Не сметаш дека наши земале бугарски пасоши, само за да отидат во странство, да си најдат чаре за подобар живот? Зошто да се биде против туѓа среќа? Доколку би се нашла во ситуација како тие кои земале бугарски пасоши, бидејки виделе дека тука не можат да преживеат, заминале и останале во странство, успеале, дали би го направила истото? Сигурно дека би го направила. А и кога вадат бугарски пасоши, не се откажуваат од македонскиот пасош/државјанство.Така да, никој никого не може со сила да натера некого да биде бугарин.Па дури и во странство да е човек, не го третираат како Бугарин, нити пак продадена душа го нарекуваат.
Зошто да не земам бугарски пасош? Јас веќе си покренав постапка бидејќи немам намера да останам во нашава Македоничка и да работам 2 години за 1 година стаж,и за 6 000 денари пари. И на крај пак не се задоволни и ќе ти се дерат над глава. (е тоа ми се случува моментално) Здравје Боже,за една година бај бај Македонија,заминав јас.
Јас пишав,што пишав на темава мислењата ми ги бришат изглеа некој што работи за снабдување со бугарски пасоши стои зад темава па не му одговараат мислењата ..... не сум против ничива среќа ама не по цена на идентитетот и нацијата,пошо со земање бугарски пасоши и мене ме загрозувате...бугарите викаат дека се повеќе бугари има во Македонија ради тие со пасоши и не тераат заедно да славиме историја,а со тоа индиректно да признаеме дека сме бугари,епа извини ама јас бугарка не сум !!! Македонци и Бугари не се исто,тие се потомци на Азиски ханови,а не на војводи .... епа јас да се прилагодувам на нечива фалсификувана историја,за некој да вади пасош и да си ја продава нацијата за да може да вози поубава кола не планирам .... ете тоа е проблемот
Човек што е финансиски обезбеден , може да рече дека “ не по цена на идентитетот“.Кажав зошто нема потреба некој што земал бугарски пасош, да се рече за него дека е предавник.Смешно ми е ова “ предавник“.Како божем само народот е тој што зема бугарски пасоши Не сум бугарка, исто.Само, тоа што тие одбрале да си земат бугарски пасош е нивна работа.Мислам, па ниту странец не рекол на некој македонец, дека е бугарин само затоа што земал бугарски пасош.Настрана што даваат по тв и кажуваат приказни.Не се исто де, кој ти рече дека Бугари и Македонци се исто? Проблемот е што има луѓе кои не можат да преживеат тука, а каков пасош ќе извадат, тоа е нивни проблем, а не проблем на некој што има, макар и тој што си е финансиски доволно обезбеден знае во каква држава живее.А што не би требало со тоа да се замара зошто некој извадил некаков пасош. А за предавство, мислам дека од одамна е јасно кој ја предал државата. Никој не може да ти смени свое мислење, освен ако не одлучиш самата за тоа.Ниту некој може да те загрози, нити ништо.
Ако некој земе бугарско државјанство а со тоа и пасош е предавник (а си го зачувал и македонското државјанство). Ако некој земе германско или американско државјанство (а притоа се откажал од македонското) е народен херој па сите роднини и комшии ќе одат кај него на кафе да се распрашаат како и што треба да се направи за да добие синот/ќерката/внукот итн. Дупли стандарди на кило ПС. немам двојно државјанство, само кажувам што приметувам.
