| .Бугарите си ја имаат мувата на капата сега со тоа што ако се направи партија каде има македонци ке се гласа за нив (нормално ) и ке им се наметне-ме во системот Е ТОА они не го сакаат и тоа ги плаши .Бугарите повеќе губат со тоа што мислат дека не присвоиле со еден документ што можеш да го откажеш кога сакаш .А секогаш си македонец се додека не се откажеш од се (документи и имот )
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Не мора да значи дека процедурата ќе му биде олеснета.
    Еве на пример,татко ми зема лична карта скоро пред година,а пасошот сеуште не му е излезен,иако брат ми веќе 4та година има бугарски пасош.
     
  15. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Мислам дека само доколку мајка и татко или пак баба и дедо имаат бугарско дрзавјаство, за брат или сестра, како и за други роднини не влегува во обзир. А и процедурата не е оленета.
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Јас никој не осудив, напротив кажав дека тие пасоши им се најдоа на македонците за многу работи. Не реков и дека се откажале нашите од државјанство напротив, сега имаат две државјанства, и во ред е. Но ова придонесува бугарите овие нашите да си ги сметаат и за нивни, а кога ќе се откажат македонците од тоа државјанство, сите наеднаш нема шанси. За тоа викам колку ни прават арно пасошите толку и лошо.
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Реков олеснета бидејќи кога некој веќе има бугарско државјанство во семејството, многу поголеми се шансите и тој да го добие :)
     
  18. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Уф што те гледам загрижена...Не грижи за Британците, не е таа избор за Македонците со бугарски пасоши. Избор главно е Германија, тука не гледам некое големо негодување. Избор ќе биде и Швајцарија, од 2019 година чинам беше.

    Еве имам пријатели, и Бугари, па дури и Грци :o и не чувствувам омраза меѓу нас.
     
  19. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Дали некој е информиран за поднесување документи за бг пасош преку конзулатот во Битола или бугарска амбасада во Скопје?Како оди постапката,колку чини отприлика?
     
  20. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    документи/процедура е скоро иста, само што знам дека има едно одење во Бугарија. во однос на трошоците скоро исто или ај да речиме поефтино. во однос на времето преку амбасада ќе треба да почекаш повеќе. и да се пријавиш сега преку посредник ке треба да чекаш до јуни јули за прво одење-поддавање на документи.за трошоци- лекарско 2000 делчево негде 1000ка е, неосудуван 500 така нешто изводи 200 и уште нешто. али сето треба да го преведеш на блгарски.