Добро ај тие што ептен немаат во ред,ама има луѓе познавам што во палата куќи живеат,а земале бугарски пасош за поефтино да ја регистрираат колата,е ај сеа ??? а ако е за тоа зошто ромите не земаат бугарски пасош ? А сите знаеме во каква ситуација се тие,и таму убаво е нагласено дека само Македонци кои што ќе докажат дека се бугари може да земат пасоши,мислам јасно ни е зошто тоа се прави,а чисто колку да разбереш што сакам да кажам,еве еден Грк што има пишано во врска со пасошите,значи ова го копирам од него : " a lot of FYROMians are converting back to BULGARIANs ,, 1000 Passports a month ,,, it's very easy since they already have Bulgarian faces , Bulgarian names , & Bulgarian language . and how do you want to call your country Macedonia??? " ете само колку да не се чудиме после зошто ова,зошто она ..... не е исто,пошо Германците и Американците не те тераат да докажеш дека си Германец или Американец
Оти не ги интересира државата затоа земале пасоши, дали за кола ил друго нешто, земале, виделе како стојат работите кај нас и многу нормално дека нема да ја бранат државата, која воопшто не ја интересира за своите.Претпоставувам, бидејки ако човек тука има се што му е потребно, нема што да вади Бугарски пасоши, да бега од државава.Не можам да зборам за нив, не ги знам, не знам дали е така како што кажуваш, само претпоставувам. Те разбрав.Грција краде македонска историја и таа нашла да коментира за Македонија.Не знам како не им е заморно на Грците да зборат насекаде за нас, а тие не се гледаат што прават.Излегува според Грците, дека Македонците се и Бугари, Грци, се ,само Македонци не.А тие се Македонците го присвојуваат Александар како нивни, а не приметиле зш е Александар Македонски, згора на тоа па ни врска немаат со нашиот народ... Ако некогаш мислев дека со земањето Бугарски пасош, се брише македонскиот народ, сега поинаку мислам, баш заради тоа што споменав дека не се откажуваат македонците од својот пасош, државјанство...А друго, може до недоглед да се натегаме со Бугариве, па и со Грците , тие и онака не можат без нас. Па и кога станува збор за нас и Бугарите, одма предавници има, а кога некои вадат други пасоши и сл., не ја предаваат сопствената држава, нема предавници, тоа само за Бугарија важи.Настрана, останатите работи.На Бугарите им е гајле, си тераат бизниси, па како нас ќе не третирале, ич не ги интересира.Кој земал пасош, земал, кој не, нада ќе си трга маки.
Da bliska moja vadi prku ambasada. Ako odes preku ambasada se sam/a sreduvas dokumenti. Ambasadata ti se javuva koga da odes tamu.
Јас имам другарка која се наоѓа во многу лоша ситуација моментално, две деца, и таа и сопругот без работа останаа во една година, едвај се крпат и женава вели дека, ако тоа и помогне, ќе се зачлени и во ДУИ и албански пасош ќе земе, зашто тоа помалку боли отколку да не можеш на децата најосновното да им го обезбедиш. Инаку, двајцата со мажот не се членови на ниту една партија, ниту биле, и отворено им се кажува „Е па како мислите да ве примат на работа, знаете колку има што мрзнеле по протести, што оделе од врата до врата (веројатно мислат на оние што делат пенкала и запалки пред избори и ви објаснуваат колку им е супер партијата), тие си имаат предност, се докажале“. И навистина мислам дека не е далеку денот кога, ако Бугарија ги заостри критериумите, Македонците ќе почнат и албански и косовски пасоши да бараат... па и Албанија ќе не престигне. А бидете убедени дека 80-90% од оние што бараат бг пасош од мака го прават тоа, не од бес. И уште ова-знаете колку од функционерите во ВМРО си го имаат решено тој проблем? Премногу. Така што-не се повикувајте на патриотизам, тој одамна не живее во Македонија.
една година секако се чека за државјанство сега има премногу народ и нормално е дека процедурата ќе се пролонгира.искрено колку точно незнам ама секако 1ипол година или фазла
Абе каква амбасада, мм 9 месеци чекаше еден документ.. документот бил излезен одма , а него 9 месеци го маткаа натака навака. И на крај си плати човек и го зема за 1ипол година пасошот. Јас сум на интервју во Ноември, откако ќе извадам за мене на ќерками за 30-40 дена ќе и го дадат. Ептен е брзо за мали деца ако двајцата родители имаат.
Јас немам бугарски пасош ама би зел зашто да не? Не значи дека се побугарчувам, чисто од интерес ќе биде. Ако Македонија стои и тапка во место, да си прашам .!. и јас да тапкам во место цел живот. Со бугарски пасош ќе можам да престојувам многу подолго од 3 месеци во ЕУ, а башка може и полесно да се дојде до работа. Повеќе би зел хрватски пасош ама тоа е многу потешко. Нема врска предавници/патриоти, тоа е примитивизам за држење народни маси под контрола. Најбитно е како се чувствуваш од внатре, а секогаш ќе бидам горд Македонец, ама што да правам кога имаме утепана држава, зар и јас морам да бидам таков во знак на солидарноста према државичката ни наша.
a mh23 dali znaes kakvi dukumenti treba da se podnesat ??? i kolku treba da se plati vo ambasada ??? ili ako nekoj znae neka pisi
а луѓе дали некој знае кога ќе почнат да пуштаат од тие што беа на интервју во 2013 дали некој има добиено .... или пак има подетални информации за се што се дешава...позз
Поради тоа прашувам како оди постапката преку амбасада,да не испадне на крајот и без пасош и без пари.Вака преку посредник можеби е поскапо, ама мислам дека веројатноста да добиеш пасош е поголема.Што мислите вие?Што е посигурно амбасада или посредник?Некои искуства?